
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Скопје/Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Три лица од Охрид и Куманово, во текот на вчерашниот ден пријавиле дека биле измамени од лице од Скопје. – 63-годишник од Охрид, 47-годишник од Куманово и 37-годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од 59-годишно лице од Скопје, управител на правен субјект од Скопје. Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од лицето од Скопје, склучиле ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Семејното насилство е феномен што не избира ни по пол, ни по возраст, туку е многу посеопфатен и вклучува загрозување на туѓото право, нарушување на интергритетот на другиот… Тоа не е нешто што се случува зад затворени врати, туку општествен проблем за кој сите мора заеднички да делуваме, да превенираме и да почнеме сивите бројки да ги вадиме на површина. Само во текот на првите два месеца од 2025 година, само ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. – При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, информираат од МВР. (Крај) извор: МВР фото: ОхридПрес Прочитано: 2 ...
Скопје/Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавни обвинители на Република Македонија денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства низ земјата, меѓу кои и за Охрид каде нов јавен обвинител е Ерол Шериф. Ова претставува значаен чекор во зајакнување на правосудниот систем и обезбедување на поголема ефикасност во работењето на обвинителствата. Најголем број нови обвинители се назначени во Основното јавно ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајна незгода се случи утрово, нешто пред 10:00 часот, на патниот правец Охрид-Подмолје, во близина на поранешното стрелиште „Мауцкер“. Според првичните, неофицијални информации, во незгодата учествувало товарно моторно возило – камион кој превезувал бетон, кој во обид да избегне патничко возило, кое се движело по патот, удрил во еден од столбовите на надвозникот, кој е во изградба. Неофицијално, во ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Се сеќавате ли на семафорите кај „Охридска банка“, на пресекот на улиците „Македонски просветители“ и Булевар „Туристичка“, најфреквентната улица во Охрид? Од архивата на OhridPress денеска реобјавуваме една стара фотографија, направена токму на денешен ден во далечната 2014 година. Нашите репортери утрово, на истиот ден, од истиот агол, направија нова фотографија, 11 години подоцна. Денеска на овој потег ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај охридското „Островче“, кое за жал и после толку години е во сериозно лоша состојба. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Состојбата на охридското „Островче“, со секое посилно невреме и бранови во езерото, станува се’ полоша. Тажна е сликата деновиве за состојбата во која се наоѓа некогашата вистинска препознатливост на Охрид, а претставува и потенцијална опасност за граѓаните. Репортерите на Супер радио и OhridPress утрово направија видео и фотографии на кои јасно се гледа состојбата во која е во моментов оваа локација. Островчето ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на жената , 8-ми Март, Фото клубот „Охрид“ од Охрид ја најавува фотографската изложба насловена „Фрагменти на таа што создава“. – Придружете ни се во прослава на уметноста и женската енергија низ објективите на талентирани охридски фотографи, членови на клубот. Ве очекува вечер исполнета со инспиративни кадри, пријатна атмосфера и можност за убави разговори, порачуваат од клубот. Ќе биде поставена ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Светиот маченик Маврикиј и седумдесетмина војници. Во времето на царот Максимијан имаше големо гонење на христијаните. Маврикиј беше старешина на војската во градот Апамија Сирска. Незнабожците го обвинија кај царот како христијанин и како сеач на христијанската вера меѓу војниците. Самиот цар дојде и поведе истрага. Заедно со Маврикиј пред царот беа ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес напладне, во салата на Општина Охрид ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.Настанот ќе биде збогатен со рецитал подготвен од песните на Илиевски, во изведба на учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“. Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите ...
Скопје, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната седница ќе избира вкупно 47 јавни обвинители во 18 различни обвинителства низ државата. Најмногу, 14, ќе бидат избрани во Основното јавно обвинителство во Скопје. Во охриското јавно обвинителство ќе бидат избрани тројца, додека во Струга еден јавен обвинител. – По еден јавен обвинител: Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на првите два месеца од 2025 година, на подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се 7 пријави за семејно насилство, од кои 3 поплаки, информира за Супер радио и OhridPress портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Од нив по една се регистрирани во Струга, Кичево и Дебар. Пријавени се две загрозувања на сигурноста, по член 144 став 3 од Кривичниот законик (во Охрид) и две за телесна повреда, по член 130 став ...
Скопје/Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 38. седница на која треба да расправа за повеќе предлог одлуки и закони. Покрај другите точки, на дневен ред се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во прво читање. Легислативата претходно ја усвои Владата на ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиентниот воздух од Државниот Автоматски Мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) кои пристигнуваат во Македонскиот информативен центар за животна средина при МЖСПП, вечерва покажуваат високо загадување на воздухот во Охрид. Вечерва во 21:00 часот во Охрид се измерени PM10 203.34 mg/m3. Покрај во Охрид, високо ниво на загаденост е ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животна средина („Сл. весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16 , 99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид, на 6-ти март 2025 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ ДУП за УЗ 8 УБ 8.1 опфат 4, Општина Охрид. Повеќе информации ОВДЕ. (Крај) извор: ОхридПрес ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот Билтен носи информации за два случаи во кои е пронајдена марихуана кај лица од Охрид. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, полициските службеници од ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во салата на Општина Охрид ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски. Настанот ќе биде збогатен со рецитал подготвен од песните на Илиевски, во изведба на учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“. Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Иницијативата „Збогум Буково“ со нова еко иницијатива. Оваа сабота, на Денот на жената, покренуваат осмомартовска кампања за садење 100 дрва во Охрид. Дојдете и засадете дрвце во чест на вашите мајки, сестри, сопруги, другарки, внуки, баби, стои во најавата за кампањата. – Дојдете во сабота кај охридската марина и засадете дрвце за да ја прославите незаменливоста на жените во вашите животи. Имаме 100 чинари и ...
Скопје, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советот на јавните обвинители на Република Македонија на утрешната седница ќе избира вкупно 47 јавни обвинители во 18 различни обвинителства низ државата. Најмногу, 14, ќе бидат избрани во Основното јавно обвинителство во Скопје. Во охриското јавно обвинителство ќе бидат избрани тројца, додека во Струга еден јавен обвинител. – По еден јавен обвинител: Велес, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Радовиш, Ресен, ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Двајцата обвинети за претепувањето на Христијан Пендиков – Илија Спасески и Борче Ангелов, од Основниот суд во Охрид се осудени на по 8 месеци ефективна казна затвор за нанесување тешка телесна повреда, но судот смета дека мотивот „омраза“ не е докажан, изјави адвокатот на Пендиков за БТА. Пресудата е донесена по нешто повеќе од две години откако беше закажано првото рочиште за случајот – тепачката што се случи ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плоштадот до „Мини Маркет“ и кај каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Започна Велигденскиот пост, а ние ви нудиме седум рецепти за првата недела и постот на вода, што значи јадење посна храна која не е подготвена во масло. Постот на вода не е лесен, затоа што покрај избегнувањето на сите намирници од животинско потекло (месо, млеко, јајца…), не се користат и намирници во кои има масло, како и готвење со масло. Сепак, има многу идеи за посни оброци, од кои направивме селекција за ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, денеска напладне ќе се соберат колегите писатели и колегите од библиотеката и преку настанот „Писателите за писателот Тоде“ преку избор од негови песни и свои стихови ќе се потсетат на животот и творештвото на покојниот Тоде Илиевски. Да беше жив, на 7-ми март Тоде ќе го славеше 73 роденден. Илиевски е познат македонски поет, писател за деца и млади, сатиричар, ...
Охрид, 5. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Свети Захариј, патријарх Ерусалимски. Во времето на византискиот цар Ираклиј во 614 година персискиот цар Хозрој го нападна Ерусалим, го ограби градот, го однесе Чесниот Крст во Персија и повлече во ропство огромен број христијани, меѓу нив и патријархот Захариј. Евреите му помагаа да врши зло над христијаните. Меѓу другите еврејски злосторства се ...
Охрид, 6. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...