Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Во Берово изутринава во 7 часот се измерени – 12 степени, -11 во Крива Паланка, – 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови – 9. Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор – 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница – 7, во Гевгелија – 5 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната ...
Двете институции денеска потпишаа договори за донација на 7.500 вакцини, со кои ќе бидат опфатени 2.500 здравствени работници. Министерството за здравство донира и кутии за авионски и бродски транспорт на биолошки материјали. Министерот за здравство Азир Алиу на денешната заедничка прес-конференција рече дека станува збор за системска заштита со конкретни преземени мерки за заштита на здравствените работници и јавноста. „Во овој контекст ...
Чаби Алонсо повеќе не е тренер, шпанскиот стратег не издржа ни една цела сезона, Реал Мадрид официјално го соопшти неговото заминување. „Реал Мадрид соопштува дека со взаемна согласност меѓу клубот и Чаби Алонсо беше одлучено негово време како тренер на првиот тим да заврши“, стои меѓудругото во соопштението на клубот кој му се заблагодарува на него и на стручниот штаб кој исто така заминува. „АС“ пишува дека наводно Алонсо самиот побарал да ...
Со воведувањето „е-сандаче“, државата, како што објасни Андоновски, може директно електронски да комуницира со граѓаните за опомени, документи, предупредувања за истекување на одредени рокови. Во гостување на „360 степени“ министерот нагласи дека „е-сандаче“ значи државен инбокс и електронска адреса на граѓаните во дигиталниот свет. „Идејата е да се искористи за директна комуникација со граѓаните и тогаш кога тие немаат побарано услуга. ...
Најмалку две децении Пекинг се обидува да изгради влијание во Јужна Америка, не само за економски можности, туку и за да добие стратегиско упориште на прагот на својот главен геополитички ривал. Напредокот на Кина – од станици за сателитско следење во Аргентина и пристаништа во Перу до економска поддршка за Венецуела – беше извор на иритација за последователните американски администрации, вклучително и онаа на Доналд Трамп. Неколку ...
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Левит пред новинарите. Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп. „Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките кои администрацијата ги добива ...
Во истото интервју, американскиот претседател тврди дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не би ја почнал војната ако тој останел во Белата куќа и дека Русија не се плаши од НАТО, туку од Соединетите Американски Држави. Тој открива и дека, додека друга администрација делела ќебиња на Украина, неговата му го дала на Киев единственото оружје што го спасило од брз пораз. „Јас им дадов проектили „џавелин“. Обама им даде ќебиња. И тие го ...
Во Битолскиот регион, како што посочуваат од ЦУК, на подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван. Поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка затворен за сообраќај е локалниот пат кон селото Мренога. „Во Скопскиот регион до овој момент не се пристигнати пријави за нарушување на редовноста поврзани со последните ...
Од Вреди го поздравуваат официјалното завршување на локалниот изборен процес, кој беше заокружен вчера со повторените избори во Гостивар и Врапчиште, и им честитаат на кандидатите на опозицијата Валбон Лимани и Исен Шабани за изборната победа. „Овие избори јасно докажаа дека Албанците зборуваа со еден глас. Десетте освоени општини се неоспорен доказ дека Вреди е политичката локомотива на Албанците, силата што води, обединува и носи ...
Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денес на повеќето продaжни места. „Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. Имаме податоци од Државниот пазарен инспекторат дека по Нова Година има намалување на цената на јајцата во малопродажбата. Тоа главно се должи на стабилизацијата на цените за храна во живинарските фарми, а и надминат е пробемот со птичји грип во Европа. Тоа е една од основните ...
Под палката на Иван Чупиќ, се собраа ракометарите кои немаат репрезентативни обврски. Планот е деновиве да се тренира во Скопје каде ќе биде одработена првата фаза од подготовките. На 29 јануари тимот ќе патува во Словенија, таму ќе се настапи на подготвителен турнир каде ќе бидат уште и екипите на Загреб, Сесвете, словенечки Слован… Интересно, за првпат нема ниту еден вардарец на списокот на македонската репрезентација за Европското ...
Утрово репрезентативците одработија фитнес тренинг во теретана, а веќе вечерва се враќаат на тренинзите в сала. По тренингот своите очекувања ги сподели „моторот“ на репрезентацијата Марко Митев. „Добивме ден одмор по напорниот пат. Утрово одработивме фитнес тренинг, а вечер ќе тренираме во сала. За три дена започнува Европското првенство. Нашиот фокус моментално е на првиот натпревар со Данска. Можеби тие се фаворити, но наше е да го дадеме ...
Министерот Мисајловски притоа порача дека нивната мисија била благородна и дека никогаш нема да бидат заборавени, бидејќи со своите дела покажале како се сака државата и како се сака татковината. На спомен-обележјето кај Катлановско Блаце почит на загинатите припадници оддадоа членовите на семејствата, како и делегации од Командата за операции, Првата пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ и од општината Петровец. Со едноминутно молчење и ...
Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си игра со нивните чувства. Цело време, знаците покрај патот ѝ кажуваат дека ги очекува трагедија. И потоа во ненадејна болка, безнадежност и неподвижност, таа почнува да сфаќа дека била предупредена, но тој знак не знаела да го види. И ја стигнува голема казна. Уште со својот прв роман „Вкусот на гревот“ Зорана Шулц покажува дека знае како да ...
Предлогот данокот, претставен кон крајот на октомври од страна на синдикатот на здравствени работници СЕИУ-УХВ, е замислен како еднократен данок на богатство од 5 проценти за лица во Калифорнија со нето вредност од 1 милијарда долари или повеќе. Доколку гласачите го одобрат на референдумот во ноември, тој би собрал околу 100 милијарди долари од околу 200 милијардери кои беа жители на Калифорнија на 1 јануари 2026 година. Милијардерите се ...
Муцунски информира дека има пристигнато забелешки од здруженија на малцинствата во земјата и од страна на Бугарија и дека во моментот се анализираат сите забелешки, а ќе бидат имплементирани оние предлози што се насочени кон подобрување на документот. „Во сетот забелешки има и објективни што може да се вметнат, а има и забелешки што се тенденциозни, субјективни и не се насочени кон подобрување на документот. Мора да разграничиме меѓу она што ...
Веднаш по отказот на Аморим, Манчестер Јунајтед го назначи Дарен Флечер за привремен тренер додека не биде одредено кој да биде привремениот тренер до крајот на сезоната. Последните информации велат дека изборот паднал на Мајкл Карик кој ќе го води тимот до крајот на сезоната. Во меѓувреме раководството на Јунајтед ќе бара трајно решение за тренерската позиција. Веднаш по отказот на Аморим, Манчестер Јунајтед го назначи Дарен Флечер за ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп повторува дека на САД им е потребен Гренланд, автономна територија која е дел од Кралството Данска, тврдејќи дека постојното американско воено присуство таму не е доволно. Членките на НАТО, Данска и САД, треба да се состанат оваа недела за да разговараат за Гренланд. Копенхаген и Нук нагласуваат дека најголемиот остров во светот не е на продажба, но Трамп не исклучува дека ќе го ...
Таканаречената „доктрина на четири столба“, осмислена по шокот поради еднострано прогласената независност на Косово, сега се урива, и тоа во време кога тринаесетгодишниот режим на претседателот Александар Вучиќ се соочува со сè посилни внатрешни притисоци од демонстрантите, пишува Андреас Ернст за швајцарскиот весник Ноје Цирхер цајтунг. Големата надеж на Вучиќ дека со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на почетокот на минатата година ...
Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден од 14 до 16 часот. Причината, како што посочуваат засегнатите, е неправедното утврдување на даночната резидентност и обврската за плаќање данок за приходи остварени надвор од државата, не земајќи ги предвид реалните околности на нивниот престој и работа во странство. Кумановци побараа надлежните да ги земат предвид доставените докази, пасошите и нивната отсутност од државата 183 ...
Од АЕК за МИА велат дека со денешната одлука почнува да тече рокот од 10 дена за уплата на еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот, во вкупен изос од 8.020.003 евра. Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофрекфенциите како еднократен надомест за одобрението А1 е 4,2 милиони евра, за одобрението Б1 е 1,5 милион евра, а за одобрението C1 – 2,32 милиона евра. По уплатата, ќе може да се ...
Мечот се одигра на еден од помошните терени на комплексот во Мелбурн, а на трибините доминираше македонската публика. Бројната дијаспора ја испочитува тетовчанката и ѝ даде голема поддршка за време на мечот. На трибините имаше многу македонски знамиња, а се извикуваше и скандираше „Македонија, Македонија“. Мечот се одигра на еден од помошните терени на комплексот во Мелбурн, а на трибините доминираше македонската публика. Бројната дијаспора ...
Согласно овие податоци, во Гостивар најмногу гласови освоил Ваљбон Лимани од НАИ, во Маврово Ростуше – Онер Јакуповски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во Општина Врапчиште – Исен Шабани од НАИ, додека во Центар Жупа имало пријавен еден кандидат – Аријан Ибраим од Демокатската партија на Турците во Македонија. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека од моментот на соопштување на првичните официјални резултати, односно од ...
Измените, како што изјави претседателот на Комисијата и еден од подносителите, Љупчо Пренџов, се на барање на Уставниот суд нагласувајќи дека паралелно Министерството за правда работи на нов кривичен законик, а некои од измените се однесуваат за потребите на „Безбеден град“ да функционира. „Целото неодговорно возење ќе се казнува и кривично, ќе има одземање возачки дозволи и поригорозни казни во врска со сообраќајот во главниот град“, појасни ...
Ѓорческа ќе игра против четвртата носителка во квалификациите, 23-годишната тенисерка од Австрија, Сиња Краус која се наоѓа на 108. место на ВТА листата. Мечот е планиран како последен на теренот број 12, што значи дека ќе се игра во попладневните часови во Мелбурн, односно утринските во Македонија. Ѓорческа веќе неколку дена е во Мелбрун каде се прилагодува пред се на климатските услови кои се пеколни. Температурата достигнува и до над 40 ...
„Во последниот период, детално ги следам соопштенијата што доаѓаат од главната опозициска партија, бидејќи тоа е дел од мојата работа. Искрено, како човек, чувствувам срам кога читам дел од тие содржини“, истакна министерот Муцунски. Тој нагласи дека критиката е легитимен дел од демократскиот процес, но дека постои јасна разлика меѓу аргументирана критика и непримерен јавен дискурс. „Едно е да имате критика и да укажете како нешто може да се ...
Како што информира Сали преку објава на Фејсбук-профилот, на средбата ја потврдил својата цврста посветеност, како и посветеноста на Владата, кон процесот на европска интеграција. „Европската агенда и реформите поврзани со неа остануваат врвен приоритет со фокус на зајакнување на институционалните капацитети, градење доверба кај граѓаните и континуирана соработка со Европската Унија за ефикасна имплементација на реформите. Продолжуваме ...
„Недостасуваат една милијарди евра. Огромната дупка очигледно власта ќе ја поплнува со нови и нови долгови кои треба да ги плаќаат иднинте генерации. Веќе Владата се задолжи една милијарда од Унгарија, 660 милиони на домашниот пазар, само во декември 2025 година владата со државни обврзници се задолжи за 100 милиони евра. Се најавува и кредит од дури шест милијарди евра. Светската банка веќе проектира дека јавниот долг оваа година ќе достигне ...
Според утврдената листа, пријавени се 16 кандидати, од нив седум за претседател на Државната изборна комисија, кои во своите кандидатури навеле и можност за избор за потпретседател или само член на ДИК. По објавениот оглас Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки, финансии од село Непроштено – Теарце, се пријавува за потпретседател, Бојан Маричиќ, дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и ...
„Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството… Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред се заради нивната стручност и компетентност“, рече претседателката. Сиљановска – Давкова ја искористи можноста да посочи и на важноста на етичката димензија, како предуслов за независно судство, покрај професионалноста и компетентноста. „Судскиот совет е ...