
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е полесно ранет во напад на предизборен митинг во Пенсилванија, кој ќе биде истражен како обид за атентат врз поранешниот претседател, објави окружниот обвинител. Неколку истрели одекнаа околу пет минути откако Трамп го започна својот говор на митинг на отворено во градот Батлер. ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со в.д. директорот на Заводот и музеј – Охрид, Горан Патчев, направи увид во состојбата на Музејот на вода во Охрид, и со жалење констатира дека целиот музејски комплекс изгледа прилично запуштено и неодржувано, а тоа е потврда дека бил целосно заборавен во изминатите години. Најавувајќи брза реакција за санација, министерот Љутков истакна дека во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 ...
Четириесетгодишниот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа вчера беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание, е лишен од слобода. Како што се наведува во денешниот полициски билтен, лицето било лишено од слобода вчера во 16 часот. Денеска, додаваат од полицијата, во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Во описот на случајот се вели дека вчера во ...
Француската министерка за спорт Амели Уеда-Кастера денеска пливаше во реката Сена за да покаже дека нејзнината вода е доволно чиста за оджување на натпреварите во далечинско пливање и пливачкиот дел од триатлонот за време на претстојната Олимпијада во Париз. Претходно, министерката изјави дека одржувањето на натпреварувањата во Сена ќе биде настан на векот и дека тоа мора да се случи поради француското наследство. Реката Сена се користела за ...
Опозициската ДУИ наместо да работи на сопствено реформирање, се занимава со ширење лажни вести. Но, тоа е нивна внатрешна работа која точно говори за нивниот целосно уништен кредибилитет да говорат за и во име на Албанците, соопшти од денешната прес конференција Фари Хисени од Коалиција ВЛЕН. Хисени потенцираше дека, опозициската ДУИ има уставно загарантирано право да организира собири за храбрење на членството. Но, ВЛЕН нема да дозволи ДУИ со ...
Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце, соопштија од Сектор за односи со јавност и протокол Министерство за внатрешни работи. При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, соопшти МВР. Центарот за управување со кризи ...
Кисела Вода станува привлечно тло за инвеститорите. Градоначалникот Ѓорѓиевски најави голема инвестиција вредна 20 милиони евра. На површина од 22 илјади метри квадратни ќе се гради една од најголемите фабрики за производство на кондиторски производи со логистички центар. Планирано е вработување на 300 лица, а производството е наменето за извоз. -Големите работи доаѓаат со истрајност и со вистинска соработка. Гордост ми е да најавам дека во ...
Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД. Мицкоски пред присутните посочи дека основните постулати од кои поаѓа новата Влада на надворешен план се забрзан напредок во евроинтеграцискиот процес, унапредување ...
Синоќа во 17.40 часот во СВР – Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. „Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка ...
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Ал џезира“, говорејќи за внесувањето на Бугарите во Уставот истакна дека ставот на Владата по ова прашање е јасен и непроменет и дека во таа насока треба да се даде одговор на две прашања, односно која е причината за внесување на Бугарите во Уставот и што добиваме ние како држава од тоа. -Првото прашање има едно потпрашање. Велиме, во ред еве, дали нечии права човекови се забранети или се ограничени ...
Не се согласувам со вашата констатација дека не го почитувам договорот од Преспа. Не сум среќен со тој договор, знаете како тој договор беше донесен во Парламентот, кога пратеници за уши се носеа, а претходно притвораа и затвораа, се уценуваа за да гласат за тоа што се случи тогаш. Но, тоа е во функција, тоа е реалност. Јас пред четири години самиот кажав дека овој договор е реалност и покрај тоа што трпев големи политички напади од крајната ...
Врховниот судија Наќе Георгиев кој е осомничен дека зел 10 илајди евра поткуп тврди дека е невин.. Бил наместен од синот на поранешниот градоначалник на Ново село.. Георгиев кој 53 дена е во притвор, денеска пред апелациониот суд објаснуваше зошто повеќе не треба да е зад решетки.. Во десетминутниот емотивен говор во детали објасни како се нашол во замката на фамилијата Стојчеви.. Рече бил следен и прогонуван од синот на поранешниот ...
Охрид добива модерно средно стручно училиште. Во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошевски“ имаме прилично голема инвестиција од речиси 110 милиони денари, со кои целосно се реконструира објектот и ученичкиот дом во состав. Најавувам дека започнуваме и постапка за набавка на нова опрема, каква што доликува да се постави во овој објект, односно нови клупи, столчиња, плакари и сето тоа што е потребно за нормално ...
„Ова се едни од најдобрите услови кои што можат да се добијат и нека размислат граѓаните дали било кој може вакви услови да добие од било која банка“ истакна Александар Николоски, заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија, говорејќи за 500-те милиони евра што Македонија ќе ги добие како позајмица од Унгарија. „Позајмицата е во износ од 500 милиони евра и тоа е голема сума, ...
Кривична пријава е поднесена против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази од Тетово заради основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ со кое го оштетила буџетот на Клиниката за 659.781 денари. – Пријавената Б.И. во својство на в.д. организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите ...
Четири болници од денес ќе имаат нови директори. ТОАРИЛУЦ, ЈЗУ Универзитетски Стоматолошки Клинички Центар, ЈЗУ Универзитетски Институт за Килнича Биохемија Скопје и ЈЗУ Општа Болница Струмица од денеска имаат нови директори. Марија Јовановски-Срцева е новата директорка на ТОАРИЛУЦ. Таа е вонреден професор на Катедрата за анестезија и реанимација и здравствена нега. Проф. Срцева е предавач на меѓународни конгреси. Таа со титулата доктор на ...
На петте најдобри студенти кои ќе завршат медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството кај нас. Новина е и што на Медицински факултет е акредитирана програма на англиски јазик и ќе се започне со запишување на странски студенти, информираа денеска министерот за здравство Арбен Таравари и деканот на Медицинскиот факултет Светозар Антовиќ. На петте најдобри студенти кои завршиле медицина во Скопје, во Штип и во Битола, ќе ...
Американскиот претседател Џо Бајден на Самитот на НАТО со нов гаф, најавувајќи го неговиот украински колега, Володимир Зеленски како Путин. „Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст, но и одлучност, дами и господа, претседателот Путин“, рече Бајден сакајќи да го најави Зеленски на говорницата. По изговореното следуваше кратка тишина, а Зеленски не се помрдна и не знаеше како да реагира, бидејќи не очекуваше ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон. На средбата, министрите го потврдија задоволството од развојот на одличната билатерална соработка, при што беше поздравен јубилејот – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. Воедно, беа истакнати заемните заложби за натамошен развој на секторската соработка, ...
На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори. Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент Џон Бас. Соговорниците разговараа за стратешките интереси на државата, за македонските напори кои се насочени кон исполнување на истите, како и за интеграцијата и напредокот на регионот. Премиерот Мицкоски подвлече дека ...
Дирекцијата за заштита и спасување потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ и во текот на денот се очекува тие да се вклучат во гаснењето на пожарот во Неготинско, информираше за МИА директорот на ДЗС, Беким Максути. Тој посочи дека двајцата пилоти се веќе тргнати накај аеродром и по поминување на процедурите што се потребни пред секој лет, тие ќе се упатат кон планината Серта во Неготинско. Потпишавме договор со двајцата ...
Во Вашингтон продолжува Самитот на НАТО, со кој се одбележуваат 75 години од формирањето на Алијансата во 1949 година. На Самитот учествува и македонска владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во чиј состав се и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски. -Во рамките на посетата на Вашингтон, учествувавме на отворањето на НАТО ...
На денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски истакна дека структурата на извештајот за работата на ДКСК за 2023 година е солидно направен и ги опфаќа сите надлежности на комисијата но апелираше дека не постапувањето на Републичкиот судски совет е тотално разочарување и како колективен орган и како персонални решенија, а споменатата Чачорова Илиевска би требало да си ...
За нас како малоброен народ е важно на овој собир да ги донесеме најзначајните одлуки кои што ќе моделираат иднината на човештвото во следните декади, за што и ние ќе го дадеме својот придонес, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјавата пред почетокот на работниот дел од вториот ден на Самитот на НАТО во Вашингтон. „Како држава сме подготвени да го додадеме својот придонес на сето она што претставува вредност. Тука сме заедно со ...
Основниот кривичен суд Скопје информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост. На 30 јули (вторник) треба да почне судењето за двојното убиство убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Судија во случајот ќе биде Ивица Стефановски, кој е ...
Новата Влада ќе направи сѐ што е во нејзина можност да го намали чекањето за упис во градинките. Во разговорот за Радио МОФ, министерката за образование и наука Весна Јаневска посочи дека приватните градинки се едно од решенијата за овој проблем. „Во градинките или е преголем бројот на згрижени деца или воопшто нема градинки. Веќе сме сведоци дека локалните самоуправи почнуваат да го решаваат тој проблем. План на новата Влада е претшколското ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во изјава за националниот сервис говореше за досегашните активности во рамки на посетата на САД, нагласувајќи дека покрај учеството на НАТО Самитот, истата има и билатерален карактер. Билатералните односи со посебен акцент на економската соработка беа фокусот на првите денови од посетата на САД, истакна министерот Муцунски. “Од страна на премиерот Мицкоски најавена е нова ...
Премиерот Христијан Мицкоски која ја предводи владината делегација во Вашингтон на НАТО Самитот по повод 75 години од формирање на Алијансата, вчера присуствуваше на вечерата во Белата куќа организаирана од американскиот претседател Џо Бајден за шефовите на држави и влади учесници на Самитот. ,,Заврши уште еден работен ден на НАТО Самитот кој што се одржува по повод 75 години од формирање на Алијансата. Македонската делегација ја предводам јас ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели сертификатите на учесниците на четвртото издание на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под покровителство на Претседателот на државата, а во организација на Македонија 2025. Учесниците на кампот, пред претседателката Сиљановска Давкова ги презентираа нивните проекти изработени на годишната тема на Фрст Лего Лигата – натпреварот за едукативна роботика, ...
Владата на денешната онлајн седница по добиената информација за високите температури во кои што се наоѓа државата, ги усвои следните препораки, мерки и превенција за заштита. Од работни обврски се ослободуваат бремените жени и лица на возраст над 60 години во период од 12.07.2024 година (петок) до 18.07.2024 година (четврток). Исто така во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на ...