Денес започна овогодишниот самит на групата Г7, во која спаѓаат Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединето Кралство, САД, како и претставници од Европската Унија, пренесува Гардијан. Самитот ќе се одржи во јужноиталијанскиот град Фасано. Таму, во луксузниот комплекс Борго Егназција, италијанската премиерка Џорџа Мелони ги пречека лидерите од останатите членки на Г7. „Ќе ја повториме нашата поддршка за Украина и ќе продолжиме да ...

Медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија д-р Марјан Шокаровски и на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, се разрешени заради пропусти во нивната работа, реагира денеска преку соопштение министерот за здравство во заминување, Илир Демири. Неговата реакција следува откако во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кажаа дека ќе бараат одговорност од Демири бидејќи двајцата директори ги разрешил ...

Мрежата Стела и Национален младински совет на Македонија (НМСМ) ги повикуваат стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип наречен „Кое е твоето чудо?!”, најавија МладиХАБ. Станува збор за конкурс за оригинални авторски стрипови, чии теми ќе се поврзани со борбата за родова еднаквост. „Уметничките дела треба да поттикнат теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат ...

Денес и утре ќе има посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје, известува Министерството за внатрешни работи (МВР). Посебниот сообраќаен режим започна вчера, поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа. СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за ...

Во матичната општинска организација Бутел, Славјанка Петровска ја започна кампањата за претседателка на СДСМ. Таа пред членството го презентираше „Манифестот за Социјалдемократија”, програмата со која, како што вели, планира големи реформи во СДСМ и со која ќе се врати победничкиот дух. „Тоа е за доброто на државата. Благодарам на сите за масовата поддршка на првиот ден од кампањата“, напиша Петровска на својот профил на фејсбук. Славјанка ...

Повеќе од 100 лидери, меѓу кои потпретседателката на САД, Камала Харис и претседателите или шефовите на земјите од ЕУ, Јужна Америка, Блискиот Исток и Азија, денеска ќе се соберат во Швајцарија за еден од најамбициозните обиди досега да се создаде мировен план за Украина. На дводневната мировна конференција, која ќе се одржи во луксузното одморалиште Бургеншток надвор од Луцерн, ќе се разговара за предложениот план од 10 точки на Киев за ставање ...

Црногорскиот фудбалер и голман на државната репрезентација, Матија Шаркиќ, починал утрово околу 6 часот и 30 минути во Будва, објави РТЦГ. Веста за ненадејната смрт на 26-годишниот фудбалер ја потврдија и Фудбалската федерација на Црна Гора, како и клубот Милвол, во чиј тим Шариќ се придружи минатото лето. Спореди информациите, тој почувствувал непријатност во својот стан во Будва, по што пријателите повикале брза помош, но тој во меѓувреме ...

Синоќа во Прилеп, во Центарот за култура беше отворено 58 издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, на Драмскиот театар од Скопје, беше првата претстава од официјалната програма што ја виде публиката. Денес на пладне е организирана тркалезна маса со екипата на фестивалот. Во библиотеката „Борка Талески“ беше отворена изложба на фотографии со портрети на Горан Стефановски. Вечерва во 19.30 ...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својата предизборна програма насловена „За Илинден гарантираме“, вети дека ќе изгради стадион со трибини во општина Илинден. Според одговорите што ги добивме од општинита, изградбата за овој проект е веќе започната, па оттаму да заклучиме дека ова ветување е во тек на реализација, иако во програмата беше наведено дека стадионот ќе биде завршен во текот на 2022-2023 година. Изградбата ...

Стотици милиони гласачи излегоа на гласање на изборите за Европскиот парламент. Во повеќето земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ги Франција, Германија, Италија, Шпанија и Полска, граѓаните гласаат денес, на последниот ден од четиридневниот изборен циклус што започна во четвртокот во Холандија, пишува Гардијан. Најголем број европратеници или 96 се избираат во Германија, по што следува Франција со 81, Италија со 76, Шпанија со 61, Полска со 53, ...

Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот извештај на оваа институција. Според причината за пријавување, најкарактеристични се претставките од физички лица кои се однесуваат на лажни профили, понатаму за пробиени (хакирани) профили, претставки кои се однесуваат за неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на туѓи профили на ...

Триесет и шесгодишна жена од Кратово синоќа ги убила сопругот и свекорот. МВР соопшти дека жената со иницијали В.И. е приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Како што соопшти денеска МВР, жената се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди. ...

Со само еден глас против денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието го донесе решението за добивање апанажа на поранешните пратеници Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Бастри Бајрами, Вјолца Адеми и Бедри Фазли. Претходно апанажа побараа и добија 29 пратеници од претходниот парламентарен состав. Тие, одреден период, не повеќе од една година, ќе ја добиваат истата пратеничка плата. ...

Клип на Фејсбук прикажува тепачка, наводно меѓу граѓани на Украина и нејзината регрутна служба, која врши нивна присилна мобилизација, а сцената е опишана како борба „против режимот на Зеленски“, иако тоа не е поткрепено со извор и ние не знаеме што точно се случува во клипот. Лицето кое го објавило се прашува зошто такви клипови нема и од Русија, создавајќи впечаток дека таму нема присилна мобилизација. Но, неа во Русија и тоа како ја има, само ...

На 8 јуни во „Станица 26“, со почеток од 21 часот, ќе се одржи концерт на Мии Бланко, меѓународно етаблиран музичар, перформанс уметник и ЛГБТК+ активист. Со овој концерт официјално ќе се отвори дванаесеттото издание на Викендот на гордоста – Скопје 2024, чија тема годинава е „Останувајќи со нелагодноста“. Влезниците за концертот се достапни онлајн на овој линк. „Покрај концертот на Бланко, вечерта свој настап во живо ќе има и балканскиот ...

Земјотрес чиј епицентар бил припаѓа на епицентралното подрачје Штип – Радовиш, вчеравечер бил регистриран од телеметриската сеизмолошка мрежа, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот се случил во 19 часот и 54 минути, а бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала. Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од населението во градот Штип и ...

Тврдењето дека Гаши во својство на претседател на Собранието се сретнал со косовската претседателка не е точно. Тој се сретнал со Османи, но во 2023 година и тоа во својство на лидер на партија, поради што и македонското знаме не било истакнато, бидејќи не станувало збор за официјална посета на државно ниво. Ширењето на оваа манипулативна објава, веројатно била инспирирана од објавата на претседателката на Косово, Вјоса Османи на социјалната ...

Проруската објава има за цел да ја оправда воената инвазија на Русија врз Украина. Дека Украина е земја на нацисти е невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија која ја почна на 24 февруари 2022 сосема неиспровоцирано. Терминот „специјална воена операција“ е исто така пропаганден и скован од Кремљ за да се минимизира и замагли вистинската природа на војната што ...

Силните врнежи на дожд кои што ги предизвикаа сегашните, но и претходните поплави се резулатат на климатските промени кои го зголемуваат испарувањето и на тој начин повеќе водена пареа доаѓа до атмосферата. Ова, а не подземни сатански бази или Трамп, е причина за поинтензивни врнежи од дожд и поплави во некои области, или поекстремни суши во други, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди ...

Пратеничкиот мандат може да биде одземен доколку за тоа има двотретинско мнозинство во законодавниот дом. Двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници во нашето Собрание не е 61 пратеник. Бидејќи во Собранието има 120 пратеници, двотретинско мнозинство е 81 пратеник и доколку 81 пратеник гласа „за“ тогаш може да се одземе пратенички мандат, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Во објава на социјалната мрежа Фејсбук се ...

Организатори на протестот не се „странски платени секташки невладини организации“, туку Грузијци, меѓу кои и професори, доктори, студенти, активисти, политичари од опозицијата, работници итн. Нивната демократска волја е да работат за Грузија внатре во Грузија, на начин што ќе промовираат европски вредности и слободи, развивајќи го граѓанското општество, борбата против корупцијата и слободниот говор, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во ...

Смртните случаи предизвикани од воени конфликти ширум светот во изминатите три години се искачиле на највисоко ниво во последните три децении, покажува новиот извештај на Институто за мировни истражувања од Осло – ПРИО. Според извештајот, иако бројот на смртни случаи на бојното поле е намален во споредба со претходните две години, од 2021 година вкупниот број на смртни случаи поврзан со конфликти, вклучително и цивили, се искачи на највисоко ...

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден, беше прогласен за виновен од 12-члена порота за нелегално купување оружје. Бајден дал лажна изјава за некористење дрога кога купувал пиштол во 2018 година, пренесува Би-би-си. Судењето на Хантер Бајден претставува прво кривично гонење на дете на актуелен американски претседател. Доколку тој е кривично осуден, можно е да служи затворска казна од 15-21 месец. Џо Бајден не беше присутен ...

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес најави дека алијансата ќе преземе построги мерки против руски шпиони. „Сведоци сме на бројни примери на саботажа, обиди за палење на објекти, кибернапади и дезинформации“, рече Столтенберг, на прес-конференција во Будимпешта. Столтенберг дополни дека оваа проблематика ќе се дискутира подоцна во денот на средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Министрите ќе разговараат за ...

Основните училишта да работат со скратени наставни часови до крајот на учебната година поради високите температури кои ја зафатија државата, препорачува Министерството за образование и наука (МОН). Од министерството препорачуваат: основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, притоа внимавајќи да се запази суштината на наставната материја која се изучува; училниците и другите простории кои се користат ...

„Едукација за родова еднаквост за практичари – од теорија до спроведување политики“, е името на тренинг-програмата, која е наменета за креаторки на политики, претставнички на граѓанскиот сектор, како и јавни службеници од земјите на Западен Балкан. Оваа програма, која се базира на експертиза и практични искуства поврзани со актуелните предизвици со родовата еднаквост во регионот на Западен Балкан, ја имплементира канцеларијата на Фондацијата ...

Израелските сили вчеравечер влегле во Рафах со тенкови. Во градот во јужна Газа биле забележани напади од тенкови, артилерија, хеликоптери и дронови, пренесува Гардијан. Нападите врз Рафах изминатиот месец принудија околу милион луѓе да се иселат од градот. Повеќето од тие лица веќе биле раселени; Рафах инаку има население од околу 150.000. Обединетите нации предупредија дека можно е повеќе од милион луѓе во Газа да се соочат со масовен глад до ...

Во основното училиште „Јован Дучиќ“ во Нов Белград вчера мајка на петтоодделенец физички ја нападнала наставничката поради оценките на нејзиното дете. Жената била пренесена во болница, наставата била прекината, а децата пратени дома. Вработените, како што пренесува Н1, се крајно вознемирени поради, како што велат, уште еден од низата напади врз колегите. „Инцидентот се случил за време на вториот час. Мајката на ученикот дошла на училиште и ...

Не е вистина дека за измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, предложен од Мицкоски, гласале 81 пратеник и дека истиот не добил поддршка од ДУИ. Точно е дека законот ќе бил донесен и без пратениците на ДУИ, односно со двотретинско мнозинство од најмалку 80 гласа, но објавата ја манипулира јавноста создавајќи перцепција дека интегративците не гласале за законот на Мицкоски. Факт е дека за законот гласаа 88 ...

Денес и утре може да се очекува повисоко количество на песок од пустината Сахара низ Балканот, вклучително и во Северна Македонија, известува европската Служба за следење на атмосферата – Коперник (CAMS). Од CAMS известуваат дека прашината од Сахара особено ќе биде присутна во јужна Италија, Бугарија, Грција и северозападна Турција. Оттаму предвидуваат дека овој бран на сахарска прашина може да доведе до тоа да има 150-200 микрограми ПМ10 ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
87%
1032
weather icon

Белград

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
79%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
0.51
100%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
81%
1032
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.96
74%
1029
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
99%
1029
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
69%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
58%
1030
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
54%
1030
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 4ᴼ
4.12
74%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
0.45
95%
1029
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
62%
1030
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Платина

61733.50

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.90

Родиум

258009.74

Паладиум

52470.02

Кобалт

58.42

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Бакар

10.93

Калај

42.35

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60