Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На денешната владина седница беше усвоен ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), во делот кој се однесува на роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите. „Работната група, составена од претставници на различни институции, која беше одговорна и за ревидија на Акциониот план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), од септември интензивно работеше на ажурирање на актуелниот план, ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, се обрати на 11. турски медицински конгрес, кој се одржува во Анкара на покана на Министерството за здравство на Република Турција. Во своето обраќање истакна дека нашата земја се соочува со истите предизвици, како и другите здравствени системи, а тоа е ограничен број специјалисти во клучни области, застарена инфраструктура, дигитални системи што функционираат, но не секогаш меѓусебно поврзано, ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во земјава, Кристоф Зомер. Претседателот Гаши му упати искрени честитки за стапувањето на должноста, посакувајќи му успешен и плодотворен мандат, како и продолжување на пријателската и конструктивна соработка меѓу двете држави. Во разговорот беше нагласено дека Република Северна Македонија и ...
Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување IMPETUS денеска организираа работна средба и дискусија на тема: „Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“. На средбата свои воведни обраќања имаа Јована Тренчевска, претседателка на Клубот на пратенички, ...
Град Скопје информира дека е деблокиран процесот за клучката кај Момин Поток и дека градежните активности продолжуваат со забрзана динамика. По период на застој, продолжува реализацијата на една од најважните сообраќајни точки во градот, каде се пресекуваат неколку клучни правци. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека по неколкумесечен застој, повторно се работи на проектот кој се смета за една од најстратешките точки во Скопје. Во тек е ...
Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз. Ја поздрави посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи преку обнова и интензивирање на ...
На денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, образложи амандман за грижата за старите лица. Амандманот беше со цел да се наменат средства со што би можеле да се изградат најмалку три државни домови онаму каде што потребата е најголема. Тој предупреди дека државата целосно го запоставила овој сегмент на социјалната заштита. „Државните домови имаат само 600 сместувачки ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа истакна дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени. За неа, фемицидот е последица на насилство коешто се случувало ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување ...
Насилството врз жени расте, а стравот сe помалку ги држи во молк. Достоинството на жената во последните години се воздига – веќе не е робинка, ниту „домаќинка“ како порано, а сè се дели на пола, нема повеќе „женски“ и „машки“ работи. Според анкетата, модерниот начин на живот од една страна носи слобода, но од друга страна и не; повозрасните велат – жената треба да биде почитувана, ама и таа да знае да почитува, а материјалноста и алчноста го ...
Расте бројот на деца со говорно-јазични потешкотии, а една од најголемите причини е предолгото изложување на екрани во најрана возраст, вели логопедот Тања Андоновска од штипската детска градинка Вера Циривир Трена. Таа објаснува дека овие потешкотии можат да имаат и органски или психолошки основи, но сè почесто се предизвикани од средински фактори. Децата кои поминуваат многу време пред телефони, таблети и телевизори често покажуваат забавен ...
Голем број верници, свештеници и граѓани денес даруваа дел од својата скапоцена крв во храмот „Св. Никола“ во Штип, со цел да спасат човечки животи. Акцијата започна во 9 часот и за кратко време црквата беше исполнета со луѓе подготвени да помогнат. Храмот се претвори во тивко, но моќно место преполно со хуманост, каде секој дарител даваше надеж за нечиј нов живот. Организаторите наведоа дека акцијата поминала организирано и со стабилен ...
Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи, обвини СДСМ. „Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста ...
Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ рочиште од судењето ќе биде посветено на оштетни побарувања за да не се одложи. Воведни зборови на одбраната денес нема да има оти судот ги прифати забелешките на бранителите на обвинетите кои побараа интегрираното обвинение од Судот да го добијат не само бранителите туку и обвинетите. “Бранителите ...
Полицијата поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“. Според информациите на СВР Охрид, тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство. „Пријавениот, од 2016 година, ...
Екипата на Кочани со пораз ја затвори 2025 година, откако фудбалерките го загубија дербито од долниот дел на табелата со Вардар со резутат од 1:2 пред својата публика. Овој резултат го остава Кочани на дното од табелата со четири бодови и тешка пролет кога е во прашање борбата за опстанок во елитата. Кочани е повратник во елитата, но не успеа да се прилагоди по влезот во елитата, со млади фудбалери и неколку искусни засилувања Кочани забележа ...
Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е откажано. Судијката Диана Груевска – Илиевска ги немаше сите адреси од оштетените и нивните застапници кои треба да бидат повикани на судење за да се изјаснат за оштетното побарување. Судијката ги евидентираше сите оштетени и застапници на оштетените кои беа присутни, но кажа дека мора да ја одложи за утре закажаната главна расправа ...
Денес, во населбата 11 Октомври, во Општина Кисела Вода, беше рушена дивоградба, по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар. „Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, ...
Надомест за породилно отсуство не се исплаќа истовремено и тоа е континуиран процес кој трае во текот на целиот месец, велат од Фондот за здравствено осигурување во врска со изјавите на СДСМ дека исплатата на породилни отсуства доцни 30 дена. „Надоместот на породилно отсуство е процес поврзан со работодавачот на осигуреничката. Во моментот на исплата на плата од страна на работодавачот, УЈП доставува електронски информации за платените ...
Од утре жителите од Општина Карбинци со свои идеи, предлози и проблеми ќе може да учествуваат во креирањето на Буџетот за наредната 2026 година. Сите оние кои имаат предлог, или проблем кој би требало да биде решен можат да го достават до општината, за потоа да се разгледа и да биде во приоритетните проеткти за реализација наредната 2026 година. „Ги повикуваме граѓаните, вратата на општината ќе биде отворена за секој еден кој има идеа, прелог ...
Од утринава во дигиталната судница во Идризово продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Но адвокатите го оспорија фактот дека до обвинетите не е доставено пречистено интегрирано обвинение, туку само до адвокатите. Во тој случај тие не знаат за што се во судница и не можат да се изјаснат дали се виновни или не, велат адвокатите. „Ние постојано тврдиме, а денес тоа се и покажа дека обвинителството прави грешки и ја ...
Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата, вели премиерот Христијан Мицкоски. „Оваа година го имаме најголемиот интерес досега – стигнаа вкупно нешто повеќе од 6.000 апликации, што е силен индикатор дека граѓаните имаат ...
Под влијание на циклонска активност од утре (26.11.2015г) до сабота (29.11.2025г) ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на ...
Под влијание на циклонска активност од утре до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на утрешниот ден и во четврток, информира УХМР. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните. Стабилизирање на времето се очекува од недела. Во ...
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е назначена за шефица на делегацијата на набљудувачи на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ на претстојните предвремени парламентарни избори во Киргистан, закажани за 30-ти ноември. Зајкова, која воедно е и шефица на македонската парламентарна делегација која ќе ги набљудува изборите, ќе ја извршува својата должност заедно со Клод ...
Судиите и обвинителите како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра со само 2% доверба. Македонската јавност заслужува да знае кој се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се имплицирани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од друга страна со 2% доверба сакаат зголемување на платите, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Група на поединци ...
Денес се играат натпреварите од 14. коло кое е претпоследно за оваа есенска полусезона во Втората лига, а на М Нет телевизија ќе го следите мечот меѓу Брегалница и Осогово, кој се игра на Градскиот стадион во Штип. Брегалница веќе денес може да избие на врвот од табелата во Втората лига, а со тоа да го трасира патот кон тоа да стане есенски шампион. „Сините“ на Влатко Костов ќе мора да забележа две победи на последните два меча, денес против ...
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење. „Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР. Текстот Поради одрон во прекин е сообраќајот на ...
Екипата на Овче Поле не е на посакуваното ниво од минатата сезона кога водеше битка за враќање во Првата лига, клубот од Свети Николе го забележа вториот сезонски пораз на гостувањето кај СЕЕ Университи со резултат од 4:1, во меч од 5. коло на Втората футсал лига. Бодовите останаа во Кочани, откако дебитантот Фудбал Старс со 3:0 го доби Кратово на свој терен и ја израдува домашната публика. Лидерот Железарец е перфектен, стигна до пет од пет ...
Во рамки на амандманската расправа за Буџетот за 2026 година, во собраниската Комисија за финасирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, побара голем дел од 100 милиони евра планирани за купување на оружје да се пренасочат кон проширување на капацитетите, како просторни така и кадровски, за згрижување деца од предучилишна возраст. „Состојбата е ужасна. Проценките се дека 4000 деца чекаат за упис во градинки во Скопје. Во групите има ...