
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Тврдењето дека 100 илјади граѓани на Косово поднеле барања за пасош во нашата држава и дека поради нив се градат згради во Скопје е неточно. Станува збор за погрешно разбран наслов, по што се креираат дезинформации на социјалните мрежи. Оваа вест се однесува на Косово, а не на С. Македонија, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Фејсбук објави тврдат дека од почетокот на годината речиси 100 илјади Косовци поднеле барање за пасош ...
Големата кашлица која сега зема замав кај нас е резултат на недоволната вакцинална покриеност. Ваквите објави кои ги повикуваат родителите да не ги вакцинираат своите деца, се многу опасни и штетни, тие придонесуваат да се шири заразата од оваа болест која долго време беше неактивна, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Објава на Фејсбук тврди дека вакцините се отров и дека дошол денот кога посегнале ...
Телото на Алексеј Навални, критичарот на Путин кој почина во руски затвор, нема да биде вратено на фамилијата во наредните 2 недели, пренесе Би-Би-Си. Наводно, телото ќе биде задржано за хемиска анализа, а од руските власти нема потврда за тоа каде се наоѓа телото. Во видео од понеделникот, Јулија Навалнаја, сопругата на Алексеј, директно го обвини Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг и тврди дека телото се чува за да исчезнат трагите ...
Четворица ученици се повредени, од кои двајца потешко, во вчерашниот напад во училиште во Вупертал, западна Германија, соопштија полицијата и официјалните лица, а пренесе германската агенција ДПА. „Првичните сознанија се дека осомничениот напаѓач, кој сега е во притвор, е 17-годишен ученик во училиштето“, изјави Херберт Реул, покраинскиот министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија. Полицијата соопшти дека и осомничениот е повреден. ...
Со галерија од фотографии, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев на полноќ на социјалните мрежи се пофали дека ги пречекал новите 140.000 обрасци за пасоши. Од фотографиите може да се види како Бојмацалиев го пречекува камионот со обрасците за пасоши на граничниот премин Богородица и се поздравува со вработените, демонстрирајќи го концептот, како што вели – „МВР за Граѓаните” на дело. Претходно, Бојмацалиев ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство до судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд, доставило предлози за укинување на мерките за обезбедување присуство, односно мерките притвор и куќен притвор за шестмина осомничени за упадот во М-НАВ. Судиите го прифатиле предлогот на обвинителството, соопштија од Кривичниот суд. Претходно, пак, на крајот на јануари, Апелациониот суд во Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Беким Незири ...
За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија, што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопштија денеска во Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот Марко Бислимовски, за 25 месеци државата го има новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен, ...
На Ковачевски и на СДСМ никој друг не им е виновен што не сторија ништо позначајно реформски во медиумскиот сектор, а што било нивна должност, вклучувајќи го и тешкото спроведување на обврската за финансирање на МРТ, што е клучна реформа и значително би ги сменило улогите на пазарот. Затоа, изјавите на Ковачевски со напади врз медиумите и врз јавниот сервис се со огромна доза и на спин. Неговото извинување и жалење е чисто лицемерие затоа што си ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев. Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското ...
На кучето Боби, кое почина минатата година, наводно на 31-годишна возраст, му е одземена титулата за најстаро куче на светот, по истрагата на Гинисовата книга на рекорди. Ова го соопштија вчера од организацијата, а пренесува Си-ен-ен. Боби беше познат како најстаро куче на светот пред привремено да ја загуби титулата во јануари во очекување на резултатот од истрагата на Гинисовата книга. Организацијата соопшти дека „повеќе ги нема потребните ...
Троската од депонијата на некогашната топилница во Велес е отпад што може повторно да се употреби заради металите кои ги содржи во себе. Истиот случај е и арсенот од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“, за кој исто така ќе се бара концесионер што ќе треба да го изнесе надвор од државата, за понатамошно искористување на металите кои ги содржи. Решавањето на овие две жешки точки со историски отпад се спроведува според европските практики за ...
Дипфејк или реалност – ова беше темата на Сајбер шејк дискусијата за млади што вчера се одржа во „Котур“ во Скопје. За тоа што беше кажано за оваа технологија од страна на говорниците – експерти во своите полиња и за другите интересни активности кои беа дел од настанот, дознајте повеќе во вечерашната епизода на Шорткат. Информираме и за чистењето на токсичниот линдан во ОХИС кое паузира веќе шест месеци, а од вестите од светот пренесуваме за тоа ...
Дали и како вештачката интелигенција може да се користи во медиумите? Колку новиот развој на алатките за вештачка интелигенција можат да ги загрозат авторските права и трудови на новинарите и на фоторепортерите? Кои се придобивките, а кои се можните штетни последици од вештачката интелигенција во медиумската сфера? Ова се само дел од прашањата кои ќе се отворат на вебинарот „Вештачка интелигенција во медиумите – про и контра“ кој ќе се одржи на ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека исплатени се ученичките и студентските стипендии на сите нови корисници, кои доставиле договор за стипендија во предвидениот рок. Станува збор за 3.300 ученици и 3.000 студенти, нови корисници на кои исплатени им се пари заклучно со тековниов месец. „Одбиените кандидати за стипендија ќе имаат можност за жалба, откако електронски ќе го добијат решението во кое ќе биде наведена причината ...
Злоупотребата и нарушувањето на личниот, интимен простор станува сè поизразено преку дигиталното родово-базирано насилство, алармира Платформата за родова еднаквост. Оттаму изразуваат особена загриженост и остро реагираат на последните родово-базирани напади во онлајн просторот и кај нас и во регионот. „Сведоци сме дека родово-базираното насилство директно се прелева преку екраните во реалноста, а слабата системска поддршка и помош како и ...
Дипфејк ќе стане секојдневние. Со раст на моќта на компјутерите, алгоритмите се усовршуваат. Потребни се кампањи со кои ќе се едуцира населението да внимава кога консумира вести, а во училиштата е потребна медиумска писменост. Ова се некои од главните заклучоци од денешната дискусија на темата на „Сајбер шејк“ настанот – дискусија за млади „Дипфејк или реалност“, кој се одржа вечерва во кафе и филм „Котур“. Пред младата публика се обрати ...
Играта „Last Epoch“ (Последната епоха) излегува денес и ќе биде сериозна конкуренција на „Diablo 4“ (Диабло 4), но и на „Path of Exile 2“ (Патот на егзилот 2) – не само заради тоа што има огромен број позитивни и инвентивни карактеристики за изометриска “RPG hack and slash“ игра, туку и напредни системи што елиминираат дополнителни монетизации и бесмислени доплаќања. Но, видеото што излезе неодамна со наслов “Why Diablo 4 fans hate Last Epoch” ...
Половина од испитаните 119 млади на возраст од 18 до 35 години, рекле дека при ноќните излегувања употребуваат психоактивни супстанци. Од нив, 75 отсто тоа го направиле во последниот месец. Најупотребувана супстанца е алкохолот (44,5 отсто од вкупниот број на испитаници). Канабис употребиле 35,3 отсто од вкупниот број на испитаници, кокаин употребиле 24,3 отсто, а 29 испитаници или 49,15 отсто, од 21 отсто оние кои употребиле супстанци во ...
Обуките за сајбер безбедност за учениците, наставниот кадар и за родителите, се дел од редовните активности на МОН со меѓународни партнерски организации, а со Министерството за информатичко општество се организираат работилници за подобрување на дигиталните вештини не само на децата и младите луѓе, туку и на родителите и наставниците. Ова денеска го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на презентацијата на Водичот за ...
Школата на стрип „Никола Митровиќ Кокан” од Лесковац, која работи во рамки на Лесковачкиот културен центар, оваа година по 26. пат ја организира манифестацијата „Балканска смотра на млади стрип-автори”. Централната манифестација ќе се одржи од 28 до 30 јуни 2024 година во просториите на Лесковачкиот културен центар, Народниот музеј и Народната библиотека „Радоје Домановиќ” во Лесковац. Смотрата и оваа година ќе биде наградна, па најдобрите во ...
Утре со почеток во 20 часот во КСП Центар – ЈАДРО ќе се одржи театарскиот перформанс „Лилит“. Перформансот е првата фаза од театарското истражување насловено „Notebook of Silence“, соработка помеѓу Алесандро Ола, Јасмина Билаловиќ и Јелена Вуксановиќ. Првата фаза од реализацијата на проектот е базирана на текстот на Ришард Ниечим и неговото повеќедецениско искуство на соработка со неговиот некогашен учител Гротовски, како во театарската работа, ...
Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат наведени двете дополнителни дејности кои тој ги побарал, дробење и мелење на отпадот, на ...
Владата на денешната седница го утврди Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Од Министерството за култура известуваат дека со предлогот ќе се заостри режимот на заштита на споменичката целина на Старото градско јадро согласно препораките и Одлуките на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО и согласно Планот за управување со Светското ...
Утре во кафе и филм „Котур“ во 18 часот, ќе се одржи „Сајбер шејк“ настан – дискусија за млади, насловена како „Дипфејк или реалност“. На настанот се поканети сите млади кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа што е дипфејк, како да препознаат лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи, кои алатки да ги користат за да утврдат кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка ...
Американскиот гигант Мајкрософт најави дека ќе потроши милијарди евра на центри за податоци за вештачка интелигенција во Шпанија, покрај големите инвестициски проекти што ги планира во Германија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шпанскиот премиер Педро Санчез и менаџерот на Мајкрософт Бред Смит вчера објавија дека ќе бидат инвестирани 1,95 милијарди евра (2,1 милијарди долари) во период од две години. Парите ќе бидат искористени за ...
Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од протестот беа упатени повици властите да не се ...
За разлика од евроамбасадорот Дејвид Гир кој призна дека погрешил што со лидерот на ДУИ се сретнал во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби, Ахмети не чувствува непријатност и не ѝ се извини на јавноста за тоа што својот гостин не го пречекал во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Зошто ваквите гестови на коректно, културно и цивилизирано однесување, им се непознати на нашите домашни политичари? Толку ли е тешко да се биде доблесен и да се ...
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски на 6 февруари годинава во интервју за телевизија Алсат изјави дека во државата ќе важат возачките дозволи на граѓаните со старото име – Република Македонија. Само пет дена по оваа изјава, вчера, МВР излезе со соопштение дека возачките дозволи со старото име на државата ќе бидат невалидни и ги повика граѓаните да не ги користат автомобилите со старите возачки дозволи. Оттаму, изјавата на ...
Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега се испречија 13 нови свлечишта, за кои ќе се бара трајно решение од проектантски и ...
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат кога велат дека со промена на два-три закона ќе се решеле проблемите и маките на граѓаните со вадење на нови документи. Таквиот предлог е само покривање на пропустите што се направени досега, посебно на СДСМ, а обврската за нови документи останува, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Најпрво ВМРО-ДПМНЕ, а денеска и СДСМ комуницираат со јавноста околу решенија за возачките дозволи кои од ...