
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



„Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава: На ангро се перат пари. Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови? Денеска ќе објавиме уште еден скандал. Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ...
Обвинителството испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска: ако знае за криминал на градоначалникот на Чаир, Ганиу – нека го пријави! Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува по известување од СВР Скопје и издало повеќе наредби. Надлежните органи бараат јасни податоци за сомнителни парцели и згради, додека Министерството за внатрешни работи се вклучува поради наводните закани кон Арсовска. „Основното јавно ...
Претседателот на Украина ја доведе во прашање посветеноста на Русија за напредок во мировните преговори откако Москва потврди дека испраќа тим во Истанбул на разговори задутре, објави Би-Би-Си. Русија сè уште не ги испратила своите преговарачки предлози до Украина, што е клучно барање од Киев. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека условите на Москва за прекин на огнот ќе бидат дискутирани во Турција, но Володимир Зеленски ја обвини ...
ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”. „Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ. „Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи ...
Камион се удри во Боинг 787-9 на „Сауди Арабиан ерлајнс“ на аеродромот Хитроу пред три дена околу 14:54 часот, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, објавува „Мирор“. Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој се удри во авионот на земја откако ги помешал гасот со сопирачката. Ова се случило само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска Арабија, се ...
Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство. Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за ...
Повеќе од 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите ученици, а најголем дел се пријавени за македонски (9969), албански (4339), турски (292) и српски јазик (10). Според Државниот испитен центар, вкупно се пријавени 15.004 кандидати – од кои најмногу од стручни училишта (8816), гимназии (5966) и уметнички училишта (222). Следниот екстерен испит, кој ...
Се очекува Бугарија да добие зелено светло од Брисел за усвојување на еврото во јуни, но оваа перспектива ги вознемирува многу граѓани. „Ако Бугарија се приклучи на еврозоната, тоа ќе биде како да се качува на Титаник“, изјави за АФП Николај Иванов, пензиониран висок функционер, на неодамнешниот протест со кој се бараше задржување на валутата на земјата, левот. Од јануари, противниците на единствената европска валута во Бугарија организираат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека планира да ги зголеми царините за увоз на американски челик од 25 на 50 проценти, зголемувајќи го притисокот врз глобалните производители на челик и ветувајќи дека ќе ја продлабочи својата трговска војна. „Ќе воведеме зголемување на царините од 25 проценти. Ќе ги зголемиме царините за американскиот челик од 25 на 50 проценти, што дополнително ќе ја заштити американската челична ...
Во свет каде што војните повеќе не се водат само на бојното поле, туку и зад екранот, Велика Британија инвестира повеќе од милијарда фунти за да создаде нова воена единица што ќе ги обедини сајбер и електронското војување. Наречена Команда за сајбер и електромагнетно војување, новата единица ќе има задача да ја заштити Велика Британија од растечките дигитални закани, но и да биде подготвена за напади во дигиталниот простор, објави „Телеграф“. ...
ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе открива која е вистината за запалената модуларна болница во Тетово, каде живи изгореа пациенти и нивни блиски кои биле на посета. Во исто време, СДСМ соопшти дека ќе ја објавува вистината за Кочани оти се штителе функционери од власта. ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе за започне денеска на пладне. „Вистината за модуларната болница, провизии што чинат животи, утре прес-конференција во 12 часот. Вистината за модуларната ...
За време на минатогодишната претседателска кампања во САД, Доналд Трамп предложи давање автоматски дозволи за престој во САД на странски студенти по дипломирањето, жалејќи се дека тие заминуваат за да основаат успешни компании во Кина и Индија. Сега вратен во Белата куќа, неговата реторика драматично се промени. Со цел да ја уништи академската заедница што ја смета за свој непријател, Трамп започна невидени потези против странските студенти за ...
Негативниот природен прираст, кој со години се продлабочува, не е само прашање од висок национален интерес, туку станува и прашање на опстанокот на државата – предупредуваат експертите. Без луѓе, нема ниту држава. Најновите податоци од Државниот завод за статистика (ДЗС) се алармантни. Во првото тримесечје од 2025 година се родиле 3.526 деца, а починале 5.398 лица – што значи дека се бележи негативен природен прираст од минус 1.872 луѓе. Во ...
Застрашувачки се податоците за употребата на разни видови дроги кај децата во Македонија. Четиригодишни деца дишат лепак, осумгодишни се на хероин. Најмалото евидентирано дете во Македонија кое зема дрога, е под 5 годишна возраст. Според анализата на Народниот правобранител, 50 деца користат марихуана, како и други психотропни супстанции како што се халуциногени и стимуланси. Системот за превенција, рано откривање, третман и рехабилитација на ...
Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“. Во резолуцијата, поднесена од Тошко Јорданов (ИТН) и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на европскиот консензус од јули 2022 година и ги повикува властите во Република Македонија строго да ги спроведуваат договорите што ги ...
Граѓанските организации бараат рамноправно учество во изборите и пополнување на правната празнина по одлуката на уставните судии. Предлагаат со измените во Изборниот закони да се намали цензусот и услов од најмногу 50 собрани потписи за независни листи на кандидати за претстојните локални избори. Ова го побараа седум граѓански организации: „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“ од Битола, „Зелените“ од Гази ...
„Завршува во рок рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Рехабилитиравме 24,3 км и инвестиравме 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈППД“, објави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски. Тој додава: „Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид ...
„Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава: Наместо целосно независен орган ослободен од прангите на политиката се става во одбрана на незаконското назначување за директорот на АНБ. Селективниот пристап и бројните недоследности фрлаат црна дамка за целата постапка која е ...
Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. „Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во истражната постапка ...
Верници на МПЦ-ОА од неколку епархии ќе организираат протест поради начинот на избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија. На социјалните мрежи се организира протест за денеска во 18 часот во Охрид. „Драги мои сограѓани, православни верници ! Според објавите на социјалните мрежи, денес за 18,00 часот е закажан протест во нашиот град за поддршка на Епископот Партениј. Имам обврска како некој кој живее и ќе живее во овој град и во ...
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, синоќа во интервју за ТВ „24“, изјави дека поради сериозната здравствена состојба на Владимир Блажев – Панчо, член на музичката група ДНК, во моментов не може да се води кривична постапка против него. „Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал“, ...
Управата за извршување санкции објави дека правеле претрес во КПД Идризово и тоа отвореното одделение. „Во КПД Идризово беше извршен претрес во отвореното одделение и беа пронајдени и одземени поголема количина на недозволени предмети. При оваа акција беа запленети 50 грама марихуана, 48 полначи, 37 мобилни телефони, 3 УСБ стикови, 5 блутут слушалки, 3 батерии за мобилен телефон и апчиња метадон. Продолжуваме со борбата и сузбивањето на ...
Нов марш на родителите на загинатите деца е најавен за утре, а мајките јавно ги повикуваат другите мајки да им се приклучат. Истиот ќе се одржи во Кочани, како и секоја сабота, од 16:05 минути. „Ајде мајки, без разлика на вера, нација, припадност, партија, придружете нѐ нас мајките, за нашите ангели и ангелите во иднина што треба да го живеат животот, иднината е во ваши раце, нашите деца веќе ги нема“, напиша мита Тасева, мајка на загинатиот ...
Израел ја прифати новата понуда на САД за привремен прекин на огнот со Хамас, соопшти Белата куќа. Хамас, пак, е воздржан. Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, изјави за Асошиетедпрес дека предлогот не одговара на барањата на неговиот народ и бара пред сè запирање на војната и гладта. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одбива да ја заврши војната пред да бидат ослободени сите заложници и Хамас целосно разоружан или протеран. Хамас, ...
Здружението на инженери реагира и бара сметките за струја да не бидат паушални, туку да се издаваат врз основа на реално измерените податоци од струјомерите. Бараат бришење на член 31 од Правилникот за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја. Потсетуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање ...
Апелацискиот суд на САД во четвртокот го прифати барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за привремено запирање на претходна пресуда со која беа укинати речиси сите негови предложени трговски царини. Белата куќа, претходно најави дека ќе побара итна интервенција од Врховниот суд, ако не се запре спроведувањето на одлуката на Судот за меѓународна трговија. Апелацискиот суд нареди дека спроведувањето на таа пресуда е ...
Марија Атанасовиќ, сестра на исчезнатиот Миле Тодоров по кого се трага речиси пет месеци, алармираше дека тој бил забележан како се движи по планината „Серта“, но очевидецот, не успеал да го запре. За ова, пријава добила и полицијата која постапила. Атанасиевиќ, посочува дека ликот на Миле бил видоизменет, односно дека имал долга коса и брада. „Ве молам споделувајте, по сознанија од очевидец, брат ми Миле Тодоров, исчезнат на 30.01 е виден ...
„По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, за кривични дела – Фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина“, велат од Обвинителството и додаваат: Пријавите се повикуваа на јавно објавени податоци според кои пријавениот при ...
По „драмата“ што се случи на пред објектите на Град Скопје, каде група граѓани исфрлија отпад со товарно возило, а беа предводени од градооначалникот на Чаир, Висар Ганиу, реагирале инспекторатите и МВР. Главниот актер на настанот, Ганиу, јавно призна дека дејствието било противзаконско, но како што вели – било чин на очај и протест. „Знам дека е противзаконско, немав што друго да правам. Немав друго чаре. Сакав да го сензибилизирам, за да им ...