Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Панатинаикос се раздели со досегашниот тренер и го назначи Рафа Бенитез за нов шеф на стручниот штаб. Шпанскиот стратег стави потпис на двегодишен договор со грчкиот клуб. Panathinaikos welcomes Rafa Benítez as the club’s new head coach. This is the start of a new era. ☘️#PAOFC #Panathinaikos pic.twitter.com/hgkRPDGYVH — Panathinaikos F.C. (@paofc_) October 24, 2025 Рафа Бенитез својата најголема промоција ја имаше во Валенсија со која двапати ...
Фицо рече дека Европската Унија (ЕУ) и нејзините земји членки издвоиле 177 милијарди евра за Украина од почетокот на конфликтот. „Словачка, исто така, обезбедува помош, но исклучиво хуманитарна. Како премиер, се придржувам до принципот дека Словачка никогаш нема финансиски да ги покрие воените трошоци на Украина“, нагласи тој во видео порака на Фејсбук и повтори дека словачката влада, под негово водство, нема да издвои „ниту еден цент“ за такви ...
СДСМ, под актуелното раководство, го доживеа најголемиот изборен пораз во својата историја, велат од ЗНАМ. „Нивните кандидати за градоначалници беа избришани уште во првиот круг во повеќе општини, и тоа во Куманово, нивниот ‘чесен и докажан’ кандидат Мартин Костовски, не успеа да влезе ниту во вториот круг и заврши на срамното четврто место, додека нивниот кандидат за градоначалник во Центар, Горан Герасимовски, ќе биде убедливо поразен во ...
Поради инцидентот веднаш беа подигнати шпански борбени авиони „Еурофајтер тајфун“ кои се дел од НАТО мисија во регионот. Литванскиот претседател Гитанас Науседа остро го осуди инцидентот, нарекувајќи го „очигледно кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Литванија“. Министерството за надворешни работи на Литванија соопшти дека поради прекршување на воздушниот простор ќе ги повика на разговор претставниците на руската ...
Документотот го потпишаа министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова, соопшти МОН. Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците, исклучително е важно да се создаваат генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции. Едукацијата ќе се реализира на интересен и ...
„Во секој случај цената ќе биде оптеретена и компаниите се подготвуваат да се соочат со тоа. Цената ќе трпи, секако тоа е домино ефект, но сметам дека компаниите се подготвуваат долго време и секој веќе размислува како да се справи со тоа“, вели Марта Наумовска – Грнарова од МАМЕИ. Во изјава за медиумите, Наумовска-Грнарова вели дека кредитните линии би биле добредојдени. Засега, не се знае колкава ќе биде давачката што ќе треба да ја плаќаат ...
Се работи за 25-годишен кошаркар кој минатата сезона играше за Вашингтон и Филаделфија и одигра вкупно 60 натпревари. Неговиот договор истече, а откако не успеа да најде нов ангажман во НБА реши да се пресели во Европа, во екипата на Црвена звезда. Според неофицијални информации тој потпишал договор на година и пол со Црвена звезда и за тој период ќе заработи 3,8 милиони евра. Во договорот има и опција за раскин доколку на негова адреса ...
Манифестацијата почна вчера во Градската библиотека и читалница во Пула со настап на пејачката група „Деспина“, по што следуваше првата сесија од тркалезната маса. Академик Коцарев зборуваше за колективната траума на Македонците, професорката Јачева-Улчар се осврна на сто години од првото политичко меѓународно признавање на македонскиот јазик, темата на професорката Поповска беше оперското творештво на Кирил Македонски, додека историчарот ...
Според неименувани функционери, пред неколку месеци биле развиени три различни пакети санкции за да се подготви администрацијата во случај Трамп да одлучи да преземе построги мерки. Најсилниот пакет вклучуваше сеопфатни економски мерки и директни санкции против руското раководство. Најблагиот пакет предвидуваше ограничени чекори, додека средниот, за кој Трамп на крајот се одлучи, беше насочен кон руските енергетски ресурси, вклучувајќи санкции ...
Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој. Министерката Божиновска беше говорник на панелот „Shifts of Power: Strengthening Energy Resilience“, на кој истакна дека концептот на енергетска безбедност во новиот геополитички контекст се менува суштински — од класичен пристап кон енергенсите, кон отпорни и ...
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (од 9 до 15 часот-Power solar peak) на Хупекс постигна ниво од 104,89 евра за мегават час, а на MEMO 69,30 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува разликата помеѓу часовните берзански цени помеѓу 12 и 14 часот наспроти часовните берзански цени во периодот помеѓу 18 и 20 часот, изнесува 89,64 евра за мегават час. Цената на природниот гас пак на унгарската берза CEEGEX изнесува ...
„Неопходно е да изградиме механизам за навремена и ефективна комуникација, како и алатки за следење и евалуација на нашите работни групи и комисии. Целта е Министерството за здравство да стане пример за институција која функционира транспарентно, плански и професионално“, посочи министерот Алиу на работилницата. Тој информираше дека формира интерна работна група која ќе го финализира протоколот за комуникација и сите договорени следни чекори од ...
„Би сакале да ја информираме јавноста дека досега немаме добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме ...
Американскиот претседател Доналд Трамп, близок сојузник на унгарскиот лидер, во среда воведе санкции врз Русија за прв пат во својот втор мандат, насочени кон Лукоил и Роснефт, во обид да изврши притисок врз Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина. Потегот на Трамп ги зголеми цените на нафтата и ги загрижи Унгарија и Словачка, најголемите купувачи на руска нафта во Европската Унија, кои веќе мораа да обезбедат изземања од европските ...
Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што ќе трае до крајот на март следната година. Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз eр, со субвенции од Владата. Тоа се летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, што ќе започнат на 27-ми овој месец, а на истиот датум ќе започне и воздушната линија од Охрид до Базел. На 28-ми октомври, главниот град првпат ќе се поврзе со Мадрид, која е една од ...
Овој став беше изразен во заедничката изјава потпишана од министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, Насер Бурита, и вицепремиерот и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево, на крајот од нивниот состанок во Брисел. Препознавајќи ја „егзистенцијалната важност на прашањето со Сахара“ за Мароко, Белгија, во истата заедничка изјава нагласи дека ...
Ова е прв пат ваков метеорит, познат како ЦЛ хондрит, да е пронајден на Месечината. Анализата на повеќе од 5.000 честички покажа присуство на микроскопски траги од метеорит што содржи до 20 проценти врзана вода, што го прави важен извор на информации за можното потекло на водата на Земјата и Месечината. ЦЛ хондритите се толку кревки што речиси никогаш не преживуваат минување низ атмосферата на Земјата. Откритието докажува дека астероиди богати ...
Во врска со штрајкот што требаше да се одржи на 20 месецов во периодот од 10 до 15 часот, но Граѓанскиот суд донесе мерка за времена забрана, завчера прес-конференција одржа правниот застапник на М-НАВ адвокатот Горан Николоски, по што прес-конференција имаше и претседателот на ССКЛАлександар Тасевски. М-НАВ денеска во реакција на завчерашната изјава на Тасевски наведува дека „јавно му се заблагодарува за неговото признание дека штрајкот најавен ...
Оцетот е одличен за чистење прозорци, плочки и славини бидејќи ги отстранува бигорот и бактериите. Сода бикарбона ги чисти рерната, мијалникот и одводите, додека лимонот ги освежува и дезинфицира површините. Комбинацијата од овие три состојки создава моќен природен детергент. Можете да користите есенцијални масла од лаванда, еукалиптус или лимон за пријатен мирис во домот. Овој метод не е само еколошки прифатлив, туку и безбеден за деца и ...
Поради слабиот клупски коефициент во Европа, Македонија во наредната сезона ќе има три претставници, тоа е веќе заклучено и не може да се поправи. Но, победата на Шкендија над Шелбурн, на Македонија ѝ донесе напредок од неколку позиции на листата, бевме на 51. место, а сега сме на 47. позиција. Тоа ни носи четири места во Европа за сезоната 2027/28. Убаво е Шкендија да освои уште бодови и да го зголемуваме клупскиот коефициент, но сигурно е дека ...
Динамо Букурешт беше огромен фаворит во овој дуел, а дека е значително подобар од струмичани покажа и на терен иако македонскиот тим храбро се бореше. Во првиот сет одбојкарите на Струмица освоија 18 поени, во вториот дојдоа до 20, а во третиот до 19. Ова за подмладениот состав на македонскиот тим е значително искуство кое ќе биде комплетирано со одигрување на реваншот. Реваншот меѓу Динамо Букурешт и Струмица се игра на 28 октомври од 18 часот. ...
Бојаџи подвлече дека филмот се темели на актери, на актерската игра и смета дека центар на филмот е актерот и неговата човечност. „Имав бескрајна среќа да имам во филмот актери со огромно човечко присуство. Ме интересира не само да се добри актери, туку и да се добри луѓе. Работевме 75 дена и навистина беше исклучително задоволство да се биде заедно“, рече Бојаџи и додаде дека преку 75 актери има во филмот. Извршниот продуцент Дејан Милошевски ...
Концерт, премиера на македонско дело, изложба на уметнички слики и скулптури, како и промоција на книга, го чинат овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес. Светска премиера ќе доживее Концертот за пијано, гитара, наратор и камерен оркестар со наслов „Дон Кихот во Скопје“, чии автори се Дино Имери и Дијана Илкоска Имери. Под диригентство на маестра Дијана Илкоска Имери, ќе настапи ...
На 1 ноември, Хаџиманов со својот бенд повторно ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје, во концерт што ветува вечер исполнета со слобода, импровизација и звучна алхемија. Скопје не му е само град на настап, тоа е место на лични и уметнички врски, на пријателства и инспирации. „Секое повторно доаѓање во Скопје е радост и средба со публиката што многу ја сакам“, вели тој. Во пресрет на концертот, Хаџиманов зборува за својата музичка филозофија, за ...
На концертот во Виена, како солисти ќе настапат Ана и Игор Дурловски, а диригент ќе биде маестро Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се пет традиционални македонски песни во оркестарски аранжмани на композиторот Сони Петровски, „Тешкото“ од Глигор Смокварски, „Македонска парафраза бр.2“ од Бете Илин и Симфонијата бр.8 од Антонин Дворжак. Програмата претставува спој на македонската музичка традиција и фоклор и европската класика. ...
Како што информира Македонскиот културно-информативен центар во Софија, репертоарот на Петар Танески и Дарко Багески ја пренесе класичната префинетост на Хендел и Моцарт, ја разгоре аргентинската страст на Пијацола, ја оживеа балканската душа на Никола Бадев и Радојка Живковиќ, и нежно го вплете македонскиот мелос – препознатлив по својата топлина, емоција и древна сила. Директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија проф. ...
ДПМ соопшти дека будно и со длабока загриженост го следи случајот со спомен-куќата на Владо Малески во Струга, која претрпе сериозни оштетувања поради небрежност при градежни работи во нејзина непосредна близина. „Куќата на Владо Малески, еден од деветтемина основачи на Друштвото на писателите на Македонија, има статус на поединечно заштитено добро, а за неговата добросостојба се одговорни Заводот и музеј на Охрид, Управата за заштита на ...
„Со задоволство објавуваме дека тукушто бевме информирани од преостанатата држава членка дека сега може да ја повлече својата резерва во врска со 19-тиот пакет санкции“, се вели во соопштението. Словачка беше последната членка која го задржуваше приговорот откако земјите од ЕУ постигнаа договор за конечниот текст на пакетот минатата недела. Премиерот Роберт Фицо побара гаранции од Европската комисија во врска со високите цени на енергијата и ...
„Па, не мислам дека нужно ќе бараме објавување војна“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа. „Мислам дека едноставно ќе ги убиеме луѓето што внесуваат дрога во нашата земја. Во ред? Ќе ги убиеме“, рече Трамп. „Сега дрогата доаѓа по копно… знаете, копното ќе биде следно“, додаде американскиот претседател, повторувајќи ги заканите за проширување на нападите врз териториите на земјите што Вашингтон ги обвинува дека го олеснуваат шверцот на ...
Ким го изјави ова за време на говорот на церемонијата на поставување камен-темелник на споменикот за севернокорејските војници кои се бореа заедно со Русија во Курската област, објави КЦНА. „Годините на воено братство, во кои долгорочниот развој на билатералното пријателство е загарантирано по цена на скапоцена крв, ќе напредуваат континуирано. Предизвиците на „доминацијата и тиранијата“ не можат да ги попречат врските меѓу двете земји“, рече ...