Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Повеќе од 26 илјади припадници на службите за итни случаи и над 17 илјади волонтери се распоредени во погодените области. Потрагата по преживеани е се уште во тек, иако веќе бледнеат надежите за пронаоѓање на повеќе преживеани под урнатините, откако катастрофата влегува во втората недела. Родригез рече дека досега 6.461 лице се извлечени живи од урнатините. По двата земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени на 24 јуни, властите ...
Две лица загинаа во пожарот во болница во северниот германски град Лудвигслуст, во близина на Шверин, соопштија утрово официјални лица. Портпаролката на округот Лудвигслуст-Пархим изјави за ДПА дека двете жртви биле пациенти. Полицијата го процени бројот на повредени на повеќе од 30, иако портпаролката на округот рече дека ниту еден од нив не претрпел сериозни повреди. Првичните наоди сугерираат дека пожарот започнал во соба со пациенти. ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд од над 15 литри на квадратен метар, грмежи, засилен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Неготино каде ќе ја пушти во употреба реконструираната улица „29 Ноември“ и ќе изврши увид во градежните активности за изградба на кружен тек на спојот на улицата „Маршал Тито“ со улиците „Партизанска“, „Даме Груев“ и „Христо Ботев. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. МИА Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина ...
Во СВР Струмица денеска ќе бидат отворени простории уредени за разговор со деца кои се во судир со законот. На настанот, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Покрај Тошковски, предвидени се обраќања и на амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, како и на шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал. На настанот ќе учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар ...
Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч. По насоки на јавен обвинител К.Б. од Тетово е лишен од слобода кој ...
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје - во Црешево се измерени 74 литри на метар квдратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина. До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во ...
ФК Силекс ги повикува сите навивачи и симпатизери да бидат дел од европскиот предизвик на клубот и да дадат силна поддршка на натпреварот против Динамо Минск, кој ќе се одигра на 16 јули во Скопје, со почеток во 20:00 часот. За таа цел, клубот организира бесплатен превоз, во кој е вклучен и билет за натпреварот. Поаѓањето е закажано во 17:00 часот од Автобуската станица во Кратово, а од клубот апелираат сите пријавени навреме да пристигнат ...
Во северна Грција за 1,8 степени, на југот, на Крит за 0,2 степени била повисока температурата во текот на јуни годинава, споредено со просечните температури во периодот 2010-2019 година, а во целата земја, минатиот месец биле измерени температури над просекот, јави дописничката на МИА од Атина. Според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метро на Националната опсерваторија во Атина, која работи непрекинато од 2010 година, јуни ...
Основното јавно обвинителство Штип поведе истражна постапка против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за кривичното дело примање поткуп, а до судот достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за вршење работни активности на факултетот. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничената, жителка на Кочани, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно за себе ...
Поплавени улици, куќи, подрумски простории. Сообраќаен хаос во глвниот град предизвика невремето во попладнеевните часови. Од Центаро за управување со крзии информираат дека поплавени се два подвозника , каде иам загалвени коли, кружниот тек во општина Бител и Кисела вода, три кружни текови, кај Ист гејт, , кај Мото центар и Цементара, и Железара,. Поплавена еи улицата Јордан Мијалков. Од ЦУК информираат дека во Кисела вода, Автокомандат и ...
Јас, Сања Димитровска, со целосна свест, слободна волја и без присила, изјавувам дека сум запознаена со значењето на дарувањето органи и ткива заради лекување по смртта. Со оваа изјава давам согласност, по мојата смрт, доколку се исполнети законските и медицинските услови, моите органи и ткива да можат да бидат дарувани заради лекување на други лица. Оваа изјава официјално ќе ја потпишам на 1 октомври кај мојот матичен лекар. Тогаш стапуваат ...
Околу 100 пациентите кои се лекуваат во Специјализираната болница за нефрологија во Струга се жалат на недостиг на еритропоетинска терапија.Тие велат дека кај бубрежно болните тоа претставува сериозен проблем кој води до тешка анемија и потешкотии во функционирањето на секојдневните активности лекот го немало од ноември 2025 а неговата замена се носела во мали количини и се давала селективно. Најмладиот пациент има 27 додека најстариот 94 ...
Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се ...
Поради обилните врнежи од дожд и невремето што го зафати подрачјето на Скопје, во Општина Кисела Вода е свикана итна седница на Кризниот штаб. Општината соопшти дека екипите се на терен и се реагира по добиените пријави за поплавени површини и објекти. -Општина Кисела Вода е во постојана и интензивна комуникација со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, со екипите на ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, како и ...
Со брза, навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. -Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните. Во постојана координација сме и со колегите градоначалници, како и со сите надлежни ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) започна пилот-проект за поставување интелигентни камери за рана детекција на пожари во неколку критични зони во државата, кои ќе бидат надгледувани 24 часа од Оперативниот центар на ЦУК. Како што соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али, проектот има за цел навремено откривање на шумските пожари, побрза реакција на надлежните служби и поефикасна координација при интервенциите. Директорот на ЦУК, Мухамед ...
Најмногу дож - 74 литри на квадратен метар во изминатите 12 часа наврна во скопско Црешево, по што следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир ...
Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската ...
Иран соопшти дека нивната делегација денеска ќе се сретне со катарските медијатори за да разговараат за преговорите со САД, откако Техеран и Вашингтон се согласија за меморандум за разбирање за ставање крај на војната на Блискиот Исток. Иранските претставници ќе отпатуваат во главниот град на Катар, Доха, но го побија тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе се одржат директни разговори. Катар, исто така, објави дека не се ...
Бројот на жртви во Венецуела од двата земјотреса минатата недела се искачи на 1.943 во вторник изјави претседателот на венецуелското собрание, Хорхе Родригез. Родригез рече дека бројот на повредени достигнал 10.571 и дека 15.866 луѓе останале без покрив над главата поради катастрофата. Родригез рече дека властите отвориле 14 засолништа во државата Ла Гваира и 55 засолништа низ Каракас, Миранда и други погодени држави. Тој додаде дека владата ...
Во Шпанија минатиот месец регистрирани се 1.028 смртни случаи поврзани со топлотниот бран што ја зафати Европа. Најголем број жртви има во Каталонија, Баскија, Кастиља и Леон, Мадрид и во Андалузија. Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со 407 смртни случаи регистрирани во јуни 2025 година. На 23 јуни е регистриран најжешкиот јунски ден досега, со просечна температура од 29,6 степени за цела Шпанија. Според податоците на Министерството за ...
Русија е сè уште главната закана за НАТО, а нејзината врска со Кина, Иран и Северна Кореја претставува еден од најголемите долгорочни безбедносни предизвици за Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. „Русија е главната закана сега и на долг рок. Ја гледаме оваа луда војна на агресија против Украина, каде што (рускиот претседател Владимир) Путин е подготвен да жртвува 35.000 од својот народ, првенствено мажи од Русија кои ...
Тригодишно момче е извлечено живо од урнатините шест дена по катастрофалните земјотреси во Венецуела, Клибер Моран беше пронајден жив во урнатините во Ла Гваира . Спасувањето го изведе јордански спасувачки тим, а детето по укажаната прва помош е пренесено во болница во Каракас, и е во стабилна состојба. Потрагата по преживеани продолжува соопштија венецуелските власти. Бројот на загинати се искачи на 1.943, додека повеќе од 10.000 лица се ...
Утре и во петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според прогнозата, локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд со количина поголема од 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер со брзина над 60 километри на час и појава на град. По завршувањето на ...
Од денес во приватниот сектор започнува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15). Според важечките прописи, минималниот износ за 2026 година изнесува 19.116 денари, додека работодавачите можат да исплатат и повисок износ доколку тоа е уредено со интерни правила или колективен договор. Регресот се пресметува врз основа на просечната нето-плата за февруари, март и април годинава, која изнесува околу 47.790 денари, а согласно Општиот ...
На Меѓународниот аеродром „Скопје“ од денеска се во функција нови уреди и системи со кои е зголемена прецизноста во откривање потенцијални закани и се намалени физичките проверки за патниците. За разлика од порано, патниците повеќе нема да треба да вадат лаптопи, таблети, мобилни телефони и течности од својот рачен багаж - овие предмети може да останат во торбата за време на процесот на проверка. Инвестирани се милион евра во надградба на ...
Скопје попладнево го зафати силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Претходно УХМР соопшти дека попладнево ќе има појава на нестабилност во Скопје „Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град“, известија од УХМР. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат невреме и утре и во петок додека пак ...
По силното невреме што денеска го зафати Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и подготвени за интервенции на терен. Според неговата објава, службите се во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со ...
Градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски информираше дека по одреден период на отсуство поради здравствени проблеми, повторно се враќа на своето работно место. Тој во објава истакна дека изминатиот период за него бил сериозно животно искушение, во кое се соочил со здравствен предизвик што, како што вели, го натерал да сфати дека вистинската сила е во тоа човек да се исправи по падовите. „Со голема благодарност и искрена радост, повторно се ...