Во оваа објава вакцините се претставуваат како штетни за децата што е неточно и многу опасно. Вакцините обично се даваат во детството заради заштита од сериозни, често смртоносни болести. Тие му помагаат на имунолошкиот систем поефикасно да се бори против инфекциите, со тоа што ќе го поттикнат имунолошки одговор на одредени болести. Ваквите објави, кои ги тераат родителите да не ги вакцинираат децата и кои ги фалат родителите кои не ја прават ...

Големата кашлица не се шири преку авионите коишто летаат на небото, како што се инсинуира во објавата. Не е вистина дека оние кои имаат симптоми на големата кашлица, всушност, се отруени од прскањето со авиони. Сосема е неверојатно намерно да се шири одредена болест преку фрлање опасни раствори и тоа од огромна височина 5 или 10 илјади метри. Големата кашлица е болест која се пренесува од болно на здраво лице со капки од респираторниот секрет ...

Објавата што е предмет на оваа рецензија тврди дека забраната за носење на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинки, всушност е дискриминација, угнетување и понижување на децата и родителите. Но ова не е точно. Вакви мерки се носат за заштита на индивидуалното здравје како на невакцинираните деца така и на останатите деца кои се згрижуваат во детските градинки. Освен тоа, со вакцинирањето се прави и заштита на јавното здравје ...

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ефектот на вакцината не е намалување на интелигенцијата, туку спречување на заразни заболувања кои водат до тешки компликации и смрт. Вакцинираните лица не влијаат негативно на невакцинираните, но невакцинираните спречуваат да се создаде колективен имунитет, кој пак, би ги штител најранливите во општеството, како што се многу мали бебиња, бремени жени, хронично болни и возрасни над 65 години, ...

Мета (матичната компанија на Фејсбук) одлучи да не отстрани манипулирано видео на социјалната мрежа Фејсбук, каде навидум се прикажува како Џо Бајден несоодветно ја допира својата внука. По неколку месеци, надзорниот одбор за модерирање на содржина ја потврди нивната одлука како исправна. Со ова се отвора пандорина кутија за сите кои се борат со ширењето на дезинформации, особено затоа што оваа 2024 година е така наречена „супер-изборна година“, ...

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, на конференција во Вашингтон изјави дека смета оти идејата за Европа и членството во Европската Унија е уште жива и популарна на Западен Балкан, но дека она што има изгубено кредибилитет е бирократијата на ЕУ за проширување. „Ве молам, не дозволувајте кој било да ви каже дека Европската Унија ја изгубила довербата кај народот. Луѓе ги ризикуваат животите за да ...

Црногорската полиција соопшти дека нашла два костури во стан во градот Игало, во општината Херцег Нови. Полицијата утврди дека едниот костур припаѓал на лице кое се водело како исчезнато во Србија. Истиот костурт бил во непрепознатлив облик и во фаза на мумификација. Телата биле откриени на 12 јануари од страна на извршител кој влегол во станот. Веднаш дошло медицинско лице, кое го отстранило едниот костур, додека мумифицираниот костур бил ...

Грција стана првата православна земја во светот што легализира истополови бракови откако парламентот во Атина вчера ја усвои оваа значајна реформа. Во редок приказ на парламентарен консензус, 176 пратеници од целиот политички спектар гласаа за законот. Реформата ја отрфлија 76 пратеници, додека двајца беа воздржани од гласање, а 46 не беа присутни, пренесува Гардијан. Реформата немаше да помине без поддршката на Сириза, главната опозициска ...

Тој ден, 11 април, бев кај другарка кога ми се јави мајка ми и ми рече „Го застрелаа татко ти“. Тогаш не знаевме дали е убиен, но во меѓувреме брат ми отиде во станот во кој живееше тато, ни се јави и ни кажа дека е убиен. Вака раскажува Јелена Ќурувија, ќерка на убиениот српски новинар Славко Ќурувија и претседателка на Фондацијата „Славко Ќурувија“ во интервју за Н1. Иако од тој ден помина многу време, Ќурувија вели дека особено се сеќава на ...

Главниот опонент на рускиот претседател Владимир Путин и најзначајниот руски опозициски лидер во изминатата деценија Алексеј Навални, е пронајден мртов во затвор во Арктичкиот круг, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи ја затворската служба. Навални, кој важеше за најгласен критичар на Путин, отслужуваше 19-годишна затворска казна за прекршоци кои нашироко се сметаат за политички мотивирани, пишува Би-би-си. Кон крајот на минатата година ...

Русија е одговорна за смртта во затворот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, откако руските новински агенции денеска, цитирајќи ја затворската служба, објавија дека Навални починал во затвор. „Неговата смрт во руски затвор и стравот од еден човек само ја нагласуваат слабоста и гниењето во срцето на системот што го изгради Путин“, изјави Блинкен на маргините на Минхенската безбедносна ...

Судија од Њујорк во петокот му нанесе на Доналд Трамп катастрофален пораз во неговиот случај за граѓанска измама, прогласувајќи го поранешниот претседател одговорен за заговор за манипулирање со неговата нето-вредност и наредувајќи му да плати казна од речиси 355 милиони долари плус камата што може да ја „збрише“ целата негова залиха на готовина, пишува еминентниот Њујорк тајмс. Одлуката на судијата Артур Ф. Енгорон го затвора хаотичниот, ...

Цветните почести на Алексеј Навални, најлутиот непријател на претседателот Владимир Путин, кој почина во петокот во руска казнена колонија, беа отстранети во текот на ноќта од групи неидентификувани луѓе додека полицијата гледаше, покажуваат видеата на руските социјални мрежи, објави агенцијата Асошиејтед прес. Повеќе од 100 луѓе беа приведени во осум градови низ Русија, откако дојдоа да положат цвеќе во спомен на Навални, според ОВД-Инфо, група ...

Портпаролката на Алексеј Навални потврди дека рускиот опозициски лидер е мртов, повикувајќи се на официјалното известување врачено на мајката на Навални, Људмила Навалнаја. Изјавата доаѓа откако Навалнаја беше пријавена дека патува во затворот заедно со адвокатот на нејзиниот син во саботата. Пишувајќи на X (поранешен Твитер), портпаролката Кира Јармиш побара телото на Навални веднаш да му биде предадено на неговото семејство. Alexey Navalny was ...

Претседателот на САД, Џо Бајден порача дека ќе ги прави сите напори за да дојде до тоа Конгресот на САД да одобрува помош за Украина, иако Долниот дом на Конгресот на САД ја блокираше дополнителната воена помош од 60 милијарди долари за Украина. Објаснувајќи го тоа за новинарите по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, тој рече дека вчера попладнето тој и Зеленски разговарале, при што првиот човек на САД му ...

Од петокот вечерта до утрово, Военото воздухопловство на украинските вооружени сили соборило четири борбени авиони на руските сили, јави украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Од нив, три се соборени од петокот вечерта до вчера претпладне, а утрово Украинците неутрализирале уште еден борбен авион. Во последниот случај, пилотот на погодениот руски авион го насочил леталото кон селото Антрацит во регионот Луханск, но за среќа нема ...

Русија соопшти дека презела целосна контрола врз источниот украински град Авдиивка, што е нејзин најголем напредок од заземањето на Бахмут минатата година, по повлекувањето на украинските војници, пишува Гардијан. Руските трупи извршија повеќе напади западно од Авдиивка во обид за понатамошни придобивки на бојното поле, изјави вчера портпаролот на украинската армија Дмитро Лиховиј. „Непријателот се обидува активно да ја развие својата офанзива, ...

Израелските сили ќе ги прошират воените операции во Рафа доколку заложниците што ги држи Хамас не бидат вратени до почетокот на Рамазан, изјави вчера министерот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц, а пренесува Си-ен-ен. Светиот муслимански месец се очекува да започне на 10 или 11 март, а коментарите на Ганц се најјасниот рок досега за израелска воена акција во овој јужен град во Газа, каде што повеќе од 1 милион раселени Палестинци се ...

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска се одржа свеченост за прием на 150 нови професионални војници во редовите на Армијата на Република Северна Македонија. Оваа година во армијата беа примени вкупно 300 професионални војници, од околу 1.900 кандидати кои се пријавија на двата јавни огласи, соопшти Министерството за одбрана. Министерката за одбрана Славјанка Петровска на новопримените професионални војници им порача дека честа да се облече ...

Прашањата околу интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и НАТО се меѓу најдоминантните политички теми во објавите на социјалните мрежи. Во своите Фејсбук постови, политичарите на власт постојано повторуваат дека ЕУ и НАТО се стратешки цели на државата од највисока важност, а од друга страна, се чини дека граѓаните сè повеќе се скептични во нивните зборови. Опозициските партии, пак, темите кои не им одговараат целосно ги ...

Авион на компанијата „Маратон ерлајнс“ која врши сообраќај за „Ер Србија“, при полетувањето од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград удрил во инструментацијата која служи за слетување на авиони од спротивната насока на пистата, вели за Н1 Петар Војиновиќ од српскиот воздухопловен портал „Tango Six“, коментирајќи го инцидентот што се случи вчера во српскиот главен град. Авионот потоа летал над Белград еден час, пред конечно принудно да слета на ...

Конески во своето дело објавено во 1948 година ги разобличува архаичните тези дека македонскиот јазик е вештачка творба, измислица, дијалект на бугарскиот. Во својата книга тој укажува и на тоа дека ваквото оспорување на јазикот и нацијата им се случуваат и на поголеми народи, како украинскиот, белорускиот и словачкиот. Како пример го посочува украинскиот јазик, негиран и забрануван од Царска Русија, забележувајќи дека украинскиот и македонскиот ...

Вечерва околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на Китка пријавиле пожар на планината, давајќи детални информации и фотографии за конкретната локација. Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) гори нискостеблеста сува вегетација. „ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација, а повеќе детали се очекуваат утре“, соопштува ЦУК. Истиот пожар ...

Претседателот на Северна Македониија, Стево Пендаровски, во рамки на 60. Минхенска безбедносна конференција вчера говореше на панел-дискусијата „Фокус на Балканот“, на која учествуваа и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, премиерот на Република Албанија, Еди Рама и американската сенаторка Џејн Шахин, член на Комитетот за меѓународни односи на Сенатот на САД. На настанот се дискутирало за перспективите за интеграција на земјите од ...

Во статус на социјалната мрежа, претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на РСМ од опозициската коалиција ВЛЕН, јавно го предизвика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го прифати предизвикот и конечно да се кандидира за претседателските избори, за двајцата да си ги одмерат силите. „Пропагандата на ДУИ, откако ја објавив мојата кандидатура за претседател, некогаш вели дека Али Ахмети ќе се кандидира, некогаш се повлекува… ...

Борбата меѓу двата непријателски табора во Алијанса за Албанците продолжи денеска, кога се одржа и вториот конгрес за неколку дена на „Алијанса за Албанците“. Имено, во Опера и Балет во Скопје, денеска се собраа делегати свикани од поранешниот партиски лидер Зијадин Села. На конгресот е донесена одлука за смена на сегашниот партиски претседател Арбен Таравари и избор на Села за нов партиски лидер. Пред само два дена се одржа вонреден конгрес на ...

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1 денар за литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 80,5 денари, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 77,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека го осудува грозното етикетирање, навреди и ширењето говор на омраза од страна на лицето Миленко Неделковски кон новинарите од Фондацијата Метаморфозис. Неделковски во својата видео објава на Јутјуб насловена како „факт чекирања на фак чекерите“ продолжи со негативната практика на етикетирање и ширење на говор на омраза. „Тој освен недолични коментари и навреди, во оваа објава споделува и ...

Во тек е исплатата на пари за ученици за месец декември 2023, како и за јануари 2024 година, а досега се исплатени 23 илјади основци и 25 илјади средношколци, информираат од Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк. Оттаму додаваат дека и повеќе други налози ќе бидат реализирани во текот на следната недела. Мерката со која е предвидено да добијат финансиска помош од по 1.200, односно 1.500 денари децата од семејства со месечен ...

Преспанскиот договор уредува кодот за нашата земја на регистарските таблички на возилата да биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). Затоа, патните исправи кои содржат Северна Македонија и код МКД се валидни и нема никаков проблем со нивното користење и важност, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
3.09
18%
1007
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.09
26%
1007
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
3.6
37%
1006
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1010
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.5
38%
1010
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 27ᴼ
5.14
61%
1008
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
6.17
38%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
40%
1011
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.63
25%
1010
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
33%
1010
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 33ᴼ
4.12
31%
1007
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
9.26
35%
1012
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71