Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Одговарајќи на новинарско прашање за иницијативата на владиниот коалициски партнер Вреди, со која се предлага дијаспората да добие повеќе права и можности за гласање на некои од наредните избори, Мицкоски истакна дека пред сè треба да се дефинира дали државата ќе има една изборна единица. „Пред да дојдеме до начинот на гласање на дијаспората, потребно е да дефинираме две работи. Прво, дали ќе имаме една изборна единица, бидејќи тогаш сите ...
Бригадниот генерал ги даде коментарите откако американскиот претседател Доналд Трамп ја засили својата реторика и се закани со воена интервенција во Иран по месеците масовни немири. „Ако тие закани се претворат во акции, ќе ја браниме земјата со сета наша сила и до последната капка крв, а нашата одбрана ќе биде болна за нив“, кажа Насирзаде на безбедносниот состанок, пренесуваат иранските медиуми. Тој ги предупреди земјите кои даваат помош во ...
„Повеќе офицери на шведските оружени сили пристигнуваат денес во Гренланд“, напиша Кристерсон во објава на социјалните мрежи. „Тие се дел на група од повеќе сојузнички земји. Заедно ќе се подготвуваат за претстојните активности како дел од данската воена вежба „Операција Арктичка издржливост“. Пристигнувањето на шведските офицери е дел од поширок процес на зајакнување на военото присуство на Гренланд и неговата околина. Данска и Гренланд и ...
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во врска со идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, тој потенцира дека треба да се консултираат со ЕУ и САД. „Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната ...
„Укинувањето на техничката влада треба да се случи тогаш кога нашето општество ќе биде зрело за тоа. Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер избори не се прашања за политички пазар. Затоа, неопходни се реформи по европски стандарди посебно во делот на правосудството. И кога ќе бидат донесени сите реформски закони онака како што треба според препораките на Оценската мисија, на луѓе експерти од Европската унија. Кога сите тие закони ...
Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири кажа дека Комисијата ги задолжува општинските изборни комисии да постапат според Изборниот законик и веднаш да ги објават конечните резултати од гласањето одржано на 11 јануари. Ангелчо Ристов од ДИК се осврна на гласачкото место во Гостивар, каде не било спроведено гласање. „Пред да пристапи Комисијата кон објава на конечни резултати, ДИК мора да донесе одлука за не спроведување на гласање на избирачкото ...
Ден по соопштението на Хартс дека Мато потпишал за нив пред-договор кој се активира во јуни и ќе го добијат како слободен играч, Вардар излезе со објава дека прифатиле милионска понуда од Канзас Сити и останува уште фудбалерот да ги договори личните услови. Портпаролот на Хартс за шкотските медиуми даде изјава по објавата на Вардар во која тврди дека ништо нема да се промени. „Ние потпишавме договор со фудбалерот и релаксирани сме околу ...
Измените на Изборниот законик, Законот за прекршоци што треба да се усвои во Собранието за да може од 1 февруари да почне проектот „Безбеден град“, изборот на народен правобранител и изборните единици, беа само дел од темите за кои разговараа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски, генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан ...
Мерката се воведува на неопределено време, додека трае ревизијата на процедурите за проверка и проценка на апликантите, со цел да се спречи влез на лица за кои се смета дека би можеле да станат „јавен товар“, односно да зависат од социјална помош. Меѓу земјите опфатени со замрзнувањето освен Македонија се и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, како и Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Тајланд, Ирак… Во ноември 2025 година Стејт ...
Синоќа Хартс се пофали дека се договориле со Роџерс Мато и тој од следната сезона ќе игра за нив, но денеска Вардар излезе со соопштение во кое се вели дека прифатиле милионска понуда од Канзас Сити. „ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува ...
Иако администрацијата презела обемни мерки за отстранување, негативната бројка главно е резултат на значителен пад на бројот на влезовите во САД, се наведува во извештајот. „Проценуваме нето-текови од –295.000 до –10.000 за таа година“, стои во студијата на Институтот Брукингс. „Иако и натаму постои висок степен неизвесност во однос на политиките, продолжување на негативната нето-миграција е веројатно и во 2026 година.“ Извештајот ја ...
Како што изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата Вреди, на средбата било изнесено и барањето со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето. „За изборните единици немаме став, најважно е, како и да се одлучи, и за една изборна единица, да има отворени листи“, истакна Касами. Тој ја поздрави денешната лидерска средба, на која, рече, се отворија многу теми, политички ...
Како што информираа од СВР Тетово, како и минатата година, така и оваа година на подрачјата на Маврово и Попова Шапка се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот. „Но, поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило дооаѓа до целосно блокирање на сообраќајот. Исто така, проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот со што се оневозможува на надлежните институции ...
Штипската публика може да види вкупно 40 дела што се само дел од продукцијата на Иванова и Циглењак. Цртежите и сликите не се уметнички израз на авторите, туку нивен начин на комуникација со светот. „Јана црта, а Филип слика. Оваа изложба е килибар, од едната страна е талентот на Јана кон цртањето, а од другата страна е Филип кој ги развива бојата или апстрактноста. Во очи прво ми падна прецизноста на нејзиниот цртеж, како таа со еден потег, ...
Малите и средни претпријатија претставуваат ’рбет на националната економија, сочинувајќи околу 99 проценти од вкупниот број претпријатија и обезбедувајќи егзистенција за речиси три четвртини од вработените. Тие имаат клучна улога во економскиот раст, иновациите и социјалната стабилност на државата. На настанот, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши истакна дека стратегијата е повеќе од формален документ и дека таа претставува јасна ...
Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и за следните избори, па потоа да се укине. Но, како што оцени, ќе треба да се направат измени во Законот за влада зашто има промена во ресорите. „Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап – на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата ...
На последниот тренинг Србинот заработи повреда поради која тренираше само дванаесет минути. Поради болки во вратот Ѓоковиќ не издржа според планот и мораше да добие помош од лекарскиот тим. Во Мелбурн досега српскиот тенисер има десет трофеи и е рекордер. Сепак, во последно време годините го „стигнаа“ и не е доволно конкурентен. Извлекувањето за главниот турнир на Австралија Опен е закажано за в четврток. На последниот тренинг Србинот ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата. Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. Пред почетокот на лидерската изјава даде Апасиев, кој ги повтори барањата на Левицата – промена на ...
„Постои елемент на вистина во идејата дека е подобро да се вежба на празен стомак“, вели Хавиер Гонзалез, професор по исхрана и метаболизам на Универзитетот во Бат, но тој додава: „Кога вежбаме, секогаш согоруваме мешавина од горива – главно јаглехидрати и масти. Ако во текот на ноќта и утрото не сте јаделе, генерално ќе согорите малку повеќе масти и помалку јаглехидрати отколку ако сте појадувале. Но, како што нагласува тој, тоа не значи ...
„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, а пренесе портпаролката на владата Мод Брежон. „Кога би бил загрозен суверенитетот на некоја европска земја и сојузник, последиците од тоа би биле невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува целосно солидарно со Данска и со нејзиниот суверенитет“, додаде тој. Претходно во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека ...
Според Ројтерс, висок ирански функционер изјавил: „Техеран им порача на регионалните држави, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати доколку САД го нападнат Иран… и побара од тие држави да го спречат Вашингтон да го нападне Иран.“ Иран, по неодамнешната 12-дневна војна, е воено поподготвен отколку претходно, а нуклеарното знаење не може да се уништи со воздушни ...
Прекумерното миење, користењето силни средства, пилинзи и рибање ја оштетуваат заштитната бариера на кожата. Наместо свеж и чист тен, се јавува затегнатост, црвенило, изразени пори и чувство дека кожата постојано „реагира“, но никогаш не се смирува целосно. Празничниот период често носи повеќе шминка и потреба од потемелно вечерно чистење, но проблемот настанува кога засилениот режим продолжува со недели. Со текот на времето, кожата станува ...
Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина за некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. „Засега не гледаме причина да преземаме некакво ограничување на профитната бруто-маржа или ограничување на цените. Секојдневно ја следиме ситуацијата, во комуникација сме со претставниците од Државниот пазарен инспекторат и ако има потреба, ќе реагираме, но во декември цените во делот на храната и пијалоците се ...
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење – 110 по што следуваат Полошкиот – 55, Вардарскиот – 36, Југозападниот – 29… Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (68,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба. Предвидена е ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги почитува законите. Како што изјави денеска, во Трудовиот инспекторат во моментот има 80-ина инспектори, а во Пазарниот инспекторат – 120. „Уште во времето кога овие два инспектората, со измените на законот, го изгубија правото на правен субјект и влегоа во рамките на ...
„За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, повеќето од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март 2026 година и март 2027 година. Обрасците се подготвени, УЈП сето тоа треба да го објави на својата веб-страница во најкраток рок, така што очекувам за приближно два месеца, во март, компаниите да ја добијат првата половина од износот на солидарниот данок“, рече Димитриеска-Кочоска ...
Опасните услови за живот и понатаму владеат во Газа по повеќе од две години разорно израелско бомбардирање и недостиг од хуманитарна помош, пренесува АП. Примирјето е во сила од 10 октомври, но хуманитарните организации предупредуваат дека Палестинците во голема мера немаат соодветно засолниште што би ги заштитило од честите зимски бури. Меѓу загинатите има две жени, едно девојче и еден маж, соопшти болницата Шифа, најголемата во градот Газа, ...
Најмладото исчезнато лице е Фејзула Елиф, родена на 28 март 2015 година во Скопје, која исчезнала во 2016 година за време на катастрофалните поплави во Стајковци. Во моментот на исчезнувањето имала само една година, а нејзиниот случај и денес е еден од најболните симболи на трагедијата што ја погоди скопската котлина. Надојдената вода ја однесе Елиф во непознат правец пред очите на најзините родители, кои заедно со неа се враќаа од гости. Не ...
Во Скопје, трговскиот центар Ист гејт мол l, најголемиот трговски центар во Македонија, постави нови стандарди за модерна малопродажба, станувајќи интегрирана дестинација за шопинг, забава и услуги. Ова присуство е надополнето со Ист гејт ливинг (East Gate Living), станбен комплекс што го одразува долгорочниот пристап на Балфин кон создавање одржливи и мултифункционални урбани простори. Во малопродажниот сектор, Балфин работи во Македонија ...
Според Димитриеска Кочоска, при носењето на оваа одлука водечко начело била одговорноста кон тековната фискална состојба и кон идните генерации. Нашата цел, посочи, не е само редовно сервисирање на обврските, туку создавање одржлива и стабилна фискална рамка, со помал притисок од отплати и со повеќе простор за суштински реформи. Успешната аукција, рече министерката, претставува значаен чекор во управувањето со јавните финансии и јасен сигнал ...