Ваучерите за домашен туризам што за студентите ги најавија министрите за економија, Крешник Бектеши и за образование и наука, Јетон Шаќири, ќе се делат по изборите. Вака информираа од Министерството за економија по прашањето на Мета.мк за тоа што се случи со овие ваучери што беа претставени во декември по одржана средба меѓу двајцата министри и претставници на универзитетските студентски собранија. Оваа мерка четири години ги опфаќаше ...

Пред почетокот на Берлинале, љубителите на филмот купиле речиси 78.000 билети. Тоа е нешто повеќе од лани, кога првиот ден беа продадени 77.599 билети, пренесува германската агенција ДПА. Од денот на отворањето на благајните во понеделникот, сега точната бројка е 77.757 билети. Влезниците за редовните проекции годинава чинат 15 евра. Цената за палатата Берлинале на плоштадот Потсдам и за специјалните гала премиери во Музичката сала Верти е 18 ...

Кавадарчанец стар 17 години во текот на минатиот месец во два наврати во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци, ги фотографирал банкарските картички на двајца негови сограѓани, а потоа вршел онлајн трансакции со броевите од картичките, соопшти МВР. Вкупната сума на неговите нелегални трансакции изнесува 200 евра. Првиот инцидент се случил на 23 јануари годинава, при што 45-годишниот сопственик на картичките бил „олеснет“ за 8.948 денари. ...

Ниту еден наш државјанин не пријавил во Министерството, ниту во дипломатско-конзуларните претставништва проблеми при патување со патни листови, ниту со друг вид на документи со Република Северна Македонија, известува Министерството за надворешни работи, од каде тврдат дека во изминатиов период, целосно ја реорганизирале дипломатско-конзуларната мрежа во светот, со цел да им излезе во пресрет на државјаните кои се наоѓаат надвор од земјата. Во ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Европската федерација на новинари (ЕФН) и Иницијативата за Европска Перспектива (ИЕП), во рамките на Меѓународната недела на медиумска писменост денеска ја презентираа иницијативата „Тренинг-Академија за новинари и медиумски работници – Т-АЈМ“ која има за цел да придонесе кон создавање поволна средина во која ќе се негува слободата на изразување и слободата на медиумите. Претседателот на ЗНМ, Младен ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на претседателот на Владата и новинарот Горан Момировски, а уредник на емисијата беше колегата ...

Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по ...

Во просек по еден новинар дневно го губи животот откако започна израелската контраофанзива во Газа, како одговор на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Според Комитетот за заштита на новинари (CPJ) ова е најсмртоносниот месец за новинарите откако се води ваква статистика, односно од 1992 година. Според Комитетот, од 7 октомври годинава, убиени се најмалку 39 новинари, осум се повредени, 13 се уапсени и тројца се водат како исчезнати. ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска остро реагира на објавеното писмено образложение на пресудата на судијката Јованка Спировска Панева, која одлучуваше во случајот „Фероинвест против ИРЛ“. „ИРЛ не е медиум и може да се соочи со забрана за работа“, се парафразираните цитати во дел од писменото образложение на пресудата на судијката. Пресудата за сторијата „Заговор против воздухот“ беше објавена на 24 октомври, а денеска стасало ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека образложението на пресудата на граѓанскиот суд во случајот Кочо Анѓушев и компанијата „Брако“ против Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и новинарката Сашка Цветковска е скандалозно, неприфатливо и незамисливо за едно демократско општество. „Со оваа пресуда која беше објавена вчера не се навлегува во суштината на тужбата за наводната клевета кон поранешниот ...

Говорот на омраза, таблоидното и клик бејт новинарство, личните податоци и етиката во новинарството се само дел од темите на кои два дена се дебатира на регионалниот состанок на саморегулаторните тела од Југоисточна Европа што се одржува во Белград. Новинари, медиумски работници, професори, експерти и членови на саморегулаторните тела дискутираат и наоѓаат решенија за клучните проблеми кои од локални стануваат глобални. Црна Гора, Македонија, ...

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа од телевизија 24 вести, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Судот, според соопштението, оценил дека таа во Собранието била присутна како новинар и требало ...

Новинарска екипа на телевизија Алсат утрово била спречена да ја врши својата работа за време на протест во Општина Чашка, реагираа Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ). Протестот пред општината бил против воведување паралелка на албански јазик во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка. „Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале пред ...

Најголем број од новинарите и медиумските работници за својата работа примаат надомест под просечната плата во државата, покажа истражувањето кое е изработено од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Институтот Ресис, а е поддржано од ЕУ, пишува Вистиномер. Притоа, 55 отсто од новинарите земаат плата под просечната во државата, а 77 проценти од медиумските работници се под државниот просек, беше кажано на денешната ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги толкува како непримерни, недостојни и опасни обидите на МПЦ-ОА да влијае на новинарските трудови и информирањето, и остро го осудува начинот на најбескрупулозна пресметка со главниот и одговорен уредник на порталот religija.mk, Марјан Николовски. ССНМ смета дека обвинувањата и „судската“ постапка во рамките на својата хиерархија во Светиот архијерејски синод во МПЦ-ОА се преседан кој ќе ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на РСМ до новоизбраниот Претседател на Собранието, Јован Митрески. По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите за сметка на новинарите и медиумските работници од домашните медиуми. Според ...

Чекање за термини за нови лични документи, рок од само шест месеци да се извадат нови и неможност граѓаните да најдат термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош, се само дел од проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани откако МВР предупреди дека сите валидни лични документи на кои стои старото име „Република Македонија“ нема да важат по рокот до 12 февруари 2024 година. Дополнително на ова, трошокот на граѓаните за вадење ...

Не е изготвен специјален закон за заштита на Водно, а парк шумата и понатаму останува Заштитен предел во категорија V, врз основа на одлуката на Министерството за животна средина. Градоначалничката Данела Арсовска во декември 2021 година на средба со граѓанските организации „Го сакам Водно“ и „О2“ вети дека Градот Скопје ќе иницира изработка на закон за да се подигне заштитата на Водно на повисоко ниво и со тоа да се спречи узурпацијата на ...

Во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат за градоачалник од ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Кирил Пецаков, даде ветување дека ќе изгради велосипедска патека од Охрид до Свети Стефан за, како што рече, безбедно движење на велосипедистите од излезот на градот до туристичката населба. До овој момент, нема градежни работи на потегот Охрид – Св. Стефан, поради што ова ветување го оценуваме како неисполнето. Во периодот ...

Не е готов гасоводот од Скопје кон Тетово, кој се брзаше да биде направен и заради кој се ископа сртот на планината Водно. Иако беше најавено дека оваа гасоводна делница ќе биде завршена оваа година, сепак изградбата е сè уште заглавена во решавање на имотно-правни односи и ваквото ветување е во тек на реализација и не е сигурно дали ќе биде комплетиран до крајот на годинава. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на 1 март годинава ...

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства од буџетот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), салата „Партизан“ почна да се реконструира во април 2022 година и во моментов овој проект се наоѓа во тек на ...

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода кога и беше дадено ветувањето од градоначалникот, а до крајот на 2023 година ќе биде поставена мерна станица пред ...

Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за трошењето на функционерите е во застој поради извесни промени во системот, половина година подоцна, јавноста сè уште нема увид како функционерите ги ...

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства од ЕУ за техничката документација за проектот. Во Програмата за работа на Владата на РСМ за периодот ...

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски за време на предизборната кампања за локалните избори во 2021 година на граѓаните им вети отворање на младински културен центар. Ова предизборното ветување до денешен ден не е исполнето. На 3 октомври 2021 година, градоначалникот Дарко Костовски од позиција на кандидат за градоначалник на жителите на општина Бутел им најави отворање на младински културен центар во рамките на оваа локална самоуправа. ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во својата предизборна програма, во делот „Екологија“, вети дека ќе отвори професионален стационар за сместување бездомни кучиња. Советот на Општина Карпош минатиот месец донесе одлука за давање финансиска помош на стационарот за бездомни кучиња кој во моментов го гради и опремува здружението „Шепасти ентузијасти“. Со оглед на овие околности, може да се оцени дека предизборното ветување на ...

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма има ветено проект – реализација на нова населба за млади „Чупино брдо“. Локалните власти информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната населба ќе биде донесен во 2024 година. Реализацијата на ваквото предизборно ветување е во тек. Во предизборната програма на градоначалникот Ѓорѓиевски „За Кисела Вода ...

Најавувана па одложувана, но никако да го „види светлото на денот“ – реконструкцијата на студентските домови во државата и понатаму останува неисполнето ветување на Владата и на Министерството за образование и наука (МОН), како надлежна институција за процесот. И покрај тоа што за оваа година беа предвидени средства за реновирањето да почне од скопските домови, реконструктивни зафати на терен нема, ниту пак официјална најава кога истите ќе ...

Аерозагадувањето во Скопје руши неславни рекорди, а една од општините во главниот град која има голема концентрација на индустриски објекти на нејзината територија – Општина Гази Баба ги нема исполнето ветувањата за изработка на Акциски план за намалување на загадувањето на воздухот и за воведување на систем на мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, во предизборната програма вети дека ќе ...

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили за време на ковид пандемијата и е во насока на тоа дека некакви си сатанисти од „длабоката ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
47%
1011
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
47%
1007
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
83%
1005
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
50%
1012
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.01
43%
1008
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
95%
1005
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
44%
1009
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
47%
1010
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
53%
1010
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
52%
1009
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
67%
1006
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
3.6
73%
1010
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71