
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Од друга страна, 39 отсто од анкетираните кажале дека не му веруваат на Зеленски. Анкетата е спроведена меѓу 2 и 17 декември минатата година и доаѓа во момент кога конфликтот со Русија се приближува на третата годишнина, а руските сили продолжуваат да напредуваат. Довербата во Зеленски, кој имаше минимална популарност пред февруари 2022, нагло порасна откако Русија ја почна инвазијата, а претседателот не распишува нови избори иако одамна му е ...
За Божиќ, секое семејство заслужува богата трпеза, заслужува секој барем за миг и покрај сѐ, да знае дека не е сам и дека има некој кој мисли и на оние на кои ретко кој помислува. На тоа, нѐ учи нашата верба во Бог, истакнал Ѓорѓиевски. Според Ѓорѓиевски, како што информираа од локалната самоуправа, со оваа акција голем број семејства ќе го почувствуваат празничниот дух и ќе го прослават Божиќ со насмевка. „Ние се потрудивме денес да усреќиме ...
Тоа е досега најниското ниво раѓања во Словенија, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје (НУЗ). Проценетиот број бебиња, вклучувајќи и повеќеплодни бремености, е околу 16.900. За сега привремените и неофицијални податоци на Државниот институт за јавно здравство го продолжуваат негативниот тренд на бројот на родените во Словенија. Со исклучок на 2021 година, бројот на родените е во пад од 2010 година. Како главна причина ...
Во изјава за медиумите дадена денеска по литургијата во Соборниот храм во Скопје, Сиљановска-Давкова рече е должна да ги почитува Уставот и законите. „Објаснив дека не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и уште еднаш да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори ...
Со овие две победи по ред Хрватката го презеде првото место во генералниот пласман во слалом во Светскиот куп. Во првото возење Љутиќ беше рамо до рамо со швајцарската скијачка Венди Холденер, но во второто возење изби осамнеа на врвот, Швајцарката имаше 16 стотинки заостанување, а трета заврши Ана Свен Ларсон од Шведска со 19 стотинки заостанување. Минатиот викенд Зринка Љутиќ беше најдобра во австрискиот Семеринг, тоа и беше прва победа во ...
„Кога сите политички планови и евтини манипулации ќе пропаднат, да се посегне по злоупотреба на ситуацијата на еден поранешен член на семејството, со кого веќе со години никој од нас нема ниту сака да има каков било контакт, го може само најнискиот човечки и криминален талог. Мојата мајка, сестрата и јас знаеме низ што сè минавме, но нема од себе да правам жртва. Тоа не е во мојот карактер. Ова само дополнително ми помогна да сфатам во какво ...
Американското министерство за финансии донесе одлука за изземање од санкциите на шест месеци за да се „поддржи сирискиот народ додека работи на изградба на побезбедна и помирна иднина полна со надеж“, се наведува во соопштението. Во декември фактичкиот нов лидер на Сирија Ахмед ал Шара, поранешен припадник на Ал каеда, со помош од џихадистичките групи поддржани од Турција и Израел, го урна дотогашниот претседател Башар ал Асад по повеќе од две ...
Севернокорејските медиуми го објавија тоа еден ден откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја лансирала ракета која летала 1.100 километри пред да слета во водите меѓу Корејскиот Полуостров и Јапонија. Северна Кореја минатата година тестираше повеќе оружени системи кои можат да ги гаѓаат нејзините соседи и Соединетите Американски Држави, вклучувајќи интерконтинентални балистички ракети на цврсто гориво. Постои загриженост дека ...
Можеби бројките за тоа колку гости дошле во градот дали на летување, дали на продолжен викенд или пак на еднодневна посета и не покажуваат некаква блескава сезона, сепак, ситуацијата на терен односно самите граѓани се сведоци дека 2024 година, особено летниот период градот беше доста добро посетен и што е можеби најважно, главната туристичка сезона траеше значително подолго отколку претходните. Гости и туристи во градот имаше уште од април па се ...
„Многу луѓе во Канада би сакале да бидат 51 држава. Соединетите Американски Држави повеќе не можат да ги трпат големите трговски дефицити и субвенции кои на Канада ѝ се потребни за да опстане. Џастин Трудо го знаеше тоа и поднесе оставка. Кога Канада би се споила со САД, би немало царини, даноците би биле значително пониски, и би биле целосно безбедни од опасноста од руските и кинеските бродови кои постојано кружат. Заедно, колку голема нација ...
„Не би сакал да шпекулирам. Но, ги повикувам сите оние бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите, аргументите и доказите пред органите за да можеме да извлечеме заклучок дали тие се виновни за тоа за кое што постои основано сомневање. Не би можел да откривам било какви детали поврзани со белаците од правдата“, рече Мицкоски прашан дали Владата има соработка со албанската Влада бидејќи по некои информации Груби се наоѓа на албанска ...
БРИКС го прифати барањето на Индонезија за членство уште во 2023 година, на самитот во Јоханесбург, но Џакарта го одложи придружувањето во групата до претседателските избори во 2024 и формирањето нова влада. Индонезија сега е полноправна членка на БРИКС, соопшти Бразилија. Индонезија има 281,1 милиони жители и го зазема четвртото место на светската листа. Таа е најголема економија на југоисточна Азија и го зазема деветтото место на листата на ...
Трудо ја започна прес-конференцијата велејќи дека секое утро откако се разбудил како премиер, е инспириран од издржливоста и дарежливоста на Канаѓаните. Тој вели дека откако станал премиер во 2015 година, се борел за Канада и нејзиниот народ, за зајакнување и раст на средната класа. Тој истакнува дека гледал како земјата се обединува кога се поддржувале меѓусебно за време на пандемијата и како работел за да ја заштити слободната трговија на ...
„Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас“, се наведува во честитката. Во време кога предизвиците се бројни, се додава, оваа празнична атмосфера ...
Серџо Консеисао има фантастичен почеток на тренерската кариера во Милан, во своите први два меча ги победи Јувентус и Интер и дојде до трофеј. Натпреварот го отвори Лаутаро Мартинез кој постигна гол во самиот финиш од првото полувреме за водство на Интер од 1-0. По две минути игра во вториот дел Тареми постигна гол и ја зголеми предноста на нероазурите на 2-0. Но, Милан брзо се врати во игра. Во 52. минута Ернандез од слободен удар постигна ...
„Божиќ беше, е и останува за навек возвишен и светол христијански празник, симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста. Христовото раѓање нè учи и инспирира како да сакаме, да шириме мир и хармонија, да им помагаме на беспомошните, безрезервно да даваме поткрепа и нудиме утеха. Божиќ ја симболизира животворноста на верата и надежта, како суштински за човековата природа. Да ги отвориме и на овој божиќен ден срцата за сите луѓе, да се ...
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови. Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно со појава ...
Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје. Земјотрес беше регистриран и вчера во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 25 километри северозападно од Скопје. И на 5 ...
Централното одбележување е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи архиерејска литургија на Св.Василиј Велики. Кого и што славиме на Божиќ? На Божиќ се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков ...
„Согласно годишниот план за постапување во зимски услови, на подрачјето на Маврово е воведен кружен тек на движење на возилата за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Но, поради непочитување на правилата и препораките, во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во одвивањето на сообраќајот. За да се надминат проблемите и да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во Маврово, ОВР Гостивар дополнително ...
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 6 степени. До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски. Во останатите места ќе биде релативно ...
Карло Анчелоти шанса им даде на играчите кои беа во втор план, но и со нив Реал Мадрид е пресилен за противникот кој го имаше. Резултатот го отвори Федерико Валверде уште во петтата минута од натпреварот. Осум минути подоцна Камавинга зголеми на 2-0, а во 28. минута Арда Ѓулер погоди за 3-0. Тоа беше резултатот од првиот дел. По десет минути игра во второто полувреме Лука Модриќ зголеми на 4-0, а серијата погодоци ја затвори Ѓулер со својот втор ...
Според него, едно од правилата да се биде успешен на пазарот и да се развива бизнисот е да се биде во чекор со промените и да се биде дел од нив. Во спротивно, ако не се прифатат промените, ќе има застој и полека ќе се исчезне од пазарот. „Сигурноста и претпазливоста се најголемиот фактор за бизнисот. Во моментов воопшто не ни е тема за размислување безбедноста на капиталот. Едноставно размислуваме да се развиваме, да ја прошируваме компанијата, ...
Изминатиов викенд, Луис Суарез одиграл важна улога надвор од терените, за време на својот одмор во Уругвај, и помогнал на полицијата да спречат човек да изврши самоубиство. Инцидентот почнал во петокот вечерта, кога еден маж се качил на дрво со јаже околу вратот и се заканил дека ќе си го одземе животот доколку не се појави неговата партнерка. Спасувачите, полицијата и луѓе од невладиниот сектор околу 20 часа се обидувале да го одвратат човекот ...
Хјулит Пакард центарот најчесто одбира уред кој не само што ја исполнува својата задача за управување со резервите на нуклеарно оружје на американската војска, туку и одбира комбинација од технологии кои ја унапредуваат најсовремената информатика. Националната лабораторија Лоренс Ливермор неодамна го претстави системот наречен Ел капитан на конференцијата за суперкомпјутери СЦ24. Но, овој пат е малку поинаку од досега, бидејќи Ел капитан се ...
Тој потенцираше дека во моментов се работи на неколку проекти кои ќе го забрзаат протокот на добра и патници на граничните премини. „Во однос протокот на границите работиме на два проекти, едниот е ‘new single window’ – што значи дека за сите оние што се занимаваат со товарен превоз ќе има само една проверка на документи. Тие што го работат ова многу добро знаат за што зборувам сега бидејќи сега се оди по десетици шалтери на граничните премини и ...
Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, првите три одат во втората фаза каде ќе вкрстат со најдобрите три од групата во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт. Ракометната федерација на Македонија и Владата одлучија да ги мотивираат ракометарите со премија за секоја победа на Мундијалот. Тие ќе поделат по два милиони евра за секој триумф. Првенството го почнуваме на 15 јануари со меч против Унгарија, два дена подоцна играме ...
„Возљубени чеда на Македонската православна црква, сите ние како личности, како црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во црквата Христова. Милостивиот Бог, преку неговата љубов и неговата благодат, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во ...
Земјотрес вчеравечер бил почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ информираа дека телеметриската сеизмолошка мрежа синоќа во 23 часот и 12 минути регистрирала земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри ...
„Настанот им е посветен на нашите сограѓани на кои им е потребно малку радост, дружење и среќа. Ручекот е приготвен од вештите раце на најголемите мајстори во кујната. Затоа што магијата на божиќните празници е токму во споделувањето на заеднички моменти“, велат од кабинетот на градоначалникот, честитајќи го денешниот празник и посакувајќи да се слави уште многу години. Идејата за денешниот заеднички ручек е на еден од најдобрите готвачи, шеф ...