Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин се согласил со неговото барање Русија да не го напаѓа главниот град Киев и другите градови во Украина. Зборувајќи на состанокот на неговиот кабинет, Трамп објасни дека го замолил Путин да го стори тоа поради рекордно студеното време. Температурата во Киев е под нулата, а следната недела се очекува студен бран, како резултат на што термометрите во ...

Шефот на американските федерални гранични сили, Том Хоман, познат како „Граничен цар“, денеска им изјави на новинарите во Минеаполис, Минесота, дека ќе остане во градот „сè додека има проблеми“, но исто така дека им наредил на службениците за имиграција да развијат „план за повлекување“ на федералните агенти откако убија двајца американски државјани во Минеаполис, објавува Си-Ен-Ен. Хоман рече дека дошол во Минесота на барање на ...

Втора измама годинава од лажен лекар на територијата на Општина Штип. Од Секторот за внатрешни работи-Штип денеска информираат дека жртва на измамата е 72 годишна жена од Штип. -На 28.01.2026 во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Лицата се гонат за кривично дело казниво според член 188 став 3 од Кривичниот законик, а Обвинителството, како што информира, бара ...

Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и додава дека на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании. -РКЕ и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е ...

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниту еден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какви било друго реорганзирање на внатрашните структури на МВР, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Одговорајќи на пратенилко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен ...

Билатералните средби со највисокото раководствата на компанијата „Филипс“ за Европа, третиот мобилен оператор „Фор-ај-џи“ и Светката енергетска асоцијација на кои биле соопштени придобивките од тие сектори, се дел од активностите на премиерот Христијан Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос. Тој денеска одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО - ДПМНЕ во македонското Собрание нагласи дека следната година во Давос ...

“Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме. После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Во прилог најзначајниот дел од неа. Благодарам до сите пријатели на ...

Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата е таа што посредува во оној бипартитен ...

Речиси воопшто нема реакции од судството и обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Николоски рече дека МВР излегува на терен, евидентира ...

Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но се уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале пикот, бидејќи во минатата сезона имавме два пика. Можеби ова е првиот, можеби да е последниот, но не значи дека нема да има нов пик и ново зголемување на бројот на заболени. Оваа сезона се регистрирани три смртни случаи, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Таа посочи дека во текот ...

Нашата Армија е компатибилна, нашата Армија е компарабилна, нашата Армија е почитувана не само дома туку и надвор. И ние можеме со сигурност да кажеме дека состојбата е за поздравување. И мислам дека Армијата заслужува понатамошно разбирање и поддршка и од Владата, но и од сите нас. Ја имаат, се разбира, мојата поддршка. Јас имам што да бранам, што да фалам, што да заштитувам и имам во што да верувам, истакна денеска претседателката и ...

Денеска во Домот на Армијата во Скопје се реализираше реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, на кое присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и генералите во Армијата. Во рамки на реферирањето, кое го одржа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претседателката Сиљановска-Давкова се ...

Решавање на проблемот очекувам, мислам дека веќе манифестираа свест и одговорност особено што прашањето е регионално, но веќе реков, не се работи само за регионални интереси се работи за европски интереси бидејќи говориме за фирми коишто доаѓаат и од други држави, истакна денеска претседателката Гордана Силјановска‑Давкова прашана дали очекува решение за блокадата на превозниците од земјава и регионот. Според неа решението за проблемот со ...

Постапките за одземање на лиценца за било која дејност и за било кој сектор се строго пропишани во Законот за енергетика и сето тоа е преточено во Правилникот за лиценцирање. На истиот начин како што сме ги воделе постапките за компанијата која што е посочена, во истиот период се водени исти постапки, со исти рокови и за останати компании, не само во делот на секторот за нафтени деривати, туку истото го правиме и во секторот за електрична ...

Американскиот министер за финансии Скот Бесент вчера изјави дека е разочаран од одлуката на Европа да склучи голем трговски договор со Индија. Според него за Европа приоритет е трговијата пред интересите на украинскиот народ. Бесент за американската телевизија Си-ен-би-си (CNBC) наведе дека Европа купува рафинирани артикли произведени во Индија со санкционирана руска нафта и не беше подготвена да ги исполни повисоките царини што САД ги ...

Тринаесет патници и двајца членови на екипажот синоќа загинаа откако се урна авион во Колумбија. Авионот полетал од северниот град Кукута, но исчезна од радарите пред да слета во Оканија. Леталото се урна во близина на границата со Венецуела. Колумбиските власти потврдија дека нема преживеани во несреќата. Сè уште се истражува причината за падот на авионот. МИА Тринаесет патници и двајца членови на екипажот синоќа загинаа откако се урна ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа најави дека неделава ќе бидат одржани нови руско-украински разговори. -Се очекува руските и украинските преговарачи, кои се сретнаа во Абу Даби минатата недела за да разговараат за американскиот план за решавање на конфликтот, во присуство на медијатори од Белата куќа, се очекува да спроведат понатамошни разговори оваа седмица, изјави Рубио пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот. Тој ...

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговараат за војната во Украина, советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков. Русија никогаш не ја исклучила таквата средба, изјави Ушаков со напомена дека ќе ја гарантира безбедноста на украинскиот претседател. Украина смета дека патувањето на Зеленски во Москва е невозможно од безбедносни причини. Украинскиот министер за ...

Руската нафтена компанија „Лукоил“, која е под санкции на САД поврзани со војната во Украина, денеска објави дека планира да го продаде својот бизнис во странство на американската инвестициска фирма „Карлајл“ (Carlyle). Направен е договор, но истиот подлежи на одобрување од американските финансиски власти, соопшти „Лукоил“ во Москва. Од компанијата наведоа дека сè уште се водат преговори и со други потенцијални купувачи. „Карлајл“ сè уште ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Европа треба да најде начин повторно да стане доминантна сила за да се наметне во новонастанатиот светски поредок доминиран од неколку моќни играчи. Според него, Европа ќе можат да ги спроведат своите идеи само „ако самите научиме да го зборуваме јазикот на политиката на моќ“. - Европа изминатите децении беше политичката сила што инсистираше на владеењето на правото како основа за ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо ги искажа впечатоците по победата (4:2) над Реал Мадрид синоќа во 8. коло од Лигата на шампионите. Во 90+8 минута, голманот на Лисабон, Анатолиј Трубин, со глава го постигна четвртиот гол за Бенфика. Овој гол му овозможи на тимот да заврши на 24. место во генералниот пласман и да се квалификува во плејофот од Лигата на шампионите. – Често сум победувал или губел во последните моменти, но тоа беше ситуација ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините ќе има врнежи од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје ќе биде облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. ...

Без електрична енегија денеска во периодот од 09.00 до 11.00 часот, ќе истанат дел од корисниците од улиците „Кујунџиска“ и „Битпазарска“, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од Старата чаршија во Општина Чаир, информира РЦУК Скопје. Струја од 10.00 до 14.00 часот ќе немаат и корисниците од ул. „Јустинијан Први“, како и дел од корисниците од ул. „Речиште“. МИА Без електрична енегија денеска ...

Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за зголемување на минималната плата и на останатите плати, гувернерот нагласува дека е важно решенијата ...

Поради протест на камионските превозници, блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

Новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Новиот состав на ДИК, кој вчера беше изгласан од пратениците го сочинуваат, се Бојан Маричиќ претседател на Комисијата, Абдуш Демири потпретседател и членовите Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху. Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, ...

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, може да се изврши ...

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде се измерени - 3 степени Целзиусови, а таму има и снежна покривка со висина од 34 сантиметри. На останатите места во државава нема минусни температури. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Скопје -Петровец, Kрушево и Маврови Анови, се регистрирани 0 степени, 1 во Тетово и Лазарополе, 2 во Скопје-Зајчев Рид и Струмица, 3 во Прилеп, Велес, Берово и Кавардарци, 4 во Охрид, ...

Во Домот на Армијата во Скопје денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова. На реферирањето за борбената готовност ќе присуствуваат и министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од кабинетот на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
53%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
46%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.03
51%
1020
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
5.55
58%
1020
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 9ᴼ
0.45
55%
1021
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
75%
1010
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
41%
1012
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
52%
1021
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.02
39%
1021
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
10.8
78%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.436

Currency

71.3483

Currency

37.9704

Currency

39.0187

Currency

68.0212

Currency

7.75501

Currency

0.64828

Currency

0.33649

Currency

0.52492

Currency

1.20794

Currency

0.57779

Алуминиум

3.36

Родиум

366518.51

Иридиум

258288.78

Калај

47.03

Платина

66937.85

Злато

166450.52

Кобалт

66.14

Бакар

11.49

Цинк

3.19

Паладиум

50058.71

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51