Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Повеќе од 220 фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук. Тој истакна дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. -Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор ...
Првото Светско фудбалско првенство во историјата со 48 репрезентации кое се одржува во САД, Мексико и Канада ги исполни очекувањата и донесе рекордна посетеност со вкупно 4.644.549 гледачи на стадионите на сите 72 натпревари во групната фаза, јави денеска агенцијата ДПА. Мундијалскиот турнир со тоа го урна рекордот на посетеност на Светското првенство во 1994 година во САД, кое привлече околу 3,6 милиони гледачи, дури и пред почетокот на ...
По викенд нападите, САД и Иран се враќаат на преговарачка маса. Утре во главниот град на Катар, Доха, техничките тимови ќе ги продолжат разговорите во рамките на претходно потпишаниот рамковен договор за завршување на војната објави Трамп додавајки дека двете страни се согласиле и да ги прекинат нападите. Според американскиот претседател, состанокот го побарал Иран. Прес службата на Белата Кука обајви дека Американската делегеција ке ја ...
Во заедничка акција на шпанската и италијанската полиција уапсен е шефот на криминалната организација Ндрангета, Доменико Павиљанити, познат и како „Дон Мико“. Тој е приведен вчера во Сорија, околу 200 километри североисточно од Мадрид. По Павиљанити е издадена европска потерница уште во 2022 година. Тој во Италија е обвинет за бројни кривични дела, меѓу кои насилни злосторства, трговија со дрога и перење пари. Павиљанити се соочува со казна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека американскa делегациja утре во Доха ќе разговара со ирански претставници. „Иран побара состанок. Тој ќе се одржи утре во Доха“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Трут Соушл. Претходно денеска извор запознаен со разговорите изјави дека иранските и американските технички тимови кои работат на спроведување на меморандумот за разбирање во наредните денови ќе се сретнат во ...
Италија и Балканот се зафатени со топлотен бран кој предизвика стотици смртни случаи и го наруши секојдневниот живот низ целиот континент повеќе од една недела, со зголемена загриженост поради ширењето пожари. Преку Атлантикот, Националната метеоролошка служба предупреди на „опасна топлина со температури од 32,2 до 37,7 степени низ поголемиот дел од централните и источните САД“, во деновите пред прославите на 4 јули в сабота по повод ...
Полициски записници од контроли во „Пулс“ беа преентирани денеска во судница како докази во случајот против деветтемина обвинети полицајци. Јавното обвинителство кое ги гони полициските службеници за злоупотреба на службената положба, како поткрепа на обвинениетот, понуди документи од направени акциски контроли, утврдени прекршувања на јавниот ред и мир, затекнати малолетници и кражби во околината на „Пулс“. Таквите докази, според ...
Распределба на ресорите меѓу владините ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ има, но кој што добил од владиниот колач со реконструкцијата и кој нови имиња ќе седнат на Илинденска бр 2 премиерот Мицкоски ќе откри дури утре по седницата на партискиот Извршен комитет. Иако премиерот не открива кој што добил, албанскиот партнер веќе објави дека има шест ресори еден повеќе од тоа што сега го има. Од нив, Вреди како нови ги добива правда, култура и ...
Македонската јавност се простува со пејачот и кантавтор Владо Јаневски, кој почина вчера по кратко боледување на една од скопските болници. Сите кои ќе сакаат да оддадат почит и последно збогум, ќе може тоа да го направат на 1 јули од 10 до 11 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, каде ќе се одржи поглебот на познбатиот пејач, објави „Авалон“. Македонската јавност се простува со пејачот и кантавтор Владо Јаневски, кој почина ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода шест возачи за безобѕирно управување возило. Пет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници, а еден возел со активна забрана за управување на патничко возило. По едно лице во Скопје (малолетник), Гостивар (малолетник), Куманово, Кавадарци и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, едно лице на Граничен премин ...
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со подготвителните мерки и состаноци за тоа кои акции би се преземале доколку во иднина се појават пожари на територијата на општината. Строго е забрането и ригорозно ќе се казнува палење на стриништа, диви депонии или друг материјали на отворено. Казните се движат и по неколку илјади евра. „Критичните точки се тоа што имаме многу висока и бујна вегетација, многу високи температури и ...
Одложени се сите закажани операции на хируршките клиники поради дефект во климатизацијата. Се оперираат само итните случаи. Топлото време го прегреа системот за ладење во опеативниот блок. Хирурзи од Клинички за Сител потврдуваат дека кон крајот на минатата недела температурата во салите станала неподносливо висока, изведувањето на интервенциите било отежнато, а постоел и сериозен ризик од инфекции за пациентите. Од Службата за заеднички ...
Прераспределба на државните пари за рекламирање на партиите и електронско гласање на дијаспората. Ова се главните измени во изборниот законик кој попладневно влезе во собранињето по скратена постпак. Но, законот веќе се соочува со закани за блокада од опозицијата. СДСМ не учествуваше во работната група но најави дека ќе ја блокира седницата. Стигна најава и од Левица дека ќе го блокира Изборниот законик ако остане политичката дискриминација ...
Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда. Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот. Предлогот до Собранието е ...
До 18:00 часот вечерва на територијата на државата се регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активен пожар има во Општина Василево – село Василево, каде гори депонија. Изгаснати се пожарите во Општина Дебар – село Гари (ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума), Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива), Општина Валандово – село Касандол (ниска вегетација), Општина Долнени ...
Илјадници демонстранти се собраа во Краљево, Србија, во неделата еден ден откако претседателот Александар Вучиќ изјави дека ќе се повлече, отворајќи го патот за предвремени претседателски и парламентарни избори. Демонстрантите на протестот беа скептични кон најавата на Вучиќ. Некои сугерираа дека тоа е „игра“ и дека Вучиќ ќе се држи до власта, додека други рекоа дека промената нема да дојде доколку не се реорганизира целиот владин систем. ...
Кратово и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот „Златни денови“, која на 3 и 4 јули ќе понуди богата музичка програма и забава за посетители од сите генерации. Првата фестивалска вечер, во петок (3 јули), ќе започне со етно-фолк настап на млади музичари, по што на сцената ќе настапи виртуозот на клавијатури Давор Јордановски, повеќекратен учесник на евровизиски проекти. Во продолжение ќе следуваат настапи на познатите фолк имиња Благица ...
Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...
Никој не може да даде гаранции за политичките процеси, но сега е шанса да се искористи моментот за напредок во интеграциите, порача министерот за надворешни работи на Литванија, која од 1 јануари следната година застанува на чело на ЕУ. Според него процесот треба да се базира на исполнувања, но повтори дека треба да се исполни консензусот од 2022-ра. Шефот на дипломатијата Муцунски верува дека и Литванија и 26 земји членки на Унијата сакаат ...
Познатиот скопски бизнисмен Марјан Јованов (58), во јавноста познат како Мане Левис, е пронајден мртов во дворот од својот дом во скопската населба Карпош, потврдија од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен вчера во 18:15 часот, кога во базен во дворот од куќата било пронајдено безживотното тело на Јованов. „На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на ...
На 28.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи и Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување спроведоа акциска контрола на подрачјето на град Битола, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 58 ...
Министерството за култура и туризам изрази длабоко жалење по повод смртта на македонскиот музички автор и изведувач Владо Јаневски, оценувајќи дека со своето богато творештво оставил неизбришлива трага во современата македонска музика. Во соопштението се наведува дека Јаневски бил уметник кој со својата исклучителна музикалност, препознатлива интерпретација и безвременски песни обединил генерации љубители на македонската музика.Од ...
Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон, македонскиот револуционер, просветител и идеолог Ѓорче Петров. Пред неговото спомен-обележје во реонскиот парк, беше положено цвеќе и беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци во македонската национална историја. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претставници на институции, политички партии, ...
Црвениот крст на град Скопје започнува со теренски активности насочени кон заштита на граѓаните од последиците од најавените високи температури и топлотни бранови. -Согласно искуствата од претходните години, мобилни екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје ќе патролираат низ градот, ќе укажуваат прва помош, по потреба ќе вршат транспорт на граѓани до здравствени установи, како и ќе ...
Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен ...
Продолжува политиката на субвенцонирање и отворање нови авиолинии. Во изминатите две години отворивме неколку десетици, а како резултат на тоа очекуваме бројот на превезени патници оваа година да достигне 3,5 милиони, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања. Аеродромите, потенцираше, веќе забележуваат раст со двоцифрен број проценти, а скопскиот имаше и до 30-тина проценти зголемување споредено со ...
САД очекуваат со следните денови очекуваат понатамошни разговори со Иран и покрај неколкуте напади за време на прекинот на огнот, изјави синоќа за ДПА висок функционер на американската администрација. „Ништо не е откажано“, рече функционерот. Техничките разговори за спроведување на меморандумот за разбирање и во наредните денови остануваат „на добар пат, како што е планирано“, рече функционерот, додавајќи дека каналите за олеснување на ...
Триесет и три лица досега се спасени живи по разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти денеска привремената претседателка на земјата Делси Родригес. Таа наведе дека меѓу спасените има и неколку деца, додека десетици илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, а времето за пронаоѓање преживеани брзо истекува. Бројот на загинатите во двата последователни земјотреси достигна 1.400 лица, а странски спасувачки тимови се приклучија ...
Влијателните ирански свештеници повикуваат на прекин на преговорите со САД по последните американски напади. Во соопштението од теолошките центри во градот Ком, каде се одржуваат аџилаци, вчера свештениците ги повикаа претседателот, членовите на Советот за безбедност и преговарачкиот тим веднаш да ги прекинат преговорите со САД во случај на уште едно кршење на договорот. Ова мора да се направи и од правна и од верска основа, бидејќи кршењето ...
Во некои делови од Европа вчера температурите на воздухот достигнаа 40 степени Целзиусови, додека други области беа погодени од бури, а рекордната топлина ги преоптовари здравствените системи и го наруши сообраќајот и производството на електрична енергија низ Стариот континент. Илјада дополнителни смртни случаи поврзани со топлината се регистрирани во Франција, објави францускиот институт за јавно здравје Санте Публик. Повеќето од жртвите се ...