Скопје, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните во иднина ќе можат да добијат електронско уверение за состојбата на остварениот доход, документ кој им е потребен за остварување на стипендија, за засновање на работен однос, за социјална помош, за прием во социјална установа, па дури и кога се работи за посвојување на дете. Директорката на УЈП, Елена Петрова, дополни и дека ова електронско уверение ќе го прифаќаат и банките при одобрување на ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик. – На 10-ти јануари 2025 година, пријавениот отишол во Јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми февруари 2025 година, во 23:50 часот на паркинг простор во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид привеле 41-годишно лице од истото село. – При преглед во патничко возило во кое бил со 28-годишно лице од селото Велгошти, кај него била пронајдена и одземена марихуана, грендер со остатоци од марихуана и стаклен предмет со семки од канабис. По целосно документирање на настанот, ќе ...

Струга, 26. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Струга и соседен Охрид, оддалечен само 15-тина километри, наскоро ќе добијат ново место за пазарење и забава, Nabizi Retail Park со богата понуда за сите вкусови. – Новото срце на Струга, ќе понуди уникатно искуство за сите посетители. Предвидени се бензинска пумпа со минимаркет, fast food ресторани и coffee shop, хотел со rooftop ресторан, најголема игротека во регионот со snack food ресторан, како и ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 48-годишно лице од Охрид, директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. – Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот и кај „Потпеш“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Детското драмско студио „Драмакидз“ утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе ја изведат детската претстава „Цепенков’N’Roll“. – „Цепенков’N’Roll“ е патување низ времето и мудростите на македонската традиција, преку кое ќе направиме мост помеѓу старите преданија и модерната култура. Оваа претстава ги истражува богатствата на македонското усно творештво но со еден свеж и провокативен ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Како што OhridPress пишуваше во повеќе наврати, исклучително нискиот водостој на Охридското Езеро веќе подолг период наназад ги зголемува оштетувањата на пристаништето во Охрид. Деновиве е забележително проширување на потегот кај самата линија на езерото каде е видливо дека дел од камењата се изместени и доколку не се санираат, оштетувањата дополнително ќе се зголемат. Причина за оштетувањата се секако ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со културна програма денесла ќе биде одбележан јубилејот, 150 годни од раѓањето на Кирил Прличев. Предвидена е изведба на историската драма „Борбата за иднината“ – судбината на Кирил Прличев на која автор е професорот Михаил Патчев. – Делото на Кирил Прличев остави вечна трага во светот на книжевноста и е важен дел од македонската култура. Да продолжиме да го чуваме неговиот спомен и достојно да го ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, со почеток во 09:00 часот, во зградата на Општина Охрид ќе се одржи 53. седница на градскиот Совет во новиот состав. Седницата ќе се одржи со следниот Дневен ред: Усвојување на Записникот од 52-та седница 1. Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, во соработка со Сојузот на училишни спортови од Охрид, денеска, петок, 28-ми февруари 2025 година, во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, започнува Пионерската лига „Охрид 2025“ во шах. Учество ќе земат шест екипи и тоа: ООУ „Братство Единство“ од Охрид, ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, ООУ „Григор Прличев“ од Охрид, ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини „Стража“ и „Буково“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Свети апостол Онисим, еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колоси во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти. Па, бидејќи Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири ...

Охрид, 28. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 12. степени. – За време на викендот се очекуваат врнежи, наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег, информираат од Управата за ...

Скопје/Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Има отстапки во изведбата на базенот во Охрид, изјави вечерва за емисијата 260 степени министерот за спорт Борко Ристовски. – Се утврдува дали тоа што е платено соодветствува со тоа што е направено. Најбрзо ќе оди вештачењето за базенот во Охрид, затоа што е најкрупен и работите таму се при крај. Внатрешната ревизија ќе продолжи затоа што е обемна документацијата. Верувам дека ќе потрае, но влеговме ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Националниот парк „Галичица“ е првото заштитено подрачје во Република Македонија во кое се спроведува редовен мониторинг на пештерски екосистеми. – Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк ‘Галичица’ од негативните ефекти на климатските промени“. Редовниот мониторинг на пештерските екосистеми ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави јавен повик за пријавување на кандидати за полагање на испит за добивање на сертификат за авто такси возачи. – Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на РМ број 5/02) и член 8-з од Законот за превоз во патниот сообраќај (Службен весник на РМ број 68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14; 112/14; ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков. Се поклонаа и положија свежо цвеќе и делегации на Подрачната единица на историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид. Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874 година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Клубот за подводни дејности Охрид викендов ќе одбележи значаен јубилеј – 40 години постоење. Одбележувањето ќе се одржи како дел од активностите на Третиот Македонски конгрес за сите нуркачи во Република Македонија, без разлика на која Асоцијација припаѓаат. – Прославата ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“, во сабота, на 1-ви март 2025 година, со почеток во 12:00 часот. Предвидено е доделување на ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2024 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст. Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 111, а починале 167 лица, односно се бележи прираст од -56. И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 3, а починале 18 лица. Струга пак и во четвртиот квартал бележи позитивен прираст, се родиле 119, ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утревечер на репертоарот на Народен театар Охрид е претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин. Играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска Петреска, сценографијата на Татјана Христоска Бажевска, а костимите на Марија Пупуческа. Почетокот на ...

Скопје/Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на 8-та недела од 2025 година (од 17-ти до 23-ти февруари) во Република Македонија се пријавени 3.035 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 11,3 отсто повеќе во споредба со претходната недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив 1 697 лица се на возраст од 15-64 години, 712 кај деца на возраст од 5-14 години, 375 ...

Санта Фе, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот американски актер Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. – Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви во нивната резиденција. Отворена е истрага и засега нема сознанија дека станува збор за кривично дело. Покрај нив угина и нивното куче, објави шерифот на округот Санта Фе. Хекман, кој во ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај охридскиот „Светилник“, во склоп на Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress испратија фотографии до редакцијата на кои се гледаат оштетувањата на бродот кој е поставен во непосредна близина на влезот на Хидробиолошкиот институт, кај „Билјанини извори“. – Скалите се оштетени, а видливи се и оштетивања и на горниот дел. Некој може да се повреди, тука има и играчки за деца кои се во непосредна близина. Некое може да се обиде да се качува и да се повреди. ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Неексплодирни убојни средства вчера биле пронајдени во Битола и во Охрид и безбедно се отстранети, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на Република Македонија. – Вчера на улицата „Баталјон Стив Наумов“ бр.22 во Битола биле пронајдени и отстранети 145 артилериски гранати од 75 мм од Прва светска војна. Четири артилериски гранати биле подигнати и во близина на училиштето „Тодор Ангелевски“ во ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 година), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024-2034. Нацрт СОЖС и НСУТ се ...

Струга, 27. февруари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Уметноста има срце, а дигиталниот дизајн-душа, стои во најавата на изложбата Digital He(Art), преку која врвниот уметник Енкел Дика ќе ве воведе во светот на дигиталната креативност. Изложбата ќе биде отворена вечерва, четврток, 27-ми февруари 2025 година во Europe House во Струга со почеток во 20:00 часот. – Истражете како технологијата и емоцијата се спојуваат во визуелни дела што оставаат траен ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
40%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
33%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1019
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.8
30%
1018
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
6.26
41%
1015
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
47%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
36%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
32%
1017
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
41%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
36%
1017
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459