
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница го усвои текстот на Предлог законoт за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата. Тој ќе биде доставен за усвојување до Собранието на РСМ. Според предлог законот, Охридското Езеро се прогласува за споменик на природата заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните ...
Не постојат медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со појавата на аутизмот кај децата. Наспроти тоа, има медицински докази дека вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека иако е благодарен за можноста за интервју со толкава публика, бил изненаден од недостигот на „остри прашања“ од страна на конзервативниот американски ТВ-водител Такер Карлсон, пренесува Гардијан. Станува збор за популарното обемно интервју со рускиот претседател објавено на 8 февруари, кое достигна преку 200 милиони прегледи на Икс (поранешно Твитер). „Да бидам искрен, мислев дека ќе се постави ...
Десетици лица загинаа во племенски спор во оддалечените висорамнини во областа Хајлендс на Папуа Нова Гвинеја, соопштија властите во земјата. Жртвите биле застрелани за време на заседа во провинцијата Енга во текот на викендот, изјавил портпаролот на националната полиција за Би-би-си. Командантот на полицијата во оваа провинција, пак, за Гардијан рекол дека нападот го организирале мажи од две племиња. Областа Хајленд долго време се бори со ...
Од ноќеска на полноќ, моторниот бензин Еуросупер БС – 98 ќе поскапи за два денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со ова, новата цена на 98-октанскиот бензин ќе изнесува 85,5 денари за литар. Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат непроменети. Литар Еуросупер БС – 95 и понатаму чини 83 денари, дизелот се продава за 79,5 денари за литар, маслото за горење – 76,5 денари за литар, а мазутот 40,732 денари по ...
2,3 милиони евра за проектот за проширување на улицата „Цветан Димов“, или поинаку позната како улицата кај „Јахја Паша“, Градот Скопје ги повлекол и ги пренаменил за покривање на обврските на Град Скопје кон Министерството за финансии, велат од Општина Чаир еден месец откако градоначалникот на оваа општина, Висар Ганиу, изјави дека со Данела Арсовска немаат ни комуникација, ни соработка за овој проект. Од Град Скопје велат дека средствата биле ...
Речиси 5.000 деца од Скопје (4.991) ја пропуштиле вакцинацијата за пертусис (голема кашлица), согласно податоците доставени од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив, информираат од таму, во последниот период се вакцинирани 982 деца. Од овие што се вакцинирале во последниот период, најголем дел (40%) примиле прва ревакцина. До сега, опфатот на вакцината против пертусис севкупно земено е 4.036 деца, од ...
На мајката на Алексеј Навални и неговите адвокати не им било дозволено да влезат во мртовечницата во рускиот град Салехард во близина на затворската колонија каде властите соопштија дека тој починал, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш, а пренесува Гардијан. „Еден од адвокатите беше буквално истуркан“, напиша Јармиш на социјалната мрежа „Х“, додавајќи дека персоналот на мртовечницата не одговарал на прашањето каде е телото на Навални. ...
Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза, хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а кои минатата недела во четвртокот го примиле лекот „Трикафта“. Нив денеска ги посети новиот министер за здравство Илир Демири. Овој скап лек, кој државата го набавува етапно, досега го примиле 32 пациенти, а вкупно со оваа дијагноза во Македонија се евидентирани 130 лица. „Пет дена по примањето на лекот белодробната функција ...
Јулија Навалнаја, вдовицата на Алексеј Навални, во видео објавено денеска рече дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот покоен сопруг, обвинувајќи го рускиот претседател Владимир Путин дека го убил. „Требаше да има друга личност на моето место, но таа личност беше убиена од Владимир Путин“, вели Навалнаја. Нејзиното драматично обраќање започнува со зборот „Здраво“, на ист начин како што Алексеј Навални ги започнуваше своите видеа. Таа зборува ...
Транспарентоста е важна и основна не само во борбата против корупцијата, туку и поради овозможување на притисокот на јавноста институциите да бидат отчетни. Стратегијата за транспарентност што треба да се надоврзе на претходната, треба да помогне и јавните службеници да сфатат дека администрацијата не постои самата за себе, туку дека е сервис за граѓаните, порача вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на ...
Највозрасната гејмерка во светот, јапонката Хамако Мори, денеска го слави својот 94 роденден. Таа игра видео игри уште од нивниот почеток, во осумдесеттите години. Мори е т.н. „скил играч”, што е жаргон за некој што игра видеоигри со голема вештина. Таа има свој Јутјуб канал, Gamer Granma, на кој ја следат повеќе од половина милион следбеници. Игра и коментира на својот мајчин јазик. Поради тоа што 40 години игра видеоигри и поради успешноста на ...
По повод 21 Март, Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука (МОН) и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ распишаа конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот, велат од МОН, е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен израз. Учениците до трето одделение можат ...
И покрај тоа што објектот беше пуштен во употреба пред околу четири месеци, во студентскиот дом во Тетово сè уште не е пуштена во употреба мензата, а проблем останува и интернетот бидејќи го нема во сите простории на домот. Веќе подолго време, студентите за Порталб.мк се жалат за овој проблем, а денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири истакна дека овие две прашања се очекува да се решат во рок од неколку денови, без да прецизира ...
Силијан Марфи, Роберт Дауни Џуниор и режисерот Кристофер Нолан беа наградени за нивната работа на „Опенхајмер“ (Oppenheimer), додека филмот доминираше на овогодишните награди БАФТА, јави Би-Би-Cи. Марфи беше прогласен за најдобар актер за улогата на Роберт Опенхајмер, познат како таткото на атомската бомба, додека Дауни Џуниор ја освои наградата за најдобра споредна машка улога. Драмата освои вкупно седум награди, вклучувајќи ја и онаа за ...
Во камерната сала во Филхармонијата во Скопје изминатата сабота ечеше еден многу свеж звук – џез музика отсвирена од талентирани млади музичари. Концертот, наречен „Свинг!“, беше обоен со музиката од Френк Синатра, како и со реинтерпретации на пар класични дела од Чајковски и Бетовен. На диригентското место стоеше реномираниот Тимоти Редмонд, додека театарскиот пејач од Британија Хери Епс му даде свој печат на репертоарот. Композициите беа ...
Кои игри во моментов се на попуст? Каква е ревитализацијата на Overwatch 2 и кои нешта се преработени во играта? Кои се новите комбинации на оружја и професии во Guild Wars 2 и каква е новата сезона на Mythic Dungeons на WoW? Ова се само некои од најновите гејминг вести во кои информираме во овој напис. Погледнете го трејлерот за Overwatch 2, во кој се претставени новитетите: Сезона 9 започна на играта и почнува со ресетирање на ранг-листата, ...
Чистењето на токсичниот линдан во ОХИС паузира веќе шест месеци. Во август лани заврши ископувањето на третиот дел од малата депонија и од тогаш работите се во мирување. Министерството за животна средина минатата година најави дека чистењето на четвртиот дел од малата депонија ќе продолжи од овој месец, но сега и тој термин се поместува за средината на март. Причините за доцнењето се слични како и тие минатата година, кога исто така имаше повеќе ...
Балканскиот рис е вметнат во Бонската конвенција, а С. Македонија и Албанија се обврзаа со здружени сили да го штитат неговиот опстанок, информираат од Македонското еколошко друштво. За време на Конференцијата на Бонската конвенција, која се одржува во Узбекистан, евроазискиот рис и неговиот загрозен подвид, балканскиот рис, се најдоа на списокот на преселни видови. Предлогот балканскиот рис да биде ставен на Прилог 1 од Бонската конвенција го ...
По објавата на Мета.мк и заложбите на Универзитетското студентско собрание при УКИМ, Mедицинскиот факултет во Скопје го продолжи рокот за заверка на семестар без студентите да треба да плаќаат казна. Рокот за пријави на студентите требаше да истече денес, среде испитна сесија, а речиси 3.000 студенти имаа исти термини за носење документи, по што пред факултетот се создадоа огромни редици. Студентите со часови чекаа со надеж дека ќе стигнат до ...
Компанијата за вештачка интелигенција OpenAI, најави нова алатка наречена „Сора“ за креирање видеа кои траат до 60 секунди, а се создадени по текстуални инструкции. Според нивен блогпост, моделот исто така може да создаде видео врз основа на неподвижна слика или да прошири снимки со нов материјал. „Ја учиме вештачката интелигенција да го разбере и симулира физичкиот свет во движење“, велат од OpenAI во врска со „Сора“. Моментално „Сора“ е ...
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп утре ќе прослави 74 години од формирањето – завесата првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведба на претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Од овој театар информираа дека годишнината ќе биде одбележана со изведба на најновата претстава „Стапица за глувци“, според текст на Агата Кристи, во режија на младиот и талентиран режисер Борис Василески. Изведбата ќе започне ...
Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитери на стакленички гасови е приоритет поставен во повеќе стратешки документи, со кои С. Македонија се приклучува кон напорите на Европската Унија за јаглеродно неутрален континент до 2050 година. Освен ...
Редица студенти долга стотина метри речиси цел ден го „красеше“ Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, каде студентите со часови чекаа за да стигнат до службата за студентски прашања и да го упишат новиот семестар. Рокот за упис на летниот семестар за студентите од сите години и од цел факултет истекува утре. Вакви гужви се создале и вчера, а студентите се жалат што терминот за упис истекува среде испитна сесија, па наместо да учат, времето ...
Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие, е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе зборуваме за транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитер на стакленички гасови. Информираме за измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, а ја најавуваме и Сајбер Шејк дискусијата за млади ...
Со усвојувањето на текстот на Законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата, Владата и Министерството за животна средина го прекршија домашното и меѓународното законодавство и постапија спротивно на Уставот, велат од еколошката организација „Фронт 21/42“. Тие се незадоволни и од изборот на ЈП „Колекторски систем“ од Охрид за управувачко тело на Охридското Езеро. Екологистите реагираат дека усвојувањето на законот без ...
Во нов блог на Мајкрософт се тврди дека биле забележани хакерски групи поврзани со руско воено разузнавање, Иранска револуционерна гарда, како и кинеската и севернокорејска влада кои се обидувале да ги усовршат своите хакерски кампањи, користејќи модели на вештачка интелигенција како ChatGPT. Во соработка со деловниот партнер OpenAI, биле спречени многу обиди за хакирање преку технологијата за вештачка интелигенција што ја имаат развиено, а ...
Најголемиот проект за чистење на нелегалните депонии во моментов се спроведува во македонските општини од Источниот и Североисточниот регион. Со финансиски средства од ЕУ, државата во моментов се занимава со чистење на создадениот отпад во неколку градови. Па така, во Пробиштип се затвораат 22 создадени ѓубришта, во Берово се затвораат 11 вакви локации, додека во Виница се затвораат 3 нелегални ѓубришта. Од Министерството за животна средина и ...
Денеска започна исплатата на првите рати од стипендиите за новите корисници кои потпишаа договори со Министерството за образование и наука (МОН) во јануари. На своите сметки студентите добиваат средства за пет месеци, информираа повеќе студенти за Мета.мк. Студентите чии стипендии изнесуваат 6.050 денари, денес на сметка ќе добијат 30.250 денари, додека оние со месечни стипендии од 18.000 денари, треба да добијат 90.000 денари. Стипендиите за ...
Од 4 до 6 март во Приштина ќе се одржи осмото издание на меѓународната конференција за сајбер безбедност „Cyber Zero” во Западен Балкан, во организација на Албанското сајбер здружение и FINDBUG, со поддршка на Амбасадата на САД во Приштина, пишува Порталб.мк. На конференцијата се предвидени над 50 говорници, 10 панел дискусии и над 2.000 учесници. Темата на првиот ден главно ќе биде сајбер безбедноста, на вториот ден ќе се говори за ...