Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција. Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и ...
Организацијата Арита тврди дека забраната за носење шамија во јавните образовни институции е неоснована и претставува облик на дискриминација. Во нивната тужба се наведува дека бројни девојки биле исклучени од училиштата или им било забрането да посетуваат настава во текот на изминатите четири години само затоа што носеле шамија. По жалбите од средношколките, Арита поднесе жалба до Врховниот суд барајќи поништување на спорната одлука. Сепак, ...
Министерот за надворешни работи Уго де Зела им изјави на новинарите дека перуанските власти претходно во текот на денот дознале дека поранешната премиерка Бетси Чавез, која служела под претседателот Педро Кастиљо, избегала во мексиканската амбасада во Лима. Министерството за надворешни работи на Мексико не одговори на барањето за коментар. „Како одговор на овој непријателски чин и земајќи ги предвид претходните случаи во кои сегашни и поранешни ...
Владата во Стокхолм претходно најави формирање специјални притворни единици во шведските затвори за малолетници на возраст од 15 до 17 години. Според новиот предлог, планот се проширува и на единици за затворање млади лица на возраст од 13 до 14 години. Според шведското министерство за правда, малолетните престапници би можеле да почнат да се испраќаат во овие притворни установи уште од следното лето. Владата тврди дека промената ќе ја затвори ...
Четворица Бугари се осудени за вандализам врз Музејот на холокаустот во Париз, а еден од нив, Георги Филипов е учесник и во каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, во 2023 година. Во објавата на ОМО Илинден – Пирин се приложени и линкови од известувањата за случајот со вандализам во Франција. „Парискиот кривичен суд ги осуди Георги Филипов и Кирил Милушев на по две години затвор како сторители на делото, ...
Бранителот на Реџеп Нуредини, адвокатот Насер Рауфи, во изјава за медиумите по денешното рочиште, рече дека обвинетиот со признанието на вина придонел за ефикасност на постапката и дека во случајот е определен и заштитен надзор, со пробациските мерки. „Обвинетиот Реџеп Нуредини денеска на главна расправа покажа искрено каење за стореното, за неговото грубо однесување спрема оштетената. Меѓутоа, и самата градоначалничка покажа доблест да му ...
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, на 1 ноември попладнето, во близина на угостителски објект во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот едно лице. „Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а ...
Како што информира ОЈО, на 3 ноември, управувајќи автомобил „фолксваген пасат” по булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка. „Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата ‘Лазар Личеноски’ осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил ...
Според обвинителството, осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на обљуба и други полови дејствија девојчето родено 2009 година кое му било доверено на чување и воспитување. Кон дејствијата придонела и мајката на девојчето, која иако знаела, ниту го пријавила, ниту го спречила осомничениот во дејствијата. Со тоа не го заштитила детето од злоупотребите, иако девојчето во повеќе наврати ...
Рочиштето, како што информираат од судот, е отповикано по добиено известување од јавниот обвинител дека не може да присуствува поради здравствени причини, како и известувањето од КПУ Затвор Скопје дека поголем дел од обвинетите треба да присуствуваат на погреб. Андонов и уште шестмина затворски полицајци, претходно пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни. Според обвинителството тие се гонат за злоупотреба на службената положба, а дел ...
Поради руската инвазија на Украина во 2022 година, колективната одбрана стана приоритет за Европа. Но, повеќе од три години по почетокот на војната, главното прашање е како локалните актери можат да придонесат во заедничките напори за зауздување на Русија на источниот дел од НАТО и ЕУ, зајакнување на отпорноста на хибридни закани и преземање одговорност за мировните мисии поблиску до дома. Како и соседна Црна Гора, Албанија придонесува во ...
На седницата, покрај претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, присуствуваат координаторите на пратенички групи и претставници на парламентарни партии, меѓу кои Оливер Спасовски и Јован Митревски од СДСМ, Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Карапејовски од ЗНАМ и Беким Ќоку од Вреди. Во извештајот се нагласува дека Македонија останува целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што ја потврдува нејзината ...
Со овој меморандум се воспоставува партнерство помеѓу двете институции, со цел унапредување на системот за превенција и рано предупредување од цивилни ризици и опасности, како и поефикасно справување и отстранување на последиците од цивилни несреќи и катастрофи. Оваа соработка, како што велат од Центарот зауправување со кризи, ќе придонесе за побрза и посигурна размена на информации, подобра координација и навремено информирање на јавноста во ...
Мицкоски потенцира дека земјава го започна патувањето кон ЕУ пред 25 години, кога го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата, стана кандидатка за членство во 2005 година, заедно со Хрватска, со која заедно го доби и првиот позитивен извештај за започнување на преговорите во 2009, но за жал денес е на истото место каде што беше и пред 25 години. „Не поради Копенхашките критериуми, не поради неисполнување на некои обврски, туку ...
Според најавите и дипломатските извори на „Политико“, уште пред објавувањето на извештајот, Македонија ќе биде пофалена за инвестициите и целосното усогласување со надворешната политика на Европската Унија, како и за учеството во регионалните иницијативи – области кои се во надлежност на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Како што наведува „Политико плејбук“ (POLITICO Playbook), земјата и натаму е „заглавена“ поради ...
Како настана спојот помеѓу двајца скопјани и еден господин од Бамако, престолнината на далечната западноафриканска земја Мали? Со Гоце сме комшии и се знаеме одамна, вели Тони Китановски. Направив аранжмани за песните на САФ и диригирав со мал биг бенд (мојата омилена оркестарска формација) на нивниот концерт на Таксират пред некоја година на Скопски саем. Тоа беше нашата прва соработка. Баба Сисоко го запознав на џез-фестивалот Рочела во ...
Во изминатите 65 години, како што истакна директорот на подружницата ХЕС „Црн Дрим“ Гоце Божиновски, електраната Глобочица произвела 10.576.143.049 киловат часови електрична енергија или околу една милијарда евра се слеале од неа во државниот буџет. Околу десет отсто од домашното производство на електрична енергија, односно 15 проценти од хидро производството и припаќа на ХЕ Глобочица. „Од самиот почеток со работа во 1965 година, оваа електрана ...
„Севкупно, 2025 година беше добра година за нашата политика за проширување. Имаше значителен напредок. Напредокот на патот кон ЕУ постигнат досега од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина покажува дека реформите се исплатуваат. Ова треба да послужи како силна мотивација за сите земји вклучени во процесот“, рече Кос на заедничката прес-конференција со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. Кос ...
Актуелниот договор на Влаховиќ со Јувентус истекува по крајот на оваа сезона и често се шпекулира со негово заминување. Тој веќе од јануари може да почне да преговара со други клубови, но изјавата на Спалети дава нова димензија на неговата ситуација. „Имав долг разговор со него и сфатив дека тој ја познава атмосферата во Торино, знае што значи да се игра за ваков клуб и без оглед на тоа што неговот договор истекува во јуни, сака да остане тука и ...
„Платата за месец септември сè уште не е исплатена на вработените во Паркови и зеленило – Скопје. Ова претставува продолжување на серијата доцнења и игнорирање на основните работнички права, вклучително и неисплатени плати за претходни месеци, јубилејни награди, бонус плати, К-15 и здравствено осигурување. Протестите продолжуваат и во наредните денови, сè додека не биде исполнета барем една од поставените цели. Работниците нема да отстапат од ...
„Проширувањето мора и ќе остане процес базиран на заслуги. Нашиот пакет дава конкретни препораки за сите наши партнери и на сите нив им велиме дека пристапувањето кон ЕУ е единствена понуда. Ветување за мир, просперитет и солидарност. Со вистински реформи и силна политичка волја, сите вие можете да ја искористите оваа можност“, истакна Фон дер Лајен. По повод објавувањето на извештаите, Европската комисија порача дека доследноста и следењето на ...
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнало 24 литри на метар квадратен, 18 – Тополчани, 12 – Прилеп, Битола, 10 – Берово, 8 – Скопје – Петровец, Виница, Крива Паланка, Кавадарци, 7 – Маврови Анови, 6 – Претор, Демир Капија, 5 – Пожаране, Куманово, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 4 – Струмица, Тетово, Попова Шапка, Штип, 2 – Велес, Ѓуриште, 1 – Гевгелија. Најниската ...
„Следењето на овие случаи има голем одѕив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските чинители и со текот на времето прерасна во релевантен показател на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина“, велат од Транспаренси Интернешнл-Македонија . „Матни“ настани за октомври Суспензии и предистрага: Се шири ...
„На координацијата прва по паузата за изборите, разговаравме да се донесе нов Изборниот законик, на консензуален начин. Нов Изборен законик треба меѓу другото и поради финансирањето на партиите. Беше проблем, бидејќи со одредбите напишани во 2021 година, две партии имаше само, што не соодветствува со реалноста. Имаше три на власт, три во опозиција. Не е исклучено да се зборува и за промена на изборниот систем, на пример Македонија да биде една ...
„Ние веќе функционираме како Вреди и досегашните министри кои беа министри на Вреди, а не на одделни политички партии, така и ќе продолжиме. Како што најави Меџити негов наследник на позицијата прв вицепремиер ќе биде Беким Сали, додека за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде назначен друг и за тоа допрва ќе се одлучува. Сѐ уште нема конкретно име“, рече Сулејмани одговарајќи на новинарски прашања. На прашањето што очекува ...
Изјавата на Мицкоски по средбата со Кошта ја пренесуваме во целост: „Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба. Повторно разговаравме за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и ...
Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025. Овие стипендии се доделуваат врз основа на одредба од Законот за употребата на македонскиот јазик и се со цел да ги стимулираат учениците од IV година од средното образование за запишување на ...
„Властите продолжија да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план за заштита на малцинствата, кои треба да се финализираат во инклузивен процес“, се наведува во заклучоците. Во документот се додава дека се потребни понатамошни брзи и решителни активности во однос на одредниците за старт на преговорите во согласност со Преговарачката ...
Алиу на прес-конференција во Клиниката рече дека тимот од Кардиологија покажал дека во македонското здравство има знаење, храброст и визија за врвни резултати. Според него, ова е голем чекор напред во здравството. Директорката на Клиниката Даница Петкоска Спирова рече дека ова претставува значаен чекор во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот од Клиниката. „Со оваа процедура овозможуваме ...
Андоновски посочи дека вторпат присуствува на отворањето на една регионална иницијатива која, како што рече, ја таргетира електронската трговија, развојот и новите предизвици во електронската трговија. „Ако минатата година зборувавме што се плановите и идеите на тогаш новата Влада, сега можеме да зборуваме за резултати. Ќе се задржам на два аспекта со кои го поддржуваме бизнис секторот и ја поддржуваме трговијата во електронска смисла. Едно е ...