Во моментов се одвива широка полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото за јавна безбедност. Според неофицијални информации, акцијата се одвива на територијата на повеќе градови и има меѓународен карактер. Освен засиленото присуство на македонските полициски сили, во операцијата учествуваат и странски службеници со амблеми на ЕВРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, кои ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, многу брзо ќе воспостави ред и дека европските елити „ќе застанат пред нозете на господарот“ и „ќе ги свијат опашките“. – Ве уверувам, Трамп, со својот карактер, со својата упорност доста брзо ќе воспостави ред таму. И сите, ќе видите, брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на господарот и малку ќе ги свијат опашките, рече Путин во интервју за ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека САД се најголемиот стратешки партнер на Македонија и дека нивната поддршка низ годините била клучна во сите значајни одлуки за државата. „САД се наш докажан, најдобар и најголем стратешки партнер. Доколку го гледате изминатиот период наназад со децении, тие биле клучен фактор во донесувањето на сите одлуки што биле во корист на државата и граѓаните“, изјави ...

Ако некој е одговорен за состојбите во македонските здравство тоа е единствено СДС и Венко Филипче како поранешен министер за здравство. Имаа период на располагање од седум години власт за да направат нешто за подобрување на состојбите и условите во здравството. СДС и Венко Филипче можеа, но не направија ништо за да овозможат соодветни услови како ни за пациенти, така ни за здравствените работници. Седум години власт ги потрошија само на местење ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ја повика Владата да работи на темелна реформа на Кривичниот законик во согласност со европските стандарди. „Апелирам до Владата сериозно да поработи на новиот Кривичен законик, кој се работи со претставници од ЕУ и кој треба да биде усогласен со германското законодавство. Овој закон треба да биде донесен врз основа на препораките на оценската мисија на ЕУ. Сметам дека ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека актуелниот пораст на цените и незадоволството на граѓаните се директен резултат на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, која не презеде никакви конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните. На прашањето на новинарката што направил СДСМ кога бил на власт за цените, Филипче рече: „Знаете ли зошто тогаш немаше протести? Поради тоа што тогаш имаше ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа остро ја критикуваше актуелната состојба во здравствениот сектор, обвинувајќи ја Владата за крајно неодговорно водење на здравствените политики. „Сметам дека крајно неодговорно се водат политиките во секторот здравство. Има бројни проблеми. Колегите навистина укажуваат на тоа дека системот не функционира како што треба“, изјави Филипче. Тој предупреди дека на чело на ...

Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи. Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако трулиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом. Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, досудил истиот казната да ја помине во поправен дом. ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа ги разобличи неоснованите обвинувања што беа упатени кон него за време на неговиот мандат како министер за здравство, особено во контекст на скандалот со Онкологија но и справувањето со здравствениот систем во текот на Ковид-кризата. „Бев обвинуван без апсолутно никаква основа за скандалот на Онкологија. Дури и во тие тешки времиња, Клиниката ги извршуваше своите обврски, ...

Револтот на граѓаните е оправдан! Тие бараат правда, а ние мораме да ја испорачаме! Нема повеќе простор за одложување! Осудуваме секакво мешање на политичките партии во трагедијата на Фросина! СДСМ и Левица мора да престанат со непримерна злоупотреба на смртта на млада девојка за политички поени! Бараме ТОТАЛНА РЕФОРМА НА СУДСТВОТО! Претседателот на Кривичниот суд и неговите судии соработници, мора да сносат одговорност! Време е за итно ...

Според Геодинамичкиот институт во Атина, земјотреси со јачина од 2,8 до 4,5 степени утрово ја погодија областа, но не предизвикаа штети. Грција се наоѓа на неколку раседи и доживува чести земјотреси. Санторини е една од најпосетуваните грчки туристички дестинации. Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини утре да ги затворат училиштата, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени ...

За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на ...

Беше гитарист и клавијатурист во групите „Безимени“ и „Бисери“ од кои подоцна настана групата „Бис-Без“, и е еден од основачите на оваа група. Тој беше и еден од вокалите и гитарист на групата „Мањифико“. Mузичарот Костадин Коце Икономов, гитарист на култните македонски групи „Безимени“, „Бис-Без“ и „Мањифико“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ, почина вчера во Скопје по кусо боледување на 78-годишна возраст. Коце Икономов важи за ...

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката група на Левица во однос на судиите. -Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓудругото, е и фамозното слободно судиско уверување кое е непресушен извор на корупција. Кога на ова ќе го додадете и трајниот судиски мандат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека големата акција за чистење на сметот во Центар продолжи и во текот на вчерашниот ден, кадешто општинските служби целосно го имаат исчистено сметот околу Градскиот стадион во Парк и дел од улицата Козара во населбата Капиштец. „Викендов, интензивно работиме на чистење на нашата општина. Го чистиме сметот, ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар. Улиците околу Градскиот стадион се чисти, а ...

Соединетите Американски Држави и Европската Унија треба да им се придружат на Украина и Русија на преговарачка маса во идните мировни преговори, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за Асошиетед прес. Разговорите за војна кои не ја вклучуваат Украина се „многу опасни“, рече Зеленски, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека неговиот тим веќе е ангажиран во „многу сериозни“ разговори со Русија за тоа како да ...

Во пожар од големи размери повредени се шест работници во рафинеријата во градот Мартинез, Калифорнија, а се води дебата дали постои закана по јавното здравје. Областа за заштита од пожари „Контра Коста“ соопшти дека шест работници во рафинеријата се повредени, а на четворица им е потребна хоспитализација. Пожарот избувнал околу 13:47 часот по локално време, а нивото на предупредување во заедницата прво било објавено на три, а потоа е намалено ...

Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица. Два моста беа блокирани три часа, додека „Мостот на слободата“ остана блокиран цела ноќ, а студентите спиеја во шатори или на стиропор. Во текот на ноќта немаше никакви ...

„Трулиот судски систем носи жртви, затоа бараме реформи кои СДС ги кочи. Смртта на Фросина можеше да биде избегната, ако трулиот правосуден систем го ставил возачот кој ја усмрти зад решетки за дело кое претходно го сторил, наместо во поправен дом“ велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата соопштуваат дека „Возачот кој ја усмртил младата Фросина Кулакова претходно бил осуден за кривично дело трговија со дрога, но судот, наместо да досуди казна затвор, ...

Возачот Васил Јованов кој со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“. Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во однос на реакциите за концептот на гимназиско образование вели дека целта на новиот концепт е на прво место да дојдат афинитетите на учениците, а со тоа да се дојде и до подобар успех во македонското образование.„ „Причините за промената на концепцијата на гимназиското образование, е тоа што таа 24 години во Македонија не е променета. Целото општество се согласува дека е потребна промена и ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи најави законски измени коишто ќе бидат предложени во следниот период од пратеничката група на Левица во однос на судиите: „Една од причините за внатрешната пропаст на Византија, меѓудругото, е и фамозното слободно судиско уверување кое е непресушен извор на корупција. Кога на ова ќе го додадете и трајниот судиски мандат, вие добивате привилегирана каста која е недопирлива и не ја фаќа ...

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање. Од СВР Велес велат за МИА дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот. – Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот ...

Семејството на Фросина Кулакова се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, за брзата реакција откако на социјалните мрежи се појавија фотографии како 20-годишниот возач Васил Јованов кој смртно ја прегази Фросина во притвор има мобилен телефон. Таткото на Фросина, Тодор Кулаков во име на семејството, преку својот ФБ профил му се заблагодари на Пандов. „Како семејство ...

Кошаркарите на Денвер во НБА лигата го совладаа Шарлот со 107:104, а членот на Нагетси Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл. Српскиот центар на Денвер стигна до својот 22. трипл-дабл сезонава, запишувајќи 28 поени, 13 скокови и 17 асистенции, но поимпресивна од овие бројки беше последната минута во која Јокиќ донесе пресврт. Само ден претходно, нешто слично направи и на натпреварот против Филаделфија, а сега блескаше и на дуелот со Шарлот ...

Словенечкиот кошаркарски репрезентативец Лука Дончиќ, еден од најдобрите играчи во НБА лигата, членот на Далас маверикс кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес лејкерс, откако ќе биде дел од големиот трејд меѓу двата клуба. Оваа сензационална вест ја пренесе инсајдерот во НБА, Шамс Чаранија, набрзо потоа ја пренесоа сите водечки медиуми во САД, а може да се види дури и на официјалната страница на најсилната кошаркарска лига во светот. Според ...

„Го враќаме“, изјави Трамп во своето инаугуративно обраќање, а неговите зборови беа потврдени со посетата на Рубио на Панама, кој потоа ќе ги посети Ел Салвадор, Гватемала, Доминиканската Република и Костарика, пишува весникот. Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Панама, во својата прва посета во странство по преземањето на функцијата, со амбициозна задача САД да го врати под контрола Панамскиот канал, за кој американскиот ...

Во Кавадарци и во Скопје денеска ќе се одржат протести за смртта на младата Фросина Кулакова. Првиот протест ќе се организира на плоштадот во Кавадарци, во 12 часот. Протестот во Скопје ќе се одржи во 17 часот, пред Универзалната сала во Скопје. Семејството на Фросина пак, се заблагодари на раководството на затворот во Шутка и на директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов за брзата реакција откако портал објави фотографија ...

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот ракетен напад во кој загинаа најмалку четири лица во интернат во дел од областа Курск во Русија, кој го држат украинските сили. Некои од најжестоките борби во последниве месеци се водеа во регионот Курск што се граничи со Украина, каде што украинските сили зазедоа делови од територијата откако извршија голем прекуграничен упад во август минатата година. Украинските вооружени сили објавија ...

Една од најтешките работи кај дијагностицирањето на рак е чувството како да немате контрола над прогнозата. Сепак, новото истражување сугерира дека вашите навики за вежбање може да имаат значително влијание врз вашето здравје и животен век – дури и откако ќе ви биде дијагностицирана тешката болест. Објавено во јануари 2025 година во „Британскиот весник за спортска медицина“, револуционерна студија од десетина истражувачи од Велика Британија, ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
3.09
59%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 21ᴼ
0.0
62%
1019
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
57%
1016
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
0.0
82%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
4.47
48%
1013
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
64%
1015
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
32%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
0.51
54%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.06
57%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
64%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75