Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста. „Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се ...

Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. „Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно Али Ахмети и неговите партнери. Наместо да ...

Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење, обвинија од Левица. Од партијата велат дека „додека министерката за финансии зборува за доверба на меѓународните пазари, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално ...

Европската Унија од денес воведува нови правила за дигиталните платформи за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, во обид да воведе поголем ред и транспарентност во сектор кој силно порасна во последните години, но во исто време го зголеми притисокот врз домувањето и локалната инфраструктура во бројни туристички дестинации. Ова е Регулативата (ЕУ) 2024/1028, која Европскиот парламент и Советот ја усвоија по месеци преговори за ...

ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ што претставува срамно мешање во внатрешните работи на друга држава, велат од СДСМ. „Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање и поаѓање на митингот пред српскиот ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе подолг период нема повратна информација од Министерството за внатрешни работи во врска со сомнежите за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова. Како што се наведува, обвинителството ја започнало постапката на 18 декември 2025 година, веднаш по добивањето на известувањето од Секторот за ...

„Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна“, кажа Маријан Јовановски од СДСМ. „Кошеви без обрачи, голови без стативи, руинирани и неосветлени терени се само дел од ...

Две недели по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарече „северномакедонци“, лидерот на СДСМ Венко Филипче продолжува да молчи, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата остро реагираат дека молкот на Филипче е „срам и директно понижување за македонскиот народ и државата“. „Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет. Тој молчи ...

„Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства“, соопшти СДСМ. „Зошто го одбија? Затоа што пола Влада веднаш ќе требаше да си замине. Може во Влада ...

„Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија“, велат од партијата Левица. „Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема пари“ за повисоки плати, помош ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Црвена Вода бр. 7, општина Центар; – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Саса – крак 24, општина Кисела Вода; – во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 6 во населба Бардовци, општина Карпош; – во периодот од 09.15 до 15.15 часот, корисниците од улиците ...

Жители од Штип повторно реагираат за, како што велат, секојдневниот хаос со непрописно паркирани возила на новиот булевар „Партизанска“. Според реакцијата испратена до нас, автомобили редовно се оставаат на коловозот, со што се попречува нормалното движење и се загрозува безбедноста во сообраќајот. Граѓаните тврдат дека проблемот бил повеќепати пријавуван. „Пред куќите им направија паркинг, а возилата ги оставаат речиси на сред булевар и ...

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор. Предавањето се однесуваше на природата на уставот, како највисок правен акт и најширок и најважен договор меѓу ...

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, кој ќе се одигра на 20. мај (среда) со почеток во 20:00 часот на Национална арена „Тодор Проески“. Главен судија на финалната пресметка ќе биде Игор Стојчевски, најдобриот македонски судија, интернационален ФИФА судија, дел од ментор програмата за елитни судии на УЕФА. Славниот турски арбитар Џунејт Чакир е ...

Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот; – ФК Пелистер се казнува со парична казна од 2.500 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар. – ФК Вардар се казнува со парична казна од 1.000 евра поради користење пиротехнички средства на натпреварот од 26. коло меѓу ФК ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На состанокот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази. Само со координирани дејствија, со брза размена на информации, со размена на ...

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен ...

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, апелира за унапредување на органодарителството. -Чинот на органодарителство се јавува во најтешките моменти од животот на едно семејство. Лицето остава порака на своето семејство, а дава шанса за живот на друго лице или на повеќемина. Апелирам ...

Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална средба со заменик-министерот за национална одбрана на Република Литванија, Томас Годлиаускас. На средбата се разговараше за зајакнување на соработката во областа на сајбер-безбедноста, размена на искуства и градење поотпорни институционални капацитети за справување со современите дигитални ...

Душко Иванов повторно избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, додека во Општина Карбинци нов мандат доби и Гордана Барбашка. Одлуката е донесена на вчерашната седница на Извршниот комитет на партијата, на која беа избрани раководства во општинските комитети низ државата. Дел се нови лица, а останатиот дел актуелни претседатели кои, според партијата, донеле големи победи на изминатите изборни циклуси, но и значајни ...

Со насмевка, полна чаша и забава денеска матурантите од средното медицинско образование ја одбележаа денската матурска забава. Атмосферата беше исполнета со забава и емоции, а секој момент носеше чувство дека завршува едно важно поглавје и започнува ново. Дел од матурантите велат дека ова се донови кои ќе остане незаборавни, бидејќи само еднаш се доживува матурска прослава. Додека едни велат дека ќе им недостасуваат сокласниците, други ...

Над 500 матуранти од јуни ќе полагаат матура во просториите на УГД во Штип. Најголем дел од нив, односно 372, се пријавиле за полагање државна матура. Државна стручна матура избрале 15 ученици, уметничка матура ќе полагаат 33, додека за училишна матура се пријавени 38 ученици, а завршен испит ќе полагаат 45 ученици. На 6 јуни матурантите ќе полагаат задолжителен предмет – математика или странски јазик, а на 11 јуни ќе полагаат македонски ...

СДС продолжува со своите лаги и манипулации. Откако седум години власт не направија ништо за студенти и не исполнија ниту едно ветување, сега кога студентите имаат партнер во Владата, манипулираат дека стипендиите се намалени, оценува Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто, вели тој, нема, стипендиите не се намалени со Законот за студентскиот стандард, бројот на стипендиите не е дел од законското решение, туку истите се ...

Силен ветер и пороен дожд за продолжениот викенд во источниот дел од земјава, стабилизација на времето од вторник со температури над 30 степени. До четврток ќе преовладува суво, но ветровито време, со засилен северен и северозападен ветер кој локално ќе надминува 50 километри на час. Од петок следува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ земјава, особено во источните региони. Нестабилното време ќе ...

Со печено месо, традиционални ручеци, салати и домашни десерти, граѓаните подготвени да го пречекаат празникот Спасовден, кој започнува од утревечер. Празникот секогаш се паѓа во мрсен ден, а тоа значи богата гозба, полна маса и наздравување со чаша ракија. Се слави со најблиските, се моли за здравје, а најчесто се вели ако не за друго, пари мора да има за Спасовден. И покрај високите цени, граѓаните не се откажуваат од празничната традиција. ...

ЈП Исар се наоѓа во една од најлошите состојби во своето постоење, потврдија денеска од ОО СДСМ Штип. На прес-конференција, претседателот на организацијата, Павел Иванов, изјави дека претпријатието наместо сервис на граѓаните, станало симбол на неспособност и лошо менаџирање. „ЈП Исар денес се наоѓа во една од најлошите состојби во своето постоење. Наместо претпријатие кое треба да биде сервис на граѓаните, денес имаме симбол на неспособност, ...

Со положување свежо цвеќе и интонирање на химната на Македонија, денес во с.Разловци се одбележаа 150 години разловечко востание. Востанието се бележи како зачетокот на Македонската борба за слобода и самостојност. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, претставници на министертсва, како и на општина Делчево, останати граѓани и жители на селото. Во чест на овој ден Спомен домот на разловечкото востание ги отвори своите врати ...

На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што беа донесени повеќе значајни одлуки во интерес на граѓаните и локалната самоуправа, информираат од Град Скопје. Како една од клучните мерки, Управниот одбор донел одлука за формирање кризен противпожарен штаб при ЗЕЛС, со цел поефикасна координација меѓу општините и институциите во справувањето со евентуални ...

Според СДСМ, ВМРО-OКГ, како што велат, продолжува со своето тотално лицемерие. „Слават Ден на Европа, а се против ЕУ. Прават антиевропска кампања, а слават Ден на Европа. Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија. Слават НАТО, а беа против Преспанскиот договор и влезот во НАТО. Правеа се да не влеземе во Алијансата, а сега велат дека е „феноменална работа“. На крајот слават и Ден на државноста на државата која ...

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, денеска, оствари средба со д-р Аким Али, претставник на СЗО во Република Северна Македонија, на која се разговараше за продолжување на соработката во борбата против насилството врз жените и девојчињата и за јакнење на институционалниот одговор. Во разговорот беше истакната важната улога на Комисијата, која има одржано надзорна расправа, вклучително и јавни ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.9
47%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
59%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.68
62%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.09
58%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.1
62%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.65
87%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
55%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.46
61%
1015
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.93
34%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
4.02
70%
1016
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.68
61%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.5
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Калај

54.92

Родиум

265243.66

Цинк

0.00

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

129943.67

Алуминиум

3.19

Бакар

13.08

Сребро

1853.71

Паладиум

40381.34