
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Нападите на руските агресорски сили во Украина во изминатово деноноќие повторно однесоа жртви. Се напаѓало од воздух и од земја, со артилерија, при што настрадале цивили и граѓанска инфраструктура, јавува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Југозападниот голем пристанишен град Одеса ноќеска бил нападнат со руски дронови, при што е оштетена цивилна инфраструктура. Оштетени биле и недовршени станбени згради, како и постоечки и ...
Познатиот американскиот конзервативен новинар и ТВ-водител Такер Карлсон најави дека изминатите денови бил во Москва за да го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин. Интервјуто ќе биде објавено вечерва на полноќ, на социјалната мрежа Х (поранешно Твитер) и на веб-сајтот на Карлсон. Тој вели дека му е новинарска должност да им даде на своите гледачи и слушатели целосна слика на ситуацијата. Следно, Карлсон најави дека се обидува да го ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ја оцени ситуацијата во Босна и Херцеговина како кревка и оцени дека НАТО и Европската Унија можат да направат повеќе за зачувување на мирот, дури и со испраќање дополнителни војници во европската Мировна мисија, пренесе германската новинска агенција ДПА. Тој ги опиша Србија и Република Српска како „плодна почва“ на руското влијание. Ова може да вклучи зајакнување на сојузничкото воено присуство за ...
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го повика српскиот претседател Александар Вучиќ да помогне во намалувањето на новите тензии на Балканот и го предупреди него и другите актери во регионот, дека конфликтите не се патот кон Европската Унија, објави германската новинска агенција ДПА. „Мораме да работиме заедно за да спречиме спирала на ескалација, кој и да ја води. Мораме да направиме сè за да спречиме загревање на тензиите. И мора да ...
Контроверзниот американски новинар Такер Карлсон и Владимир Путин вчеравечер беа во центарот на вниманието – десничарскиот коментатор и поддржувач на Трамп го интервјуираше повлечениот руски автократ, пишува Гардијан во својот извештај за интервјуто. Двочасовното необично интервју, снимено во Москва, беше прво на Путин со западен медиум откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Путин доминираше за време на целиот разговор и во ...
Седум лица, меѓу кои и три деца, загинаа во напад на руски дрон врз бензинска станица во градот Харкив во источна Украина, изјави утрово регионалниот гувернер Олег Синегубов, а пренесува Гардијан. „За жал, бројот на загинати од окупаторските напади на Харкив се искачи на седум. Меѓу нив има три деца: седум, четири години и шестмесечно бебе“, напиша Синегубов на социјалната мрежа Телеграм. Синоќешниот напад предизвикал запаленото гориво да се ...
Во воздушните напади во градот Рафа во Појасот Газа загинаа најмалку 28 лица, додека повеќе од милион цивили кои се засолнуваат во областа се подготвуваат за можноста за целосна израелска копнена офанзива на последното место кое се смета за релативно безбедна територија, пренесува Гардијан. Рафа е најјужниот град на палестинската територија што е погоден од жестоката офанзива на Израел по нападите на Хамас од 7 октомври и голем дел од ...
Доналд Трамп изјави дека ќе ја „охрабри“ Русија да ја нападне секоја членка на НАТО која нема да ги плати своите сметки како дел од западната воена алијанса, пренесе Би-би-си. На митингот одржан вчера, тој рече дека еднаш му рекол на шефот на НАТО дека нема да заштити ниту една нација која доцни со плаќањата и дека ќе ги „охрабри“ агресорите „да прават што по ѓаволите сакаат“. Обраќајќи се на толпата за време на митингот во Јужна Каролина, Трамп ...
Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Неодамна главна вест од ЕУ беше согласноста на европските лидери за одобрување на новиот Инструмент за Украина со тежина од вкупно 50 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Предложен во јуни минатата година, по унгарското вето во декември, сега конечно се очекува да биде формално усвоен со донесување на соодветната Регулатива. ЕУ се пофали со единственоста ...
Израелското проширување на својата воена офанзива во Газа во градот Рафах резултираше со успешно ослободување на двајца од заложниците заробени од Хамас, но и со смрт на околу 67 Палестинци, јавува Би-Би-Си. Двајцата заложници, кои биле заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври, се наоѓале во стан во станбена зграда во градот Рафах. Специјални сили влегле во станот вчера, додека околината била таргетирана со воздушни ...
Неприфатливо е македонските граѓани кои се веќе изложени на сопствен трошок да менуваат документи, да бидат ставени во состојба на паника и страв дали ќе бидат казнувани при нивното учество во сообраќајот. Ги следам реакциите на загрижени граѓани кои и лично ме контактираа вечерва и ги разбирам нивната вознемиреност и гнев. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски, откако попладнево, само еден ден пред да стапат во сила обврските од ...
Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе предлог за законски измени со кои на возачките дозволи, сообраќајните дозволи, осигурителните полиси и сообраќајните книшки ќе им биде продолжена важноста, соопштија денеска од партијата. Во меѓувреме, и техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на Канал 5 вчера најави измени на Законот за изменување и дополнување на законот за патните исправи и Законот за безбедност во сообраќајот ...
„Дискворлд“ игрите коципирани како авантури можно е да наскоро да добијат нови свежи верзии. Тие се базирани на Дискворлд серијалот на Тери Прачет и досега има три такви игри авантури Discworld, Discworld 2 и Discworld Noir од 1995-1999 г. кои ги објавија девелоперите Perfect Entertainment. Во скорешно интервју ко-основачот на Perfect -Грег Барнет изјави рече оти не сака да зборува пред време, но можно е да се случи реиздавање на Дискворлд ...
Обезбедувањето на човековите права е неопходен чекор, не само од морален, туку и законски аспект, кога се работи со податоци во дигиталниот свет. Пред да се пушти во употреба одреден производ базиран на вештачка интелигенција (ВИ) мора да се тестира безбедноста на личните податоци и приватноста на корисниците. Инаку, најдобар начин да се обезбеди заштита на личните податоци е тие воопшто да не се регистрирани во бази на податоци, вели развивачот ...
Претседателот на Комитетот за разузнавање во американскиот Сенат и претставник на Демократската партија, Марк Ворнер, рече дека е загрижен поради одлуката на кампањата на претседателот Џо Бајден да се приклучи на ТикТок. Во неделата, кампањата за реизбор на Бајден го искористи „Супербоул“ за да ја најави својата нова корисничка сметка на ТикТок во обид да допре до младите гласачи пред претседателските избори во ноември, јавува Гардијан. ...
Млади локални и странски музичари учествуваа во концертот „Свинг!“, организиран од „Фејмс институт“ на 10 февруари во Филхармонија во Скопје. Во биг бег стил беа отсвирени бројни композиции од различни музички потекла, вклучувајќи ги „Њујорк, Њујорк“, „Флај ми ту д мун“ и адаптирана верзија на „Оревокршачка“. Од „Фејмс институт“ велат оти концертот произлегол од „работата на еднонеделен оркестарски курс за хибридни музички форми“, прв од низа ...
Студентите кои се нови корисници на стипендии не ги добија првите исплати во текот на оваа недела, како што најави Министерството за образование и наука (МОН), со што изјавата на МОН дадена на Мета.мк ја оценуваме како невистинита. Министерството за образование доцни со исплата на стипендиите за студентите – нови корисници, кои потпишаа договори во јануари. Додека студентите кои го продолжија правото на стипендија првите исплати ги добија во ...
Првиот Студентски форум во земјава ќе се одржи на 8 и 9 март. Овој настан ќе ги обедини лидерите на студентските собранија на универзитетите во Северна Македонија во „Националното студентско тело“ каде ќе се гласа и за главните органи во рамките на ова тело. Целта на форумот е да се зајакне колективниот глас на студентите, да се стопира праксата на вклучување на студентите во „борбата“ за нивните права и за нивните предизвици. На овој дводневен ...
Министерството за економија денеска соопшти дека ќе доделува потврди-ваучери за одмор за домашен туризам за работници со ниски приходи. За оваа мерка, што четири години ги опфаќа работниците со ниски примања, претходно беше најавено дека годинава ќе биде наменета за студентите кои доаѓаат од социјално ранливи семејства, но Министерството се премисли. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а ваучерите ќе бидат во вредност од ...
Учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Штип се победници на првиот национален турнир за средношколци во друштвената игра за политичка едукација „Изборологија“. Турнирот на кој се натпреварувале десет средни училишта од цела земја го организираа здружението ЛЕАД во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Настанот ја нагласи важноста на политичкото образование и едукацијата на младите гласачи пред остварувањето на нивното право на глас, велат од ...
Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични? Ова е темата на „Сајбер шејк“ настанот – дискусија за млади „Дипфејк или реалност“, кој ќе се одржи на 21 февруари 2024 година во 18 часот во кафе и ...
Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем од вчера, 8 февруари, среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен. Поради ова, епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честичките во Струмица е прекината, а со тоа и мерките и препораките кои стапија на сила во средата. ...
Тим од дваесетина студенти, во една од лабораториите на Машинскиот факултет при УКИМ го подготвува првиот македонски болид кој летоска треба да замине на светски натпревар во Хрватска. Обединети под името MES Racing, овие студенти работат на производство на тркачки автомобил кој треба да стигне до формула тест патеката Бугати Римац во хрватска Велика Горица. Она што тие го подготвуваат треба да настапи на Формула Студент концептот на натпревари ...
За годинава се најавени неколку игри на тема „Источни воини” – самураи, нинџи, кинески воини. Претходниците на игрите што ги презентираме се несомнено “Sekiro”, “Nioh” 1 и 2, “Wu Long: Fallen Dynasty” и “Ghost of Tsushima”. За новите игри, коишто се Souls Like игри со зголемена тешкотија, односно Where Winds Meet, Phantom Zero Blade и Rise of the Ronin неодамна излезе гејмплеј. Почнуваме со Where Winds Meet: За неа пишувавме уште при првата ...
Дваесетина македонски студенти во моментов го подготвуваат првиот македонски болид. Тркачкиот автомобил од лабораторијата на Машинскиот факултет треба да стигне на светски студентски натпревар во Хрватска. За нивната работа, патот што го одат и предизвиците на кои наидуваат дознајте повеќе преку нашиот разговор со Стефан, Георги и Масимо, кои се дел од тимот на MES Racing, во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за тоа како помина ...
Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер во 1966 година го објавил првиот италијански фанзин за стрипови „Comics Club 104 “. Со професионално создавање почнал на 16 ...
Собранието попладнево ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка за студентите. Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со ден сабота. Тоа значи дека субвенционираниот оброк ќе може ...
Играта за возрасни, со експлицитни сцени, Inquisitor излегува утре. Иако веќе пишувавме за оваа игра (што може да се прочита овде), сега излезе демото на оваа игра и има нови информации и од луѓе што имале пристап до целосната игра, повторно се навраќаме на неа. Демото за оваа игра е добра можност да се запознаете со неа, а во продолжение го споделуваме и трејлерот, којшто беше најавен на GamesCon 2023: Полскиот писател Јасек Пиекара, којшто е ...
Како што сликите генерирани со помош на вештачка интелигенција (ВИ) стануваат сè пореалистични, така излегуваат сè повеќе прашања околу регулирањето на истите. Имено, компаниите OpenAI и Мета, сопственикот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, најавија дека ќе започнат со обележување на сликите кои се генерирани со вештачка интелигенција. OpenAI, познати по четботот ChatGPT и генераторот на слики DALL-Е, најави дека ќе стави т.н. воден жиг ...
Случаите на дигитално родово базирано насилство кај нас се секојдневие. Иако не секој умее да го препознае и пријави, сепак, од евиденцијата на невладините организации кои се бават со оваа проблематика, се гледа дека бројот на пријави расте. Во С. Македонија нема официјална статистика и не се води прецизна евиденција за вкупниот број на пријавени случаи. За тоа, што претставува дигитално родово базирано насилство, како истото да се препознае, но ...