Студираше камера во Софија (Бугарија) и целото искуство и знаење го покажа во македонскиот етер. Александар е син на Лина и Панта Мижимаков – првиот македонски продуцент кој му ја пренесе љубовта кон камерата. Работеше на документарни и културни емисии, филмови, македонски народни приказни, информативна програма, спортски настани, а беше и долгогодишен снимател во утринската емисија. Беше посветен татко и сопруг. Ќе го паметиме по неговата ...

„Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење на повеќедецениската депонија Вардариште. Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди. Новите бели дробови на градот!“, пишува градоначалникот, кој сподели и видео. „Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата! Започна површинското чистење ...

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, посакувајќи среќна Нова година според стариот календар, објави фотографија од центарот на Пустец, каде е запален василичарски оган во присуство на поголем број граѓани. „Од плоштадот пред црквата во Пустец и секаде каде што се чува оваа древна традиција, ви посакувам новата година да донесе здравје, благосостојба и благослови. Нека оваа празнична радост нè обединува од поколение на поколение, ...

„Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во Собранието, една крајно комотна позиција која не е условена од какви било преговарања или договарања. Без разлика на тоа, решивме да иницираме лидерска средба за најкрупните прашања кои сметаме дека во моментот се во политичкиот фокус на државата. Ако направам споредба со едни други времиња во кои ВМРО-ДПМНЕ, без разлика што ...

Со години, Марин Лепен беше клучна фигура во претворањето на Националниот собир од маргинална партија во главен фаворит за победа на изборите во 2027 година. Сепак, таа моментално не може да се кандидира поради петгодишна забрана за учество на избори, изречена по минатогодишната пресуда за проневера на средства од Европскиот парламент. Жалбата против таа одлука сега е во тек. Судската постапка ќе трае околу еден месец, додека пресудата не се ...

Македонските ракометари полека ги завршуваат подготовките за настапот на Европското првенство. Денеска избраниците на Лазаров играа меч против данскиот тим Митјиланд кој го добивме со осум голови разлика. Најефикасен во нашата селекција на овој натпревар беше Филип Кузмановски со шест голови, Митев и Серафимов постигнаа по пет. Македонија настапот на Европското првенство го почнува во петок против Данска, мечот почнува од 20:30 часот. ...

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат утре во Вашингтон со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио, откако Трамп неодамна ги засили заканите за преземање на Гренланд, автономната територија на Кралството Данска, објави Ројтерс. Сепак, Гренланд не е на продажба и не сака да се придружи на САД, изјави премиерот на островот Јенс-Фредерик Нилсен на прес-конференција во Копенхаген, заедно ...

На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. „Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката ...

Македонската википедијанска заедница по повод јубилејниот роденден на 15 јануари 2026 година заеднички ќе го прослави роденденот на енциклопедијата. Со почеток од 19 часот во „Јавна соба“ во Скопје, македонската заедница и здружението Викимедија МКД, која го развива и одржува македонското издание на енциклопедијата ќе го одбележи овој значаен настан за енциклопедијата. На присутните ќе се обратат Кирил Симеоноски, Тони Ристовски, Николче ...

Долго време се шпекулираше за неговата иднина, Хартс кој е лидер во Премиер лигата на оваа земја понуди 350.000 евра уште зимава, а Вардар одби. Скопскиот клуб бараше 1,5 милиони евра за неговиот трансфер. Шкотланѓаните го заобиколија Вардар и се договорија директно со играчот, па налето ќе го добијат бесплатно по истекот на неговиот договор. Долго време се шпекулираше за неговата иднина, Хартс кој е лидер во Премиер лигата на оваа земја ...

„Фактот дека министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години. Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, ...

Денеска се појави и видеото од овој „напад“ и „злосторство“ од кое се гледа дека едно непознато лице, без придружба, удира по стаклото од влезната врата во амбасадата. Очигледно е дека се работи за поединечен чин, без некоја позадина освен можеби незадоволството од постојаното негирање на македонскиот јазик и на македонскиот идентитет од Бугарија или пак можеби се работи само за некаков личен револт. МВР соопшти дека работи на случајот. ...

Одлуката за присуство на Ахмети на лидерската средба била донесена едногласно од членовите на Генералниот совет. Биљали Зендели не прецизира кои ќе бидат барањата на ДУИ на утрешната средба на лидерите на парламентраните политички партии, посочувајќи оти „тоа е ексклузивно право на Ахмети“. Лидерската средба што ја иницира премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да се одржи утре во Клубот на пратениците во Скопје, а ...

Мечот меѓу Македонија и Данска кој се игра на 16 јануари во Хернинг ќе го судат браќата близнаци од Молдавија, Алексеј и Игор Ковалчиук. Македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат натпреварот во Малме меѓу домаќинот Шведска и селекцијата на Холандија, тој дуел се игра на 17 јануари. За Митревски и Тодоровски ова е прво Европско првенство, за да дојдат до него тие се докажаа со судење на неколку важни натпревари во ...

Како што информира Сиљановска Давкова преку објава на нејзиниот Фејсбук профил, обете потврдиле дека двете земји, како долгогодишни сојузници, негуваат цврсто пријателство коешто почива на заемна почит и разбирање „Амбасадорката Агелер ми честиташе за изборот на двете членки на Судскиот совет, оценувајќи го изборот како значаен чекор кон реформирање на ова важно правосудно тело. Во име на македонските граѓани ѝ се заблагодарив на ...

На средбата присуствуваа и претставници од јапонската корпорација ИТОЧУ (ITOCHU), една од водечките и најреномираните компании во Јапонија, позната по своите инвестициски активности и експертиза во енергетски и индустриски проекти. ИТОЧУ е сериозна компанија со глобално присуство, која покажува интерес и за македонскиот пазар и потенцијалите за зелена енергетска трансформација во земјата. На средбата се разговараше за продлабочување на ...

Од трите опозициски пратенички групи, засега потврда за учество има само од Левица, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата. Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од Коалицијата Вреди, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. ДУИ денеска попладне на седница на ...

На медиумскиот ден во овој град меѓу говорниците беше и нашиот селектор Кирил Лазаров кој зборуваше на повеќе теми. „Задоволен сум од тимот, иако секогаш може подобро. Имаме време да подобриме некои работи до стартот на Европското првнество. Го играме првиот натпревар против најдобрата селекција на светот во последните десет години, Данска. Едвај чекаме да се судриме со нив. Тие се домаќини и ќе биде исклучително тешко за нас. Сепак, ние ...

Редовното консумирање на урми помага во развојот на добри бактерии во цревата, што го подобрува варењето на храната и целокупното здравје. Според тврдењата, лицата кои страдаат од анемија треба почесто да јадат урми, бидејќи тие се добар извор на магнезиум. Урмите содржат и калиум, кој помага во спречувањето на дијареја, нивната редовна употреба придонесува за обновување на цревната флора. Јадењето урми во текот на последните четири недели од ...

Алонсо требаше да биде долгорочно тренерско решение за Реал Мадрид, но не издржа ниту една сезона. Не можеше да ја контролира соблекувалната во која има многу его, а не ја доби ниту потребната поддршка од Флорентино Перез кој повеќе беше на страната на фудбалерите. Сето тоа доведе до ран отказ. Алонсо со кратко соопштение им кажа збогум на Реал, фудбалерите и фановите. „Ова професионално поглавје заврши и не беше сè како што планиравме. Да го ...

Пристигнатите необјавени романи, ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од: Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова (професорка по книжевност за деца). Одлуката за добитникот на наградата за 2026 година ќе биде објавена на 11 март, на денот на раѓањето на Оливера Николова. Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и ...

Зеленски, зборувајќи во своето ноќно видео обраќање, ги опиша протестите што го зафатија Иран како „востание“. Тој кажа дека немирите покажуваат дека Русија мора да ги преиспита своите блиски врски со Иран, што вклучува широка употреба на ирански беспилотни летала „шахид“ во речиси четиригодишната војна против Киев. „Секој нормален човек на Земјата многу сака народот на Иран конечно да биде доволно среќен да се ослободи од режимот кој постои ...

На дефилето под маски, што околу 15 часот одекна во Вевчани, покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Августи, на сатиричен начин вевчанци ги прикажаа мигрантската криза, состојбата во судството, политичката состојба во државата, војната во Украина, запирањето пари и нафта од американскиот претседател Трамп за Куба… Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим ...

„Повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот на почетокот на октомври“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер за новинарите на брифингот на ОН преку видео врска од Газа. „Преживувањето останува условно, иако бомбардирањата и пукањата се намалија за време на прекинот на огнот, тие не престанаа“, додаде тој. Елдер кажа дека речиси сите деца, 60 момчиња и 40 девојчиња, загинале како резултат на воени напади, ...

Ова ќе биде првиот проект од ваков вид во земјата и ќе помогне во решавањето на критичниот недостиг на донаторски органи, изјави Едуард Чујко, ембриолог, генерален директор на Новосибирската компанија „М-Геномикс“ и раководител на проектот. „Создавањето на такво животно би можело да трае три до четири години. Заостануваме зад светските лидери во оваа област, но со потребните средства би можеле да постигнеме резултати и да најдеме оптимално ...

Небензја кажа дека Русија ќе го „реши проблемот со воени средства“ ако Киев не ги прифати руските барања и предупреди дека условите за Украина „ќе се влошуваат од ден во ден“. Секој украински напад, додаде тој, ќе биде пресретнат со „остар одговор“. Состанокот на Советот за безбедност се одржа откако Русија ја употреби ракетата „орешник“ против цели во регионот Лавов. Рускиот дипломат кажа дека Русија не ги таргетира цивилите, обвинувајќи ја ...

Тие бараат од надлежните служби да им ги признаат доставените докази, меѓу кои се патни исправи со гранични печати, потврди од работодавачите и други документи, што, според нив, потврдуваат дека биле отсутни од земјата повеќе од 183 дена во текот на годината. Некои од нив рекоа дека американските компании за кои биле ангажирани им испратиле потврди за платени даноци, оние што работеле во Ирак, што не е случај со компаниите за кои работеле во ...

Она што претходно беше шпекулација, сега е и официјално потврдено, Борозан веќе не е член на Вардар. „Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот ...

Димитров посочува дека странските партнери, поради ниските трошоци, своето производство го имаат префрлено во Бангладеш и други земји во Далечниот Исток, а во нашата земја останаа да ги работат само помалите и брзи налози, односно нарачки. „Не остана европски бренд што не замина во Виетнам, Бангладеш или Мјанмар. Сите поголеми налози се шијат таму, каде што платата е 150 долари и се многу поевтини од нас, иако продуктивноста на македонските ...

Портпаролот на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска информираше дека по рочиштето на 19 декември 2025 година во Основниот суд во Штип, на кое Кара призна вина, судот ја има донесено оваа одлука за извршено кривично дело убиство и неовластено држење на оружје. Инаку денеска во Основниот суд во Штип продолжи судењето за останатите четири лица, кои се обвинети дека му помагале на Кара да го изврши убиството на турскиот државјанин. Во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
33%
1025
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
33%
1023
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
39%
1022
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
5.66
46%
1028
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.8
40%
1028
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
4.63
51%
1023
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
50%
1023
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
32%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
19%
1023
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
56%
1030
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
46%
1023
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
7.2
38%
1027
Currency

61.645

Currency

52.9878

Currency

71.2243

Currency

37.4562

Currency

38.9754

Currency

68.1641

Currency

7.66747

Currency

0.6772

Currency

0.33623

Currency

0.52442

Currency

1.2025

Currency

0.57308

Злато

166206.18

Иридиум

237689.85

Сребро

2853.70

Калај

48.49

Бакар

11.90

Кобалт

66.14

Платина

71053.15

Цинк

3.32

Паладиум

5401.33

Рутениум

48161.82

Родиум

374556.20

Алуминиум

3.39