Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање од Миле Талески од СДСМ, зошто не се бара екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, рече дека се додека некое лице ужива азил, екстрадицијата ја одбиваат. Состојбата внимателно се следи, истакна тој, и кога ќе се создадат услови ќе се поднесе ново барање, што впрочем е исто како за секој предмет за екстрадиција. ,,Министерството за правда нема ништо заедничко со тоа ...
Викторија Андоновска oд ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер и заменик министер за земјоделие Трајан Димковски, во периодот 2019–2021 година, заедно со уште четири службени лица, извршил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра. Според Андоновска, пченицата била отпишана иако постоела и била употреблива. Таа наведе дека Димковски доставил записник до Владата за наводен кусок на ...
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој ...
Жителите на охридската населба Даљан упатија апел до медиумите и до Општина Охрид, барајќи итно да се отстрани масивен бор кој паднал врз паркирано возило на улицата Сатеска бр. 40 на 22 ноември 2025 година. Според нивното известување, дрвото – високо околу десет метри – се откорнало од невремето и паднало во пешачката зона пред зградата со три влеза. Жителите посочуваат дека немало пешаци во моментот на падот, поради што е избегната ...
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната поврзаност со 10 декември – ...
Штип останува еден од најчистите градови во државата со добар квалитет на воздухот благодарение на поволната географија, додека во други градови воздухот е речиси загаден. Според ректорот на УГД Штип Дејан Мираковски, причините за загадувањето се временски услови и лошите извори на загревање во домаќинствата, кои придонесуваат за зголемено загадување. Иако оваа година временските услови беа поповолни, сепак загадувањето во некои места е ...
Возачите со отворени очи на патниот правец Истибања – Делчево, нови одрони повторно пагаат по коловозот. Како што соопшти раководителот на Мак пат Влатко Цоневски од утринските часови екипите го чистат терен, но поради можни нови вакви појави, тој преупредува на зголемена внимателност. Возачите да се придржуваат до условите на патот и да ја почитуваат поставената сигнализација, се со цел да не дојде до несакани последици аплери Цоневски, ...
ЕУ-финансираната програма ЕУ за Економски Раст (EU4EG) вчера го одбележа своето официјално затворање со саем на претпријатија кој обедини повеќе од педесет микро, мали и средни претпријатија, стартапи, акцелератори, креатори на политики и партнери. Од своето започнување, EU4EG поддржа над сто мали и средни претпријатија, стартапи од Полошкиот, Североисточниот, Југозападниот регион како и Ресен, овозможувајќи им поддршка да ги подобрат своите ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населбата Кучевишка Бара. Комплексот ќе се простира на површина од 2000 метри квадратни и ќе вклучува фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец, нови клупи, парк и зелени површини. Од Општина Бутел порачаа дека општината се менува, а маалскиот дух се ...
Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата учествуваа со прашања поврзани ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денес и утре престојува во работна посета на Вилнус, Литванија. Во рамки на првиот ден од посетата, тој оствари средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Кештутис Будрис. Двајцата министри изразија задоволство што посетата се реализира во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Притоа, тие ја нагласија подготвеноста за ...
Да не се заборави, да не се повтори, пишува во објава на социјалните мрежи Жаклина Пешевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ потсетувајќи на денешниот датум 2017 година, кога како што вели, со полициска опсада пред очите на нејзините деца и биле ставени лисици на рацете. „На денешен ден во 2017 година, нешто пред 05:00 часот наутро, со полициска опсада и кршење на вратата, пред очите на моите три малолетни дечиња ми беа ставени лисици на рацете под ...
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица. „Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја. Наместо средствата да се трошат ...
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево учествуваше и се обрати на 24-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – Европска унија, што се одржува на 26 и 27 ноември 2025 година во Стразбур. Во своето обраќање пред членовите на Комитетот,Муцунски истакна дека Стразбур, како дом на европската демократија, претставува силен потсетник на европските вредности кон кои ...
Состојбата со врнежите од дожд кои ја зафатија државата во моментов е стабилна, информираат од ЦУК. „Согласно информациите од УХМР, се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар, во сливот на реката Треска, реката Радика, реката Сатеска, во сливот на реката Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои ...
На покана на министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кештутис Будрис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од 26 до 29 ноември 2025 година ќе оствари работна посета на Република Литванија. Во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, министерот Будрис, во литванскиот Парламент Муцунски ќе оствари средба со литвански пратеници членови на комисиите за надворешни работи, ЕУ прашања и ...
Пред почетокот на 24. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет РСМ – ЕУ, кој денес и утре се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур, копретседавачката Иванка Василевска и заменик-копретседавачката Соња Мираковска, остварија средба со известителот за Република Северна Македонија во Европскиот парламент, Австриецот Томас Вајц, кој по функција учествува во работата на ова заедничко парламентарно тело. На средбата беа ...
Пратеникот Бране Петрушевски на собраниската Комисија за финансирање и буџет, се обрати кон Левица, кои поднесоа амандман кој, како што рече, веќе во реалноста се реализира, а тоа е реконструкцијата на студентските домови. „Ова е политички дилетантизам, ова не е само непочитување на собранието и пратениците, туку и непочитување на народот. Додека некој овде со денови чита амандмани од точка до запирка, некој седи дома и поднесува амандмани ...
Единствена причина зошто денеска тука на овој амандман нема претставник од Левица е еклатантното непознавање и незнаење, како и директната грешка на тоа како тие ја поимуваат политиката, а тоа е политика на рил на Фејсбук, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет. Стојаноски посочи дека ваквите постапки на овие пратеници не заслужуваат и да се коментираат, но, додаде ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат освен затворање на кујната во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае како потенцијален извор на зараза, нареди и вонредно чистење и вонредни здравствени прегледи на вработените во училиштето. Директорот на ДСЗИ, доктор Кирил Лазов, рече дека по добиеното известување од Центарот за јавно здравје за пројавени стомачни тегоби кај ученици од ова училиште, на терен се врши вонреден и координиран ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Национална стратегија за соработка со дијаспората, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, презентирајќи оценка, забелешки и предлози. За неа, стратегијата е пресвртница во националната политика и сериозен обид за зајакнување на односите со дијаспората. Таа укажа дека за успех на стратешките определби е потребна ...
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Република Северна Македонија, беше посветен на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на ...
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот. Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на ...
Во рамки на Националниот форум – Саем на граѓански организации, Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, учествуваше и се обрати пред претставниците на граѓанското општество. Тој ја истакна важноста од континуиран дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор, потенцирајќи дека граѓанското општество претставува еден од клучните механизми за зајакнување на демократијата и транспарентноста. Фетаи посочи дека Владата ...
На две кола до крајот на есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар е на чекор да биде есенски шампион. Тимот на Гоце Седлоски не знае за пораз и доминира во елитата со 11 победи и три ремија, Вардар има 36 бодови и се наоѓа на челната позиција со бод повеќе од Струга Трим Лум која е втора со 35 бодови. До крајот битката за тоа кој да биде есенски шампион ќе ја водат Вардар и Струга, со тоа што Вардар има полесен ...
Ракометарите на Радовиш никако да забележа позитивен резултат, имаат 13 порази од толку натпревари и со тоа се на самото дно од табелата како единствен тим во Суперлигата кој нема освоено бодови. Ваквите резултати одамна требаше да го вклучат црвениот аларм, за да може клубот да се бори посериозно да опстанок во Суперлигата. Пред две години клубот експресно се врати во елитното друштво преку бараж, но како тргнало Радовиш е најзрел кандидат ...
Нема да има нови ресори, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, а тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина. Мицкоски најави дека оваа недела ќе се знаат имињата и кажа дека тоа се оние имиња кои горе долу циркулираат во јавноста. „Можам да кажам ...
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу. „Имаме многу заеднички предизвици во здравството, од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и ...