Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Роберт Бровди, командант на украинските сили за беспилотни системи, таканаречените Унгарски птици, изјави дека украинските сили идентификувале 500 потенцијални цели во Белорусија. Изјавата дојде во услови на растечка загриженост дека Белорусија би можела подиректно да се вклучи во војната на Русија против Украина. „Можеби идентификувале 500 цели. Имаме една многу сериозна цел со прецизни координати и не е далеку од Белорусија. И тие тоа многу ...
Пред натпреварот со домаќинот, на прес-конференцијата се обрати Езѓан Алиоски, кој зборуваше за очекувањата од средбата, настапите на националниот тим и значењето на дресот со број 10. „Секогаш е убаво да се вратиш некаде каде што си играч. Тоа не значи многу, утре не очекува нов натпревар. Треба да уживаме во овој дуел пред полни трибини. Мора да учиме повеќе од секој нов натпревар. Одигравме добро против Босанците, но јасно е дека е ...
„Со овие мерки и согласно нашите пресметки очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари по литар, додека цената на бензините ќе биде намалена за 1,5 денар по литар. Ова претставува конкретна и директна поддршка за граѓаните, транспортниот сектор, земјоделците и стопанството во целина. Намалувањето на цените на горивата ќе придонесе кон намалување на трошоците за живот и работење, како и кон задржување на ценовната стабилност ...
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, за време на активноста било укажано на опасностите од предизвикување шумски пожари, особено при палење на отворен простор за подготовка на храна, фрлање отпушоци од цигари и други облици на невнимателно однесување. Во рамки на кампањата, на присутните граѓани биле поделени едукативни материјали – летоци со препораки за превенција и заштита од пожари, со цел унапредување на јавната ...
Пред средбата на официјалната прес-конференција се обрати селекторот Гоце Седлоски кој го најави дуелот в понеделник. „Играме против силна репрезентација како Турција. Ние сме во процес на создавање на нов тим. Не е лесно за краток период да се направи игра, а презадоволен сум од моите играчи од тоа што го одработија досега по натпреварот со Босанците. Дојдовме тука да се претставиме во добро издание. Си ја гледаме својата работа, да одиграме ...
Речиси без исклучок, кога ПСЖ слави титула или кога ќе загуби голем меч, низ улиците на Париз се случува вистинско лудило. Така беше и по вчерашното финале во Будимпешта. Министерството за внатрешни работи во Франција информираше дека до раните утрински часови биле уапсени 416 лица. Во нередите биле повредени седум полицајци, направена е материјална штета над автомобили, деловни објекти и автобуска станица. Навивачите кои излегле на улиците ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните особено родителите дека како и минатата година, така и оваа 2026 година поради зголемениот обем на барања кои се очекуваат во наредниот период, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), во наредниот период од понеделник до петок ќе работи од 08:00 до 18:00 часот, а ...
Николоски напомена дека предвидените рокови за изградба ќе бидат запазени. „Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар“, рече ...
При посетата на Општина Могила, Николоски истакна дека железницата повторно ќе добие значајна улога и во превозот на патници и во транспортот на стоки. Според него, воведувањето на железничката линија е резултат на потребата од алтернативен и побрз превоз во периодот кога се реализира изградбата на автопатот Прилеп-Битола. „Имајќи предвид дека се гради автопатот Прилеп-Битола и дека се користи стариот пат, сметавме дека е добро да се ...
„Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави“, напиша Мицкоски во објава на ...
Српскиот тенисер не го искористи отсуството на Алкараз и елиминацијата на Синер за да дојде до нов грен-слем трофеј. Се чини дека ова му беше шанса каква што ќе нема веќе. Новак добро го почна натпреварот, ги доби првите два сета со 6-4 и 6-4, но потоа се променија работите. Фонсека почна да игра подобро ги доби следните сетови со 6-3, 7-5 и 7-5 и го доби мечот со 3-2. Српскиот тенисер не го искористи отсуството на Алкараз и елиминацијата на ...
Иако во последните денови се чинеше дека двете земји се блиску до постигнување договор, Њујорк тајмс вчера соопшти дека Трамп го заострил својот предлог и му испратил на Техеран нова верзија од текстот. Американскиот весник не даде детали за промените што ги направи претседателот. Сепак, според Аксиос, Трамп сака поагресивен став од Вашингтон за неколку прашања што ги смета за особено важни, вклучително и судбината на иранскиот нуклеарен ...
Со тестирањата е констатирано дека во производите има помал процент млечни масти од декларираното. Кај еден оператор со храна, со лабораториско тестирање мостра од одземените 22 килограми ситно сирење, е утврдено дека биле декларирани 20 проценти млечна маст, а производот содржел само 1 процент, за што му е изречена парична казна од 3 500 евра во денарска противвредност. Според АХВ, за измама на потрошувачите, уште на осум оператори ...
За заземањето на замокот Бофорт, тврдина што датира од времето на крстоносните војни, во близина на градот Набатија претходеле повеќедневни интензивни борби и воздушни напади врз блиските села, каде израелските трупи се бореле против Хезболах. Израелската војска започна напад и покрај прекинот на огнот што е на сила од 17 април. Портпаролот на израелската војска, Авичаи Адреи, објави фотографија на интернет на која се гледаат израелски ...
Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, се очекува вклучување и на голем број волонтери, граѓани, еколошки активисти и љубители на природата. Преку работа на терен, учесниците ќе испратат порака дека грижата за природата е заедничка одговорност, а не само задача на институциите. Организаторите нуркачкиот клуб „Езерски Пулс“ и клубот „Скаут“, ...
Се наведува дека документите пронајдени кај загинатите укажуваат на нивната припадност. „Група странски платеници беше убиена во шумски појас во Запорожјето. Според документите, тие биле Германци и Британци“, соопштија безбедносните сили. Меѓу загинатите, како што е наведено, се Џејсон Ларган Џејси, роден во 2003 година, и Летерман Филип Максимилијан, роден во 2000 година. Според безбедносните сили, некои од загинатите биле војници од 113-та ...
Втора година по ред ПСЖ победува во Лигата на шампионите, овојпат падна Арсенал во една изедначена битка. Топчиите имаа фантастичен старт на натпреварот, со прекрасен гол на Хаверц уште во шестата минута поведоа со 1-0. По дадениот гол Арсенал се повлече, ПСЖ тешко создаваше шанси, тешко им беше и воопшто да шутнат на голот на противникот. Но, една грешка во 65. минута на Москера кој направи фаул за пенал, му донесе израмнување на ПСЖ, ...
Од партијата велат дека Заев користел слична реторика кога ги промовирал измените поврзани со промената на името на државата, тврдејќи дека тоа е последниот чекор кон членството во Европската Унија. Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо ветениот напредок, државата се соочила со нови блокади, вета и дополнителни условувања од Франција и Бугарија. Од партијата оценуваат дека Филипче нема прецизни ставови за тоа како би се спречиле идни блокади и вета, ...
Тој нагласи дека местото на државите од регионот е во Европската Унија, како рамноправни партнери кои достоинствено ги застапуваат своите национални интереси и вредности. Нашето место е во ЕУ, не понижени, туку како еднакви партнери – дециден е Ковачки. Ковачки во своето обраќање потенцираше дека македонско-албанското пријателство не претставува само дипломатска формулација, туку е географска, историска и цивилизациска реалност која треба ...
Домаќините уште од првата четвртина покажаа максимална сериозност и одличност да дојдат до победа. Тие 12 минути ги добија со 35-22. Во вториот период Оклахома успеа да намали од негативата, па на полувремето Сан Антонио замина со предност од 60-53. Клучна беше третата четвртина која Сан Антонио ја доби со монструозни 32-13 и го реши прашањето за победникот. До крајот одигра само рутински за конечни 118-91. Најефикасен беше Вембанјама со 28 ...
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 25 до 34 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево со ...
Книгата ја раскажува приказната за девојчето Тина, кое има голема љубов кон музиката и сонува да стане ѕвезда. Преку нејзината приказна се испраќа порака дека со храброст, поддршка од пријателите и верба во себе, секој сон може да стане реалност. Промоцијата ќе има инклузивен карактер, а како специјални гости најавени се Дац и Александар, Ана Витанова – инспирација за главниот лик во сликовницата, како и Марија Савеска. Сликовницата ...
„Утре во текот на денот ќе имаме онлајн владина седница. Според нашите пресметки, врз основа на анализите како се движеа цените на светските берзи изминатите две недели, односно втората половина од мај, и како се движеа цените изминатава недела, очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат и кај нас, односно, досега повластената стапка за бензините од 10 да се врати на 18 проценти, а во делот на на акцизите ќе остане намалувањето од два ...
Стоилковиќ истакна дека Кина има навистина важно место во светската историја, и во минатото и денес. Тој рече дека достигнувањата на Кина во науката и технологијата во последните две децении предизвикале големо восхитување кај граѓаните на Македонија. Говорејќи во Шандонг, родното место на Конфучие, тој го цитираше големиот филозоф: „Вистинскиот човек им помага на другите да застанат цврсто кога сакаат да застанат цврсто и им помага да успеат ...
Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупно 14.237 полнолетни лица се евидентирани како пријавени сторители во текот на 2025 година, додека 6.996 биле обвинети, а 6.371 осудени. Во споредба со претходната година, бројот на пријавени е зголемен за 6,5 проценти, додека обвинетите се намалени за 7,7 проценти, а осудените за 5,7 проценти. Кај децата во судир со законот, евидентирани се 505 пријавени случаи, од кои 305 ...
Првата сезона на Слот во Ливерпул беше како од соништата, стана шампион. Но, во втората тотално потфрли, клубот не наликуваше на оној претходно. „Ливерпул може да потврди дека Арне Слот повеќе не е главен тренер. Наскоро ќе биде именуван негов заменик“, стои во соопштението на Ливерпул. Се водат преговори со Андони Ираола, се верува дека тој ќе биде следниот тренер на Ливерпул. Првата сезона на Слот во Ливерпул беше како од соништата, стана ...
Во конкуренција на петнаесет краткометражни филмови беа доделени три награди. Стручното жири го награди филмот „О“ на Рунар Рунарсон, оценувајќи го како естетски впечатливо дело кое преку црно-бела фотографија го прикажува човекот и неговата внатрешна состојба надвор од секојдневието. Според публиката, најдобар краткометражен филм е „Преплет“ на Гинтаре Парулите. Специјалното признание „Стефан Сидовски-Сидо“ беше доделено на филмот „Мило ми ...
Родителите, роднините, блиските и граѓаните на трагично загинатите деца ги повикаа граѓаните да им се придружат на 44. „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи во сабота, на денот на Задушница. Маршот на Задушница е организиран од Здружението „16-ти Март“. „Со тишина, молитва и непреболена болка ќе чекориме за нашите Ангели – за младите животи што прерано згаснаа, но засекогаш остануваат во нашите срца“, стои во повикот. Од здружението ...
На денешната средба беше договорено дека градоначалникот со претставниците на хотелско-угостителскиот кластер во Маврово ќе се среќаваат најмалку три пати годишно на кои тие ќе ги изнесуваат своите предлози и проблеми со кои секојдневно се соочуваат во својата работа. Главниот проблем за сите нив е хигиената, инфраструктурата, патиштата, редовното чистење на снегот за време на зимските месеци и креирање на нови содржини за привлекување на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на завршниот состанок со претставници од тутунската индустрија и угостителскиот сектор изјави дека законот ќе стапи во сила веднаш по неговото донесување, со исклучок на одредбата која се однесува на адаптација на угостителските објекти, за која е предвиден грејс период од 12 месеци. Тој нагласи дека предложениот текст претставува компромисно решение, изготвено низ инклузивен процес во кој биле вклучени ...