На 30.06.2026 во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ казниво по член 218 од КЗ. По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со ...

Педесет и шестгодишен жител на Кавадарци го загуби животот во тешка несреќа што вчера околу 13 часот се случила во близина на селото Мрежичко. Според информациите од полицијата, несреќата се случила при истовар на земја од товарно возило „Ман“ со кавадаречки регистарски таблички, кое го управувал загинатиот. Од засега неутврдени причини, камионот се превртел и паднал во провалија. Возачот се здобил со тешки повреди и починал на местото на ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(34) од с.Рогле, општина Желино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.05.2026, пријавениот - осуденик во Казнено - поправна установа Затвор Штип, по претходна расправија, физички нападнал службено лице од установата. СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(34) од с.Рогле, општина Желино, поради ...

На 01.07.2026 околу 03:45 часот во СВР Скопје, 20-годишната А.П. од Скопје пријави дека во Градскиот парк во Скопје, откако ѝ бил одземен мобилниот телефон од И.А.(37) и А.Ќ.(34), таа ги повикала нејзините пријатели С.К.(27) и С.К.(23). Тогаш И.А. го скршил телефонот, по што настанала физичка пресметка помеѓу И.А. и А.Ќ.(34) од една страна и С.К. и С.К. од друга страна, сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На ...

На 30.06.2026 во 08:35 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода И.Д.(28) од Неготино, поради сомнение дека на неколку локации во Неготино, со употреба на подесен алат оштетил кафемати и одзел пари од нив. Дел од одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против И.Д. ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 30.06.2026 во 08:35 ...

Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство откако рано изутринава по средноевропско време го победи Еквадор со 2-0 пред своите гледачи во Мексико Сити. Мексиканците прв пат по 40 години успеаја да ја минат првата пречка во нокаут фазата. Последен пат тоа го сторија во 1986 година, кога стигнаа до четвртфиналето. Мексико одигра брилијантно во првото полувреме и поведе во 22. минута со прекрасен гол на Хулијан ...

Со натпреварите од воведното коло претпладнево официјално стартува турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026. На терените на ТК „Југ“ ќе се појават шест македонски тенисери. Калин Ивановски учеството го избори со пласманот, додека организаторот „вајлд карти“ им додели на Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Обрад Марковски и Кристијан Јанев. На оваа петорка им се приклучи и Горазд Србљак, кој извојува три победи во квалификациите и влезе на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. „Ова е наредбата: не оставајте ништо зад себе, а вие го правите тоа“, рече ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто инвестициите на неговото семејство, што покажува дека сега поголемиот дел од својот приход го остварува од дигиталниот имот што имал корист од неговите политики, објавуваат британските медиуми. Финансиските извештаи за 2025 година поднесени до американската Канцеларија за владина етика откриваат дека неговите компании добиле ...

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се зголеми на 1.943, изјави денеска претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси двојно се зголемил на 10.571. НАСА проценува дека околу 58.870 згради се оштетени или уништени во погодената област, врз основа на сателитски снимки. Во најтешко погодените области - главниот град Каракас и покраината Ла Гваира - ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

На Меѓународниот Аеродром Скопје денеска ќе се одржи промоција на два нови уреди за напреден безбедносен преглед на кабински багаж со компјутерска томографија, заедно со две нови автоматизирани ленти, односно систем за враќање на корпите за преглед на рачен багаж. На прес-конференцијата по повод промоцијата на уредите ќе се обратат Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија и Калтрина Зеколи Шаќири, заменик-министер за транспорт. МИА ...

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18 проценти), 116 деловни објекти (12.7 проценти), 113 натстрешници (12.4 проценти), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1 проценти), 106 ...

Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од ...

Со презентација на материјални докази од Обвинителството кои се однесуваат на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судењето се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште Обвинителството, презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, ...

Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и ...

Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во ...

„Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја“, изјави денеска американскиот министер за внатрешна безбедност Марквејн Мулин, откако иранската репрезентација го заврши настапот на Светското првенство во групната фаза. Иран беше веројатно најнесреќниот тим во групната фаза на Светското првенство. Во својата Група Г, ремизираше три пати, а во рангирањето на најдобрите третопласирани тимови, поради ...

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила 300 евра поткуп од студент за да му овозможи положување на испит. Според информациите, на 22.06.2026 година студентот К.Б. (26) од Турција, кој има привремен престој во Штип, пријавил дека професорката Т.А. (39) од Штип побарала пари за да му овозможи да го положи испитот што дополнително требало да го полага. По пријавата, во ...

Пропаднаа двата обида на пратеничките група да се закаже комисија за изборниот законик. На интензивни координации зад затворени врати пратениците не постигнаа договор за да се спречи најавената блокада од СДСМ и Левица. Извори за Сител од мнозинството велат дека разликите остануваат, за дел од точките постои приближување на ставовите но тоа не значи и конкретен договор. Утре во нови обиде ќе пробаат да ги доближат ставовите. Според брифинзи ...

Пелагониските земјоделци излегоа на протест пред Подрачното одделение на Министерството за земјоделство во Битола незадоволни од ниската откупна цена на млекото, неисплатените субвенции и сè уште недефинираната откупна цена на пченицата. Земјоделците се пожалија дека државата по различни основи им должи 70 милиони евра и бараат итна исплата на заостанатата државна помош. Се пожалија и на тоа дека во ек на жетва се уште не е позната цената на ...

Во текот на денешниот ден на територијата на државата избија повеќе пожари на отворен простор од кои два кај Велес и Дојран се проширија во поголеми пожари, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и додаде дека веќе е воспоставена делумна контрола и кај нив. -Првиот поголем пожар е на територијата на општина Велес, во атарот на селото Каласлари во насока кон Свети Николе. Тој пожар во овој момент е ставен ...

Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека во претстојната реконструкција ВМРО-ДПМНЕ добива два нови ресора - здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, правда и министер за односи меѓу заедниците, додека ЗНАМ го добива министерството за земјоделство, а тие ќе имаат и плус еден заменик министер. Мицкоски не сакаше пред седницата на Извршниот комитет да ги соопшти ...

На 29.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека 69-годишна жена кај нив пријавила дека била физички и психички малтретирана од нејзината ќерка. На 29.06.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена пријави дека во домот во скопско била физички нападнат од нејзиниот вонбрачен сопруг А.Н.. На 29.06.2026 во 05:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода ...

После долго време во 2026 година имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од македонско државјанство, информира вечерва премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека не може да прецизира на што тоа се должи. Тој нагласи дека економските перформанси на Македонија во последните две години се многу подобри отколку на некои од земјите-членки на Европската Унија и посочи дека верува во потенцијалот на ...

До 18:00 часот на на територијата на државата се регистрирани 13 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 11 се изгаснати. Се уште активни се пожарите во општина Охрид кај селото Мешеишта каде гори ниска вегетација и во општина Велес покрај магистралниот пат Велес–Штип каде гори нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Изгаснати се пожарите во општина Шуто Оризари – во близина на ...

Македонската репрезентативка во планински велосипедизам Дуња Иванова, членка на велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка, се искачи на 33. место на најновата светска ранг-листа на Меѓународната велосипедска унија (УЦИ), поставувајќи нов највисок пласман за македонското велосипедизам. До овој значаен резултат Иванова стигна по серијата успешни настапи на три трки од престижната HERO World Cup серија – Коста Бланка во Шпанија, ...

Шестотини млади спортисти од четири региони денеска во Скопје се дел од финалето на државното првенство во рамките на „Плазма - Спортските игри за млади“ во Скопје и ќе се натпреваруваат за пласман на меѓународното финале во Сплит (17 - 22 август). Натпреварите се одвиваат во десет дисциплини: Coca-Cola Cup 2011, мал фудбал (2015), баскет 3х3, ракомет, одбојка, одбојка на песок, народна топка, тенис, шах, пинг-понг и атлетика. Министерот за ...

Денеска во Доха нема да се одржат директни разговори помеѓу ирански и американски претсавници соопшти министесртвото за надворешни работи на Катар. Во Доха пристигнаа Специјалните пратеници на САД Витков и Кушнер но не и иранска делегација. Трамп претходно тврдеше дека Иран за денеска барал нова рудна разгвори со САД, но офцијален Техеран го демантираше. Сепак Витков и Кушнер ке се сретнат со катрските и пакистанските посредници за да ...

Зошто нашиот мозок постојано сака да скроламе низ „Тикток“ или „Инстаграм“? И што ќе се случи кога вештачката интелигенција може веднаш да креира цели видеа „само за Вас“? Имајќи ги предвид овие прашања, научниците предупредуваат за намалена концентрација и зависност кај луѓето. За многумина, денот почнува со тоа што, само што ќе ги отворат очите – веднаш посегнува по телефонот. Па во целото слободно време, сѐ до легнувањето в кревет, скрола ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25