Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот на Отвореното првенство на САД со 6:3, 7:5, 3:6 и 6:4. Мечот траеше 3 часа и 27 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше 10 аса, направи осум двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Неговиот противник имаше 12 аса, пет двојни сервис грешки и реализираше две брејк топки од 13 шанси. Следниот противник на Ѓоковиќ ќе биде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини својот кинески колега Си Џинпинг дека заговорнички делува против САД заедно со рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Денешната изјава на Трамп уследи додека Кина беше домаќин на најголемата досега воена парада по повод Денот на победата, на која присуствуваа 26 шефови на држави, вклучувајќи ги Путин и Ким. „Пренесете ги моите најтопли поздрави на Владимир Путин и Ким ...

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, блиску до границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. – Руската Федерација повторно изведува напади врз цели кои се наоѓаат на територијата на Украина, се наведува во соопштението на Оперативната команда објавено на Х. – Со цел да се обезбеди ...

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос. – Нашата Унија е отворена и тие врати ќе останат отворени за оние кои целосно, праведно и транспарентно ќе ги исполнат Копенхашките ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека светот се соочува со избор меѓу мир и војна, додека денеска ја предводеше најголемата воена парада во историјата на својата земја, придружуван од рускиот лидер Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Свечениот настан се одржа по повод 80-годишнината од поразот на Јапонија во Втората светска војна, а западните лидери во голема мера ја игнорираа церемонијата. Путин и Ким, кои се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа во Вашингтон соопшти дека САД во јужниот дел на Карипското Море нападнале брод што превезувал дрога и кој испловил од Венецуела, и оти во таа акција биле убиени 11 припадници на венецуелската банда „Трен де Арагуа“. Тој изнесе малку детали за операцијата и пред новинарите во Овалната соба во Белата куќа изјави дека на тој брод имало „многу дрога“. Државниот секретар Марко Рубио на Х информира дека со ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет го убија водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа, за време на операции во тој регион минатата недела, соопшти денеска ИДФ. Во соопштението се наведува дека Мусбах Салим Мусбах Дајах, кој бил убиен во Нусеират, бил вмешан во регрутирање членови на Западниот Брег и во терористички напади на таа територија и во Израел, како и во напади врз силите на ИДФ во Газа, пренесе Тајмс ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „расте дрскоста на Русите“, коментирајќи ги интензивните напади на руските вооружени сили врз територијата на Украина. Во порака објавена на социјалните мрежи тој рече дека Киев ќе одговори „асиметрично“. – Дрскоста на Русите расте – сè почесто ја напаѓаат Украина во текот на денот со десетици јуришни дронови. Синоќа имаше 150 дронови, утрово повеќе од 50, а повеќето од нив беа „Шахеди“, ...

Двојните стандарди на Европската унија во однос на конфликтите во Украина и во Појасот Газа би можеле сериозно да го загрозат авторитетот и кредибилитетот на Европа на глобалната сцена, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез, пренесе „Гардијан“. – Корените на овие војни се целосно различни, но светот на крајот гледа кон Европската унија и западното општество и прашува: Зошто имате двојни стандарди кога станува збор за Украина и кога станува збор ...

Филиче разбира зошто граѓаните се загрижени за бланко прифаќање на уставните измени по барање на Бугарија, но вели дека тоа се услови и на Европската Унија, а таа е дел од стратешките и национални интереси. Лидерот на СДСМ и понтаму инсистра на собраниска резолуција за да се одредат, како што вели, идните чекори во процесот на евроинтеграцијата. „Не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови. Сметам дека доколку ВМРО–ДПМНЕ и ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на денешната средба во Кина со премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека Москва никогаш не била против потенцијалното членство на Украина во ЕУ. – Што се однесува на членството на Украина во ЕУ, никогаш не приговаравме. Што се однесува на НАТО, тоа е друго прашања … Нашиот став е добро познат: сметаме дека тоа е неприфатливо за нас, посочи Путин. Тој додаде дека Русија била принудена да дејствува ...

Француската полиција денеска во центарот на Марсеј уби маж, кој претходно со нож избоде пет лица. Инцидентот се случил во хотел, а помеѓу повредените се и менаџерот на хотелот и неговиот син. Еден од повредените е во тешка здравствена состојба. Напаѓачот е имигрант од Тунис, кој легално престојувал во Франција. Тој бил избркан од хотелот бидејќи не плаќал. Локалната полиција соопшти дека напаѓачот имал два ножа и лопата кога бил застрелан од ...

Тоа е спротивно на ставот на Европска Унија која планира до крајот на 2027 година целосно да се ослободи од руските енергенси, како казна за руската инвазија врз Украина. Додека Словачка и Унгарија, земји-членки на ЕУ се обидуваат да одржуваат политички врски со Русија, која ги снабдува со енергенси. „Сакам отворено да кажам дека сме исклучително заинтересирани за стандардизирање на односите помеѓу Словачка и Русија. Да се вратиме на она што ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ за првпат наговести што би можел да работи кога ќе ја напушти власта. Кога наскоро ќе ја напуштам власта, рече Вучиќ во обраќањето до српските новинари во Кина, а кога мојата ќерка ќе се врати од магистерските студии – се занимаваше со статистика – ако отвори своја компанија, ќе работам за неа, изјави тој. Пред таа изјава, Вучиќ ги коментираше најновите наоди на агенцијата Ипсос, нагласувајќи дека ...

СВР Скопје го расчисти случајот со нападот врз девојче од Чаир, извршен од страна на малолетнички, кои го снимале настанот и го објавиле на социјалните мрежи. По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, утврдено е дека на 20.06.2025 околу 14:00 часот на ул. „Павле Илиќ“ во Скопје, во близина на угостителски објект, 11-годишно девојче било физички нападнато од страна на три девојчиња, а едно ...

Основниот кривичен суд во Скопје денеска донесе пресуда со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Како што потврдија од судот, во изречената казна ќе се засмета и времето кое обвинетиот го поминал во притвор. Случајот се однесува на инцидентот од 11 јули 2025 година, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба. Според ...

Министерството за образование ќе бара решение за искинатите учебници кои дел од учениците ги добија и на крајот на претходната учебна година и по првиот училишен ден. Бројните поплаки од родителите и фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи ги видела ресорната министерка Јаневска. Родителите ги преплавија социјалните мрежи со фотографии од комплетите кои ги добиле учениците. Во коментари пишуваат дека комплетите не се целосни, а тие ...

Шестмина кандидати кои не се дел од политички партии ќе водат битка за градоначаник на Прилеп. Овој град е рекордер по поднесени независни кандидатури за водење на локалната самоуправа. Веднаш по Прилеп, петмина независни се во трка за власт во Струга и Демир Хисар, а според објавените податоци иста е бројката и за главниот град. . ДИК ги објави резултатите откако истече рокот за собирање на потписи и во 37 општини вклучувајчи го и градот ...

Со доцнење од 45 минути поради технички проблеми во дигиталната судница во Идризово почна второто рочиште за случајот „Адитив“. Но рочиштето траеше многу кратко бидејќи не се појави обвинетата службеничка од „Пошта“ Маја Јорданова, чија компанија „Браинкоде“ ги продавала адитивите по поскапи цени на државата ЕСМ. Како што образложи судот, пред рочиштето ефективниот притвор за Јорданова бил преиначен во куќен притвор, но одлуката сѐ уште не била ...

Сулејман Љамалари доби две години затвор за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска. „Судот го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје“ – се вели во соопштението од скопскиот Кривичен суд од каде додаваат дека Командант Барути има право на жалба во наредните 8 ...

Голема полициска акција во депонијата Вардариште. Полицијата во координација со обвинителството е во увид на дивиот отпад кој го складираат жители кои престојуваат на оваа локација. Се пребарува горен бакар за да се утврди кој е евентуалниот причинител за пожарот кој избувна во неделата. Според информациите до кои дојде Сител пронајдени се изгорени бакарни жици како и див приклучок преку кој се краде струја. Отпадот го пребаруваат и инспектори ...

Екс директорот на АНБ ги негира наводите за незаконско следење на комуникациите на новинари, министри, јавен обвинител и Мицкоски. Виктор Димовски преку ФБ тврди дека Мицкоски никогаш не бил таргет на Агенцијата за националана безбедност и бара документите да бидат декласифицирани и јавно објавени. - Точно е дека во наведениот период согласно законските надлежности во Агенцијата имаше постапка за преиспитување на проверките за безбедносни ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против O.J.(32) од Унгарија и A.Б.(37) од Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 25.08.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична проверка и контрола во возило „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј., а сопатници биле А.Б. и уште ...

Војо Иванов негувател скопската Зоолошка објави видео на кое се гледа деца заедно со нивните родители качени на заштитната ограда на живеалиштата на животните и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено. На видеото тој како вработен во Зоолошката градина им пристапува на родителите и на децата и им укажа дека не смеат да стојат на оградата, на што дел од родителите возвраќаат со контра реакција и со зборовите дека децата се качени на ...

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со сериозна загриженост ги следат информациите поврзани со можни случаи на незаконско следење на новинари и медиумски работници во периодот 2019–2024 година, за што јавноста беше информирана неодамна преку брифинг за новинари од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Дополнително, премиерот како и директорот на АНБ во ...

Хероите на Струмица нашите пожарникари спасители од септември ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност. Со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Според него, тоа е најмалку што можело да се направи за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ. - ...

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, пресудата на Основниот кривичен суд во Скопје со која Сулејман Љамалари е осуден на две години затвор за грубо насилство врз неа ја оцени како „системска победа за жртвите на насилство“. -Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник. Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека му е благодарен на кинескиот претседател Си Џинпинг, неговиот „драг пријател“, за топлиот прием што го доби за време на неговата посета на Кина. „Нашата блиска комуникација ја одразува стратешката природа на односите Русија-Кина, кои се на невидено високо ниво“. Средбата е дел од серијата билатерални разговори одржани во пресрет на воената парада во Кина. Денеска во Пекинг пристигна српскиот ...

Бројот на жртви од земјотресот што го погоди Авганистан надмина 1.400, објавија денеска талибанците. „Повеќе од 3.000 лица се повредени“, изјави портпаролот на владата на талибанците, Забихулах Муџахид, на социјалната мрежа X. Претставници на Обединетите нации во Авганистан велат дека спасувачите во моментов се во трка со времето за да стигнат до оддалечената планинска област погодена од земјотрес со јачина од 6 степени според Рихеровата скала, ...

Во јули 2025 година во однос на истиот месец од претходната година стапката на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 %, а реално опаѓа за 0.4 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во трговијата на мало во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 7.2 ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1019
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Софија

12ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.91
77%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.97
94%
1019
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
84%
1019
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
94%
1019
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
74%
1018
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
65%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.3688

Currency

69.9696

Currency

34.9404

Currency

38.0377

Currency

66.3927

Currency

7.50587

Currency

0.66054

Currency

0.34627

Currency

0.52568

Currency

1.26952

Currency

0.60205