Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Најновите сателитски снимки од НАСА откриваат драматична промена во неговата боја – ледениот колос сега е покриен со сина вода од стопениот мраз и „ледена каша“, што научниците го толкуваат како јасен знак за неговото непосредно целосно распаѓање. — Thwaites Glacier — We’re losing it. It’s way too warm: Ice, water & air! Watch the temperatures at the surface! Watch the temperatures at the sea floor! Click anywhere you like. You’ll be ...
Македонскиот репрезентативен стопер не беше во прв план во клубот од Босна и Херцеговина, па можеби разделбата ќе му дојде добро. Велковски ќе мора да побара нова средина за втората полусезона. Во својата кариера Велковски тргна преку Македонија Ѓорче Петров како младинец, потоа играше за Работнички и Вардар. Во 2018 година следуваше преселба во Ријека чиј член беше четири години. Потоа Дарко Велковски замина во саудиски Ал Етифак, па беше ...
На извлекувањето учествуваше и Шкендија која го дозна својот противник во историската нокаут рунда за мак-фудбалот. Тетовци чекаа ривал од две можни, турски Самсунспор или полски Лех Познањ. Извлекувањето ја одведе Шкендија на двомеч против екипата на Самсунспор од Турција. Бидејќи беше неносител македонскиот првак прво ќе игра дома на 19 февруари, а седум дена подоцна гостува во Турција. На извлекувањето учествуваше и Шкендија која го дозна ...
Како што информираа од ОЈО ГОКК, акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на Обвинителството и Управата за финансиско разузнавање (УФР), по известување на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), при што биле обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа. Врз основа на ова ОЈО ГОКК отворило предмет и донело наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица кои го оштетиле буџетот на ...
Мицкоски не прецизира кога би имал средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што беше најавено по лидерската средба, која се одржа во средата, туку само кусо изјави дека одржува средби со лидерите на повеќе политички партии и оти во тие рамки би се одржала и средбата со Ахмети. „Тоа што беше договорено на лидерската средба, беше безусловно кажано дека ќе биде поддржано. Беше споменато дека постоеле некои амандмани за што потоа во ...
Меѓународниот либерален поредок завршува. Всушност, можеби веќе е мртов. Заменик-шефот на кабинетот во Белата куќа, Стивен Милер, го кажа тоа минатата недела, кога со задоволство зборуваше за американската интервенција во Венецуела и апсењето на диктаторот Николас Мадуро: „Живееме во свет… што е управуван од сила, што е управуван од принуда, што е управуван од моќ… Ова се железните закони на светот“. Но 47-от претседател на САД е подеднакво ...
Судија на претходна постапка, по предлог на Обвинителство определи мерки за претпазливост на девет лица во однос вчерашната акција на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП). Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека во однос на вчерашната акција на ОЈО ГОКК, до судот е доставен предлог за определување мерки за претпазливост против ...
Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11:28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3,8. Земјотрес со интензитет од III степени според Европската ...
Наумов за МИА вели дека убавата вест му е соопштена вчера, а церемонијата за негово пристапување во Европската академија на науките ќе се оддржи оваа година во Брисел. Академик Панче Наумов е роден во Штип, во моментов е универзитетски професор на Универзитетите „Њу Јорк“ и „Њу Јорк Абу Даби“. Тој веќе е член на две други Академии на науки – надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и полноправен член на ...
Во рамките на посетата претседателот Иванов остварил средба со Нус Гани, заменик-претседател на долниот дом на Обединетото Кралство. Иванов се обратил на сесијата „Културна дипломатија во современите меѓународни односи“, при што се осврнал на историското значење на 1776 година како година на раѓање на политичката и економската слобода преку декларацијата за независност и делото „Богатството на народите“ на Адам Смит. Тој истакнал дека ...
Договорот со „црвено-црните“ го продолжи Марио Стојановски. Младото крило стави потпис на двегодишен договор. Стојановски е дете на Вардар, а оваа сезона поради склоп на околности успеа да се наметне на левата крилна позиција. Македонскиот ракометар и во следните две сезони ќе биде дел од Вардар, откако клубот му укажа доверба. Договорот со „црвено-црните“ го продолжи Марио Стојановски. Младото крило стави потпис на двегодишен договор. ...
Данците се апсолутен фаворит, но Мартин Серафимов смета дека ако одиграме на нашето највисоко ниво, може да оствариме добар резултат. „Пред мечот со Данска, чувствата кај нас се специфични, но треба да се знае дека ова е само еден обичен натпревар, почнуваме од 0-0, треба да настапиме како против кој било друг ривал и да се обидеме да избориме добар резултат. Противникот е одличен, сите ракометари играат во врвни клубови и тоа, барем на ...
Спроед извори од истрагата, за овие лица може да биде одредена и мерка притвор: Александар Шутов, Александар Марков, Елисавета Маркова, Адриано Дебников, Џелал Мустафа, Кадифе Исмаили, Раиф Елези и Марјан Марковиќ од Србија. Лица лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, на кои им се изречени мерки на претпазливост се: Елена Тафчиевска, Кристијан Јовановски, Александар Пехчевски, Гоце Веселиноски, Кети Камилоски, Ваљбона ...
Никола Кљусев почина на 16 јануари 2008 година, на 80-годишна возраст. Функцијата премиер ја извршуваше во периодот од 1991 до 1992 година, во време на историски и политички предизвици, кога беше поставен темелот на македонската независност и сувереност. Во Штип завршил основно и средно образование. Како ученик, уште пред да стане полнолетен (1942-1945) учествувал во Антифашистичкиот отпор – во партизанските единици на Македонија. Во 1947 ...
Истражувањето е спроведено во САД, а резултатите се објавени во стручното списание Слип адвансис. Врската помеѓу спиењето и долговечноста е комплексна, но лекарите велат дека овие наоди не ги изненадиле. Експертите анализираа податоци од анкетата на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за факторите на ризик во однесувањето, која беше спроведена помеѓу 2019 и 2025 година. Ова истражување се спроведува секој месец од страна на ...
Како што информираат од УХМР, -5 Целзиусови степени се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште. До седум часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, девет во ...
СОС Детско село е организација која во моментов дава поддршка за околу 400 деца и младинци кои се без родители/родителска грижа или кои се во ризик да ги загубат своите родители. Организацијата, која годинава одбележува 25 години од основањето и од згрижувањето на првото дете во земјава, низ годините има помогнато на стотина деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна ...
Меморандумот го потпишаа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и деканот на Технолошко-металуршки факултет проф. д-р Игор Јорданов. Со Меморандумот се предвидува соработка преку заеднички студентски и апликативни проекти, експертска и научна поддршка, организирање обуки, работилници и конференции, формирање експертски тимови, како и размена на знаења и искуства релевантни за современото, одговорно и ...
За Македонија ова е деветто учество на континенталните ракометни собири, а осмо по ред почнувајќи од 2012 година. Групната фаза ќе ја играме во Хернинг, Данска, покрај домаќинот во нашата група се уште и селекциите на Португалија и Романија. Ждрепката сакаше првенството да го стартуваме против најсилниот можен противник, првиот кандидат за златниот медал, селекцијата на Данска која ќе биде апсолутен фаворит во вечерашниот дуел. „Го играме ...
„Одличните односи меѓу двете земји ја поттикуваат економската соработка – истакна вицепремиерот Николоски и дополни дека подобрувањето на деловната клима е една од стратешките цели за побрз економски и општествен развој во сите сегменти на државата. На средбата се разговараше за реализација на проектите на коридорите 8 и 10, како и на 10-д, преку силната посветеност на Македонија во доизградба и модернизација на овие стратешки регионални ...
Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени. Викендов ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво. Во Скопје ќе биде ...
Пред стартот на шампионатот традиционално се појавија многу статистики, бројки и интересни податоци поврзани со турнирот. Според еден од нив, Алкалоид е на врвот на листата според бројот на играчи кои ќе играат на Европското првенство. Скопскиот тим е најброен во конкуренција на сите европски клубови. Алкалоид има 14 играчи на континенталниот собир (13 се во репрезентацијата на Македонија, а Урош Борзаш ќе игра за Србија). На второто и ...
Градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, упати отворена покана до граѓаните да ја посетат манифестацијата нагласувајќи дека за време на карневалските денови целото село живее во духот на традицијата и заедништвото. „Во Вевчани тие денови секоја куќа е отворена и насекаде ќе ве пречекаат со љубов. Ви советувам да облечете постара облека за да не се грижите дали ќе ве испрскаат со црвено вино. Карневалот и маските не се само за ...
Граѓаните ќе имаат можност да користат два термини за поаѓање од Тетово кон Попова Шапка во 08:00 и од 10:00 часот и исто толку за враќање во 14:45 и во 16:00 часот. Повратен билет ќе чини 200 денари. „Од сабота (17 јануари) ќе биде пуштена во употреба автобуската линија Тетово – Попова Шапка и обратно. Оваа линија ќе функционира само за време на викендите. Ги повикуваме сите граѓани да го користат јавниот превоз и да придонесат кон ...
Долгиот и здрав живот се темели на редовна физичка активност, урамнотежена исхрана и умереност, при што посебно се истакнува количината на риба во исхраната. Иако рибата често се смета за исклучително здрава, д-р Лонго препорачува да се консумира најмногу две до три порции неделно. Тој советува исхрана која во најголем дел е базирана на растителна храна, со помал додаток на риба богата со омега-3 масни киселини, како што се лосос, сардини, ...
По тој повод, градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински денес упати искрени честитки до родителите, со желби за здравје, радост и среќно детство на новороденчето. Согласно Одлуката на Општина Берово за поддршка на семејствата со новороденчиња, од Буџетот на општината ќе бидат исплатени 15.000 денари за првородено дете, како и дополнителни 7.000 денари еднократна парична помош за новородено дете, односно вкупна финансиска поддршка од ...
Уверението за избор на градоначалник му беше врачено од страна на Реџеп Агаи, претседателот на Општинската изборна комисија. „Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината“, наведуваат од Општината При примањето на уверението, градоначалникот Јакупоски истакна дека ова е голема чест, но уште поголема одговорност пред сите жители на Маврово и Ростуше, најавувајќи ...
Од АВМУ посочуваат дела при надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на МРТ 1, МРТ 2, ТВ 24 Вести и ТВ Алфа, Агенцијата констатираше прекршување на член 76-б став 3, а во врска со член 69-а став 2 од Изборниот законик, односно прекршување на изборниот молк. -Прекршувањето кај сите медиуми е сторено на 10 јануари 2026 година, за време на изборниот молк за Повторните локални избори 2026. Извештаите од надзорите се достапни ...
Во претставката потпишана од вршителката на должност (в.д.) републички јавен обвинител, Анита Топалова Исајловска пишува дека Јавното обвинителство на Македонија најостро реагира на неетичкиот и непрофесионален јавен настап на адвокатот Мустафа Хајрулахи во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа од 14.01.2026 година. „Ви укажуваме дека во споменатата емисија од страна на лице кое извршува функција адвокат беа изречени бројни клевети, лични ...
Во пресрет на првиот натпревар своите очекувања ги сподели еден од дебитантите во тимот Самоил Ристевски. „Целта е секогаш да бидеме на високо ниво и секоја година да бидеме дел од големите натпреварувања. Во Данска играат најдобрите ракометари на светот. Имаат малку слаби страни, повеќето им се добри. Се подготвуваме и анализираме да ги искористиме нивните послаби страни. На Европско првенство нема што, на сите натпревари одиме по добар ...