Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи „Боран“, кои се дел од процесот на модернизацијата и опремување на македонската Армија, а беше презентирана и новата набавка на воено-теренска униформа за армиските припадници. На активноста на која што присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ...
Длабоката резултатска криза и лошите резултати по девет кола во Првата лига направија тренерска промена во Пелистер, прволигашот од Битола се раздели со тренерот Димитар Капинковски, а на негово место пристигна Милан Стојановски, кој ќе биде нов шеф на стручниот штаб. Пред битолчани ќе биде период кога ќе треба да се бара излез од резултатската криза и враќање на победничките патеки, бидејќи формата од последните пет натпревари е четири порази ...
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, најави конкретен план за обновување на Централната Пошта и нејзина трансформација во Градски инспекторат и Центар за урбано планирање. „Ги засукуваме ракавите и влегуваме во директна пресметка со дивоградбите и урбаното дивеење во градот Скопје и општините. Повеќе нема да има недопирливи згради, бесправни градби и хаотичен развој. Време е ...
На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1. Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната парцела се наоѓа на аголот на булеварите Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов, ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори е можно одржување предвремени парламентарни избори, потврдувајќи дека според неговите сознанија и проценки, таквите избори ќе се одржат во март или април следната година. „Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека да, ќе има предвремени парламентарни избори некаде во март или април. И ...
Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава лидерот на опозицијата Венко Филипче. „Првиот соработник на министерот за смрт во владата на Груевски од позиција на самопрогласен лидер на СДСМ обвинува за соработка. Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили. Во континуитет поддржан од неговиот ...
Актуелниот градоначалник на општина Бутел и кандидат на претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски најави 3.000 денари за секое новородено дете во Општината. „Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари. Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Ние не застануваме – инвестираме во ...
На 08.10.2025 во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(39), двајцата од Штип. При преглед кај нив се пронајдени неколку пакувања со кокаин. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и со нив е извршен службен разговор. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна ...
Пристигна дел од недоверливиот материјал за изборите во Штип, вклучувајќи ги параваните за избирачките места и другите технички делови потребни за уредување на гласачките простории. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев, изјави дека доверливиот материјал, како гласачки ливчиња и избирачки списоци, ќе пристигне согласно законските рокови, најдоцна 72 часа пред денот на гласањето. ,,Во моментот од недоверлив материјал ...
На 08.10.2025 околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР ...
Со цел да се подигне свеста за борбата со ракот на дојка, денес во Штип се одржа семинар на тема „Розов октомври“. Организиран од студентската асоцијација СОМА, настанот испрати силна порака: телото зборува, но ретко го слушаме. Наместо само за медицински факти, се зборуваше за емоции, стравови и тишина што боли. ,,Целта на овој семинар е да се подигне свеста и всушност да се сфати дека медицината не е само теорија, не е само пракса, туку е ...
По обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ, со одговор излегоа и од СДСМ Пробиштип. Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Драган Анастасов, со слики вели дека има имот кој е на неговите родители и е стекнат пред 2017 година. Додава дека за него важи истиот Закон како и за сите граѓани. „Фасцинантен е капацитетот на кујната на ДПМНЕ за лаги и манипулации. Разбирливо е кога немаш проекти да се трудиш да ќариш глас плус со комплетни лаги, ама да ве информирам, ...
Десетина пациенти неделно само од Истокот од државата заболуваат од рак на дојка. Праксата покажува дека се намалува и старосната граница, па ако пред неколку години заболувале жени над 45 години, сега заболуваат од 25 години па нагоре. Причината е најчесто стресот. „За жал се помлади жени заболуваат од оваа болест. Ако претходно просечната граница е била 45 до 50 години, сега таа е од 25 години па нагоре. Доста пациентки има, на неделно ниво ...
Започна есенскиот саем на мед на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип. На десетина поставени штандови имаше придоден мед, но и други пчелни производи, здрави за граѓаните. Оваа година интересот беше значително зголемен, споредбено со претходните години, па имаше учесници од повеќе градови од Истокот. „Презентираме квалитетен мед, ливадски, шумски, мед од мајчина душичка имаме полен, прополис. Имаме стопосто чист восок и мед во саќе.“ – вели Манев. ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ја претстави својата визија за модерен, инклузивен и младински ориентиран главен град кој нуди вистински можности за раст, развој и иднина. „Мојата визија за Скопје е град што создава можности, особено за младите,“ истакна Шукова. „Како градоначалник, имам јасен план за младински хабови современи урбани простори каде младите добиваат директен пристап до компании, обуки, ментори и ...
Беласица против Осогово ќе бара враќање на победничките патеки после првиот сезонски пораз од Шкендија Арачиново, а пак Осогово ќе сака три бодови против фаворитот од Струмица во меч од 8. коло на Втората лига. Осогово ќе биде силно мотивиран пред својата верна публика да го бара своето четврто славје со што значително „жетварите“ на Крсте Крстев ќе се зацврстуваат во средишниот дел од табелата, додека пак Беласица иако загуби во претходното ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествува на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, што денес се одржува во Белфаст. Во фокусот на дискусиите беа регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите безбедносни ...
Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредена размена на податоците и информации од заемен интерес, во функција на подобрување на аналитичките и институционалните активности на двете институции. Меморандумот, кој го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, ...
Повод за овој прес е срамната и морбидна објава на социјалните мрежи од Бранко Тричковски, долгогодишен пропагандист и медиумски гласноговорник на СДС, кој во врска со настанот со лажната дојава за бомба во центарот на Скопје, пишува – цитираме: „Најголем предизборен штос би направиле кога во куферот би го напикале распарчaното тело на Христијан!“, изјави Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, овој морбиден испад не е изолиран случај, ...
„Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните. Венко Филипче посвети цел предизборен и изборен период на една единствена работа подметнување на Тројанскиот коњ преку таканаречената заедничка Резолуција за да и даде нов бонбона бизнис на Бугарија, кој Заев го договорил“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „А што договорил Заев, тој првин добил куферче, а дал стик со материјали и ...
Проектот за подземната сообраќајница кај„Лимак“ не е само дел од мојата програма туку е вистински пресврт за централното градско подрачје, рече денес кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. И тој како и неговите претходници Данела Арсовска, Петре Шилегов и Коце Трајановски, им вети на скопјани дека ќе изгради три кружни тека со кои ќе ја поврзе подземната сообраќајница, која пак треба целосно да ја изгради „Лимак“. ...
Поднесена кривична пријава против две лица за сторено кривично дело „криумчарење“ мобилни телефони „Ајфон“ во вредност од 355 илјади денари. Како што извести Царинската управа, делото е откриено на влез на граничен премин Ново Село, кога при извршен детален преглед на возилото со кое патувале осомничените, во багажниот простор се откриени вкупно пет нови „iPhone 16“, од кои три „iPhone 16 Pro Max“, како и еден употребуван „iPhone 16 Pro Max“. ...
Менаџерскиот тим на М-НАВ во денешното соопштение до јавноста реагира околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври. „М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај што пристига, полетува и прелетува над Република Македонија. Работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ...
Во рамки на петтото коло на Првата ракометна лига ракометарите на Текстилец на домашен терен во Штип ќе се соочат со фаворитот Вардар Неготино. Ова ќе биде меч каде штипските ракометари ќе бараат трет триумф, после поразот во претходното коло од Партизан, додека пак тимот од Неготино како голем фаворит ќе оди по освојување на целиот „плен“ во Штип. Квалитетот е на страната на гостинот од Неготино кои има искусни ракометари и не би требало да има ...
Судијата Крумислав Ѓоргиев од Штип ја доби довербата да биде дел од тимот судии кој ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу репрезентациите на Чешка и Азербејџан до 21 година. Довербата Ѓоргиев да биде дел од овој судиски тим, составен од македонски судии, претставува потврда за квалитетите на штипскиот арбитар, кој на овој меч ќе биде четврти судија. Главен судија на натпреварот ќе биде Јован Качевски од Струга, прв помошник ќе биде Даниел ...
Македонија се подготвува за тешкото гостување во Гент кај Белгија, во рамки на 6. коло од квалификациите за Светското првенство. Напаѓачот на Македонија, Бојан Миовски, вели дека Белгија има квалитет, повеќето нивни играчи настапуваат во најсилните лиги, но вели дека Македонија игра како тим и тоа веќе е докажано на теренот. Миовски очекува силна поддршка од македонската „фаланга“ во Гент. Натпреварот меѓу Беглија и Македонија се игра во петок ...
По девет одиграни кола во фудбалската елита на Македонија, Струга Трим Лум е на врвот од табелата со 23 бодови на своето конто, два повеќе од Вардар и Шкендија кои го делат второто место. На четвртото место е Силекс кој има 18 освоени бодови, па следува Башкими како петтопласиран со 15 бодови. На делба на шестата позиција се Македонија ЃП и Брера Струмица со по 12 бодови и веднаш има пресек на табелата меѓу зоната за директен опстанок и бараж ...
Со натпреварите од првото коло беше отворена новата сезона од кошаркарската Суперлига на Македонија. Бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје на домашен терен со седум поени разлика односно 77:70 славеше над дебитантот Маџари и со позитивен резултат ја започна новата сезона и одбраната на титулата. Тиквеш беше сигурен на гостувањето кај екипата на Гостивар, откако ги освои бодовите славејќи со 67:81, додека пак Пелистер беше пресилен на ...
Осмотоо коло на Втората лига го носи дербито меѓу двата поранешни прволигаши Брегалница и Скопје кое ќе се одигра под рефлектори на Градскиот стадион во Штип, дерби кое ќе можете да го следите во ЖИВО на М Нет телевизија. Брегалница е на врвот од табелата со 17 бодови на своето конто, а пак Скопје е четврти со 14 бодови. Двете екипи претендираат за влез во Првата лига, а ова ќе биде дерби каде трите бодови ќе ја остават Брегалница на врвот од ...
Под слоганот „Подај рака“, во недела (12.10.2025) на летната сцена „Лепеза“ во Градскиот парк во Скопје со почеток во 10.30 часот ќе се одржи јубилејниот десетти по ред хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон. Целта на настанот е подигнување на јавната свест за ретките болести вклучувајќи ја и Вилсон, и поддршка на заболените, но и нивните семејства во справувањето со предизвиците со кои се соочуваат. ...