На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи - информира Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод ...

Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, објави премиерот Христијан Мицкоски. - Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14-те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека по две години владата успева да го консолидира и секторот земјоделство во кој, рече, наследила катастрофална состојба во која земјоделците не можеле да си ги наводнуваат посевите и не ги добивале субвенциите. -Во секторот земјоделство наследивме буквално катастрофа од претходната влада. Акумулациите беа доведени под биолошки минимум, на 8 проценти, денеска се на 80 проценти, и тоа во јули кога е ...

На 03.07.2026 во 11:50 часот во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(57) од Скопје, по претходна пријава дека околу 11:45 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар одзел паричник од 72-годишна жена од Скопје, а потоа физички нападнал 64-годишен маж и му се заканувал на возач на автобус. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 03.07.2026 во 11:50 часот во Скопје ...

СВР Скопје целосно го расчисти случајот пријавен од страна на Н.П.Ц.(45) од Скопје, која на 03.07.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, пријави дека на 02.07.2026 во 17:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, нејзината 10-годишна ќерка била физички нападната од машко лице на возраст од околу 70 години, а од настанот беше објавен и видео материјал на социјалните мрежи. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности за ...

Портокалов метеоаларм за топлотен бран е издаден за утре за два француски департмани, Еро и Источни Пиринеи, објави денеска националната метеоролошка служба „Метео-Франс“. Предупредувањето е издадено откако рекорден топлотен бран ја погоди Франција кон крајот на јуни, пренесе БФМТВ. Се очекува југот на земјата да доживее дополнителен пораст на температурите овој викенд, при што највисоките температури ќе достигнат 38 Целзиусови степени во ...

Со натпреварот меѓу Канада и Мароко вечерва започнува осминафиналната фаза на Светското фудбалско првенство, додека вториот четвртфиналист ќе биде познат по пресметката меѓу Франција и Парагвај. Канада, еден од трите домаќини на Светското првенство, беше првата што стигна до осминафиналето. Во Лос Анџелес, ја победи Јужна Африка со 1-0 во судиското продолжение. Голот го постигна Стефан Еустакио, со што Канада прв пат во својата историја се ...

Во својот говор на планината Рашмор, на прославата на 250-годишнината од независноста на САД, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да ги заштитат своите слободи од „комунистичката“ закана од прогресивните членови на Демократската партија. „Стоиме под споменикот на овие херои, вистинска група неверојатни луѓе, и повторно се посветуваме на тоа да бидеме нација голема, храбра, благородна и силна како овие американски ...

Во своето прво големо, видео обраќање до својата татковина и сонародниците, по повод 250-годишнината од независноста на САД, папата Лав XIV ја нагласи важноста на традиционалното гостопримство кон мигрантите што САД го обезбедуваат низ историјата, повикувајќи ги Американците да продолжат да живеат во согласност со идеалите утврдени во Декларацијата за независност. Првиот американски папа, кој постојано ја критикува тврдокорната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев е способен на долг рок да произведе доволно високотехнолошко оружје за да го надмине капацитетот на Русија, јави ДПА. Средбата со воените претставници, владините министри и претставниците на одбранбената индустрија се фокусираше на зголемување на производството во рамките на украинските програми за беспилотни летала и ракети, рече Зеленски во објава на Телеграм. Киев неодамна ...

На самитот на НАТО во Анкара сојузниците ќе и ветат на Украина милијарди евра воена помош, изјавија денеска извори за германската ДПА На состанок во Брисел амбасадорите на 32 земји-членки ја поддржаа ваквата иницијатива, а планот е НАТО во следните две години да издвои по 70 милијарди евра годишно за вооружување и обука на украински војници, вкупно 140 милијарди евра. Во него , меѓутоа, е вклучен и заемот на ЕУ за Украина од 60 милијарди ...

Руската војска вчера го информираше претседателот Владимир Путин дека ја презела контролата врз Костјантинивка во источна Украина, клучното место што Москва долго време го посакуваше во своето напредување низ Донецк. Во споделените видеа, Путин ја посетува командата и го фали наводното освојување на градот како важно стратешко достигнување. „Сите знаеме дека овој град е клучен сообраќаен и голем индустриски центар на Донбас“, вели Путин. ...

Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени. Времето денес ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одделни места ...

На 02/03.07.2026 од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, извршен е претрес во стан кој го користат М.Б и Н.Ј, кои претходно беа лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје. При претресот извршен по добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, ЛСД, масло-хашиш смола, халуциногени ...

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој е првостепено осуден на 12 години затвор, и ја потврди изречената пресуда од Кривичниот суд. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.06.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање, за кој се поднесени над 200 амандмани. - Ребалансот на буџетот за 2026 година не произлегува од недостигот на приходи или од нарушена ликвидност на буџетот, туку е резултат на потребата да се усогласат буџетските проекции со новите економски услови, да се обезбедат ...

Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, упатувам срдечни честитки до американскиот народ и до Владата на САД по повод историскиот јубилеј - 250 години од Денот на независноста, стои во честитката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 250 годинишнината од независноста на САД. Овој ден, се додава во честитката, претставува цивилизациски белег на модерната државност и институционалната ...

Телото на 76-годишен жител на Неготино, кој претходно исчезнал во водите на реката Вардар кај селото Црвени Брегови, вечерва е пронајдено и извлечено од реката. Според информациите објавени од „Прес24“, повикувајќи се на Центарот за управување со кризи (ЦУК), по пријавата за исчезнато лице веднаш биле ангажирани службите за спасување. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес информираат дека на терен интервенирале седум ...

При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода Г.М. (42) од Скопје. -При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза, соопштуваат од Министерството за спорт. Во соопштението стои дека министерот Ристoвски ѝ честиташе на Ѓорческа за извонредниот успех и за историскиот пласман меѓу најдобрите ...

Дел од маркетите ги зголемиле бруто-маржите за два до пет проценти во споредба со лани, покажале контролите на Пазарниот инспекторат. Поради тоа, Владата ќе ги повика на состанок и ќе побара објаснување за поскапувањата. Премиерот Мицкоски порача дека ваквото зголемување нема да се толерира. „Да бидам конкретен, со пример. Ако минатата година во јуни месец бруто маржата била 10 проценти, сега е 12 или 15. Тоа се тие дополнителни 2 до 5 ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги отфрли новите критики од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги опиша буџетите за одбранбени трошоци на европските сојузници во НАТО како „смешни“, издвојувајќи ја особено Германија. Германија е во процес на удвојување на својот одбранбен буџет за четири години, изјави Мерц во Берлин по состанокот со шефовите на држави и влади на балтичките земји. – Ова е најголемиот напор што некогаш сме ...

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговараа и се договорија да се сретнат во САД во блиска иднина, соопшти денеска кабинетот на Нетанјаху. Нетанјаху му ја честиташе на Трамп 250-годишнината од основањето на САД, истакнувајќи дека земјата „ја обезбедува слободата во светот“, како и дека Израел „многу ја цени тесната врска меѓу двете земји“, пренесува „Тајмс оф Израел“. ...

Кривична пријава за насилство заработија три лица на возраст од 19 до 23 години за случајот во кој со нож беше избодено 14 годишно момче во Ченто.. Според кривичната пријава на МВР осомничените прво физички го нападнале детето, а потоа и го избоделе со нож.. За мајката на повредното дете, нејасно е зошто случајот се води како насилство.. Засега непознат е мотивот за настанот.. Мајката на момчето Тврди дека ниту тој ниту семејството имале ...

Одделението за внатрешни работи Кочани денеска поднело кривична пријава против осум службени лица вработени во Државниот инспекторат за труд, поради сомнение дека со несовесно работење во службата тие не спречиле незаконско работење на дискотеката „Пулс“ во Кочани и овозможиле објектот незаконито да продолжи со вршење на угостителска дејност со активно работење остварувајќи противправна имотна корист во вкупен износ од 1.255.977 денари. ...

Евакуирани села, изгорени куќи, блокирани патишта, сообраќајни застои. Пожари на повеќе точки во пробиштипскиот регион направија хаос и предизвикаа страв меѓу локалното население. На пладне, во село Неокази избувна голем пожар. Поради ветрот, пламенот брзо се прошири кон соседните села Бучиште и Ратавица. Надлежните на терен дејствувале со сите сили. На терен дејстуваа и ер тракторите. Помош стигна и од Кочани. Поради сериозноста на ...

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто. Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за ...

Се уште е активен пожарот во пробиштипскиот регион. Во моментов сите сили на противпожарните служби и на доброволците од доброволните противпожарни служби се насочени помеѓу Пробиштип и село Ратавица, каде изгорена е голема површина од сува трева и нискостеблеста вегетација. Златко Илиев, од доброволното противпожарно друштво Кочани вели дека три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница. Забележува дека пожарот е делумно ...

Иран почна еднонеелна јавна жалост и погребни церемонии за својот поранешен врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, повеќе од четири месеци откако беше убиен во нападите што ги почнаа САД и Израел. Ковчегот со неговото тело е изложен во големата џамија Имам Хомеини во Техеран а илајдници луѓе се собраа пред џамијата за да му оддат последна почит. Никогаш не замислувавме дека еден ден ќе присуствуваме на ваква церемонија. Отсекогаш посакувавме ...

Македонската научна јавност остана без истакнат историчар и долгогодишен научен работник. По кратко боледување, денес почина проф. д-р Катерина Мирчевска, соопшти Институтот за национална историја. Таа имаше 54 години. Од Институтот изразија длабока жалост, нагласувајќи дека Мирчевска беше долгогодишен научен советник, посветен истражувач и врвен професионалец. Во соопштението се истакнува дека нејзиниот богат научен опус, професионалниот ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42