Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) предложи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повторно да биде кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија, по јунските избори за Европскиот парламент, пренесува германската агенција ДПА. Фон дер Лајен претходно потврди дека сака да влезе во трка за нов мандат. „Во овие пет години не само што порасна мојата љубов кон Европа, туку и моето ...

Палестинскиот министер за надворешни работи го обвини Израел за „колонијализам и апартхејд“ на сослушувањето пред Хашкиот суд за израелската окупација на палестинските земји од 1967 година, пренесува Гардијан. „Повеќе од еден век, неотуѓивото право на палестинскиот народ на самоопределување е прекршувано. Палестина не беше земја без луѓе. Не било како што го опишаа израелските лидери, пустош. Имаше живот на оваа земја“, изјави Ријад ал-Малики ...

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, 52-годишен компјутерски експерт од Австралија, е пред вториот ден во Високиот суд во Лондон како дел од долгогодишната битка против екстрадицијата во САД, каде што е обвинет за оддавање доверливи воени тајни. Основачот на Викиликс е баран од американските власти поради наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана, по објавувањето на стотици илјади протечени документи поврзани со ...

На борбеното поле во Украина и понатаму продолжи гранатирањето и бомбардирањето на цивилни цели, при што во нападите во регионот Донецк во изминативе 24 часа, еден цивил во селото Константинивка го загубил животот, а друг е повреден. Во целиот регион Донецк се повредени уште осум лица, соопшти шефот на Регионалната воена управа на Донецк, Вадим Флашкин. Како што пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net, во регионот од ...

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека Вашингтон ќе воведе повеќе од 500 нови санкции против Русија. САД се обидуваат да го зголемат притисокот врз Москва во пресрет на втората годишнина од нејзината инвазија во Украина, пишува Ројтерс. Соединетите Држави, исто така, ќе воведат нови извозни ограничувања за речиси 100 субјекти кои даваат поддршка на Русија и ќе преземат активности за дополнително намалување на приходите на Русија од ...

Во Прилеп вчера намерно бил опожарен приватниот автомобил на обвинителката на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска, соопштија денеска од таму. Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело. „Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо ...

За случајот познат во јавноста како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, а извршил и промени во правната квалификација на кривичните дела за кои беа обвинети, соопшти денеска Основниот кривичен суд. „Првообвинетиот М.М. и второобвинтетиот В.М. сториле кривично дело Измама, а третообвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и ...

Граѓаните на Шуто Оризари, но и некои делови на Чаир се соочуваат со сериозен недостиг на автобуси и се во невозможност да ги извршуваат своите секојдневни обврски. Автобуската линија број 19, која сообраќа од Шуто Оризари преку Чаир, Центар до Карпош и обратно, и понатаму е една од најнередовните линии и поради ова, граѓаните се принудени или да чекаат со часови или да поминат две до три други автобуски линии за да стигнат до посакуваната ...

Лекот „Трикафта“ досега го имаат примено 32 пациенти на Клиниката за детски болести и на Клиниката за пулмологија, а во земјава има вкупно 130 пациенти кои живеат со болеста цистична фиброза. Од Министерството за здравство за Мета.мк уверуваат дека сите пациенти ќе го добијат лекот. „Скоро половина од пациентите кои се над 12 години и според мутацијата delta F508, за која е индицирана модулаторната терапија, веќе се почнати со лекување. Бројката ...

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. „Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се ажурира“, информира ДИК. Моментално, во подрачните одделенија и ...

По повод одбележувањето на две годишнината од руската инвазија врз Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации одржа брифинг за Украина, каде се обратија голем број Министри за надворешни работи и други високи функционери. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк се обрати на брифингот. „Две години од инвазијата на Руската Федерација на Украина – очигледно кршење на Повелбата ...

Точно два и пол месеци траеше голготата на редакцијата на Мета.мк да добие информации од јавен карактер од Зоолошката градина – Скопје, а во врска со прашања чии одговори не би требало да имаат одреден степен на тајност, ниту пак да бидат скриени од очите на јавноста. Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни, а посебно внимание во јавноста предизвика смртта на двете жирафи кои долго време беа белег на установата, ...

Почувствуван е земјотрес во југозападниот дел од Републиката, во Струга и околината, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот регистрираше земјотрес чиј ...

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку ќе трае вонредната состојба со издавање на патните исправи во ДКП-ата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот ...

Министерството за надворешни работи на Ирска го повикало рускиот амбасадор во Даблин за да „изрази гнев“ поради смртта на познатиот руски дисидент Алексеј Навални во затвор, јави ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ. Ирското МНР на Твитер објави оти на амбасадорот Јури Филатов му повторило дека „конечната одговорност“ за смртта на Навални „лежи кај руското раководство“. Исто така, била побарана целосна независна и транспарентна истрага. Смртта ...

Кривичната пријава е поднесена против Џулијан Асанж бидејќи го открил идентитетот на изворите и поттикнувал кражби и хакирање, а не поради политички причини, рекоа адвокатите што ја застапуваат владата на САД, која бара екстрадиција на основачот на WikiLeaks (Викиликс) на денешното сослушување во судот во Лондон, извести „Гардијан“. Асанж би можел да биде екстрадиран во САД за неколку дена. Таму би се соочил со обвинение за шпионажа, поради ...

Пет лица се убиени кога дом во Рафах бил мета за време на „интензивно бомбардирање низ градот Рафах“, јави новинарот на Ал Џезира, Хани Махмуд, а пренесе „Гардијан“. Махмуд во четвртокот соопшти дека бомбардирањето се проширило во раните утрински часови и дека „гласни експлозии може да се слушнат од северниот дел на градот“ и дека звукот доаѓа од „систематското уривање домови“. „Во текот на ноќта, гледаме напади во источниот, северниот дел, па ...

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок директно му се обрати на својот руски колега Сергеј Лавров на состанокот на Г-20, барајќи да престане војната во Украина, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Ако се грижите за човечките животи, ако се грижите за сопствениот народ, руските деца и младите луѓе, мора веднаш да ја прекинете оваа војна“, рече Бербок во средата во Рио де Жанеиро, свртена кон Лавров. „Ако Русија сега ...

Соединетите Американски Држави се вратија на површината на Масечината за првпат по повеќе од педесет години, откако приватното летало наречено „Одисеј“ го заврши 73-минутното спуштање од орбитата во близина на јужниот пол на Месечината. Американската вселенска агенција НАСА го поздрави „џиновскиот скок напред“, без да го потврди статусот или состојбата на леталото, пренесува „Гардијан“. Подоцна компанијата „Интуитив Машинс“ (Intuitive Machines) ...

Ковачевски има законско право да зема апанажа, исто како и ексминистерот за внатрешни работи Спасовски, како што такво право имаат и други функционери по завршувањето – престанувањето на мандатот. И тоа не е спорно. Прашањето за апанажата од 2.500 евра не е проблематично од законски, туку од етички аспект. Дали Ковачевски, како и Спасевски, мораа да го искористат тоа законско право? Дали баш немаа никаква друга опција за да (пре)живеат освен да ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог против 62-годишен жител на Неготино за кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1, како и Мачење животни според член 233 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 08.01.2023 на улицата “Индустриска” во Неготино, со намера да усмрти кучиња, истурил течен отров помешан со храна. „Иако бил свесен дека на местото има голема раздвиженост на луѓе кои би можеле ...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, при посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, се сретна со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук. Митрески изразил благодарност за поканата и нагласил дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Македонија за Украина, на сите полиња. „Тој нагласил дека уште од самиот ...

Најголемите политички партии ги обзнанија кандидатите за претседателските избори на ден пред почетокот на рокот за собирање потписи. Актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски ќе биде претседателски кандидат на СДСМ и на овие избори, јавија неколку медиуми повикувајќи се на извори од партијата. Ова е трет настап на Пендаровски на изборите за претседател на државата, а неговата кандидатура се очекува да биде потврдена на 3 март од страна на ...

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешнби работи Оливер Спасовски, побарале и добиле апанажа од 2.500 евра, која ќе ја добиваат во следните 12 месеци. Покрај апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила. Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска и Исмаљ Камбери од Комисијата за ...

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство, соопштија оттаму. „Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со ...

Заменик-министерката за здравство Маја Манолева тврди дека родителите на 18-годишниот Леонид Индов не побарале никакво мислење од соодветните институции за можноста или неможноста за рехабилитација на нивното дете во македонските установи. Изјавата следува откако македонската јавност се крена на нозе, а по информацијата дека Леонид, кој на 6 февруари годинава со хеликоптер на МВР беше испратен на лекување во Виена, Австрија, доби негативно ...

Од ноќеска на полноќ, дизел горивото на бензинските станици низ земјава ќе се продава поевтино за 2 денари за литар – ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Според најновата одлука, од вечерва, литар Еуродизел ќе чини 78,5 денари. Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат исти. Моторниот бензин Еуросупер БС-95 и понатаму се продава по цена од 83 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 чини 85,5 ...

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во својата програма за работа за својот мандат од 2021 година, меѓу другото вети дека ќе изгради парк од 5 илјади квадратни метри зад трговскиот центар Лиса во населбата Ново Лисиче. Во програмата, којашто сега веќе ја нема на веб-страницата на Општина Аеродром, беше ветено дека ова ќе биде направено во првата година од мандатот. Од нашата проверка на терен, но и од одговорите што ги добивме од ...

Вакцини и мистериозни болести, војни, климатски промени, моќни лица и „контрола на народот“ — ова се само мал дел од темите за коишто често се пишуваат лажни, непроверени, манипулирани објави и содржини. Тие што ги пишуваат скоро секогаш имаат некаква задна и малициона намера. А, како што поминува време, ваквите вести стануваат сѐ пософистицирани и сѐ побрзо се шират. Затоа, ќе разгледаме како дезинформациите влегоа „на големо“ во јавниот ...

Двете јахти за кои се вели дека ги купил претседателот на Украина, Володимир Зеленски и тоа преку блиски соработници како посредници, всушност не се продадени, а документите кои се презентирани како да се оригинали се од организација која воопшто не сертифицира продажба на јахти. Компаниите кои ги продаваат овие две јахти, за странски проверувачи на факти потврдиле дека двете јахти уште се на продажба, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. ...

weather icon

Скопје

38ᴼ / 38ᴼ
3.09
18%
1007
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
3.09
26%
1007
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
3.6
37%
1006
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
40%
1010
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.5
38%
1010
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 27ᴼ
5.14
61%
1008
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
6.17
38%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.6
40%
1011
weather icon

Подгорица

37ᴼ / 37ᴼ
4.63
25%
1010
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
3.09
33%
1010
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 33ᴼ
4.12
31%
1007
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
9.26
35%
1012
Currency

61.53

Currency

52.2341

Currency

71.3036

Currency

34.2221

Currency

38.3778

Currency

65.7502

Currency

7.28976

Currency

0.66451

Currency

0.36143

Currency

0.52409

Currency

1.30996

Currency

0.61091

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15120.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.93

Сребро

1189.48

Злато

107277.33

Бакар

10.07

Паладиум

36426.80

Платина

44823.37

Родиум

176829.11

Цинк

2.71