Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција – 12.401 по што следуваат Германија – 11.812, Србија – 3.793, Грција – 3506… Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146.605, од кои 33,9 проценти се од домашните туристи, а 66,1 проценти од странските туристи. Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите ...
Солунскиот суд неодамна одлучи дека случајот е застарен и ја укина мерката притвор, додека барањето за екстрадиција во Македонија било отфрлено. Боцевски денес има 60 години и беше уапсен во мај годинава во Катерини, каде што живеел подолг период. Тој беше осуден на 15 години затвор поради убиството на 37-годишниот Сеат Ибраими во ноември 1997 година. Според документите од македонското обвинителство, Боцевски намерно предизвикал сообраќајна ...
Во присуство на заинтересирани граѓани, службите од Одделението за урбанизам соопштија дека посочената локација е плански соодветна за реализација на барањето од Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“. Со цел да се опфати мислењето на пошироката јавност, претходно, во периодот од 2 до 11 јануари беше активна анкета на оваа тема, којашто содржеше две прашања: Дали се согласувате со иницијативата на Здружението на граѓани „16 март 2025 ...
Како што изјави командирот на ТППЕ, Благој Ренџов, пожарот бил пријавен околу 11:30 часот на бројот 112, по што е интервенирано со две противпожарни возила и седум пожарникари. Веднаш рагирала и Итна медицинска помош. „Во 11:30 часот на бројот 112 беше пријавена запалена куќа. Интервениравме со две возила и седум пожарникари по што огнот беше локализиран“, рече Ренџов според кој, опожарена е само една просторија од куќата, а причинета е ...
„Очигледно е дека во одреден момент ќе мора да преговараме со претседателот (на Русија Владимир) Путин“, кажа таа, коментирајќи ја изјавата на италијанската премиерка Џорџа Мелони дека е дојдено време да се започнат преговори со Русија. Таа истакна дека „сè уште не е дојдено времето“ бидејќи, според мислењето на Брисел, Русија „не сака мир“. „(Италијанскиот вицепремиер Матео) Салвини, како и (францускиот претседател Емануел) Макрон, ги изрази ...
Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами. „Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на таа лидерска средба. Таму ќе присуствуваме јас, како координатор и Биљал Касами, како еден од лидерите на Вреди. Во поканата нема конкретни прашања“, рече тој. Во однос на „пржинската влада“, Ќоку нагласи дека не ѝ доликува ...
Санкање: Изберете уредени патеки и внимавајте на растојанието од другите корисници. Носете соодветна облека и кацига, особено кај децата, за да се намали ризикот од повреди. Скијање: Пред да почнете, проверете ја опремата и правилно прицврстете ја. Топла, водоотпорна облека и заштитна кацига се задолжителни. Придржувајте се до правилата на патеката и ознаките и не ги преценувајте вашите скијачки вештини. Лизгање на мраз: Лизгалиштата во ...
Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали Саити (судија на Врховен суд) и Шпреса Граинца Османи (судија на Основен кривичен суд Скопје). Право на глас имаат сите судии запишани во Судскиот изборен ...
Земјоделците од северниот дел на Грција, кои од 1 декември своите трактори ги имаат паркирано на грчката страна од границата, се меѓу блоковите што одбија денеска да се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и продолжуваат со нивните активности, протести и блокади. Не е исклучена можноста граничниот премин Евзони да биде блокиран и во вечерните часови, по 19 часот по локално време. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, од 19 часот ...
Откако замина Рубен Аморим, кормилото на Јунајтед го презема Дарен Флечер, но тој беше назначен само додека да се најде следното решение. Во игра беше Оле Гунар Солшер, но раководството на Јунајтед се реши шанса да му даде на Мајкл Керик. Преговорите се завршени, договорот е постигнат, наскоро треба да биде и официјално објавен. Керик како фудбалер на Манчестер Јунајтед мина 12 години, а му беше помошник и на Жозе Мурињо. По заминувањето ...
Според Обвинителството, во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот. „Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди на мајката во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот. Од бројните ...
Израелската војска соопшти дека три лица се приближиле до војниците и претставувале непосредна закана. Кај нив подоцна биле пронајдени оружје и опрема за собирање разузнавачки податоци. Нападот со беспилотни летала се случи вчера, додека Појасот Газа чека формирање на Комитет за мир кој треба да ја надгледува администрацијата на палестинската територија. Хамас соопшти дека ќе ја распушти својата постоечка влада кога новиот комитет ќе ја ...
Со донесувањето на овие измени на Кривичниот треба да се анулира Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик донесен во септември 2023 година со кој тогаш беше направено ревидирање на македонската казнена политика во пропишувањето кривични дела. Тоа предизвика застарување на голем број предмети од областа на корупцијата, злоупотреба на службената должност и овластување и други негативни последици. Според предлагачите, со новите ...
Руни веќе неколку години е во тренерските води, но и покрај тоа, тој е подготвен да работи како помошник на Мајкл Карик во Јунајтед. Не му е под честа. Наскоро се очекува Мајкл Карик да биде назначен за тренер до крајот на сезоната, а Руни му се нуди да му биде дел од стручниот штаб. „Секако дека би го прифатил тоа. За тоа не треба ни да се размислува. Сакам да потенцирам дека не молам за работа. Само сакам сите да знаат дека ако ме викнат да ...
Барањето, како што информираат од Кривичниот суд, е од причина што во текот на вчерашниот ден, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се одлага, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26 јануари годинава. Сузана Јошевска Анастасовска беше бранител на поранешниот ...
Осомничениот, како што наведува Обвинителството, „од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се оддалечил во непознат правец“. „Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор со образложение дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и основано стравување дека осомничениот би можел ...
Нафтоводот Солун – Скопје повторно функционира по 13 години неактивност, веќе била испорачана првата пратка, а според истите информации, во следниот период ќе следи и втората. Извршниот директор на грчката компанија, на вчерашниот настан истакнал дека во суштина станува збор за еден вертикален коридор за снабдување со традиционални производи, со оглед на тоа што нафтоводот ќе пренесува дизел-гориво, кое е основниот производ во поширокиот ...
Пред стартот на тренинзите хрватскиот стратег Иван Чупиќ ги најави следните предизвици. Хрватот знае дека ќе биде многу тешко до крајот на сезоната. „Сите добро се одморивме и имавме убави празници. Поради професионализмот на играчите имавме повеќе време да се одмориме ментално и физички за втората полусезона. Сите знаеме дека првиот дел беше добар, ама сега е многу важно што сме поздрави. Ни следат многу големи натпревари, борба за титула, а ...
Листата на бегалци од правдата е разновидна, од лица во тинејџерска возраст до осомничени и осудени кои се на прагот на деветтата деценија од животот, што дополнително ја отвора дилемата за ефикасноста и брзината на институциите. Најмладото лице по кое е распишана потерница е Саитов Саит, роден во 2007 година, баран по централна и меѓународна потерница поради кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По него потерница е распишана пред ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ДТИРЗ за 2024 година, а причина за ваквата оценка се утврдени неправилности, неусогласености со законите и слабости во управувањето со парите. Ревизијата открила дека инвестиции кои се во тек во износ од околу 69 милиони евра, и понатаму се евидентираат како материјални средства во подготовка, без пресметана амортизација, иако ...
Во соопштение посочува дека со усвојувањето на планот, Владата и министерството „ја потврдуваат својата посветеност кон обезбедување праведна транзиција која ќе ги земе предвид социоекономските последици врз заедниците и работниците во регионите засегнати од транзицијата, со посебен фокус на отворање нови можности за вработување, преквалификација на работната сила и поттикнување одржлив локален економски развој“. Со предвидените механизми се ...
„Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инженерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2025 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате за целите на ДДВ. Вкупен промет за целите на ДДВ е прометот што го направил обврзникот во ...
Како што беше соопштено на денешното рочиште, се чека одлука дали предметот ќе го преземе Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција или Основното јавно обвинителство. Одложувањето следи по жалба поднесена од одбраната на обвинетата Билјана Петровска Мантева, која во овој предмет се товари за оддавање службена тајна. Димитровска е обвинета за две кривични дела – оддавање службена тајна на поранешниот директор на ...
Тој не смета дека Црна Гора и Албанија пред Македонија ќе ја добијат оваа поволност, зашто како што истакна, сиот ангажман зависи од секоја држава поединечно. „И тогаш, кога првпат ја спомнав оваа замисла и идеја, беше дека ние мораме да си ги завршиме нашите домашни обврски и нив ќе ги завршиме до февруари. Останатото ќе биде лобирање и договор на ниво Македонија – ЕУ и Западен Балкан – ЕУ“, нагласи министерот во интервју за емисијата „360 ...
Австралија како прва земја во светот на почетокот на декември, лани, воведе забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години. Оваа одлука предизвика бран реакции ширум светот, а сè повеќе европски земји започнуваат да размислуваат или дури и да воведуваат слични ограничувања, пишува МИА. Денес, речиси и да не постои млад човек кој не е активен на една или повеќе платформи – од Инстаграм и ТикТок до новите, поагресивно растечки ...
Согласно новиот закон за Судскиот совет, Советот по објавен оглас, од редот на судиите со најмалку 20 години судиски стаж, по претходно утврдена оцена на нивните вкупни резултати во работата му предлага на Собранието двајца кандидати за избор на судии на Уставниот суд на РСМ. Огласот е за пополнување на местото на судијката Елизабета Дуковска, чиј избор во 2023 година беше поништен по одлуката на Управниот суд по поднесената тужба за ...
Пратениците во Собранието на денешната седница ги изгласаа двата предлога на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во образложението истакна дека при изборот на кандидатките се водела од нивната стручност, компетентност, како и од професионалниот и личниот кредибилитет. Претседателката Сиљановска-Давкова нагласи дека реформите во правосудството треба да ги предводат личности кои се препознатливи и докажани во својата област. ...
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува ...
Џордан Бардела, претседател на француската крајно десничарска опозициска партија Национален собир, го критикуваше ветувањето на американскиот претседател за заземање на автономната данска територија како „директен предизвик за суверенитетот на една европска земја“ во своето новогодишно обраќање пред новинарите во понеделник. Тој, исто така, го наведе апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро како пример за неодамнешните ...
Германскиот репрезентативец нема да игра на три натпревари во најсилната лига на светот, а причината е многу интересна. Шрудер по натпревар во НБА лигата сакал физички да се пресмета со противнички кошаркар. Иако во соопштението не е наведено за кого станува збор, сепак американската јавност се погрижи да дознае. Се работи за Лука Дончиќ, поточно за натпреварот меѓу Лејкерси и Сакраменто на 28 декември. Словенецот и Германецот имаа неколку ...