Скопје/Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јануари Република Македонија ја посетиле вкупно 49 870 туристи, од кои 18 368 биле домашни, а 31 502 се странски туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 106 894. Во однос на структурата на странските туристи и овојпат најмногубројни биле Турците 8 510, следуваат гостите од Србија 3 107, од Грција 3 016, од Бугарија 2 241, од Албанија 2 239, од ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во месец јануари во Охрид биле издадени 2 одобренија за градење, објавија од Државниот завод за статистика на Република Македонија. Од нив по едно се на физичко лице и деловен субјект. Предвидена е градба на 17 станови со вкупна корисна површина од 981 м². Во анализираниот период во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градење. На ниво на Република Македонија, во јануари 2025 година издадени ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти март 2025 година, во 22:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, помеѓу селата Ботун и Климештани, Општина Дебрца, патничко возило марка „Фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 30-годишна жена од охридското село Коњско, излетало надвор од коловозот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената која го возела автомобилот, ...

Загреб/Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот бисер буквално не воодушеви, порачаа Хрватите Јана и Иван од порталот Svjetski Putnik опишувајќи го Охрид. Споделија низа фотографии и видеа од Охрид, со посебни објави за Заливот на коските и преубавиот манастир „Св. Наум“. Јана и Иван се брачен пар од Хрватска кои го водат порталот Svjetski Putnik, на кој ги документираат своите патувања. Овие патувачки блогери неодамна престојуваа во ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Авантуристичкиот клуб „Mountain Madness“ по шести пат организира незаборавен викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање – Фестивал на планината и езерото 2025. Ќе се одржи на 21-ви и 22-ри јуни. – Авантурата започнува во сабота на 21-ви јуни со рекреативни велосипедски тури на локации покрај Охридското Езеро, со што ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро – 21. Јуни. ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти март 2025 година, во 19:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во охридското село Велгошти, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица, од кои едно потешко. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 24-годишно лице од селото Велгошти и мопед „Лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена во Градскиот парк во центарот на Охрид. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово на патеката кај „Островчето“, на локацијата каде своевремено се сликаа фотографиите од проектот „Охрид во 10“ на Супер радио и OhridPress, кога во текот на целата 2017-та година го сликавме Охрид од еден агол, а ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Порфириј, епископ Гаски. Овој голем архипастир се роди во Солун од богати родители. Младоста до дваесет и петтата година ја проживеа во родниот град, а потоа го напушти родителскиот дом и светскиот живот и се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на опитен духовник, младиот Порфириј таму се замонаши и мина пет години. Потоа ја ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени. – До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 ...

Охрид, 11. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На автопат А1, делница Демир Капија-Смоквица од 20-ти февруари до ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Потенцијалите на аеродромот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува охридско-струшкиот регион беа презентирани од заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на средбата со Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага, што денеска се одржа во Прага. Притоа се разговараше да се разгледа можноста за воспоставување на нова авиолинија ...

Скопје/Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Oхриѓанецот Леонид Тодороски од ПСУ „Јахја Кемал“ од Струга, е најдобар на Државниот натпревар по математика за трета година. Под менторство на Невзат Солак, тој на натпреварот кој се одржа неодамна ги освои максималните 100 бода. Станува збор за исклучителен талент, кој Леонид го покажа во повеќе наврати. Во јули годинава Леонид освои бронзен медал на Светската математичка олимпијада во Англија. Во 2022 ...

Скопје/Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Елена Балевска и Илсен Салиеска- Патилоска се избрани за нови судии на Основен суд Охрид, одлучи на денешната седница на Судскиот совет на Република Македонија. Судија во Основниот суд во Струга ќе биде Јасна Парталоска, а за судии на Основен суд Битола се избрани: Марија Филиповска- Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска- Лазановски. Тие се помеѓу 49-те нови судии ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење. Рокот за регистрирање и ажурирање истекува на 15-ти март. – Вашата регистрација или ...

Скопје/Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Вчерашниот шумски пожар кај селата Оздолени и Сошани, Општина Дебрца, но и се’ повисоките температури, го покренуваат прашањето дали сме подготвени за справување со пожарите, кои последните години претставуваат исклучително голем проблем. Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид, во текот на вчерашниот ден, со свои екипи го гасеа шумскиот пожар, кај селата Оздолени и Сошани, во Општина ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвениот крст на Република Македонија одбележува 80 години постоење, осум децении хумана мисија. Пригодна свеченост денес ќе биде одржана во Охрид. По повод јубилејот подготвено е специјално видео, по што ќе се обратат претседателите на Црвен крст Охрид и Црвен крст на Република Македонија, градоначалниците на Охрид и Дебрца, а ќе бидат доделени јубилејни признанија. Свеченоста ќе се одржи денес во големата ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти март 2025 година, во 11:20 часот на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 45-годишник од Охрид. – Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд во Охрид за издржување на казна затвор од 3,5 години за сторено кривично дело „разбојништво“. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната, ...

Прага/Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – ТАВ Македонија, денеска во Прага, пред најистакнатите чешки туристички агенции и туроператори ги презентираше туристичкиот потенцијал на Република Македонија и улогата на македонските аеродроми во туристичката индустрија. На работилницата „Туристичкиот потенцијал на Македонија“ што се одржа утринава, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт нагласи дека сите чинители во воздухопловството, ...

Скопје, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk, рече во гостување на ТВ Сител министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот. – Што ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2519/1 од 24.02.2025 година објавува јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет на ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 часот има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Македонски Просветители“ (на потегот од ЕВН до пожарна), дел од Булевар „Туристичка“ и дел од „Дејан Војвода“ (на потегот од ЕВН од пресекот со улицата „Абас Емин“), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи се на терен до целосно завршување со интервенцијата. (Крај) извор: ОхридПрес ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од еден од најмирните делови од градот, овде повеќе не се живее… Ова се најчестите коментари на жителите од улицата „Македонски просветители“, на потегот кај Полициската станица и охридската пожарна. Градежни работи, блокирана улица, зафатени паркинг места од вработени во институциите, но и во чаршијата, „гости“ од други градови кои „намирисале“ бесплатен паркинг, чести расправии и физички пресметки. Ова е ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...

Битола/Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Советот на Општина Битола денеска треба да одржи вонредна седница, по реакциите на јавноста по последната одлука и прифатениот предлог меѓуопштинска соработка за отворање на регионалната депонија во Новаци. Истата ќе биде заедничка за Битола, Охрид, Струга, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебрца и Македонски Брод. ...

Скопје/Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 38. седница на која треба да расправа за повеќе предлог одлуки и закони. Покрај другите точки, на дневен ред се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид. Легислативата претходно ја усвои Владата на Република Македонија, ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Тарасиј, патријарх Цариградски. Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо ...

Охрид, 10. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Во текот целата седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на топла воздушна маса од југ, која ќе услови и понатаму да се задржи релативно топло време за овој период од годината. Денеска времето ќе биде сончево со мала до ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
42%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
0.51
55%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 16ᴼ
0.51
61%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 14ᴼ
1.03
48%
1022
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.65
45%
1019
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
89%
1017
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
7.15
42%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
40%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
44%
1017
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
46%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
44%
1016
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459