Неколку лица кои се поврзуваат со дискотеката „Пулс“ во која досега загинаа 51 лице, се приведени. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Дел од лицата се приведени и се врши разговор, дел кои биле организатори се дел од оние кои се тешко повредени во рамки на оваа катастрофална несреќа“, посочи Тошковски. „Сите клиники и болници каде има починати, дадени се напатствија да бидат известени фамилиите и сите кои треба да ...

„Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот“, велат од СДСМ и додаваа: Изразуваме длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во огромната трагедија што се случи во Кочани. На повредените им посакуваме брзо и целосно закрепнување. Во овие тешки моменти, нашите ...

„Со длабока тага ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава: Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани. На повредените им посакувам брзо закрепнување, а на семејствата на загинатите ...

Сочувство за трагедијата во Кочани изрази пратеникот и лидер на СДСМ, Венко Филипче. Со тешко срце ја примив веста за страшната трагедија во Кочани. Ова е црн ден за Македонија. Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива болка за семејствата, за нивните пријатели, за сите нас. Во овој момент на длабока тага, сакам да изразам најискрено сочувство до семејствата кои изгубија најблиски и да им посакам брзо закрепнување на повредените. ...

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сѐ уште се преземаат дејствија и се врши увид, соопштина од обвинителството. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈО-ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети ...

Во трагедијата, досега, има загинато 51 лица, а над 100 лица се повредени. „Пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосен ефект за концертот. Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запалива материја, а пожарот брзо се проширил и се создал густ чад. За кратко стигнале Брза помош и противпожарни бригади, од соседните градови. А ...

Членовите на аренби дуото ДНК, бендот и придружните вокали кои ноќеска настапувале во дискотеката во „Пулс“ во Кочани во која изби пожар и загинаа најмалку 50 лица, се дел во болница, дел на домашно лекување, јавува САКАМДАКАЖАМ.МК повикувајќи се на информации од семејствата Според нив, музичарите се однесени во болница, дел во Скопје, дел во Штип. Еден од членовите на бендот е на домашно лекување во Скопје. Откако се случил пожарот, бил ...

Роднини и пријатели преку социјалните мрежи ги бараат своите блиски кои вчера биле на концертот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Над 16 фотографии кружат на социјалните мрежи. Во Клиничкиот центар во Скопје е истакнат список со повредени, а голем дел се во тешка состојба. Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се ...

Според информации од МВР, кои се уште се неофицијално во трагедијата во Кочани загинаа најмалку 50 лица и има глем број на повредени. Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје хоспитализирани се 27 лица со тешни изгореници на лицето, вратот и рацете, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба. Меѓу повредените се млади лица а и малолетници. Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во ...

Роднина на повредено девојче кое е на возраст од 16 години, сведочи за ужасните моменти кои ги затекнал во болницата во Кочани. Таа била меѓу првите кои излегле од дискотеката. „Јас бев на лице место во болницата, ова беше нешто страшно. Мртви тела лежат по холот по болницата, да мора да прескокнуваш мртви тела да влезеш да видиш како е сестра ти. Ја видовме на кратко, па кажаа дека префрлаат во Скопје поради тешките повреди“, вели роднина на ...

Над 70 повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се хоспитализирани ви скопските болници. Загрижувачки се информациите дека помеѓу повредените има малолетници. Во болницата „св. Наум Охридски“ се примени 27 пациенти на возраст од 16 до 46 години. Неофицијалните информации се дека има над 50 жртви. „Вкупно се хоспитализирани 27 пациенти. Во моментов се прават хируршки обработки на последните примени. Сега за сега, пациентите се во стабилна ...

Над 50 лица со тешки повреди од дискотеката „Пулс“ во Кочани се префрлени во скопските клиники. Во Градската болница во Скопје се хоспитализирани 27 лица, додека 24 лица се во Клиничкиот центар. Повредени се примаат и во болницата „8 септември“. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) Во акцијата се вклучени и хеликоптери, па дел од повредените се транспортираат и во клиниката „Жан Митрев“. Во сите ...

Пиротехнички средства се најверојатно предизвикувачите на големиот пожар, во кој има над 30 жртви во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани. „Скопје1“ дојде до две видеа на кои се гледа моментот кога се пали кровниот дел од клубот, на што реагира и Панчо од ДНК и бара од присутните да го напуштат клубот. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Идете надвор, идете надвор, ќе се вратиме“, вели Панчо, по што се ...

„Либерално-демократската партија е во шок и неверување и изразува жалење и сочувство до семејствата и блиските на настраданите по страшниот пожар, кој ноќта помеѓу сабота и недела (15 и 16 март) го зафати клубот „Пулс“ во Кочани“, велат од ЛДП и додаваат: Македонија навистина не памети ваква трагедија. Згаснати се повеќе од десетици млади животи, уште повеќе повредени и цела држава повторно е завиена во црно. Сведоци сме на стравичните видеа и ...

Над 30 жртви, претежно млади лица, кои биле во дискотеката во Кочани. Ова се неофицијалните информации кои се добиваат од институциите, по страшната трагедија. Точниот број и натаму се утврдува. Има и многу повредени лица кои се однесени низ болниците во државата. Ваква трагедија, Македонија не памети. Според првичните информации, пожарот избувнал околу три часот изутрина. По првиот чад, гостите тргнале кон излезот, каде се створило стампедо и ...

„Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, ...

Катастрофален и трагичен пожар се случи ноќеска околу 03.00 часот во Диско клубот Пулс во Кочани. Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови. Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви. Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи. Се претпоставува ...

Неколку десетици луѓе во алкохолизирана состојба ја напаѓаат полицијата, затоа ве доведовме овде, во Палатата Србија“, рече Вучиќ. „Оддржан е голем протест, со негативна енергија, гнев, а нема жртви или тешки повредени, вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во клиничката болница Звездара, едно во Земун, вкупно 56 лица, нема сериозни повреди“, рече Вучиќ. Уапсени се 22 лица за кривични дела против имотот, напади врз полицајци и други ...

Студентски протест наречен „15 за 15“ беше организиран денеска во центарот на Белград. Се чини дека цела Србија се собрала во главниот град и нема каде да падне иглата, бидејќи демонстрантите го пополнија секое последно место на централните улици на главниот град, пишува „Нова.рс“. Големината на денешниот собир ќе се процени во наредните денови, но соговорниците на „Нова.рс“ тврдат дека ова е еден од најголемите одржани досега во Србија. Божо ...

Новак Ѓоковиќ, српскиот тенисер и според многумина најдобриот во историјата на „белиот спорт“ ги поддржа студентските протести. Ѓоковиќ ја објави својата одлука преку Инстаграм и објави фотографија со краток опис: „Историја! Величествено“. Gospodin Novak Djokovic pic.twitter.com/r5ELEjjMJa — ladescaradaꒌ (@Svojvoda) March 15, 2025 Во втората порака, Новак накратко напиша „Србија“, споделувајќи три знамиња. Novak Djokovic on Instagram: ...

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, преку статус на „Фејсбук“, испрати порака до секретарот на СДСМ, Мартин Костовски. Откако Костовски напиша „Пумпај“, со што даде поддршка на студентите кои протестираат против Александар Вучиќ, Стилковиќ му врати: „Напумпамо ве на избори! Да не сакате и неко друго пумпање? Затвори чекав…“. По ова, СДСМ го осуди овој однос, што го смета за навредувачки и заканувачки кон ...

Десетици илјади луѓе молчеа 15 минути. Меѓутоа, во еден момент се слушна силна бучава. Досега, две возила на Брза помош минуваа низ местото каде се насобрани демонстрантите, а тие правеа кордон за да ги пропуштат. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk) „Од правец на Београѓанка, толпата брзо почна да се дели на два дела. Не можев да видам дали е автомобил или некаква тепачка и ненадејната реакција на ...

Профил потпишан како „Архивата на јавните собири“ објави видео снимка со дрон од големиот протест во Белград. NAJVAŽNIJI INFO: Iz pravca Pionirskog parka su bačene flaše i kamenice. Ovaj protest više nije studentski. Redari su skinuli markere. Mole se svi da napuste prostor oko Skupštine. — FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) March 15, 2025 Како што наведоа, снимката е направена во 18 часот. За потсетување, МВР претходно соопшти дека, според ...

Спикерот на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, на својот профил на Икс им се обрати на хрватските политичари Гордан Јандроковиќ и Тонино Пицула. „До Јандроковиќ и Пицула: Не бидете нервозни. Земете длабок здив и прифатете дека народот на Србија е со Александар Вучиќ и дека вашиот стратешки интерес за тоа кој ќе ја води Србија е недостижен, а во исто време Србија ќе остане стабилна и силна и ќе продолжи да напредува. Боли, но мора да ...

Илијана Милановић @m_ilijana Во главниот град на Србија се одржува протест организиран од студенти кои веќе три и пол месеци ги блокираат универзитетите низ земјата, барајќи политичка и правна одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад. На собирот не се забележани никакви инциденти. За протестите, дел од медиумите во Србија пишуваат дека се најмасовните кои се паметат и со нив се испишува историја. Студентка на ...

Белградската полиција го пронашла и го уапсила возачот Ж. М.(50) кој денеска со автомобил БМВ удри три лица во населбата Беле Воде, соопшти МВР. Брзата помош ги пренесе повредените во Ургентен центар за понатамошна нега. Возачот пружил активен отпор и бил совладан и уапсен од полицијата. Полицијата продолжува да работи во соработка со надлежното обвинителство на утврдување на сите факти и околности на овој настан. На социјалните мрежи се ...

Белграѓани синоќа ги пречекаа велосипедистите и колоните студенти пешаци од повеќе градови и региони на Србија кои учествуваа на повеќедневниот маратон „Марш за Србија“ за да пристигнат на голем митинг во Белград. Министерот Ивица Дачиќ, говорејќи во емисијата „Дневник“ на РТС за безбедносната состојба во земјава, рече дека што се однесува до полицијата, овие активности веќе започнале во претходните денови и синоќа. „Значи, ова е само ...

Ние сме тука затоа што се бориме за вистинските вредности, транспарентност и отчетност на сите кои управуваат со нашата иднина, порачаа студентите на Белградскиот универзитет денеска на масовниот протест во главниот град на Србија. Протестот поминал без посериозни инциденти, а студентското обезбедување и полицајците во цивил изолирале жена која се обидела да му го одземе микрофонот од рака на студент за време на нејзиниот говор во Славија. ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Вчера попладне осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки и на улицата “Ацо Шопов” со возилото се движел зад автомобил „Пежо 2008“. Меѓутоа, не ...

„Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години“, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава: 180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко Петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино. Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на Пуцко Петрол, ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
2.06
21%
1007
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.09
26%
1009
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
37%
1006
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
35%
1010
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.96
38%
1008
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 28ᴼ
5.14
60%
1007
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.17
41%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
35%
1011
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.63
25%
1010
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
33%
1010
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 33ᴼ
3.09
31%
1006
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
10.29
37%
1012
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71