Поради основано сомнение за кривично дело – Убиство oд член 123 став 2 точка 3, а во врска со член 19 (во обид), Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на Арачиново. Тој е осомничен дека на 1 април со умисла се обидел да го лиши од живот градоначалникот на таа општина, а во опасност ги довел и животите на уште неколку лица. Додека градоначалникот со своите соработници од ...

„Потребна ни е длабока реформа на целиот систем на Центарот за управување со кризи за да се гаснат пожарите побргу и поефикасно“, посочи директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Вчера, имавме вкупно 27 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив, утрово, за жал, се активни 7 пожари. Изгаснати се 16, а под целосна контрола се ставени 4 од нив“. Во овој момент, како што вели Ангелов, најактивен, најсериозен пожар и ...

Управувачкиот комитет за управување кризи претпладнево на состанок донел одлука да и препорача на Владата итно да донесе одлука за реорганизација на целокупниот систем за соодветно да се справи со секоја криза која би настанала во земјава. Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој истакна дека по пожарите во земјава во изминативе 13 дена се увидело дека таков систем не постои. -Факт е дека и Центарот за управување ...

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова остварила телефонски разговор со српскиот колега Александар Вучиќ. Во разговорот беа потврдени одличните билатерални односи и беше истакната подготвеност за натамошно унапредување на македонско – српското пријателство, за конкретизирање на соработката во повеќе области и јакнење на меѓусебната поддршка во однос на европските перспективи и процесите на евроинтеграција на двете земји. Во ...

Полициски службеници од СВР Тетово (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот. Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В. (32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е ...

Во просториите на Државниот завод за ревизија остварив продуктивна средба со Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски. -Соработката меѓу двете институции ќе се интензивира се со цел понатамошно унапредување на работата и транспарентноста во министерството. На средбата беше дискутирано и за спроведувањето на препораките од ревизиите, како и за плановите за идни ревизии кои ќе овозможат ...

Во текот на гаснењето на пожарите кај Старо Нагоричани и с. Брезница, Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери. Хеликоптерот Бел 412 во 05:00 часот вчера изутрината заедно со екипа од Црвениот крст, која што постави базен за полнење на вода, дејствуваа врз пожарот во Старо Нагоричине. По 19 циклуси и исфрлени 28 тони вода, пожарот е изгасен. По ова, хеликоптерот Бел 412 заедно со хеликоптерот Ми-171 дејствуваа ...

„Јас нема да кажувам како некој од моите претходници дека ќе бидам премиер 5 мандата, 3 мандата, 2 мандата. Ќе бидам премиер онолку колку што мислам дека политиката која што ја водам има додадена вредност во животите на македонските граѓани без разлика на нивната етничка припадност, и тука не треба никој да има било каква дилема“, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница. Мицкоски додаде дека оној ...

МВР поднесе кривична пријава против внуците на Али Ахмети, Дрин Ахмети и Бесиан Ахмети поради сомнежи за злоупотреба на концесијата за рудник кај Кичево. Освен Дрин Ахмети, кој е управител на компанијата од Кичево од 2017 до сега, со пријавата за „злоупотреба на службена положба и овластување“ опфатен е и неговиот брат Бесиан Ахмети, кој бил управител на фирмата од 2008 до 2017 година. Сватовите на Али Ахмети со најголеми добивки од бизнисите ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати во Собранието, еден месец од формирањето на новата Влада. Тој истакна дека секој еден ден во овие триесетина дена се буди со мислата да подобрат и променат нешто од она што затекнале. -30 дена е многу кус период, но несомнемно е дека оваа Влада започна фуриозно и одлучно, бескомпромисно во намерата да ги поправиме работите, да решиме што е можно повеќе проблеми и да направиме разлика. Јас не ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (23.07.2024) беше во посета на Одделот за граѓански работи каде одржа работен состанок со помошникот министер за граѓански работи Јован Алтанџиев. Генерално уште еднаш беше констатиран хаосот и негрижата на претходното раководство, како во однос на граѓаните така и во однос на вработените. Министерот Тошковски со преземањето на функцијата уште од првиот ден потенцираше дека управните служби ...

Во текот на минатата седмица царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, облека, моторни возила и друго. 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia и 5 штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката Sobranie, биле откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. По ...

Нов Закон за пожарникарите во најбрз можен рок ќе биде доставен до Владата, изјави за МИА Министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Министерството за одбрана во периодот што следува ќе ги разгледа предлозите кои во изминативе неколку години работни групи од повеќе надлежни институции за оваа проблематика работеле на изработка на нов Закон за пожарникарство и во најбрз можен рок ќе излезе со предлог до Владата, вели Мисајловски. Инаку дел од ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Топ Тема на ТВ Телма говорејќи за тоа како претходната влада неодговорно се однесувала со буџетот на граѓаните истакна дека државата треба да им исплати десетици милиони евра на вработените во МВР и МО кои од одредени министри кои лечеле лични фрустрации биле противправно преместувани од едно на друго работно место. „Дваесет милиони евра треба да ...

Од штипскиот затвор денеска се пуштени на отпуст од 30 дена петмина осуденици кои беа осудени за настаните од 27 април 2017 во Собранието.. Од затворот информираат дека од денеска со прекин на казна од 30 дена со потпис на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, се Јане Ченто, Александар Јаневски-Тошка, Оливер Поповски, Митко Чавков и Митко Пешев, а на 25 јули на слобода ќе излезе и Душко Лазаров исто така со прекин ...

Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф.д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница. Целта е намалување на гужвите во дневната болница што беше мапирано како еден од најгорливите проблеми,како и подостоинствен третман на оваа вулнерабилна група пациенти во оваа институција каде се третираат најлолем број од малигните заболувања и единствена на терциерно здравство од овој вид. Пациентите до 20 часот ...

Две политички анкети спроведени откако претседателот на САД, Џо Бајден ја повлече својата кандидатура, покажуваат дека неговата заменичка Камала Харис, доколку биде избрана за кандидат на Демократската партија, ќе загуби од нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат, Доналд Трамп. Харис рече дека ја обезбедила поддршката од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да биде номинирана од Демократската партија. Сепак, две ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Топ тема на телевизија Телма вели дека договорот за специјална економска соработка со Република Унгарија е договор за заем помеѓу двете влади, потенцирајќи дека Виктор Орбан даде конкретна поддршка за потребите на земјата. „Ова е договор влада помеѓу влада за специјална економска соработка или таканаречен рамков договор врз основа на потребите наши. ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонските олимпијци кои ќе настапат на Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз. На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за финалните подготовки на македонскиот олимписки тим, како и за очекувањата од претстојните натпревари. Претседателката Сиљановска Давкова на македонските олимпијци им го врачи државното знаме, што ќе биде ...

Со нови вработувања на доктори и медицински сестри и ставање во функција на дневната онколошка амбуланта во ГОБ „8-ми септември” ќе се намалува притисокот врз Клиниката за Онкологија. Министерот Таравари најави дека за неколку недели онколошкиот блок во градската болница ќе почне со работа, а за околу шест месеци најверојатно ќе проработи и акцелераторот кој со години фаќал само прашина. А ќе се прават напори овие апарати да профункционираат и ...

Александар Пандов, в.д директор на Управата за извршување на санкции денеска изјави дека за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која издржува затворска казна, имал дојава дека не е на работното место надвор од затворот и за кое имала дозвола и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но Пандов не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да ...

Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Интернационалната математичка олимпијада, а сега освои злато. Со 1 златен и два бронзени медали на овогодишната математичка олимпијада, нашите млади математичари покажаа дека имаме со што да се гордееме. Македонските репрезентативци од 65. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2024) дома се враќаат со високи резултати. Тие успеаја да освојат еден златен, два ...

Затворот „Скопје“ е како „хотел-промаја“, кој кога сака влегува и излегува, сето тоа по усна наредба на директорот Филип Андонов-Скопје. Во моментов четири лица ги нема бидејќи избегале, вели в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов. Тој тоа го заклучил по извршената контрола направена во петокот вечерта по 23 часот, а која траела до нешто повеќе од четири часа. – И покрај нашата вонредна контрола, четири лица од овие ...

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули), спроведоа вонредни заселени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени – кетеринг објекти,месарници и маркети) во туристичките центри Дојран,Охрид,Струга и Преспа. Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од ...

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека се откажува од битката за реизбор со Доналд Трамп. -Најголема чест во мојот живот беше да ви служам како претседател, наведе 81-годишниот демократ во писмото објавено на X, додека се опоравува од Ковид-19 во неговата куќа во Делавер. „Иако мојата намера беше да барам реизбор, верувам дека е во најдобар интерес за мојата партија и за земјата да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување ...

Ребалансот на буџетот во четврток ќе се најде на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата на Комисијата е закажана во 11 часот. Ребалансот на буџетот се очекува да биде усвоен најдоцна до првата недела од август. Ребалансот беше усвоен на владина седница во вторникот, а во средата на прес-конференција во Владата го образложи министерката за финансии Гордана ...

Македонската ракометна репрезентација до 20 години одигра уште еден храбар натпревар на Европското првенство во Словенија и славеше над Франција со 30-29, освојувајќи го на крајот деветтото место на турнирот. Најефикасни во нашиот табор беа Дамјан Субашевски и Дамјан Митев со по шест погодоци, а зад нив беа Димитар Узунчев со пет гола и Мирче Калајџиески, кој постигна еден погодок помалку. Оваа репрезентација навистина ветува многу за во иднина ...

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на последниот потег на опозициската партија ДУИ, која ангажираше меѓународни експерти и автори на Охридскиот договор да ги испитаат формите на изразување на незадоволство за „поткопување на легитимитетот“. Во врска со информацијата објавена вчера, дека овие експерти разгледуваат два модела – тој на Белгија и Северна Ирска, со кои се предвидува територијална поделба по региони, за ова денеска ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер. “Состојбата е значително подобрена, но се уште има жаришта кои горат, како што е жариштето зад военото стрелиште Пенуш во правец на Криволак. Благодарност до сите што учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија нашата ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
55%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
67%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
59%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.79
62%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
68%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
64%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
50%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
54%
1013
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52