Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска испрати нов хеликоптер на Хеликоптерската единица МВР во Македонија за да помогне во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград. -Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, е испратен врз основа на договор на претседателот на ...

Жешкото време ги вклучи климатизерите да работат турбо ден и ноќ. Поради топлотниот бран кој никако не престанува, потрошувачката на струја руши рекорди. Само овој месец, Македонците потрошиле за над 4% повеќе струја отколку лани во јули. Од ЕВН пресметале дека вкупната потрошувачка во јули изнесувала 458.000 MWh, што се должи на високите температури. Пеколните горештини беа најсилни во втората и третата недела од месецов, па најголема ...

Во рамки на Илинденските чествувања, вчера попладне во Бигорски манастир, беше извршен чинот на Доксологија – молитва за татковината, а во мијачкото село Лазарополе, беше одржана Божествена Евхаристија. Според востановената традиција, токму од игуменот на манастирот Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски во својот говор за Илинден порача дека борбата не е завршена и дека борбата продолжува. -Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. ...

Ограбена држава – 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат. Македонија е оставена на цедило, со големи проблени, ограбена и со неплански проекти, истакнува Бране Петрушевски пратеник во Собранието. -Неодговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница ...

Имаме економска визија за развиена дражава. Доаѓа нова ера на развој и на нови работни места. Ова е само почетокот на нашата економска преродба, а најдоброто допрва доаѓа. Нашата цел е да создадеме стабилна и просперитетна економија која ќе им овозможи на сите наши граѓани подобар живот и сигурна иднина, истакна премиерот Христијан Мицкоски. -Сакам да им се обратам на младите. Младите се нашата иднина. Тие се нашата надеж и нашата сила. ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска е во работна посета на Србија, се сретна со претседателот Александар Вучиќ. – Среќни сме што можеме да ве нагостиме денеска, ќе ручаме и заедно. Многу сум среќен што можам да и ја честитам победата на изборите, да и посакам успешна работа во наредните години. Сигурен сум дека Србија и Македонија ќе развиваат понатамошни односи со взаемно почитување и дека ќе работиме на проекти, ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција. Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на Илинден, ...

Под слоганот „Борбата трае“ со повеќе свечености во Крушево, Пелинце и Скопје денеска ќе биде одбележана 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Во Крушево на Гумење и Мечкин Камен, ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати од манифестацијата во Пелинце, каде ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ. Заедно со ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, ја упати следната честитка: „Почитувани граѓани, Ви го честитам најголемиот македонски празник – 2 Август – Илинден. На овој празник на светлината се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна. На 2 август 1944-та, пред точно 80 години, ...

Со традиции и благослови, крушевчани вечерва официјално ги пречекаа коњаниците од повеќе градови и места од земјава пред столбот на Републиката во центарот на Крушево кај црквата Свети Никола. Годинава по врвиците на востаниците во Илинденско Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници од целата држава. Коњаниците ги пречека градоначалникот на Крушево и претседател на Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, Томе Христовски посакувајќи ...

Премиерот Христијан Мицкоски на централната прослава на Мечкин Камен во Крушево, претседателката Гордана Силјановска Давкова во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, па со српскиот колега Александар Вучиќ во манастирот Свети Прохор Пчински, собранискиот спикер Африм Гаши на Кале во Скопје. Ова е агендата за одбележување на Илинден на највисокиот државен врв. Се очекува да бидат испратени пораки за обединување и зачувување на националните ...

Продолжува билатералната соработка меѓу Македонија и Унгарија. Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски денеска во Будимпешта имаше средба со Балаш Орбан на која се потврдија пријателските односи меѓу двете држави. Унгарија е наш партнер, а тоа се покажа со финансисиската помош од 500 милиони евра, но и со дела како помошта во гаснењето на пожарите во нашата земја. Николоски – Орбан: Продолжува соработката меѓу Македонија и ...

Намалувањето на данокот на добивка за најбогатите компании не се планира за на постојните фирми да им се намалат даноците, туку за да се привлечат нови, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на денешниот брифинг со новинарите. Оставете ги банките на страна, ниедна компанија во Македонија во моментов не заработува 50 милиони евра годишно, вели таа по најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека планираат намалување на ...

Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава, a без акредитација и дозвола за работа ќе останат оние кои нема да ги отстранат недостатоците, најави премиерот Христијан Мицкоски. На владината седница била задолжена министерката за образование и наука, заедно со телото да излезат на терен и да направат анализа на сите државни и приватни универзитети и факултети. Две третини од граѓаните сметаат дека ...

Овој резултат нека биде мотив за сите царински службеници за уште поголеми напори за подобри резултати во сите сфери на царинското работење и во иднина, наведува Николовски Царинската управа минатиот месец наплатила вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, што е највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од нејзиното постоење. Директорот Бобан Николовски во допис до медиумите истакнува дека уште на првиот ден од неговото ...

По информациите во јавноста дека на Институтот за јавно здравје вчера било намерно исклучено напојувањето со електрична енергија на коморите во кои се чуваат реагенсите за испитување на заразни и незаразни болести, Јавното обвинителство итно оформи предмет по допрен глас за да испита дали во конкретниот случај има обележја на кривично дело. Поради сериозноста на можните штетни последици врз здравјето на луѓето што евентуално би биле ...

„Разменети се и мислења за последниот попис спроведен во Албанија и ставот на претставниците на Македонците, што не ги преземаат објавените резултати“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет Поддршка за унапредување на правата македонското национално малцинство во Република Албанија изразила претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната средба со делегацијата предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската ...

Единствена институција која што ја научната мисла и научниците од различни етнички заедници во Македонија е МАНУ и тука завршува и почнува се, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали разговарал со коалицискиот партнер „Вреди“ и со МАНУ околу паралелна академија на науките. -Ние немаме разлики во коалицијата. Имаме една убава атмосфера овие 40-ина дена колегијална, атмосфера на разбирање. Се’ останато е фолклор ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секое лице кое намерно предизвикало пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани. -Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да ...

Повлекување на одлуката за зголемување на нотарските тарифи, најави денеска министерот за правда Игор Филков на брифинг со новинарите. Одлуката која ја донесе неговиот претходник Кренар Лога требаше да стапи на сила од 1 септември, а со неа цените за услугите на нотарите ќе беа зголемени за 10 повеќе. „Ова нема да се случи, затоа ќе ги повлечам измените за новата тарифа. Вака не се работи. Не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе, односно ...

СДСМ бара разрешување на Тошковски од Управувачкиот комитет за кризи, министерот им возвраќа – срам да им е на овие кои обвинуваат дека некој друг е виновен што ја оставија државата да нема систем за кризи. СДСМ: Мицкоски да не спие, да се појави на терен Опозициската СДСМ повторно ја обвини власта дека потфрлува во справувањето со пожарите од кои, според партијата, е зафатена површина од над 20.000 хектари и ги прозва премиерот Мицкоски и ...

Полицијата во Загреб ја заврши истрагата против 42-годишен маж осомничен дека ограбувал гробници на Градските гробишта Мирошевац. Тој бил разоткриен на 20 јули кога дошол на градските гробишта со намера да упадне во постари гробници во потрага по вреден накит. Со помош на алат провалил во четири гробници. Откако ги отворил капаците на гробниците, во четирите метални ковчези направил отвори со димензии околу 10х10 см за да стигне до предметите ...

Стотици македонци во Детроит за прв пат го прославија Денот на Македонското Наследство на 30. јули, организиран од „Детроит Тајгерс“, бејзбол тимот чиј сопственици се Илиќ фамилијата со потекло од битолскиот крај Драгош и Буф во Егејска Македонија. Настанот беше во партнерство со Обединетата Македонска Дијаспора и неколку видни македонско-американски компани и сопственици како спонсори. Детроит Тајгерс обезбеди за гостите капи со логото на ...

Игор Јанушев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешното гостување во поткастот насловен како „На кавга со Иван/На кавга со Мирчевски “апелираше до надлежните да го проверат имотот на судии, конкретно на судијата Осман Шабани. „Нека го проверат имотот на судечкиот судија, во мојот предмет, Осман Шабани. Или нека ја проверат неговата куќа во Сарај за која имам сериозни индиции дека е дивоградба. Нека го проверат и возилото кое го ...

На 30.07.2024 полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч. На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума. Дел од пожарите подметнати, МВР ја започнува акцијата „Пожар 2024“ По преземени мерки и активности, од страна на ...

По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје. -При претресот пронајдени се: 73 паковки со марихуана, 56 паковки со кафеава прашкаста материја, 13 паковки со бела прашкаста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашкаста материја и пари во различни апоени со вкупна вредност од ...

Нов метод како СДС и ДУИ ја направија Македoнија ограбена држава – потрошени се 100 милиони евра по основ поддршка на компаниите на начин спротивен на закон За жестоко и помпезно најавуваната инвестиција, за која се носеше и посебен закон за финансиска поддршка на македонското стопанство, СДС и ДУИ потрошиле 100 милиони евра, но никој не знае за што, како и кај кого завршиле овие пари, вели Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ...

Исплатата на Мој ДДВ ќе започне после ребалансот на Буџетот, бидејќи не биле испланирани доволно пари во буџетот за таа намена, информира директорката на управата за јавни приходи Елена Петрова, во интервју за порталот Република. – Средствата што во Буџетот за 2023 година биле испланирани од претходното раководство за исплата за Мој ДДВ во најголем дел се потрошени или, со други зборови кажано, не биле испланирани доволно средства за овие ...

Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2024 година почнува консолидацијата на Република Македонија.Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може да почнат промените на подобро, вели Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. -Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот Здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1011
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
4.12
40%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
48%
1012
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
39%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
3.58
62%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
35%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
49%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52