Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Со започнувањето на учебната година започнуваат и активностите на Сојузот на училишен спорт на Штип, веќе во тек се општинските натпревари во фудбал, кошарка, одбојка и ракомет во основните и средните училишта, во машка и женска конкуренција, вели претседателот на Сојузот на училишен спорт на општина Штип, Зоран Арсов, за М Нет телевизија. Веќе трета година по ред Сојузот на училишен спорт заедно со општина Штип ја спроведува спортската ...
Од денеска започнуваат Божиќните пости и ќе траат до Божиќ. Овие постои се во редот на поблаги пости, а согласно типикот одредено е кој денови е дозволено масло и риба. Овој период освен воздржувањето од храна потребно е постите да се започнат смирено, со молитва и верба во Бога. „Овие постои спаѓаат во редот на поблаги пости каде е дозволено сабота и недела да се консумира риба, среда и петок се денови без масло. Останатите денови се со ...
Штип со последни подготовки пред официјално да „светне“ од понеделник. Веќе се поставуваат дрвените куќички на шеталиштето Ванчо Прќе, со што ќе се подготви една празнична предновогодишна магија, каде ќе се продаваат претежно храна и новогодишни украси. Дополнително овде ќе биде поставена бина со програма за сите генерации и новогодишна елка. „Ќе има богата забавна, културна, уметничка програма со која ќе се анимираат најмладите, возрасните, ...
На денешната прес-конференција, Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека за време на владеењето на СДСМ, поранешните функционери Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност од околу 800.000 евра, да се најдат на црн пазар во една соседна држава. Андоновска изјави дека житото постоело и било употребливо, но поранешниот директор Димковски и уште четири лица ...
Без ефикасна и чесна даночна администрација нема ниту силна економија, ниту одржливи јавни финансии, ниту држава што може да планира стабилно и да инвестира во својата иднина, истакна премиерот Христијан Мицкоски на Денот на даночните работници. Ова рече Мицкоски е ден кога треба да се говори за дисциплината, знаењето, моралот и професионалноста. „Ден кога се потсетуваме дека јавните приходи не се бројки на хартија, тие се плати на наставници ...
Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44) од овој град, поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање. Според полицијата, на 19 октомври, за време на локалните избори, двајцата биле затекнати како се движат од куќа до куќа со пари и список што содржел лични податоци и адреси на жители со избирачко право во Охрид. На евидентирани лица им нуделе и делеле парични средства, со намера да ги ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски оствари средба со Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO), на кој се разговараше за можности за заеднички проекти и развој на Општина Центар. На средбата претставниците на MATTO му упатија честитки по повод именување на функција градоначалник со втор мандат на Општина Центар. „Соработката со MATTO ќе донесе нови можности за развој на Општина Центар”, изјави градоначалникот на ...
Комората на психолози на Република Македонија и годинава ја организира акцијата „Денови на психологијата“, соопштија од Комората. Целта е афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка до пошироката јавност. Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, овогодишното издание го става фокусот на растечката потреба ...
Утре се играат седум од осум натпревари во Втората лига во рамки на последното есенско коло, Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе делат правда на мечевите. Штипјанецот Крумислав Ѓоргиев ќе им суди на Големо Коњари и Охрид, Марјан Дејаноски ќе биде главен судија во Виница каде ќе се соочат Слога и Охрид. Ндерим Тефику ќе биде задолжен за правдата на средбата со Шкендија Арачиново и Каменица Саса, Стојанче Трпчевски ...
Во периодот од 24 до 27 ноември како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 15 лица, од кои 13 за ...
Одбојкарите на Штип УГД одиграат уште еден маестрален меч каде со убедливи 3-0 во сетови славеа над Работнички пред својата публика во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Без воопшто проблеми момците на Кристиан Ристески доминираа на уште еден меч од Првата лига и забележаа нова победа со што Штип УГД има максимален ефект во домашното првенство. Првиот сет и вториот сет Штип УГД го доби со 25:18, а третиот сет со 25:14. Махди Задмард ...
Во рамките на обемната акција за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на деловен објект на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало, соопштија од Општината. Конструкцијата била изградена без одобрение за градење и го узурпирала заедничкиот простор предвиден за граѓаните. „Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба. „ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош. Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и ...
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус. На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и ...
Обилните врнежи создаваат сериозни проблеми на фудбалските терени, така е и на Градскиот стадион во Радовиш, каде поради голем талог на вода на теренот натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје од 15. коло на Втората лига е одложен. Мечот беше закажан да се одигра утре, сабота, но поради тоа што нема услови за одигрување истиот е одложен за 3 декември (среда). Претходно, исто така, беше одложен натпреварот меѓу Големо Коњари и Охрид, ...
Градоначалникот на општина Кочани, Владко Грозданов заедно со претседателот на советот на општината, Александар Андов остварија средба со фудбалерите на раководството на фудбалскиот клуб Осогово, средба која доаѓа по минималната, но големата победа на „жетварите“ над Брегалница во Штип. Осогово влезе во серија позитивни резултати, со кои направи прогрес до осмото место на табелата со 23 бодови, односно тимот има серија од еден порази, едно ...
За утре, 29 ноември, е најавен нов „Марш на ангелите“ во Кочани. Предвидено е маршот да започне со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани. „Паралелно со судскиот процес, ги повикуваме сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ни се придружат на 29 ноември 2025 г., сабота со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани. Да чекориме со љубов, со болка и достоинство, во име на оние што повеќе не можат да ...
По повод Месецот на машкото здравје, ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, организира настан кој ќе се одржи утре, 29 ноември, со почеток во 10:00 часот. Во рамки на настанот, за сите мажи ќе бидат обезбедени бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата, со цел подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје. „Во рамки на настанот, ќе ...
Во третото тримесечје од годинава бројот на разведени бракови во споредба со истиот период лани е зголемен, додека бројот на скучени бракови во споредба со лани е намален, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во третото тримесечје од годинава се склучени 3.514 бракови што е намалување за 2,8 проценти во споредба со истиот период лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Во овој период, склучени се 3.514 бракови што е ...
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово беше домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Во рамките на состанокот во Министерството за европски прашања се одржаа тет-а-тет средба и пленарен состанок на делегациите, на кои се разговараше за европската интеграција на Северна Македонија, билатералната ...
Според ВМРО-ДПМНЕ, со секој изминат ден криминалните структури на СДС се повеќе излегуваат на површина. Случајот со државните стокови резерви, како што велат од оваа партија, ја покажа целата нечесност и криминогеност на кадрите на СДС, кои лична корист се спремни да го жртвуваат дури и лебот на народот. „Во последната акција на истражните органи, заедно со уште четири службени лица, опфатен е Трајан Димковски, дел од раководните структури на ...
Владата призна дека нема поднесено ново барање за екстрадиција на осудениот поранешен премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, велат од СДСМ. Ова признание, според нив е директна потврда на сè што имаат кажано. „Признанието го руши секој нивен изговор и ја открива вистинската врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Владата на Мицкоски е заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува во Македонија. ...
Со уредно платени комуналии за куќите, жители на четири улици кои припаѓаат на Општина Чучер-Сандево, иако се многу поблиску до Бутел, бараат новиот градоначалник да го реализира предизборното ветување и да им изгради канализација. Претставници на улиците Бел Камен, Бутелска 31,33 и 35 побараа прием и го потсетија новоизбраниот градоначалник на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски, дека нивниот децениски проблем треба да го стави на листата ...
Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со исплатата на пензиите, освен што ги излажа пензионерите сега се обидува вината да ја префрли на некој друг, велат од СДСМ. „Ако власта на ДПМНЕ доставила во Собрание закон кој е неуставен не може некој друг да биде крив освен тие што го поднеле. Прашањето е дали намерно ДПМНЕ им го направи ова на пензионерите? Факт е дека методологијата за усогласување на пензиите ќе донесеше повеќе пари кај ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и ...
По четири дена интензивни, продуктивни и содржајни дискусии за клучните прашања од меѓународната полициска соработка, денес во Маракеш, Мароко, заврши 93. сесија на Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ. На овој највисок форум на Организацијата беа избрани нови членови на Извршниот комитет, меѓу кои и францускиот претставник Лукас Филип, кој ја презема функцијата претседател на ИНТЕРПОЛ, соопшти МВР. „Директорот на БЈБ, Александар Јанев, се обрати ...
Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за претстојното 15. коло на Првата македонска фудбалска лига. ФК СИЛЕКС АД – ФК АРЕСИМИ 1973 АД Стадион Силекс | 28.11.2025 | 13:00 часот Судија: Стојанов Стојанче помошен судија: Џонов Кристијан помошен судија: Ѓеоргиев Богданчо Четврт судија: Пилешков Димитар ВАР: Илиоски Влатко АВАР: Трајков Борис Оператор за повторување на снимка: Костовски Дејан Делегат: Ѓорѓијоски Славчо ...
Овој викенд ќе се играат натпреварите од 15. коло на Втората македонска фудбалска лига, Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од последната есенска рунда. ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ – ФК ТЕТЕКС 1953 Игралиште во с. Големо Коњари, Прилеп | 29.11.2025 | 13:00 часот Судија: Ѓоргиев Крумислав помошен судија: Ѓорѓиев Ристо помошен судија: Гигов Александар Четврти судија: Костовски Здравко ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Сараево ги посети припадниците на македонскиот контингент во операцијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР Алтеа, при што се информираше за нивниот ангажман и придонес кон безбедноста и стабилноста на земјата. На средбата со командантот на ЕУФОР, генерал-мајор, Флорин-Мариан Барбу, министерот го истакна значењето на оваа операција за безбедноста на регионот, укажувајќи дека ...
Слабите резултати поврзани со читање со разбирање и математичка писменост кои ги покажуваат нашите ученици на меѓународните тестирања како ПИСА и ТИМСС се причина за крупните промени кои ги започнавме пред година и половина и ќе истраеме додека значително не го подобриме образовниот систем. Фокусирани сме на оптимизација на училишната мрежа и подобрување на инфраструктурните услови, но и на воведување на едносменска настава и продолжен ...