
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Продолжува реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум и истата е предвидено да заврши до почетокот на туристичката сезона. – Коловозот се реконструира и се предвидени одредени проширувања на коловозните ленти со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се олесни движењето за време на туристичката сезона. Продолжуваме со реконструкција на магистралните патиштата преку инвестиции на Јавното претпријатие ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид, во текот на денешниот ден, со свои екипи го гаснат шумскиот пожар, кај селата Оздолени и Сошани, во Општина Дебрца. Од ТППЕ Охрид бараат итно да се пронајдат сторителите на овие, како што велат, намерни потпалувања, и согласно закон да се санкционираат. – Вие како несовесни и неодговорни жители, треба да имате предвид дека со самите пожари кој ги ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Здружението на љубители и подржувачи на НП „Галичица“ и службите при НП „Галичица“ во текот на вчерашниот ден спроведоа акција за чистење на патот Дервен-Превој Баба. Спроведена е акцијата за расчистување од одрони и отпадоци на овој патен правец, кој е во границите на паркот. – Вакви и слични активности, во соработка со Националниот парк, ќе продолжат и во иднина. Испраќаме голема благодарност до ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми март 2025 година, во 13:45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат од Св. Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. – Незгодата се случила помеѓу моторцикл марка „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 26-годишниот Ј.Ц. од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај „Светилникот“ во Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вчерашната сообраќајна незгода на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кога кај кружната крстосница за населбата „Рача“, загина 27-годишен охриѓанец на моторцикл, уште еднаш го отвора прашањето за состојбата и безбедноста на патиштата, но и колку се почитуваат сообраќајните правила.Незгодата се случи помеѓу патнички автомобил марка „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 76-годишно лице од ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор, интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Пешачката патека се „брани“ со бетонски жардињери и столпчиња (Фото) Би поминал ли концептот кај нас? Плогинг, ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...
Охрид, 9. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес, во првата сабота од постот, го празнуваат денот посветен на Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител. Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде ...
Струга, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми март 2025 година, околу 14:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, кај кружната крстосница за населбата „Рача“, се случила тешка сообраќајна незгода во која загина едно лице. – Незгодата се случила помеѓу патнички автомобил марка „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 76-годишно лице од струшкото село Враништа и моторцикл со охридски ...
Скопје/Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Стручен тим од НУ Национален конзерваторски центар од Скопје започна активности за обновување на легендарниот воз „Ќиро“ кој сообраќал по некогашната теснолинејка до Охрид. Според првичните информации, возот кој е во сопственост на Музејот „Западна Македонија во НОВ“ од Кичево ќе започне да се обновува, со што ќе биде атрактивен музејски експонат за градот. Теснолиниската железничка пруга од Ѓорче Петров ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Младиот охридски боксер Наум Стојаноски беше дел од групата македонски боксери кои ќе се подготвуваа за престојните боксерски турнири во Загреб, Хрватска. Тој имаше четири спаринг борби со боксери од кои со тројца спортисти од Хрватска и еден од Словенија. Младите боксери се сретнаа и со претседателот на World Boxing, Boris van der Vorst. Подготовките на сениорите од боксерската федерација на Република ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово по охридската чаршија, на потегот од поранешен „Први Мај“, па се’ до Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Празничниот викенд, сончевото и релативно топло време го исполнија туристички Охрид со бројни гости од целиот свет кои уживаат во неговите убавини. Поголеми групи туристи од Грција и Германија утрово уживаа на кеј „Македонија“ и од водичите ја слушаа приказната за древниот Охрид. Слична слика се повторува секојдневно, што е одлична помош за угостителите, во пресрет за главната туристичка сезона. Според ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми март 2025 година, во 17:20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишено е од слобода 30-годишно лице од Охрид. – Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми март 2025 година, во 00:30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, лишиле од слобода 56-годишно лице од Охрид. – При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Емисијата Disco Heaven на Супер радио, креирана и водена од познатиот охридски Дџ Јане Стефанов (DJ Jane), е вистински знак на препознавање на оваа радио станица, но и репер за сето она што е актуелно и квалитетно во денс музиката и културата денес во светот. Оваа музичка емисија вечерва ќе го одбележи јубилејот – полни 20 години од постоењето. Disco Heaven се емитува секоја сабота од терминот 20:00 до 22:00 ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на глобално ниво се одбележува 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Борбата за правото на глас за жените, борбата против закана од војна, борбата за грижа за мајките и децата и борбата против ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес, во првата сабота од постот, со повеќе обичаи го празнуваат денот наречен Тодорова сабота или Тодорица. Иако Тодорова сабота е црковен празник, а на тоа упатуваат повеќето обичаи што се изведуваат во црквата, сепак, на овој ден се изведуваат и повеќе обичаи кои очигледно водат потекло од многу постари времиња. Најголемиот број обичаи поврзани со овој ден се изведуваат вечерта спроти ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски. Овој голем апостолски маж се роди како незнабожец. Во верата Христова го воведе и го крсти Свети Јован Богослов. Во раното детство Поликарп остана сираче и според некој нејзин сон го зеде една благородна вдовица Калиста, којашто го подигна и го воспита како сопствен син. Поликарп беше благочестив и ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес, во првата сабота од постот, го празнуваат денот наречен Тодорова сабота или Тодорица. Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта. Имено, еднаш, непосредно пред почетокот ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со 71. точка на Дневниот ред, во петок, на 14-ти март 2025 година, ќе се одржи 54. седница на Градскиот Совет. Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид со почеток во 09:00 часот со следниот Дневен ред. Усвојување на Записникот од 53. седница 1. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за финансиското работење и Годишната сметка за 2024 година на ООУ „Христо Узунов“ – Охрид. 2. Предлог-одлука за ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Продолжува периодот на топло време за овој период од годината. Од средината на новата работна седмица ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер, информираат од Управата за ...
Охрид, 8. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...
Скопје/Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Три лица од Охрид и Куманово, во текот на вчерашниот ден пријавиле дека биле измамени од лице од Скопје. – 63-годишник од Охрид, 47-годишник од Куманово и 37-годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од 59-годишно лице од Скопје, управител на правен субјект од Скопје. Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од лицето од Скопје, склучиле ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Семејното насилство е феномен што не избира ни по пол, ни по возраст, туку е многу посеопфатен и вклучува загрозување на туѓото право, нарушување на интергритетот на другиот… Тоа не е нешто што се случува зад затворени врати, туку општествен проблем за кој сите мора заеднички да делуваме, да превенираме и да почнеме сивите бројки да ги вадиме на површина. Само во текот на првите два месеца од 2025 година, само ...