
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – За разлика од минатите денови, денеска имавме позитивен ден и пожарот веќе на места се контролира. Остануваат само одредени локации, кои се тешко достапни и на кои може да се пристапи само со помош на летала од воздух, изјави за Супер радио и OhridPress командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид Борко Јанкулоски. Тој потенцира дека денеска, уште од раните утрински часови се делувало на ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на Галичица е стабилна и се продолжува со гасењето, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. – Од рано изутрина сум заедно се екипите кои учествуваат во гасење на пожарот на Галичица, овозможувајќи им поддршка согласно ингеренциите и можностите на Локалната самоуправа. Во оваа прилика сакам да ја изразам мојата благодарност до сите инволвирани во справувањето со пожарот на Галичица. ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на пожарникари, вработени во НП „Галичица“, ДСЗ, ЦУК, ПСС и волонтери, ја продолжуваат борбата за спас на планината Галичица. Од рано утрово, координирани од одговорните лица, тие гасат од земја, додека утрово веќе се интервенира и од воздух со хеликоптери и еден авион „Ер трактор“. На терен е присутна и соодветна механизација која ќе помогне во креирањето на појаси за да се спречи ширењето на пожарите. ...
Скопје/Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден, до 16:00 часот има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои во моментов 11 се активни, 6 се под контрола и 8 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Во регионот на Охрид активен е пожарот во Општина Ресен и Општина Охрид, на планината Галичица. Пожарот се шири на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска ...
Охрид/Ресен, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти август 2024 година, во 11:15 часот во Полициската станица Ресен, одговорно лице во Национален Парк „Галичица“ пријавило дека на место викано „Асан Џура“ затекнало лице кое запалило оган на отворен простор, кој веднаш бил изгаснат од вработени на Националниот парк. – Полициски службеници од Полициската станица Ресен излегле на местото и било констатирано дека се работи за 74-годишно лице од ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре, недела, 18-ти август 2024 година, во периодот од 09:30 до 12:00 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“, информираат од СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“. – Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што, утре ќе се одржи Централната свеченост по повод 18-ти август, Денот на Армијата на ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „срамизам“ сведочи за состојбата во која се наоѓа просторот околу „Мостот на желбите“, односно за „делата“ на многу меѓу нас кои фрлаат ѓубре на сите страни, врзуваат ...
Струга, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Надворешна канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишно лице и 41-годишна жена, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. – На 3-ти август 2024 година, во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Снимките на системот NASA FIRMS од пожарот на планината Галичица кој трае скоро две недели покажуваат дека истиот се’ уште зафаќа голем регион, но дека е намален на македонска во однос на страната која гори во соседна Албанија. Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, пожарот на Галичица гори на тешко пристапен терен и од страната на Охрид и од страната на Преспа. – Тоа е карпест ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Акцијата за гасење на пожарот на Галичица продолжува денес со гасење и од воздух. На помош денес ќе дејствуваат два хеликоптери, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. – Гасењето на пожарот ќе се одвива и од копно каде делуваат пожарникарите од ТППЕ Охрид, вработени во Национален парк „Галичица“, ДЗС и ЦУК, како и членови на службата за спасување на планина и волонтери, потенцира Пецаков. ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што старееме, особено по 40 години, стабилното ниво на кортизол станува сè поважно за постигнување рамен стомак и целокупното здравје на организмот. Зголемениот кортизол, хормон на стресот, може да придонесе за акумулација на стомачни масти и да ја спречи контролата на тежината. За среќа, одредени додатоци во исхраната можат да поддржат пониски нивоа на кортизол и да помогнат да се постигне порамен ...
Скопје/Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, пожарот на Галичица гори на тешко пристапен терен и од страната на Охрид и од страната на Преспа. – Тоа е карпест терен на кој човечка нога не може да стапне. Хеликоптерот фрли неколку корпи вода на овој тешки пристапен предел, но линијата е голема, вели Ангелов. Тој најави дека денеска на Галичица ќе се гасне со три хеликоптери за ...
Скопје/Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден во Република Македонија имаше имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според утринскиот билтен, во регионот на Охрид активен е пожарот на Галичица, каде на исток се шири во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на ...
Скопје, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот новинар и Тв водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци е во тешка здравствена состојба и има потреба од зафат во болница, кој чини поголеми финансиски средства. – Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја. Зоки има 25 сантиметри тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата ...
Вевчани, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Вевчани свечено ќе биде отворен 14. фестивал на народна култура „Пображење“, во организација на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“. Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на големата сцена во спортското двориште во центарот на Вевчани каде свое обраќање ќе има министерот за култура и туризам на Република Македонија Зоран Љутков. Годинешното издание на фестивалот, започна уште синоќа со ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Бројни екипи на пожарникари, вработени во НП „Галичица“, ДСЗ, ЦУК, ПСС и волонтери, од рано утрово ја продолжија борбата за спас на планината Галичица. Координирани од одговорните лица. тие ќе гасат од земја, додека утрово веќе се интервенира и од воздух со хеликоптер. На терен е присутна и соодветна механизација која ќе помогне во креирањето на појаси за да се спречи ширењето на пожарите. извор: ОхридПрес ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 33. степени. – Од недела до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На Граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. Од АМСМ ...
Охрид, 17. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го одбележуваат денот посветен на Светите седуммина младенци во Ефес. Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ оваа година на Општина Охрид и на градоначалникот, д-р Кирил Пецаков им додели благодарница „Синергии“, како лична и институционална благодарност за драгоцената поддршка и афирмација на македонистиката. Благодарницата ја врачи ректорката на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова во рамки на ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот театар ќе стане значајна културна сцена во регионот, порача денеска од Охрид Министерот за култура и туризам Зоран Љутков по работната средба со в.д директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, Горан Стојаноски. – Разговаравме за тековните активности, за репертоарот и плановите за иднина, за проектите кои треба да ја ревитализираат и квалитетно да ја подигнат културната сцена во ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на планината Галичица е стабилна, а пожарот во моментов го гасат повеќе од 100 пожарникари, вработени во Националниот парк „Галичица“, ДСЗ, ЦУК, членови на Планинската служба за спасување (ПСС), волонтери и други лица, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. Тој денеска ги посети екипите кои на терен вложуваат надчовечки напори во борбата со огнената стихија на Галичица. – Извршив ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На локации во Велестово и Охрид, од денеска до недела, 18-ти август, ќе се одржи 36. издание на Поетска ноќ во Велестово. – Вечерва на сред село со почеток во 21:00 часот со малиот музички концерт „Езеро“ на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ ќе започне годинешното издание на „Поетската ноќ“ во Велестово. Ќе следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, а потоа и настанот ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот гори на потегот до Зли дол и Војтино, вели вљубеникот во природата и водител во Супер радио Жанко ЗШ Голабоски, кој до редакцијата на OhridPress испрати фотографија и видео од пожарот на планината Галичица, снимени од манастирскиот комплекс „Св. Наум“. – Потребна е помош од воздух, хеликоптери или „Ер тракторите“. Сите кои можат и сакаат да волонтираат во гаснењето на пожарот, утре ќе се тргнува од ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што по 57. пат се одржува во Охрид, е неповторлива можност за учесниците да ги усовршат и збогатат своите знаења од областа на македонистиката и кога ќе се вратат во своите средини, да бидат нашите најдобри промотори, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на отворањето на семинарот. – Сите ние што живееме овде ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за семејно насилство, физички напад, сообраќајна незгода, кои се случија на територијата на СВР Охрид во текот на последното деноноќие. На 15-ти август 2024 година, во 17:15 часот во СВР Охрид пријавено е дека 45-годишно лице, во семејниот дом во охридско село физички ги нападнал синот и сопругата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Големиот пожар на Галичица изминативе десетина дена зафати над 6.500 хектари површина во Република Македонија и соседна Албанија. Огнената стихија и понатаму е активна. Гори на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа) (нискостеблеста вегетација и букова шума). Покрај екипите за справување со кризи, на ...
Скопје/Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се работи транспарентно во соработка со засегнатите страни во рамки на постапките за донесување на националната легислатива, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). – Во однос на Предлог на Закон за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природа и Предлог на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природа, кои се во собраниска процедура пред ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Источниот фронт од пожарот на Галичица е ставен под контрола, а на западниот се можни жаришта, вели за состојбата на пожарот на планината Галичица раководителот на противпожарна заштита во НП „Галичица“, Ѓуро Јовчески, во видеото кое го објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Во текот на вчерашниот ден во координирана и добро испланирана акција помеѓу Општините Охрид и Ресен, Кризниот штаб на ...
Охрид, 16. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Успешно заврши овогодинашниот турнир во гаѓање со воздушно оружје „Илинден 2024“ во организација на стрелачкиот клуб „Охрид“, а под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерациј а. Учество зедоа речиси сите клубови од државата и три стрелачки клубови од Бугарија: „Санел” од Сандански, „Пирин” од Благоевград и „Тракиа” од Пловдив со околу 60-на стрелци од сите возрасни категории. ...