Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, истакна дека најновиот извештај на Европскиот парламент директно ги потврдува предупредувањата на СДСМ за ширењето на антиевропски наративи и странското влијание врз јавниот простор во државата. „Понатаму, странско мешање, вклучително и преку медиуми под унгарско влијание кои шират антиевропски наративи. Не го кажа ова Венко Филипче? Извештајот на Европскиот парламент. Го потврдува тоа што го говориме со ...

„Продолжената рака на Зоран Заев, кој верно му го чува претседателското столче во СДС, Венко Филипче повторно денес излезе на прес-конференција. Иако, можеби, за момент помисливме дека Филипче, сепак, ќе ги стави државните интереси пред личните и ќе ја прифати подадената рака за обединување и заеднички настап во борбата за одбрана и заштита на интересите на државата и националните идентитетски обележја, Венко како верен слуга и пиун на Румен ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на една од најзначајните улици во населбата Мичурин – „Симеон Кавракиров“, каде што е во тек асфалтирањето на коловозот и изградба на нови, современи и безбедни тротоари со бехатон-плочки и ниски рабници. Станува збор за долгоочекуван инфраструктурен проект кој претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес конференција рече дека по две години власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, граѓаните живеат полошо, економијата е ослабена, а европскиот пат е целосно закочен и додаде дека Мицкоски нема никаков резултат и затоа тера кампања на конфликти и поделби. „Оваа власт ниту има визија, ниту капацитет, ниту знаење како да ги менаџира работите, согласно тоа нема никаков резултат. Ветеното пред ...

Синево Македонија одбележа 25 години постоење, јубилеј што претставува значајна пресвртница не само за компанијата, туку и за развојот на современата лабораториска дијагностика во земјата. По тој повод беше организиран свечен настан на кој присуствуваа лекари, здравствени работници, деловни партнери, соработници, пријатели и вработени кои во различни периоди биле дел од развојот на компанијата. Осврнувајќи се на изминатите 25 години, д-р Маја ...

„Силно сме посветени на развојот на националните одбранбени капацитети кои се составен дел од колективната одбрана на Алијансата. Тоа е евидентно преку инвестициите во одбраната, но и преку процесот на модернизација и опремување кој е видлив со секој изминат ден“, потенцираше министерот за одбрана Владо Мисајловски на денеска одржаниот состанок на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел. Министерот Мисајловски истакна дека ...

„Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Северна Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива. ВЛЕН го оценува како особено важна пораката на известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува ...

„Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ е новиот проект на Министерството за образование и наука кој треба да генерира трајно системско решение за превенција на семејно насилство врз деца преку образовните установи и спречување на натамошна трансформација во врсничко насилство во училишните клупи. Станува збор за иницијатива која обединува повеќе институции, ...

„Три години по ред, ЛДП ја води оваа битка во Собранието, а три години по ред сведочиме како мнозинството гласа против граѓаните, а за профитите на банките. Додека државата се задолжува и ја полни новата буџетската дупка од 150 милиони евра заради светската криза со нови кредити во име на граѓаните, банките најавуваат нови поскапувања на провизиите за цели 30%. Ова е класично ‘шурење’ и насилство над народот“, вели во изјава за медиумите ...

Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП. Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот по повод почетокот на проектот „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“, организиран во Владата на Република Северна Македонија. На настанот учествуваа и министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и претставници ...

За пет години ќе има брза железница со која од Скопје до Солун ќе се патува 1 час и 25 минути, а до Белград 2 и пол часа, рече заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на Самитот на министри за транспорт од земјите на Западен Балкан што се оддржува во Солун „Македонија е влезена во фаза на силен инфраструктурен развој, започнуваме со изградба на брзата пруга на Коридор 10, од границата со Србија до границата со Грција. Ќе ...

Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот. „Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни ...

„Вчера, по повод одбележувањето на 36 години од постоењето на ВМРО-ДПМНЕ на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, имавме чест и задоволство да бидеме заедно со десетици илјади граѓани кои со своето присуство дадоа силна поддршка и испратија порака на единство и заедништво“, кажа Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. „Искрено им благодариме на сите кои беа дел од овој значаен настан. Вашата доверба и поддршка се ...

„И покрај добрата дигитална подготвеност на граѓаните, прифаќањето електронски плаќања кај малите трговци е ограничено и претставува голем предизвик за платниот систем во земјава.“ Ова беше истакнато од вицегувернерот на Народната банка Игор Величковски на отворањето на работилницата „Премостување на јазот кај прифаќањето на електронските плаќања од страна на трговците: Форум на засегнатите страни за заклучоците и следните чекори“, ...

Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска, денеска, во Охридската сала на Собранието, даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е дипломиран економист од Скопје и магистер по сметководство, финансии и ревизија. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно ...

Општина Илинден продолжува со активностите за уредување и модернизација на јавните простори, со цел да обезбеди поквалитетни услови за живот на жителите во сите населени места. Во рамки на овие активности извршена е обнова и замена на дел од реквизитите на детските игралишта низ општината, како и поставување на нова урбана опрема. Во населеното место Кадино, на игралиштето кај Домот на културата се поставени нови детски содржини, меѓу кои ...

На плоштадот покрај Македонскиот народен театар деновиве беше поставен нов банкомат на Халкбанк, чиј изглед внимателно е осмислен за да се вклопи во архитектурата и атмосферата на една од најзначајните културни локации во Скопје. Со својата форма, дизајн и препознатливи црвени завеси, поставката потсетува на мала театарска сцена, создавајќи впечаток дека и најобичната секојдневна трансакција може да биде дел од градската културна приказна. ...

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и заедно со граѓаните го одбележи 36-от роденден на партијата, која се бореше и донесе независност на татковината, направи многу проекти чиј бенефит го чувствуваат граѓаните и ја претставува државата исправено, гордо и достоинствено пред светот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за тоа колку чинела прославата. „Од друга страна ја имаме партијата ...

Од СДСМ упатија прашање до власта колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на 36. роденден на ВМРО -ДПМНЕ во Струмица. „300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, ќе учествува на серија состаноци на Северноатлантскиот совет. Како што соопштија од Министерството, на состаноците ќе се разговара за процесот на зацврстување на колективната одбрана преку континуирано инвестирање во одбраната, развојот на вооружените сили и одбранбената индустрија, распределбата на одговорности во командните структури на НАТО, како и за ...

Денеска времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40 km/h) од северен правец, особено во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа од Струмица по повод 36. роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој се одбележува во градскиот стадион под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, зборуваше и за актуелната политичка ситуација во Македонија и за спорот со источниот сосед, Бугарија, посочувајќи дека до овој проблем дојдовме поради сегашната опозиција, која сега се наоѓа на политичката маргина каде уште долго ќе останат, која додека ...

Младата кошаркарка Ива Колева од Штип и член на ЖКК Тим Арена доби повик во македонската репрезентација до 17 години, која од 19 до 21 јуни ќе настапи на меѓународниот турнир „Рајзинг Старс“ во Букурешт, Романија. Овој повик претставува уште едно големо признание за талентот и напорната работа на Колева, која со своите настапи го привлече вниманието на стручниот штаб на националниот тим. Од клубот со гордост истакнуваат дека Штип и Тим Арена ...

Голем успех за Таеквондо клуб Штип на Европското клупско првенство за деца, кое се одржа на 17 јуни во спортската сала „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина, каде младиот Максим Арсовски го освои сребрениот медал и уште еднаш го потврди својот голем потенцијал. Во исклучително силна конкуренција, со 197 пријави и 144 натпреварувачи, Арсовски демонстрираше одлични борби, дисциплина и шампионски карактер на патот до финалето, заслужено ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против пет лица од Скопје, на возраст од 22 до 34 години, поради сомнение за терористичка организација. Според прибраните докази, првоосомничениот кон крајот на 2024 година формирал интернет канал и група на социјална платформа во која членувале и останатите осомничени. Во текот на 2025 и 2026 година, преку овие комуникациски канали осомничените ширеле ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди и умерен до засилен ветер од северен правец, кој во источните делови на земјата повремено ќе достигнува брзина до 40 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 34 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе ...

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Северна Македонија. Истовремено, не помина Амандманот 3, предложен од известувачот за Македонија Томас Вајц, со кој се бараше бришење на ставот 73 од резолуцијата. Наместо тоа, мнозинството европратеници одлучија спорниот текст да остане дел од конечниот документ. Во ставот 73 Европскиот парламент ја повикува Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни ...

Кејот на реката Вардар добива нов и поуреден изглед со поставување нова урбана опрема, соопшти Град Скопје. На една од најпосетуваните локации во главниот град поставени се нови клупи и корпи за отпадоци, со цел подобрување на условите за престој, рекреација и спорт на граѓаните. Од Град Скопје посочуваат дека со новата опрема просторот станува почист, пофункционален и попријатен за сите посетители. Паралелно со овие активности продолжуваат ...

„Првите чекори кон енергетската транзиција во Општина Центар започнаа уште во 2023 година со формирање на ТД ‘Енергија Центар’ , првото општинско енергетско претпријатие во државата. Така ја започнавме нашата локална стратегија за енергетска независност и самоодржливост,“ рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во обраќањето на тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста“, во организација на Finance Think. Тој нагласи ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
80%
1026
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.2
94%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.54
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.13
72%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
100%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
83%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
1.34
78%
1028
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
3.6
97%
1031
Currency

61.613

Currency

54.966

Currency

73.818

Currency

38.074

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2483

Currency

0.67204

Currency

0.34743

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Сребро

1666.05

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

321507.47

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76