Американскиот претседател гледаше како камбоџанскиот премиер Хун Манет и тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул го потпишаа проширеното примирје на годишниот самит на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Малезија, кратко по пристигнувањето на Трамп. Договорот се темели на примирјето постигнато пред три месеци, откако Трамп им се јави на тогашните лидери на двете земји и ги повика да ги прекинат непријателствата под закана за ...

„ВМРО-ДПМНЕ вади кандидат за градоначалник за Кичево. Влен вади свој кандидат за Кичево. За вториот круг, Касами јавно ја дава поддршката за ДУИ, додека кичевско Вреди срамежливо вели по сопствено убедување да се гласа. Соодветен реципроцитет на јавната поддршка од Мицкоски која ја добија кандидатите на Вреди, нели? Единствена општина каде Вреди не вади кандидат е Чашка. Таму свои кандидати имаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Со гласовите на Вреди и ...

На состанокот на коалицијата на спремните во Лондон во петокот, финскиот претседател изјави дека Русија кружи околу Трамп и неговите советници за да го убеди да ги поддржи плановите на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина. „Продолжете да разговарате со нив, за непријателот да не биде единствениот“, рече извор за Телеграф, сумирајќи ги зборовите на финскиот претседател. Во она што беше опишано како клучна ...

За тоа дали и како ќе се постигнат овие цели, за дел од (не)работењето на сегашната градоначалничка, Данела Арсовска, зборуваме со кандидатот за градоначалник на Скопје Мециновиќ, кој не отстапува од тезата дека градот убав пак ќе никне. Иако има три пати помала програма за промени на Скопје и три пати помалку освоени гласови во првиот круг од неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, Мециновиќ е оптимист, верува во победа и дури ...

Британскиот возач претходно покажа одлични перформанси на саботните тестови, а тие ги потврди во квалификациите кога извозе најбрз круг. Норис патеката ја мина за 1:15.586 со што го победи двоецот на Ферари кои исто така имаа одлични квалификации. Леклер ќе стартува од втората позиција, тој имаше заостанување од 0.262, следува неговиот клупски колега со заостанување од 0.352. Макс Ферстапен ќе има тешка задача во Мексико, тој ќе стартува од ...

Во најновиот извештај на СЗО се вели дека најмалку 15 милиони тинејџери на возраст од 13 до 15 години користат е-цигари низ светот, при што младите луѓе во просек имаат девет пати поголема наклонетост кон вејпингот од возрасните. Според овој извештај, повеќе од 100 милиони луѓе во светот сега користат вејпинг, вклучувајќи најмалку 86 милиони возрасни, претежно во земји со висок животен стандард. Вниманието на пошироката јавност го привлекоа ...

„Пред вториот круг од локалните избори, албанската политичка сцена во Северна Македонија доживува силен шок. Две познати личности од поранешната УЧК Хазби Лика и Гзим Острени, беа видени јавно на пријателски средби со лидерите на опозициската коалиција Вреди, сигнализирајќи јасно оддалечување од ДУИ и Националната алијанса за интеграција“, објави информативниот портал „Актуале“ во својата статија со наслов „УЧК ги напушти ДУИ-НАИ, Хазби Лика и ...

Во шестото коло ШК Алкалоид играше со вториот непоразен тим на турнирот, СуперЧес од Романија, за кој настапува светскиот првак Гукеш. Токму тој ја направи единствената победа на првата табла против Еригаиси, додека другите пет меча завршија со реми. – Белите фигури треба да донесат некаква предност во ваквите мечеви, а тоа му успеа на Гукеш во Гринфелдова одбрана. Светскиот првак успеа во системот на отворање да го наведе Еригаиси во непознати ...

Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, Бошко Цветковски, за кого рече дека е „трудољубив млад човек, прекрасна личност и голем Македонец“. Тој додаде дека Цветковски ја има неговата лична и недвосмислена поддршка, како и поддршката од Владата, со која, како што рече, ќе се реализираат бројни проекти во општината. „Затоа, сакам јасно да ставам до знаење дека ја има мојата лична, недвосмислена поддршка и исто ...

Лула разговараше со новинарите по средбата со малезискиот премиер Анвар Ибрахим, пред самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Куала Лумпур, каде што се очекува бразилскиот лидер да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кој може да го прифати геноцидот што толку долго се случува во Појасот Газа?“, рече Лула по билатералната средба насочена кон зајакнување на врските меѓу двете земји. „Мултилатералните ...

Во разговор за Си-ен-ен по пристигнувањето во Вашингтон на разговори со американски претставници, Дмитриев рече дека средбата меѓу Доналд Трамп и Путин не е откажана, како што рече американскиот претседател, и дека двајцата лидери сепак веројатно ќе се сретнат. Трамп рече дека ја откажал планираната средба со Путин во Будимпешта поради недостатокот на напредок во дипломатските напори за завршување на војната, како и поради чувството дека времето ...

Нејзината ривалка Хедер Хамфрис, од владејачката партија на десниот центар, денес го призна поразот откако прелиминарните резултати покажаа голема разлика во гласовите меѓу кандидатките. „Кетрин ќе биде наша претседателка и ќе биде моја претседателка и навистина ѝ посакувам сè најдобро“, рече Хамфрис, според британскиот Гардијан. Резултатите од анкетата објавени во четврток покажаа дека Коноли ќе добие 55 проценти од гласовите, а Хамфрис 35 ...

„МЖСПП континуирано работи на решавање на еден од најголемите еколошки предизвици во земјата, чистењето на линданот во поранешниот индустриски комплекс ОХИС“, се наведува во соопшптението. Информираат дека на 22 октомври, во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор на локацијата, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан ниту други нарушувања на безбедноста. Министерството потенцира дека веќе ...

Во интервју за Би-би-си, Камала Харис рече дека е можно еден ден да биде претседател и дека е уверена дека во иднина ќе има жена во Белата куќа. Таа ги отфрли анкетите според кои таа е аутсајдер кога станува збор за избор на демократите за следен претседателски кандидат. Таа го нарече својот противник на последните избори, а сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, „тиранин“ и истакна дека предупредувањата што ги изговори за време на ...

На отворањето на 8. коло во Серија А, Милан киксна дома против Пиза и во финишот од натпреварот се спасуваше од пораз. „Росонерите“ добро го започнаа мечот, поведоа веќе во 7. минута, но во вториот дел Пиза направи комплетен пресврт, за во 93. минута избраниците на Алегри да стигнат до 2-2. Средбата на Сан Сиро не само што донесе возбуда и драма, имаше и многу контроверзии, двата погодоци на домаќините паднаа по офсајд, или поточно пасивен ...

Седум дена пред вториот круг односно денеска на полноќ истекува рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, додека за три дена завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 1 ноември. Од ДИК информираат и дека во тек е пријавувањето на набљудувачите за вториот круг на изборите. Првата недела од кампањата за вториот ...

„Еден болничар е убиен, а друг е повреден по ракетен напад врз населбата Петропавливска во регионот Дњепропетровск“, во централно-источна Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи на социјалните медиуми. Во регионот, една жена е убиена, а седум лица се повредени, соопшти министерството, додавајќи дека се оштетени противпожарни возила, станбени згради и продавници. 8 людей, попередньо, постраждали через російський удар керованими ...

Магдебург беше апсолутен фаворит во овој натпревар и тоа го покажа на теренот. Пелистер се држеше само во првиот дел од првото полувреме, германскиот тим потоа се одлепи и почна да создава разлика. На одморот домаќините имаа предност од 19-13. Во вториот дел Пелистер почна добро, но домаќинот брзо се созема и повторно почна да создава уште поголема разлика. На крајот победи со 36-26. Филип Кузмановски со шест гола беше најдобриот поединец кај ...

АФП објави дека кинескиот потпретседател Хе Лифенг пристигнал во кулата Мердека 118, вториот највисок облакодер во светот, каде што се одржуваат преговорите. Американската делегација пристигнала преку посебен влез, подалеку од видокругот на камерите. „Кинеската и американската делегација се состанаа утрово на разговори за економски и трговски прашања“, објави кинеската новинска агенција Синхуа, потврдувајќи го почетокот на преговорите. ...

Меси го отвори резултатот со гол во 19. минута кој го постигна по асистенција од Суарез. Тој резултат беше актуелен до 62. минута кога Аленде зголеми на 2-0. Во 96. минута Меси даде уште еден гол, а гостите дури во единаесетата минута од продолжението постигнаа почесен погодок. „Среќен сум што останувам овде и што го продолжувам овој проект кој, од сон, прерасна во прекрасна реалност – играњето на новиот стадион. Откако пристигнав, се чувствувам ...

По 19 октомври и апсолутната победа во првиот круг од овие локални избори, ВМРО-ДПМНЕ се движи кон нова победа во вториот круг и запечатување на оваа историска победа. 550 советнички места, 33 општини во првиот круг и зголемување на бројот на гласови за 11.000, благодариме на секој еден што гласаше за вистинскиот избор. А, сега имаме одлична можност да ја испишеме историјата на овие избори. На 2 ноември влегуваме во директна битка за 27 општини, ...

Според Центарот, во прашање е зголеменото пријавување на насилството. Но, според психологот Ана Алексоска која работи со жртви на семејно насилство, не е во прашање зголеменото пријавување. Жртвите повеќе се советуваат отколку што го напуштаат насилниот дом. Им треба меѓуинституционална поддршка. „Според мене, ретко се пријавува семејното насилство. Почесто доаѓаат на психолошко советување за да се охрабрат и да најдат начини како да живеат во ...

Дел од нив, пак, повторно укажуваат на потребата да се работи и во недела. „Реално, промената од еден час порано или подоцна не е некоја голема разлика што суштински би се одразила врз бизнисот. Всушност, усогласеноста околу јулијанскиот и греогоријанскиот календар е сериозно прашање. Тоа е голем проблем, а не гледам на повидок некое решение. Божиќ кај нас се слави на 7 јануари, додека секаде низ западниот свет и останатите земји освен Србија и ...

Настанот ќе се одржи во просториите на „Тренинг центарот“ на ЗКРСМ, со почеток во 14:00 часот. Настанот е дел од проектот „Образување и економско зајакнување на ранливите групи жени“, кој се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Проектот има за цел да овозможи образовно, професионално и економско зајакнување на жените од ранливи категории, преку практични обуки, менторство и можности за личен развој. „Во рамки на ...

„Мицкоски е во шок од изборниот резултат, колку и да се обидува триумфалистички да ја труе јавноста со соопштенија. Факт е дека изгубија 140.000 гласови, факт е дека доколку утре би имало парламентарни избори би освоиле 7 пратеници помалку и дека пропаднаа сите планови за пасокизација на СДСМ на која толку многу работеа. Граѓаните јасно го поразија и неговиот коалициски партнер ЗНАМ, кој требаше да биде тројанскиот коњ за делење на СДСМ. Овој ...

„Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза. Кога човек кој водеше две децении го нарекува својот народ ’Газиместан’ и го навредува со ’700 илјади мајки’, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек повеќе не претставува никого, освен себеси и неговиот привилегиран круг. Албанците од Северна Македонија, и оние што гласаа за Вреди и оние што гласаа за НАИ, не се ’Газиместан’, ...

Директорката на ИЈЗ Марија Андоновска информираше дека Институтот изготвил стручно мислење кое денеска е предадено до надлежните институции. Покрај тоа, се препорачани и конкретни мерки и активности насочени кон државните институции, граѓаните и работниците кои имаат директен контакт со отпадот. Eпидемиологот Драган Кучински информираше дека се изготвени конкретни предлог-мерки за справување со здравствените ризици поврзани со отпадот. Мерките ...

Минатата година македонскиот клуб имаше одличен настап без пораз во седумте кола, при што во два наврати ремизираше, но тоа не беше доволно за првото место. Еден од тие два нерешени меча беше токму со Нови Бор, кој потоа стана европски првак, а ШК Алкалоид го освои второто место. Победата од 4-2 извојувана во 5. коло ги отвора вратите за македонскиот клуб повторно да игра за медал и на ова 40. издание на турнирот, на кој ќе се круниса и новиот ...

Руте верува дека ситуацијата на контактната линија јасно ја покажува неефикасноста на стратегијата на Русија и огромната цена што Москва ја плаќа за незначителни напредоци на терен. „Во Украина, Путин освојува многу малку нови територии на бојното поле, а каде што има маргинални добивки, тие доаѓаат со огромна цена. Стотици илјади Руси умираат за лудата агресија на Путин. Украина продолжува храбро да се брани, нашата поддршка им помага. ...

Како што информира авторот, пиесата „Двајца во Еден“ е лиричен сценски солилоквиум „за двајца, за кукли и месечина“ и беше поставен на неколку професионални сцени, во Народниот театар во Куманово во режија на Виолета Џолева, во Театарот за деца и млади во режија на Димитрие Османли и во академскиот театар Џон В. Гејнс во Њупорт, Вирџинија, во режија на Наум Пановски. „Драмата беше објавена во книга во издание на ‘Ѓурѓа’ пред точно 30 години и го ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
75%
1030
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.27
82%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 2ᴼ
1.03
99%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
58%
1027
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
41%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
100%
1028
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
94%
1025
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Цинк

3.03

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Сребро

2049.55

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Платина

59937.34

Бакар

10.76

Паладиум

50830.33

Кобалт

58.42

Злато

138322.05