Тој нагласи дека годинешната конференција ги отсликува најактуелните трендови и предизвици во секторот, вклучително и 5Г-емитувањето, мрежното поврзување, облак-технологиите, кибербезбедноста и енергетската ефикасност. „Европа не е изградена само со политики и законодавство, туку и со силна дигитална инфраструктура и поврзаност. Овие сегменти се од суштинско значење за информирано општество, заштита на демократските процеси и обезбедување ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ја поддржа идејата, истакнувајќи дека Казахстан би можел да биде домаќин на постоечкиот ирански материјал. Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, исто така, изрази поддршка за време на состанокот со Гроси во Астана минатата недела, позиционирајќи ја својата земја како потенцијален неутрален чувар на залихите. „Сигнализираме подготвеност да ...

„На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело“, соопштија од Кривичниот суд-Скопје. Работното место на осудениот сѐ уште е во мирување сѐ додека МВР не ја добие правосилната пресуда Осудениот полицаец од Шестата управа на МВР беше обвинет за кривично дело телесна повреда. Обвинителството тврдеше дека тој ја ...

Транспаренси Интернешнл-Македонија го објави најновиот месечен извештај „Бистро-Матно“ за мај 2026 година, во кој се евидентирани случаи поврзани со коруптивни однесувања, институционални слабости и активности насочени кон борбата против корупцијата. Меѓу најсериозните случаи во категоријата „матно“ е истрагата против претседател на суд и судски администратор, кои се осомничени дека барале и примиле мито во износ од 8.000 евра за да влијаат ...

Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Националниот совет на Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак Во рамки на посетата, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната ...

„Отворањето на овој центар претставува исклучително важен и долгоочекуван чекор во нашиот здравствен систем. Детската дебелина не е само естетски или нутриционистички проблем, туку комплексна состојба, која бара ран и мултидисциплинарен пристап. Затоа овој центар овозможува тим од педијатри ендокринолози, нутриционисти, психолози и физијатри заеднички да работат со децата и со нивните семејства. Како и кај другите центри за менаџирање со ...

Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари средба со Антонио Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан, за да се сретне со лидерите од регионот и да биде ко-претседавач на самитот ...

-„Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг – летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи. А, од Скопје имаме две одлични летни дестинации, што ќе продолжат и после летото, но, така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена ...

Седлоски застана во одбрана на фудбалерите и ја презеде одговорноста за поразот. На четирите натпревари кој тој досега ги водеше, Македонија нема постигнато гол. „Сакам да ѝ честитам на Турција која заслужено нè победи. Навистина се одлична репрезентација полна со квалитетни фудбалери. Загубивме со 4-0, ја преземам сета одговорност бидејќи јас ги поставувам играчите. Ова е пријателски натпревар, на сите играчи им дадов шанса. Од овие ...

Првпат по 12 години Сан Антонио ќе игра во НБА финале. Главен лик во вчерашната победа, но и во финалната серија на Западот, беше Виктор Вембанјама кој мечот го заврши со 22 поени, додека фантастичен придонес даде и Џулиан Шампани со 20 поени, од кои дури шест тројки. Спарс имаа дури седум кошаркари со двоцифрен број поени, што уште еднаш ја покажа нивната тимска сила во најважниот меч од сезоната. На спротивната страна блескаше МВП-ѕвездата ...

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд на повисоките места и дневни температури до 25 до 33 степени. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од западен правец. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за ...

Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви е пласиран во хартии од вредност (70,8 проценти) по што следуваат монетарното злато (16,8 проценти) и валутите и депозитите (12,3 проценти). На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра. Девизните резерви на крајот на април годинава ...

Според него, од УНЕСКО велат дека оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат на крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николоски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра. „Ние ќе се бориме да ја одбраниме трасата и велиме дека е добра. И на крај ќе пресечеме крај на јуни, почеток на јули. Ако нашите аргументи победат, ќе градиме по таа траса. ...

За аусио-снимката од средбата во неговиот кабинет, Пендаровски рече дека станувало збор за еден вработен во кабинетот кој бил припадник на „огнената група“, која беше зачетокот на Вреди во тоа време. „Тој, гледајќи дека на состанокот доаѓа и господинот Али Ахмети, од кабината на преведувачот успеал да сними неколку акценти од излагањето на Ахмети, за да може тоа партиски, политички да го употреби на другата страна, контрастраната од ДУИ. ...

„И тука е всушност каде што настанува моментот на постоење на на спор. Односно, убедувањето на најголем дел од земјите членки, европските институции дека единствена кочница на нашиот пат се уставните измени, очигледно е дека не се, дека има многу повеќе. И тоа е тоа за коешто треба да дискутираме и со Кошта, од потребата од давање на гаранции спрема нас како држава. Патем, и тој во Софија го кажа тоа, пред околу прилика една година, дека ...

„Ако не сакаат да разговараат, не ми е гајле. Мислам дека тоа е во ред. Ниту јас не сакам особено да разговарам. Веќе премногу зборуваме“, кажа Трамп, додавајќи дека тоа „не значи дека Американците ќе бомбардираат насекаде“. „Ќе ја одржиме блокадата“, порача тој, додавајќи дека наскоро ќе одлучи за договорот за продолжување на прекинот на огнот постигнат на почетокот на април. Иранската новинска агенција Тасним денес објави дека Иран ги ...

„Имав продуктивен разговор со израелскиот премиер Биби Нетанјаху и нема да има војници што одат на Бејрут, а оние што биле на пат веќе се вратиле“, напиша Трамп на својата мрежа Трут соушал. Тој додаде и дека имал „многу добра“ размена со Хезболах преку посредници, додавајќи дека проиранската група „целосно ќе го прекине огнот“. „Израел нема да ги нападне, а тие нема да го нападнат Израел“, напиша американскиот претседател. Претходно, ...

Избраниците на Гоце Седлоски уште од самиот старт се најдоа во негатива, бидејќи Оркун Кокчу ја затресе мрежата на Столе Димитриевски веќе во втората минута. Турците продолжија со офанзивниот пристап и во 16. минута преку Чан Узун стигнаа до предност од 2-0. Македонија во продолжението успеа да воспостави рамнотежа на теренот и се обиде да создаде опасност пред голот на домаќинот, а најдобрата можност во првиот дел ја имаше Езџан Алиоски, чиј ...

„Во периодот од 1 до 31 мај на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на затворен сигнал – црвено светло. Исто така, изречени ...

„Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери“, рече Мицкоски. Посочи дека Фетаи во оставката се заблагодарува за работата со него како премиер, како и со останатите колеги во рамките на Владата. На новинарско прашање кога ќе ...

„Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, 80-тите и 90-тите години и првата деценија на 21 век, така што речиси 30 години никакви инвестиции во патната инфраструктура не донесе во ситуација каква што не донесе. Први големи инвестиции почнаа да се случуваат во 2013-2014 ...

Причината лежи во инвестиција направена пред речиси 60 години, која и денес им носи неверојатни привилегии. Стадионот „Азтека“ беше изграден пред Летните олимписки игри во 1968 и Мундијалот во 1970 година и тогаш беше проектиран за 100.000 што го правеше еден од најголемите во светот. Сепак, за време на изградбата ненадејно недостасувале финансиски средства, а на крајот за изградбата да се доврши биле предвремено продадени 600 ВИП „боксови“ ...

Искусниот чувар на мрежата се најде на конечниот список на селекторот Хавиер Агире и ќе стане првиот мексикански фудбалер со настап на шест Мундијали. Со овој подвиг, 40-годишниот Очоа ќе им се придружи на Лионел Меси и Кристијано Роналдо меѓу рекордерите по бројот на учества на светските шампионати. Притоа ги надмина легендите на мексиканскиот фудбал Антонио Карбахал, Андрес Гвардадо и Рафа Маркез, кои настапија на пет Светски првенства. ...

Јавниот обвинител Газменд Мехмеди рече дека по изготвеното психијатриско вештачење во однос на психичката состојба на обвинетата, „таа дејствувала во состојба на силна и интензивна, нагласена раздразливост без своја вина на која и претходел напад на сега починатиот сопруг, и поради стравот за нејзиниот интегритет и сопствената безбедност, како и силен интензивен афект кои доминирале врз нејзиниот психички апарат, обвинетата била доведена во ...

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена за да се направи вреднување на преведувачката дејност во Македонија, како и да се истакне вредноста и важноста на преведувањето за нашиот културен простор. Номинираните книги може да бидат објавени во хартиена форма или како електронски изданија и мора да имаат CIP-запис од Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје. Доставените преводи ќе ...

Тој додаде дека за Македонија се приоритетни реформите – усвoјување на заонодавството за обновливите извори, како и заштита на ранливите категории граѓани. „Нема сомнеж дека врз енергетската безбедност со која регионот и Европа се соочуваат треба да одговориме одлучно. За нас, двете нешта – климатска транзиција и енергетика се поврзани и нужни меѓу другото и заради оскудните енергетски ресурси со кои Европа располага“, рече Рокас. Тој истакна ...

Од млекарницата тврдат дека до денеска не добиле никакво решение, известување, казна или препорака од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за неправилности во декларирањето на нивните производи. „Сите наши производи се тестирани и во целост ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност на храна — составот е идентичен со декларираниот. Инсинуациите и шпекулациите засновани на непроверени извори директно ја нарушуваат репутацијата на ...

Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за изнаоѓање конкретни решенија за енергетската транзиција. „Климатските промени веќе ги чувствуваме преку суши, пожари, топлотни бранови и зголемена енергетска неизвесност. Затоа денес не зборуваме само за стратегии, туку за ...

Заменик-министерот Димитровски информирал за одлуката на Владата за отворање Амбасада во Вилнус, за што врачи и вербална нота со која формално се иницира постапката за воспоставување на Амбасада на Македонија во Литванија. „Беше оценето дека овој историски чекор е резултат на силната политичка волја и континуираната посветеност на двете земји за унапредување на меѓусебните односи и претставува ново поглавје во нивниот развој, создавајќи нови ...

Експертот на оваа тема, Александар Линц, вели дека вештачката интелигенција навлегла во секој аспект од нашите животи. Како пример, тој го наведува гледањето телевизија преку оператори, кои веднаш ви предлагаат што би можело да ви биде интересно – тоа го прави токму вештачката интелигенција. „Кога користите социјални медиуми, тие го препрочитуваат вашиот фид, повторно потпомогнато од вештачка интелигенција. Дури и кога одите во банка за да ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
58%
1030
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
64%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
60%
1029
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.23
62%
1030
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.0
70%
1026
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
54%
1029
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
58%
1026
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1027
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
50%
1030
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
58%
1029
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
59%
1031
Currency

61.623

Currency

54.966

Currency

73.832

Currency

38.09

Currency

39.238

Currency

67.262

Currency

8.2485

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Калај

46.54