Охрид, 13. март (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од познатата македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова. Стоилковска е позната поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија. Вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје, а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова. Сценариото и ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена на повеќе локации во центарот на градот, а ги прикажува уметничките зелени дела на охриѓанецот Кадри Селман, кој од денеска ги троши пензионерските денови, а долги години го разубавува градот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во тек е Велигденскиот пост, а ние ви нудиме повеќе рецепти за подготвување на посни, здрави и вкусни рецепти за храна која е подготвена со масло. За време на постот се избегнуваат сите намирници од животинско потекло (месо, млеко, јајца…),што не значи дека храната не може да биде вкусна, доколку додадете малку знсење, умешност и секако многу љубов. Ви нудиме неколку идеи за посни, но воедно и многу вкусни ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнаа пензионерските денови за охриѓанецот Кадри Селман, скромниот и талентиран човек кој долги години наназад од обични грмушки и зеленило создаваше убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинско светло. Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите и се сликаат за спомен. Охриѓани на социјалните мрежи години наназад ја изразуваат својата ...

Скопје/Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Олеснета процедура и зголемена квота за увоз на странски работници во Република Македонија, предвидуваат имените на Законот за вработување и работа на странци, кои го поминаа комисискиот филтер во Собранието. Предлагач на измените е Владата, а според новиот текст, во Република Македонија ќе можат да работат странци, не повеќе од 5 отсто од вкупно вработените граѓани или околу 35 илјади. Ова е многу ...

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Светиот свештеномаченик Протериј. Овој светител беше презвитер во Александрија во времето кога патријарх во тој град беше еретикот Диоскор, еден од покренувачите на монофизитската ерес, којашто учеше дека во личноста на Исус Христос нема две природи туку една. Во тоа време царуваа Маркијан и Пулхерија. Протериј, кој беше благочестив и свет ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1944 година во Охрид е родена најславната македонска маратонка во пливање, Атина Бојаџи. Уште на 11 годишна возраст успеала да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен стил, делфин стил итн. Таа била светски шампион во маратонско пливање на слатки води на Охридскиот маратон одржан во 1962 година. Двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени. – Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота во текот на денот. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го промени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на ...

Охрид, 13. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...

Битола, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Битола денеска едногласно го изгласа заклучокот со кој бара Владата да ја промени локацијата за изградба на регионална депонија, која според планот треба да се изгради во Битола. Истата е предвидено да биде заедничка за Битола, Охрид, Струга, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца и Македонски Брод. ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти март 2025 година, во 23:49 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 50-годишно лице од селоto Мешеишта, Oпштина Дебрца. – При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти март 2025 година, во 19:49 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 44-годишно лице од Охрид кој претходно, во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Охрид агресивно се однесувал кон 76-годишник од Охрид, а потоа и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. – Тој е приведен во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Две години по првата, излезе од печат втората книга „Муабети од Охрид“ од охриѓанецот Ѓорѓи Љатко. Поттикнат од членовите на Facebook групата Муабети од Охрид и околината, Љатко повторно преку книга прави сублимат на дел од интересните муабети, настани, обичаи во градот во периодот на 60-те и 70-те години на минатиот век. Авторот објави неколку извадоци од новата книга: …Ногу бракој се родија од ова корзо. Иако ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 22-ри март 2025 година, во Охрид ќе се одржи настанот „Начинот на Чипан“: изложба + дискусија + публикација, организиран од колективот АРХРИД, со поддршка од Општина Охрид и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија. – Овој значаен настан има за цел да ја одбележи 70-годишнината од изградбата на Феријалното одморалиште во Охрид и објавувањето на книгата „Стара ...

Охрид/Струга, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Новоизбраните 28 јавни обвинители од 8-мата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители денеска дадоа свечена изјава пред Советот на јавни обвинители. Претседателката на Советот на ЈО Душица Димитриеска, посочи дека по првиот оглас од оваа генерација не се пополнети местата во осум јавни обвинителства и дека ќе продолжат со постапката. – Во текот на денешниот ден ќе објавиме огласи за ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро полни три недели е на истата кота, 693,15 м.н.в и понатаму далеку под просекот за овој период од годината. Оваа кота е за 34 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,49 м.н.в) и само 5 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 9,5 степени и е за речиси 2 степени повисока од просечната. Со надеж дека ...

Ресен, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Бројни запленети мрежи, кои рибокрадците ги поставиле во водите на Охридското Езеро, стојат пред Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро (Езерската полиција) во каналот „Студенчишта“. Ваквите слики пред езерската полиција се се’ почеста појава, во време кога е се’ позабележително девастирањетото на живиот свет, особено рибата, од кои најбарани се пастрмката, белвицата и крапот. Од другата страна ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Технологијата овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледаат стари фотографии направени пред многу години на кои се гледа вовчето „Ќиро“, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. (Крај) извор: ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај мостот „Студенчишта“ и во Холандскиот парк. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани на социјалните мрежи се простуваат од Дејан Костојчиноски, познат нуркач и вљубеник адреналинот и неговиот Охрид, кој ненадејно почина во текот на вчерашниот ден. Ќе се сеќаваат на него како на позитивен и дружељубив човек, секогаш подготвен да помогне. – Прерано не напушти другар. Останаа многу нуркања многу проекти. Ништо нема да биде исто без тебе. Почивај во мир, порачаа од Клубот за Подводни ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДРПЕС) – Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Охрид, 8 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР). УХМР за денеска прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе се ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Агатангел Битолски. Овој светител пострада од Агарјаните во 1727 година. Како што пишува на кивотот во кој се чува неговата чесна глава, во тој период од нивното владеење, Агарјаните имаа свиреп обичај за време на тридневното празнување на празникот Рамазан насилно да приведуваат во својата исламска вера некои од поробените христијани. ...

Скопје, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 12-ти март, во 1845 година, во Лешок Тетово се упокоил македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Тој е македонски просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современата македонска книжевност. Првите почетоци од неговото образование биле во селото Лешок, а потоа продолжил во Дебарскиот манастир ...

Охрид/Вевчани, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1935 година во Њујорк почина светски познатиот научник Михајло Пупин, еден од великаните на физиката и електротехниката, кој дал особен придонес од областа на телекомуникациите, радиотехниката и радиологијата. Според потомците на родот Пупин, семејството има македонски корени и се доселува во Вевчани од Москополе, каде живееле православни македонски и влашки родови. Михајло Пупин бил ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време. Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ, следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите повремено ќе бидат поројни ...

Охрид, 12. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите охриѓанчиња, вечерва, ќе имаат можност да ја погледнат детската театарска претстава „Џинче“, работена со сенки и Џин кој е избркан од нивниот свет. – Претстава раскажува за искреното другарство и пресрасудите. Ќе се прошетаме низ возбудлива авантура низ градот на сладоледите, ќе запловиме со чудниот капетан и ќе вкусиме мексичко бурито. Работена е по мотиви на книгата „Најдобриот Џин во градот“ од ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
0.51
55%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.51
61%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
48%
1022
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.65
45%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
89%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.15
42%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
40%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
46%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1016
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459