Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. - Да, да бидам конкретен со пример - ако минатата година во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да обезбедат повеќе одбранбени резерви откако Русија лансираше стотици беспилотни летала и десетици ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови во четврток во еден од најголемите напади во војната. Најмалку 25 лица беа убиени, а десетици други беа ранети во нападот во кој беа оштетени околу 130 згради. Нападот беше најсмртоносен во Киев од мај, а широкото ...

Херметички спакувани во куфер и торба, скриени во камион за меѓународен транспорт, двајца турски државјани се обиделе преку копнениот граничен премин во Еврос, во Грција да внесат 50 пиштоли, по што биле уапсени и се товарат за внесување и трговија со нелегално оружје од Турција со цел снабдување на криминални групи, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по соодветна обработка и анализа на добиени информации, ...

Франција во исклучително жешкиот бран на крајот од јуни регистрираше 2.025 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат прелиминарните податоци од Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE) објавени од BFMTV. Според овие податоци, помеѓу 22 и 28 јуни, речиси 9.000 смртни случаи беа потврдени со електронски смртни изводи во Франција. Зголемувањето се совпадна со врвот на големиот топлотен бран што го зафати поголемиот ...

Во петгодишните систематски истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај селото Црнобуки, Битолско, досега се пронајдени над 400 монети, информираат археолозите од Завод и музеј – Битола, пишува сдк.мк. Меѓу наодите има примероци од времето на Филип II Македонски, со претстава на богот Зевс, како и монети од Александар Велики, Октавијан Август и од повеќе антички градови како Пела, Тесалоника, Амфиполис и Дирахион. Дел од нив ...

На Исар во Штип избувна пожар на ниска вегетација, кој зафати сува трева, прнар, нискостеблеста деградирана шума, смреки и боров насад. Во гаснењето интервенираат 5 пожарникари со 3 противпожарни возила, а екипите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон куќите и помошните објекти во подножјето на Исарот. Ситуацијата дополнително ја отежнува променливиот ветер, кој влијае на насоката на пожарот, како и стрмниот и карпест терен кој не ...

Силен ветер го разгорува пожарот во атарот на селото Неокази, при што огнот се проширил и во селото Бучиште, Пробиштипско. Според надлежните служби, се работи за пожар на голема површина со ниска вегетација, кој поради силниот и променлив ветер брзо се шири и тешко се става под контрола. Во Бучиште се зафатени две куќи, но жителите претходно биле навремено евакуирани. Во гаснењето се ангажирани екипи од Пробиштип, Доброволното противпожарно ...

Ервоамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека гледа забрзување на реформите во земјата во сите 51 реформски чекор, а во грејс-периодот работат заедно со Владата и од 10, ќе бидат исполнети девет и пол. За Изборниот законик, Рокас смета дека законот во основа е добар и оти се надева дека партиите ќе постигнат консензус. - Ние сме фокусирани на 10-те чекори што беа во грејс-периодот и кои истекуваа на 30 јуни. И на овие 10 чекори мора да ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека очекува во јунскиот извештај на ЕУ да бидеме најдобри исто како и во декемврискиот. Тој уште еднаш повика на разговори со опозицијата за Изборниот законик за што рече дека сè уште има шанса да биде донесен и да биде исполнет и десеттиот чекор од зададениот грејс-период. - Oчекувам и во овој јунски извештај да бидеме најдобри, како што бевме и во декемврискиот извештај. Мене ме радува и ме ...

Две патнички моторни возила директно се судриле на патот Штип -Пробиштип, откако едното во обид да избегне пламени наноси од пожар, преминало во спротивната сообраќајна лента. Според првичните информации, возилото кое се движело во насока кон Штип се обидело да избегне пламени наноси навлегло во спротивната лента и директно се судрило со друго возило кое се движело во таа коловозна лента. Во несреќата повредени се повеќе лица, кои веднаш се ...

Пожарот кај Исар во Штип е целосно локализиран и ставен под контрола, соопштуваат надлежните служби. Во моментов нема активни линии на ширење на оваа локација. Посериозна останува состојбата кај селото Чардаклија во општина Чешиново-Облешево, каде пожарот што зафати висока сува трева, нискостеблеста деградирана шума, смреки и жбун, продолжува да се шири. Огнот зафатил и една парцела со фотоволтаични панели. Екипи од ТППЕ Штип се на терен и ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 49-годишниот Ќ. Х. поради сомнение за сторени две кривични дела – „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. Според пријавата, на 30.06.2026 година во домот на родителите на неговата сопруга во Гостивар, тој со возило ја урнал влезната порта, скршил прозорец од куќата и оштетил имот а потоа физички ја нападнал. Случајот е документиран од ...

Три активни пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13:00 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Како што се наведува во соопштението, активни пожари има во село Неокази, општина Пробиштип, каде гори ниска вегетација, во општина Штип во местото викано „Исар“, централно градско подрачје (ниска вегетација) и во селото Новоселани во општина Чешиново-Облешево (ниска вегетација). МИА Три активни пожари на отворен ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во тековната година реалната нето-плата да биде во позитива и, како што рече, во споредба со минатото, резултатите се три-четирипати подобри. Во одговор на новинарско прашање дека СДСМ го обвинуваат оти нема задоволително темпо на раст на платите, Мицкоски рече дека во 2024 година растот на платите бил над 12 отсто, во 2025 е приближно 6 отсто, а истиот резултат го очекува и оваа година. - Да, јас ги ...

За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Од понеделник следува период на претежно сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. МИА За време на викендот времето ќе биде стабилно ...

Репрезентацијата на Португалија успеа да се пласира во осминафиналето откако ноќеска во Торонто ја победи Хрватска со 2:1 во еден од најдобрите натпревари на Мундијалот. Во следниот натпревар Португалија ќе игра против Шпанија која синоќа со 3:0 ја победи Австрија. По не толку добро прво полувреме исклучително второ одиграа Португалија и Хрватска. Со голот на Иван Перишиќ во 53.минута Хрватска поведе со 1:0. Потоа следуваше поништен гол на ...

Двајца македонски тенисери ќе имаат мечеви денеска на терените на ТК Југ во рамки на програмата во сингл конкуренција. Обрад Марковски продолжението од мечот од второто коло против Владислав Орлов од Украина, кој беше прекинат поради темница први водство од 1-0 во сетови за Орлов и 2:2 во гемови во вториот сет ќе продолжи на теренот број 6 во 10 часот. Победникот од овој меч во четвртфиналето на истиот терен ќе игра против Петар Јовановиќ од ...

Репрезентацијата на Шпанија без поголеми напори стигна до осминафиналето откако вечерва ја совлада Австрија со 3:0. „Црвената фурија“ на тој начин ја потврди фаворитската улога. По иницијативата што ја имаа репрезентативците на Шпанија поведоа со голот на Микел Ојарзабал во 36.минута. Водството Шпанците го зголемија кон средината на вториот дел, а стрелец во 66.минута беше Педро Поро. Конечните 3:0 ги постави Ојарзабал со својот втор гол на ...

Хрватска го заврши настапот на Мундијалот со пораз од Португалија од 2:1 во еден од најдобрите натпревари пред сè второто полувреме. Хрватската репрезентација поведе со голот на Иван Перишиќ, но Португалија направи пресврт. На натпреварот поради офсајд позиции беа поништени три гола, два на Хрватска и еден на Португалија. – Не е лесно кога ќе примите гол во продолжение. Ни се случи неколку пати, и тоа е навистина лоша одбранбена реакција, а ...

Цените на нафтата вчера на меѓународните пазари се спуштија под 71 долар за барел, со навестувања за натпревар меѓу производителите во Персискиот Залив до купувачите во услови на постепена нормализација на транзитот низ Ормуската Теснина. Барелот на пазарот во Лондон вчера попладне се тргуваше за 78 центи пониско од вчерашната цена на затворање од 70,79 долари. На американскиот пазар, беше поевтин за 90 центи и чинеше 67,68 долари. ...

Преку програмата на Европскиот механизам за цивилна заштита и оваа година во Грција ќе бидат распоредени пожарникари од различни земји, кои во текот на летниот период, доколку е потребно, ќе им помагаат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека од 16 јули до 15 септември, вкупно 245 пожарникари од Франција, Молдавија, ...

Шефот на сириската дипломатија, Асад ал-Шаибани, вчера од Бејрут изјави дека неговата земја „нема намера“ воено да интервенира во Либан против проиранскиот Хезболах, и покрај повторените повици од американскиот претседател да го стори тоа. За време на посетата на Либан, сирискиот министер се сретна со бројни политички и религиозни лидери, вклучувајќи го и претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, сојузник на Хезболах. Откако дојдоа ...

Американските претставници индиректно ги предупредиле шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф, дека Израел може да се обиде да ги убие за време на преговорите со Вашингтон за завршување на војната, објави денеска „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на американски претставници. Весникот наведува дека некои американски претставници веруваат дека Израел наводно планирал да ги ...

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина точно таму каде што застанаа, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Галузин. „Подготвени сме да ги продолжиме преговорите точно таму каде што застанаа. Меѓутоа, за тоа е потребна политичка волја не само од Киев, туку и од неговите западни спонзори, кои се главните корисници од кризата“, изјави Галузин. Дипломатот го критикуваше и ставот на шефот на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Наместа се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 ...

Собранието денеска треба да ја продолжи работата по 104. седница, по чие завршување е предвидено да се одржи и продолжението на 108. седница. На дневен ред на 104. седница се Предлогот за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, во прво читање, како и Предлог-законот за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка. По завршување на оваа седница, ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе биде презентиран дел од опремата за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд. На настанот ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. За време на настанот освен презентација на опрема, ќе ...

Во последните години зборот „одржливост“ стана еден од најчесто употребуваните во светската економија. Но, зад тој збор не стои само нова регулатива, нов стандард или нов административен процес. Зад него стои суштинска промена во начинот на кој функционира светот. Денес, успешни не се само компаниите кои произведуваат квалитетен производ. Успешни се оние кои знаат како одговорно да управуваат со ресурсите, како да инвестираат во своите луѓе, ...

Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, ...

Бројот на смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго надмина 400, соопштија локалните власти. Вкупно се регистрирани 438 смртни случаи и 1.406 случаи на зараза. Епидемијата на ебола беше официјално прогласена на 15 мај. Во последните 50 години, еболата однесе повеќе од 15.000 животи во Африка. Бројот на смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго надмина 400, соопштија локалните власти. Вкупно се регистрирани 438 ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1029
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.73
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1029
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
66%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
73%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Цинк

3.76