Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Ракометарите на Радовиш никако да забележа позитивен резултат, имаат 13 порази од толку натпревари и со тоа се на самото дно од табелата како единствен тим во Суперлигата кој нема освоено бодови. Ваквите резултати одамна требаше да го вклучат црвениот аларм, за да може клубот да се бори посериозно да опстанок во Суперлигата. Пред две години клубот експресно се врати во елитното друштво преку бараж, но како тргнало Радовиш е најзрел кандидат ...
Нема да има нови ресори, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, а тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина. Мицкоски најави дека оваа недела ќе се знаат имињата и кажа дека тоа се оние имиња кои горе долу циркулираат во јавноста. „Можам да кажам ...
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу. „Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и ...
Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ, истакна денеска вицепремиерот Александар Николоски на состанокот на експретско ниво за заштитата на сливот на реката Дрим и Охридското сливно подрачје. Николоски во своето обраќање истакна дека Владата преку системски мерки презема ...
Нема гаранција дека билатералното прашање со соседна Бугарија ќе остане единствениот услов за напредок во евроинтегративниот процес, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Националната конвенција за Европската Унија, оценувајќи дека најновиот извештај на Европската комисија е сериозен аларм за состојбата во која се наоѓа државата. „Можно е да не биде единствен услов решавањето на билатералниот проблем со еден од соседите. Зошто? ...
Одбојкарите на Штип УГД доминираат во Првата одбојкарска лига и по шест кола имаат максимален ефект. На последниот одигран меч во домашниот шампионат штипјани ја декласираа Лирија во гости. Првиот сет Штип УГД го доби со 17:25, а вториот со 11:25, додека пак во третиот сет домаќинот се обиде да парира, но сепак Штип УГД го доби сетот со 25:27. Во однос на останатите натпревари Шкендија со 3:0 го декласираше Скопје, Македонија Џио беше подобра ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, тврди дека немало напад врз новинарот и публицист Владимир Перев кој пријавил во полиција дека бил нападнат во Скопје. „Апсолутно отфрлам дека каков било напад е направен врз ова лице“, рече Мицкоски. Тој обвини за конструкции и инженериг од страна на Бугарија и вели дека тоа не е ништо ново. „Некој може да накисне на дождот надвор и тоа да биде хибриден напад од страна на Владата со кој се загрозува ...
Ниту едно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите соседи, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, на 8. Пленарна конференција – Национална конвенција за ЕУ. „Моја должност е да нагласам дека меѓу главните забелешки во извештајот беа уставните измени, кои несомнено остануваат и главен предизвик во оваа фаза од процесот. Знаете дека уставните процеси и ...
Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска во Белград, учествуваше на вториот дел од Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централно европска иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање со иницијативата. Фокус на овогодинешните дискусии беше ставен на стратешката важност изнаоѓање на модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес во Битола ја отвори четвртата серија од генеричките обуки за административните службеници за 2025 година, овојпат наменети за институциите од Пелагонискиот регион. Настанот се одржа во Офицерскиот дом во Битола, каде Министерството ја продолжи својата стратегиска агенда за создавање современа, професионална и европска јавна администрација. Министерството за јавна администрација го ...
Во сабота пензионерите од повеќе градови ќе се соберат во Штип, со цел да се донесе конечна одлука пред протестот закажан за 1 Декември во Скопје, пред Уставен Суд. Како што велат тие, засега се задоволни од линеарното усогласување на пензиите и бараат така и да продолжи. На таков начин според нив нема да се прави дискриминација на пензионерите со минимални примања и оние кои земаат повисоки пензии. „Сакаме да дојдеме прво во Штип на разговор ...
Кочанската болница е прва болница во регионот која доби електрохируршки генератор. Станува збор за генератор кој може да се користи во секоја гранка од хирургијата, општа хирургија, урологија и гинекологоја до реконструктивни и специјализирани интервенции. Истиот овозможува контролирано сечење и коагулација што на медицинскиот тим му дава стабилна и безбедна енергија при различни хируршки интервенции. „Ни се овозможи да го имаме овој апарат ...
Цените на нафтата и бензинот во Македонија се речиси уедначени, нафтата чини 73 денари, а бензинот 75 денари. Граѓаните со слаби примања се соочуваат со сериозни предизвици во секојдневното користење на автомобилите и такси-услугите. Многумина се принудени да се откажат од возење и се почесто одат пеш за да ги намалат трошоците. Иако цените не делуваат драматично високи, но сепак нивната тежина е голема кога ќе се споредат со примањата. Се ...
Англицизмите стануваат сериозна закана за македонскиот јазик. Професорката Наташа Митев предупредува дека иако е природно јазикот да прима нови зборови, претераната употреба на англицизми може да ја наруши неговата автентичност. Таа нагласува дека проблемот се јавува особено кога странски зборови се користат наместо веќе постоечки македонски изрази. Според Митев, таквите навики создаваат непотребна мешаница и влијаат врз јазичните норми. ...
Денес е Свети Јован Златоуст, заштитникот на праведниците, проповедниците и сиромашните. Овој празник се празнува секогаш на 26 ноември, со посебна почит кон неговото дело и неговото „златно“ слово. Верниците се собираат на богослужби, потсетувајќи се на неговата мудрост, храброст и борба за правдата. Светиот Јован Златоуст бил еден од најголемите христијански учители. Потекнува од Антиохија, каде уште од младоста се истакнувал со својата ...
Вечерва силен дожд, утре снег на повисоките места, стабилизација на времето од недела. Синоптичарот Марија Цветковска Атанасова најавува интензивни врнежи, со повеќе од 25 литри дожд на метар квадратен во делови од земјата. Ветерот ќе дува умерено до повремено засилен од јужен правец, а температурите ќе се движат меѓу 4 и 16 степени. Во текот на утрешниот ден, врнежите на повисоките места ќе преминат во снег, а на пониските ќе има мешавина од ...
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар. „Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските ...
Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои им се овозможува на носителите на возачки дозволи издадени во Македонија, кои живеат во Словенија, да ја заменат својата возачка дозвола без да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит. Истите бенефиции важат и за лицата чии дозволи се издадени во БиХ, Србија, Црна Гора и Косово. Според новите правила, секој што има регистрирано живеалиште во Словенија ќе може да ја замени својата ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, од една страна и претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и членот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир, од друга, потпишаа договор за меѓусебна соработка којшто ѝ овозможува на Народната банка да започне со плаќања преку СЕПА. Од 9 декември 2025 година, државата и државните институции ќе можат да плаќаат и да примаат средства во евра, согласно ...
Општина Бутел информира дека продолжува со активностите за асфалтирање на улиците во населеното место Визбегово. „Локалната самоуправа продолжува со силна динамика да ја подобрува патната инфраструктура во сите населени места во општината. Овие активности се реализирани преизборни ветувања на градоначалникот Дарко Костовски“, велат од општината. Во тек е реконструкција и асфалтирање на вкупно 70 улици, со инвестиција од 150 милиони денари. ...
На Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, го образложи амандманот на пратеничката група со кој се бараше зголемување на ставката за трансфери кон Фондот за здравствено осигурување, а со цел да се создадат услови породилното отсуство да се продолжи од сегашните 9 на 12 месеци. „Ова е и препорака на Светската здравствена организација. Првата година од животот на детето е клучна за неговото здравје и неговиот ...
Јавното претпријатие „Лајка“ предупредува на континуиран и загрижувачки тренд на кучиња пронајдени на улица со активен микрочип, односно со јасно утврдени сопственици. И покрај тоа, дел од сопствениците одбиваат да ги преземат своите миленици, што создава дополнителен притисок врз капацитетите на прифатилиштето. Од претпријатието наведуваат дека девет кучиња заловени во последниот период имале сопственици кои свесно ги напуштиле. Секое од ...
Македонската фудбалска репрезентација во март ја очекува полуфиналето за пласман во Светското првенство 2026, а во кое ќе се соочи со Данска. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, култниот стадион има капацитет од нешто над 38 илјади гледачи, а продажбата на билетите за мечот меѓу Данска и Македонија се очекува да започне во месец февруари 2026 година. Селекторот на Данска, Брајан Ример вели дека очекува пласман во ...
Новаци и Осогово ги победија фаворитите и го отворија патот Охрид да биде есенски шампион во Втората лига, откако тимот на Новаци со 1:0 славеше над Шкендија Арачиново, а пак Осогово со 0:1 ја доби Брегалница во Штип. Охрид си ја заврши сам својата работа – го победи Детонит Плачковица со 1:0 и сега до крајот го очекува мечот со Слога Виница во гости и одложениот меч со Големо Коњари исто така во гости, на хартија лесни противници за ...
Македонскиот вицешампион Штип УГД ќе го одигра првиот натпревар од 1/16 финалето на Челинџ купот на домашен терен, но во Радовиш. На 10 декември (среда), со почеток од 19:00 часот, во салата „25 Мај“, македонскиот тим ќе го пречека силниот италијански состав Милано. Актуелниот освојувач на Куп титулата неодамна со убедливи 3:0 и преку „златен сет“ го елиминираше норвешкиот Кол Ил, обезбедувајќи пласман во главната фаза од третото ...
Антифашистичкиот фронт на жените при Левица (АФЖ) сподели сведоштво од жена која, поради семејно и сексуално насилство, била принудена да користи евтина контрацептивна спирала, што довело до сериозни здравствени компликации и итна операција. Таа порачува дека многу жени-жртви немаат финансиски можности за поквалитетни медицински средства и апелира државата да ги субвенционира. Жртвата нагласува дека поддршка добила главно од организации и од ...
Власта на Христијан Мицкоски продолжи каде што застана Груевски, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на работилница на Форумот на жени на СДСМ. -Нашите граѓани секој ден по различни фокус групи сфаќаат што губат со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Гледаме како кога на власт ќе дојде еден авторитарен режим кој што не се грижи за ништо друго, освен за своите сопствени, тесни, теснопартиски интереси, се друго паѓа во втор план. Како беа гласни ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на работилница организирана од Форумот на жени на СДСМ во рамките на кампањата „16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата“-„Гласни за живот без страв“, истакна дека СДСМ е партијата која системски ја постави борбата против родово базираното насилство како државен приоритет. Тој нагласи дека преку воспоставување закони, институционални ...
Актуелниот шампион Јанта Волеј КВ е во резултатска криза, откако забележа пораз на гостувањето во Штип, каде во рамки на седмото коло на Првата одбојкарска женска лига, екипата на Младост УГД со 3-0 во сетови убедливо славеше во спортската сала „Јордан Мијалков“ пред својата верна публика. Штипските одбојкарки доминираа во сите три сетови, а шампионот во Штип пристигна со девет одбојкарки и немаше сили за да може да парира на теренот против ...
ФК Шкендија Арачиново денеска преку писмено соопштение реагира на денешното судење на натпреварот против Новаци. Гостите од Арачиново загубија со 1:0, меѓутоа останаа први на табелата. Соопштението го пренесуваме во целост: ,,ФК Шкендија 77 го изразува својот длабок револт и огорченост од скандалозното судење на натпреварот против Новаци, каде одлуките на судијата Фатмир Бафто директно влијаеја врз текот на играта и конечниот резултат. Она ...