Игор Ивановски со јавниот настап во кој искажа сериозни критики кон претседателот на СДСМ предизвика серија реакции на политичката сцена. Од партиското седиште го обвинија Ивановски дека претставува проект под назив ЗНАМ 2.0 и е директно диригиран од премиерот со цел да ја ослабне партијата одвнатре во моменти кога СДСМ ја враќа довербата кај граѓаните а вмро дпмне опаѓа за повеќе од 150 000 гласови. Опозицијата тврди дека платформата на ...

Се поизвесно дека преговорите за Изборниот законик ќе пропаднат по вчерашната неуспешна координација меѓу пратеничките групи во Собранието. Партиите со различни гледишта на владиното барање за гласање на дијаспората, но и на барањето на Левица за Една изборна единица. Премиерот вели дека не е оптимист оти преговорите би можеле да имаат позитивен исход. Уверува дека за ВМРО-ДПМНЕ, се е прифатливо, само да и се дозволи на дијаспората да гласа. ...

На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско. При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање ...

Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период (1 јули 2026 - 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026. Универзитетскиот сенат ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ. Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница проф. д-р Владо ...

На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во ...

На 04.07.2026 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, С.Б. се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и поради тоа се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда. Мицкоски по поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на ...

Македонската карате репрезентација оствари извонреден успех на ЕТКФ Европскиот куп за деца, што се одржа вчера во „Овергас Арена“ во Софија, Бугарија, освојувајќи вкупно 58 медали и прво место во генералниот пласман. Како што информира Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), македонските натпреварувачи освоија 17 златни, 14 сребрени и 27 бронзени медали, со што се пласираа на врвот меѓу учесниците на турнирот. Второто место во ...

Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута. За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно ...

Македонската комбинација Обрад Марковски и Горазд Србљак триумфираа во конкуренција на двојки на годинашното издание на Macedonian Open 2026, откако попладнево во финалето за 79 минути ги совладаа Никола Керемедчиев и Давид Симеонов од Бугарија со 2-0 во сетови (7-5, 6-4). Во првиот сет Марковски-Србљак направија брејк во седмиот гем и поведоа со 4:3, но веќе во следниот гем тенисерите од Бугарија успеаја да израмнат на 4:4. Новиот брејк за ...

Најновото издание на Глобалниот индекс на пасоши донесе промени во рангирањето на земјите чии патни исправи нудат најголеми предности за своите граѓани. Освен можноста за патување без виза, индексот ги оценува и условите за живот, економската стабилност и потенцијалот за инвестирање во земјата што го издава пасошот. Според најновите резултати, Шведска е земјата со најмоќен пасош во светот. Високите оценки во сите три категории ѝ овозможија ...

Пожарот што синоќа избувна во трговскиот центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт постои опасност да се прошири на соседните згради, објави Германската новинска агенција (ДПА). Повеќе од 200 пожарникари, вработени во германскиот Црвен крст и Федералната агенција за техничка помош се вклучени во гаснењето на огнот. Според полицијата, се очекува материјалната штета да биде многу голема. Огнот веќе уништи две магацински ...

Соединетите Американски Држави се дом на слободата и „крунисување на човечката историја“, изјави претседателот Доналд Трамп синоќа во Вашингтон за време на прославата на 250-годишнината од американската независност, поточно 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност во Филаделфија, што го означи прекинувањето на врските на Тринаесетте колонии со британската круна. Во говорот што беше одложен за неколку часа поради бурите над ...

Двата земјотреса што ја опустошија северна Венецуела пред десет дена досега одзедоа речиси 3000 животи, покажаа официјалните бројки објавени вчера, додека меѓународните спасувачки екипи постепено ја прекинуваат потрагата по преживеани во урнатините. Во градот Ла Гваира, епицентарот на катастрофата, лоциран четириесет километри северно од главниот град Каракас, на 24 јуни се урнаа и срамнија со земја бројни згради. Многу жртви се уште се на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар. Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи. Во програмата се предвидени ...

„Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на ...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...

На 04.07.2026, во периодот од 17:00 до 23:00 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведоа акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и ...

Во првиот осминафинален натпревар на Светското првенство во фудбал, Мароко вечерва ја совлада Канада во Хјустон со 3-0 и со убедлива победа го завери местото во четвртфиналето. Мароканците, кои на последното Светско првенство 2022 во Катар го освоија третото место, пласманот во четвртфиналето го обезбедија со три гола во второто полувреме. Воведните 45 минути донесоа претпазлива игра на двете репрезентации, без ниту една посериозна шанса за ...

Два случаи на Западно нилска треска се потврдени кај пациенти сместени на инфективната клиника во Скопје. Биле хоспитализирани по каснување од комарец. Еден од пациентите, кажал дека пред неколку денови се вратил од Грција, додека другиот, не пријавил патување надвор од државата. „Едниот пациент е 51-годишен, кој пред да му се појават симптомите, два-три дена пред тоа патувал од Грција, што постои веројатноста да е таму каснат од комарец. А ...

Нема договор за Изборниот Законик. На денешната координација во Собранието, Левица соопштила дека не отстапува од барањето за Една изборна единица. Со тоа процесот се враќа назад на точка од пред преговорите во Министерството за правда. Во делот на гласањето на дијаспората, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дале нов предлог. Наместо електронски, македонските граѓани кои живеат во странство да гласаат поштенски. Алијанса на Села го поддржува ...

Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември" воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow" – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за ...

Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се ...

Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола. -Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека ним како Влада им е важно без разлика за кои избори станува збор, тие да бидат организирани кредибилно, како што биле локалните, по, како што рече скандинавски модел, но додаде и дека е мошне битно да и се овозможи да дијаспората да учествува во тие процеси, напоменувајќи дека денеска во 14 часот повторно ќе има состанок во Парламентот за да најде модалитет на гласање на дијаспората. Мицкоски ...

До 18 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден е ставен под контрола, а девет се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите од ЦУК, активен останува пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде гори нискостеблеста вегетација. Кон пожарот се упатени екипа на ТППЕ Македонски Брод и ЈП за управување и ...

Ниту една друга земја не направила повеќе добро за овој свет од САД со оваа порака претседателот Трамп го почна говорот за големиот јубилеј 250 години од американсакта независност. Говорот го одржа кај култниот споменик Маунт Рашмор во Јужна Дакота. Пред својот говор Трамп објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа позлатениот планински масив Рашмор со неговиот лик врежан покрај поранешниот американски претседател Абрахам Линколн. Пред ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп по повод 250-годишнината од независноста на САД, се наведува во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ. Путин оцени дека потпишувањето на Декларацијата за независност претставува клучна пресвртница во светската историја и почеток на американската државност, објавија руските медиуми. Во честитката, исто така, Путин наведе дека во тој ...

Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
90%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
82%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
66%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
3.6
61%
1031
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
0.45
73%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
91%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25