
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот на територијата на Општина Охрид, на планината Галичица, се префрли од страната на Ресен, каде гори на потегот од врвот „Магаро“ кон Стење, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. – Врз овој пожар дејствуваат 18 храбри доброволци на Црвениот крст, дел од планинската спасителска служба од Охрид кои со хеликоптер ги пренесовме до врвот „Магаро“ од каде постепено ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со „кралицата на спортовите“ се запознал во далечната 2001 година на тогашниот општински натпревар во скок во височина каде го освојува првото место. Прв неговиот талент го воочува професорот Влатко Димитров, за кој Селман се сеќава дека му кажал „дојди во АК Охрид и ќе те направам да скокаш над 2 метри“. Нашиот Реџеп Селман е вториот олимпиец од Охрид, веднаш по Александар Маленко. Роден е на 8-ми април 1986 ...
Скопје/Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во понеделник и вторник, на 12-ти и 13-ти август 2024 година. Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти август 2024 година, во 16:35 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа сопственост на лице од охридското село Велгошти, настанала експлозија при испуштење плин од неисправна плинска боца. – Притоа, било повредено 58-годишно лице, кое го испуштало плинот, со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По насоки на ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти август 2024 година, во 18:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, во атарот на село Свињишта, се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу мотоцикл марка „Триумф“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од страна на 48-годишно лице од Ресен и патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од ...
Скопје/Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, сабота, 10-ти август, регистрирани се вкупно 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 5 се под контрола и 31 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Во регионот на Охрид активен е пожарот на планината Галичица, кој се шири од „Магаро“ кон Стење, Општина Ресен. На овој потег гори нискостеблеста вегетација, стои во официјалната информација на ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На пригодна свеченост која се одржа во петокот во дворот на ОСУ „Свети Климент Охридски“ им беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2023-2024 година. Дипломата не е само парче хартија, туку симбол на вашите години на напорна работа, истрајност и желба за знаење. Таа означува крај на едно поглавје, но истовремено ја отвора вратата кон иднината која е полна со нови предизвици и уште поголеми ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ако барате здрава храна која помага во намалување на холестеролот и шеќерот во крвта и која се бори против атеросклероза и го нормализира крвниот притисок, вклучете повеќе грашок во вашата исхрана. Сезоната на оваа вкусна и здрава храна започнува во јули, а се’ уште може да се најде во маркетите. Како и другите мешунки, грашокот содржи голема количина на протеини, поради што се чувствувате сити подолго време. ...
Охрид, 9. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во куќата на Уранија во Охрид, во присуство на претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, претседателот на МАНУ академик Живко Попов и бројни дипломатски претставници, свечено беше врачена Светската награда на хуманизмот на Никола Петровиќ Његош, Принц на Црна Гора. Неговата екселенција е претседател на Фондацијата Његош, која е во тесна соработка со Обединетите нации и УНЕСКО во ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охрид во септември ќе биде домаќин на второто издание на велосипедскиот тренинг камп во рамките на кој учесниците ќе имаат можност да уживаат со велосипеди по брегот на Охридското Езеро и да се искачуваат по ридовите на Националниот парк „Галичица“. – Патеките за обука се во три правци дизајнирани да понудат што е можно поголема разновидност на теренот. Првиот ден опфаќа еднодневно возење во Националниот парк ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор – интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Охриѓани со огромна благодарност за хероите – пожарникарите, пилотите и месното население кои ги гасат пожарите ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, со почеток од 22:00 часот, на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар, а гостин на концертот кој ќе биде диригиран од страна на маестро Џијан Емин, ќе биде Васил Хаџиманов, истакнат српски пијанист и композитор со македонско потекло. Потекнува од семејство на музичари, неговиот татко е познатиот пеач, композитор и актер, Зафир Хаџиманов, а мајка познатата пејачка ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новата изложба на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори утре, понеделник, 12-ти август 2024 година, со почеток во 20:00 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид. – Изложбата, која ќе трае до 27-ми август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација ...
Охрид, 12. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новата изложба на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори вечерва, со почеток во 20:00 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид. – Изложбата, која ќе трае до 27-ми август, претставува дел од годинешната програма на МАНУ, а вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат денот посветен на Преносот на моштите на свети Климент Охридски. Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1987 година во Охрид почина Живко Чинго, истакнат македонски прозаист и драмски писател. Творештвото на Чинго е високо вреднувано од македонската и тогашната југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски јазик. Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени. – Во текот на следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено утре, на почетокот на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури, ...
Охрид, 11. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на Граничниот премин „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Тим од полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и инспектори од Капетанија на пристаништата од Охрид, денеска извршија контрола на пловни објекти кои пловат по Охридското Езеро. – Притоа, во езерските води, на потегот Охрид-Пештани-Радожда-Калишта-Струга-Охрид, во согласност со Законот за внатрешна пловидба, беа контролирани повеќе пловни објекти, беше извршено и ...
Охрид/Струга, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Повторно бурно деноноќие во Охрид, информираат од СВР Охрид во најновиот Билтен. Регистрирани се физички пресметки, пронајдена дрога, запалени возила… На 10-ти август 2024 година, во 03:30 часот, на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, приведено е лице од Охрид кое претходно, го нарушило јавниот ред и мир и физички нападнало дв лица од Охрид, на возраст од 25 и 22 години. Против напаѓачот, ќе ...
Скопје/Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, петок, 9-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои во моментов 6 се активни, 2 се под контрола и 29 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во регионот на Охрид, активни се пожарите на Галичица каде се шири во правец од местото викано „Магаро“ кон Стење, Општина Ресен и гори нискостеблеста вегетација. – ...
Скопје/Струга, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на охридската противпожарна територијална единица денеска, нешто по 11:00 часот замина за Струга, на помош на тамошните колеги во справување со пожарите кои од вчера го погодија и овој регион од државата. Според официјалната информација од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во Општина Струга, од вчера, околу 14:10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај селото Долна Белица, кој ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Преубавата и моќна Галичица во себе крие многу тајни и преубави приказни, како онаа за трагачите на злато кои се’ уште ја бараат француската болница во која на ранетите им биле вградувани златни шипки. Објавена е на порталот сдк.мк од новинарот Драган Чубриќ во 2019 година. Трагачи на по злато од Охрид и од други делови на Македонија, но и од странство, и натаму ја бараат француската воена болница од Првата ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Последниот пожар на планината Галичица и експлозиите кои се слушаат деновиве на тој потег, уште еднаш потврдија дека Галичица е најминираното место, но и најопасно за отстранување на гранатите кои се таму повеќе од 110 години. Република Македонија е полна со неексплодирани експлозиви, особено по линијата на фронтот од Првата светска војна, а по бројот на жители и површина, се смета дека е најзагадена со ...
Скопје/Струга, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Општина Струга, од вчера, околу 14:10 часот, започнат е пожар на ниска вегетација кај селото Долна Белица, кој подоцна се проширил кон селата Октиси и Велешта и истиот бил излезен од контрола и проширен кон шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Интервенирале со 3 пожарникари и едно против-пожарно возило, но подоцна се приклучиле и други екипи, како и месно население. Според ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полни 13 години стоиме силно помеѓу нашите пациенти и болката, преку постојана едукација и надградба до оштество без болка. Денеска да прославиме заедно, полни 13 години „Валео“, како успешна охридска приказна, вели Михаил Шишкоски, дипломиран физиотерапевт, специјалист по кинезитерапија, кој е главниот „виновник“ за успехот. Во интервју за Супер радио и OhridPress тој зборува за патот на „Валео“ до денешниот ...
Скопје/Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пожарот на Илинска планина, што се простира на подрачјата на општините Демир Хисар и Охрид е под контрола и на некои места има чад во веќе опожарениот дел кој не претставува опасност, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Во текот на денот на терен имало 4 вработени од ЈП НШ „Бигла“ Демир Хисар, кои во 18:00 часот се повлекле, како и 3 вработени од ЈП НШ „Галичица“ Охрид. Исто така на ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Правилната исхрана и фитнес рутината се најдобриот начин да се ослободите од несаканите килограми кои се лапат на нас со текот на времето. Сепак, понекогаш е тешко да се избере која храна да се консумира, за исхраната да биде здрава и разновидна, а во исто време да помага при долгорочно слабеење. Нутриционистот и личен тренер Luke Hanna ги издвои најдобрите намирници кои можете да ги јадете за слабеење, ...
Охрид, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Интересна фотографија од преубавиот Охрид е објавена деновиве на популарната страна на Facebook „Охрид слики од минатото“. На фотографијата, која всушност е поштенска картичка, прикажан е хотелот „Палас“, некогашниот изглед на „Островчето“, но и централниот дел на градот, тогаш со многу повеќе зеленило и многу помалку згради. – Поштенска картичка од Охрид од 1964 година, напиша во објавата членот на групата ...
Струга, 10. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Drim Short Film Festival, вечерва, со почеток во 20:30 часот, на летната сцена при НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи специјална проекција на краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, за прв пат пред струшката публика. – Пријателството на Борис и Кира е ставено на тест, кога Борис под влијание на неговата баба ќе почне да се сомнева дека Кира е олицетворение на ѓаволот. Со тоа ...