Преживеаниот маж кој пукаше на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј е обвинет за 59 кривични дела, вклучувајќи убиство и тероризам, соопшти утрово полицијата. Сторителите, татко и син, отвориле оган на плажата во неделата, убивајќи 15 лица во напад што ја потресе нацијата и ги засили стравувањата од растечки антисемитизам и насилен екстремизам. Погребите на еврејските жртви на нападот започнаа утрово, поради ...
Со вкупно 59 кривични дела, меѓу кои 15 за убиства, се соочува 24-годишниот Навид Акрам, кого австралиската полиција го сомничи дека е еден од извршителите на масакрот на плажата Бонди во Сиднеј. 59 кривични дела следуваат откако Акрам вчера се разбуди од кома, во која беше ставен поради тешките повреди здобиени при престрелка со полицијата. Во истиот напад загина и неговиот татко, 50-годишниот Саџид Акрам. Полицијата информира дека таткото и ...

