Управата за јавни приходи известува дека од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ. „Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ. Од причина што УЈП нема воспоставено централизирано управување со повратот на ДДВ кое ќе обезбеди конзистентност на анализите и пристапите на регионалните дирекции, исто така не користи систем за ...

РЕК Битола – душманско крадење преку “РУД Коп дооел”, “Марковски Компани” и “Дигер доо”- Битола. Држ.завод за ревизија на 11 јули 2024 објави Ревизорски извештај – Процесот на доделување на договорите за јавните набавки, кој открива големи неправилности и индиции за незаконско работење во “РЕК Битола”, со местење на тендери за фирми блиски до СДСМ, објави Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил. ...

Од 30 пожари вчера, денеска активни се уште 9, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Под контрола се 6, а 15 се целосно изгаснати. Согласно проценетите ризици и опасности, приоритет за гаснење денеска се пожарите во Општина Чашка, каде што ќе бидат ангажирани хеликоптери на МВР и АРМ, во Општина Македонски Брод, каде што ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ, во Општина Кавадарци, каде што ќе се вклучат два Ер Трактори на ДЗС и во Општина ...

По четири години бегство, Агим Красничи е вратен во затвор. Во текот на вчерашниот ден бил екстрадиран од Косово, а заедно со него пристигнал и Сехат Рамадани кои се осудени за повеќе кривични дела поврзани со тероризам, киднапирање, изнуда , насилство. Красничи е сместен во штипскиот затвор, каде ќе треба да одлежи уште три години затвор од вкупно 15те на кои беше осуден. Недостапен за македонските власти Красниќи стана во 2020та. Користел ...

Васко Михалчев и Стоје Арсовски, се двајцата пензионирани пилоти кои беа вратени на работа поради недостиг на пилоти обучени за управување со авионите за гаснење пожари „ер трактори“. Двајцата се вклучени во гаснењето на пожарите кои веќе десетина дена се активни на територија на државата. На социјалните медиуми секојдневно се објавуваат фотографии со пофални зборови за нив. Тие беа вратени на работа со одлука на Владата откако им беа понудени ...

Другите нè тапкаат по рамо, а Унгарија на Орбан покажа дека ни е вистински пријател кога ни е најтешко. Ова е одговорот на премиерот Христијан Мицкоски која е мотивацијата на Унгарија да ѝ даде кредит од 1 милијарда евра на Македонија по двојно пониска камата од пазарните. Во унгарските медиуми веќе се појавија критики дека нивната земја се задолжува по полоши услови, а потоа ѝ дава кредит на Македонија по пониска камата. „Јас сум благодарен, ...

Од МНР се децидни дека членовите на Антикорупциска не влегуваат во лицата кои имаат задолжително право на дипломатски пасош, освен ако министерот не одлучи дека за тоа има потреба. Барањата за дипломатски привилегии од Антикорупционерите трет ден ја брануваат македонската јавност, откако првата антикорупционерка Татјана Димитровска откри дека веќе добила дипломатски пасош, а останатите шест членови уште во април исто така поднеле барање, со ...

Поради зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“ се чека повеќе од еден час додека пак на граничниот премин „Табановце“ се чека околу еден час. Најголема е гужвата на ГП Богородица каде се чека повеќе од 30 минути до 1 час. На Табановце исто така стотици автомобили чекаат, а според информациите таму се чека околу 30 минути излез од Македонија. ТУКА може да го погледнете видеото од македонско-грчката граница и колоната ...

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1,5 мегавати во Дојран, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.. „На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името ‘Фос имерас’. Сопственици на ‘Фос имерас’ се две компании. ‘Тотал инженеринг’ од Струмица во сопственост на Вице Заев и ...

Весна Митевска е назначена за в.д. директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни – „Танец“. Назначувањето доаѓа по личното барање за разрешување на досегашниот директор Мартин Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата директор на „Танец“ шест години, од 2018-та. Митевска е вработена во НУ „Танец“ и досега ја имаше позицијата на истакнат играч од прв ред – солист. Воедно е и прва жена директор во 75-годишното постоење на институцијата. Родена е во ...

На територија на Македонија, според утринските информации на Центарот за управување со кризи, активни се 12 пожари. Во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворено од кои 23 се изгаснати. Синоќа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на пилотите од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора кои се борат против огнената стихија им додели благодарница и прогоден подарок карактеристичен за Македонија. Ненад Дубљевиќ ...

Пратеникот на ДУИ од „Европскиот фронт“, Садула Дураку, спротивно на Устав и закон од собраниска говорница во прес-центарот на Парламентот одби да одговори на новинарско прашање на македонски јазик. На новинарите им порача да си најдат превод бидејќи албанскиот јазик, според него, бил службен во земјава. Одговорајќи на прашање само на албански за апсењето на поранешниот припадник на ОВК, од страна на македонската полиција, иако беше замолен ...

Будно се следи состојбата, има доволно ресурси, доволно луѓе на терен и се надевам дека во текот на денот ќе се стави под контрола пожарот на планината Серта во штипскиот дел, вели заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кирил Михаилов кој претпладнево беше во селото Селце. Посочува дека за овој пожар лошо е што во моментов има ветер. Лошото е тоа што еве гледате има ветер. Тоа е навистина лош момент. И како што кажа ...

Од Министерството за здравство денеска информираа дека изминатите денови се назначени 14 нови в.д. директори на јавни здравствени установи низ државата. Министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во повеќе здравствени установи. Петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе имаат шанса веднаш да се вработат во здравството, најави Таравари Нови в.д. директори се назначени на Клиничката болница во ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот. Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на ресурсите на платформата Мајкрософт. Тоа е нивното ...

Пожар изби вчера околу 16:30 часот во кругот на старата фабрика Порцеланка. Дирекорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка. -Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, истакнува Ангелов. Кон пожарот веднаш биле упатени и воздухоплови кои не ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Средбата на двајцата министри беше во насока на почеток на процесите за дигитална трансформација на услугите и процесите во министерството. Дигитализацијата на услугите и процесите на сите државни институции и органи е еден од главните столбови во владината програма. Фокусот беше насочен во подобрување на ...

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ја посети фабриката „Џонсон Мети“ во Скопје која, како што се соопштува, е прва во серијата посети на фирми кои работат во ТИРЗ, со цел директна комуникација и поддршка на компаниите. ТИРЗ наведува дека фабриката на „Џонсон Мети” во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 е најголемиот инвестициски проект, а воедно и една од најсофистицираните ...

Дождот кој вчера попладнето падна во дел од регионите зафатени со пожари, помогна во гаснењето на дел од жариштата. Сепак, активни пожарите на Серта на штипската страна во близина населото Драгоево . Активен е и пожарот кај Росоман каде се гасне со еден романски и две словенечки летала. Критични се и пожарите кај селото Драгоево, а се гасне и кај селата чашка и долнени.директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, рече дека огнената стихија се заканува ...

На престижната математичка олимпијада “Коперникус”, која се одржува на Универзитетот Колумбија во Њујорк, оваа година со златен медал се закити и талентираниот Дарјан Мирчевски, ученик од основното училиште “Јаха Кемал” во Карпош, Скопје. 13 годишниот Дарјан беше единствениот учесник од Македонија на оваа математичка олимпијада, во конкуренција од 60 финалисти кои доаѓаа од 34 различни држави ширум светот. Во категоријата за шесто и ...

Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), изминатото деноноќие бележи рекорден број повици од своето постоење. Евидентирани се вкупно 3.159 повици, а од нив, како реални биле категоризирани 59.32 отсто, соопштија утрово од ЦУК. – Кон полицијата биле упатени 40,51 отсто, кон Итната медицинска помош – 17,61 процент, a кон пожарникарите – 15,21 отсто од реалните повици, се наведува во соопштението. ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот за јавна безбедност, Александар Јанев и државниот секретар Сашо Петрушевски се состана со Оливие Ониди од Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на ЕУ и евроамбасадорот Н.Е. Дејвид Гир. На средбата беше истакната меѓусебната соработка и поддршка, особено во напорите за гаснење пожари преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Зајакнување на соработката ...

Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе. Сега ДУИ и замерува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува во писмената реакција на министерот за здравство Арбен таравари откако пратениците на Европскиот фронт на прес конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки притисок врз директорите на Клинички ...

Околу 45 лидери од цела Европа се собраа денес во замок близу Лондон на самитот на Европската политичка заедница, со фокус на енергијата, миграцијата и Украина. Домаќин на самитот е новоизбраниот британски премиер Кир Стамер што беше повод претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел да порача дека ЕУ е подготвена да ги рестартира сега слабите односи со Обединетото Кралство по Брегзит и дека Лондон треба да побара нови преговори. По самитот не ...

Во Mинистерството за внатрешни работи денес се одржа координативен состанок на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и началниците на секторите за внатрешни работи и други организациски единици во МВР на кој тема беше целокупната состојба со пожарите кои ја зафатија нашата држава, активностите што ги презема МВР заедно со другите институции за нивно гасење и активностите за ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги посети припадниците на Армијата вклучени во гаснењето на големиот шумски пожар на планината Серта, кај неготинското село Калањево. Сиљановска Давкова од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше информирана за актуелната состојба со пожарите и активностите што се преземаат за нивно локализирање. Местото на претседателката како врховна командантка е таму ...

Од МВР потврдија дека е уапсен Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, откако вчера попладне се обидел да влезе во државата на граничниот премин Јажинце. „При пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека за него имало распишана мерка „апси“ по барање на Интерпол, Србија“, одговорија од МВР. Рамадани е предаден на тетовската полиција, а екстрадицијата оди преку Министерството за правда кое досега не било известено за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Дејвид Лами. – Денес на Самитот на европската политичка заедница во Лондон остварив средба и разговарав со Дејвид Лами, државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Разменивме мислења за актуелните ...

Донесена е одлука за зголемување на бројот на припадници кои ќе помагаат во спасувањето со пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи информира дека рано утрово претседателката Гордана Сиљановска Давкова потпишала указ со кој се доделуваат 300 припадници на АРМ како помош со справувањето со пожарите. Се зголемува и бројот за дополнителни 30 припадници на МВР кои исто така ќе помагаат во гаснењето. Сиљановска Давкова напладне ќе ги ...

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, е уапсен во Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија. „Станува збор ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
64%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52