
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Министерството за внатрешни работи информира дека се преземени дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето за кое постојат основи на сомневање дека е потенцијалниот сторител на убиството кое се случи во петокот во Тетово, а во кое усмртен од огнено оружје беше Р.Т. (39). -По издадени наредби од страна на Основен суд Тетово извршени се претреси на три локации во село Гајре, од каде се одземени предмети кои може да бидат корисни за расчистување на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 837 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 62,60%, а 37,40% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,83%, кон Итната медицинска помош 24,45%, a кон пожарникарите 4,71% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 906 повици за итни случаи на 112 за во ...
Ребалансот на буџетот е при крај. Во Министерството за финсисии се работи и викендов за да се добијат точните контури на прекроената државна каса. Сепак, како што веќе нагласи министерката за финансии, просторот за маневар со буџетските расходи е се помал. Од трошоците повеќе немало каде да се скрати. Се што можело да се направи е да се пренаменат парите од нереализираните и непродуктивни трошења за она што е попотребно. Една од тие ставки е ...
Македонскиот амбасадор во Обединетите нации Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдија од МНР за МИА. Информацијата за МИА ја потврдиле од Министерството. „Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно Законот за надворешни работи, македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски, е повикан на консултации во Министерството“, велат од МНР и ...
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски, за одбрана Владо Мисајловски и за внатрешни работи Панче Тошковски заминаа во Америка. Во пресрет на Самитот на НАТО, одбележување на 75 годишнината од формирање на Алијансата, веќе во понеделник се очекуваат и првите активнсоти на македонската делегација. Од владата за ТВ 24 потврдуваат дека на агедндата се повеќе средби со лидери но и и со грчкиот премиер ...
Ако државата и нејзините надлежни институции продолжат да не покажуваат интерес за да ги заштитат ретките изработувачи на народни музички инструменти како пасионирани чувари на нашето национално културно богатство, Македонија ризикува да ги загуби овие уметници со вродена дарба, предупредуваат етно-музиколозите. Станува збор за едвај десетина „мајстори“ на овој занает кои покрај својот талент, „мајсторството“ го наследуваат од своите татковци, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Мораме да работиме да го развиваме задругарството, во моментов се наоѓаме во еден правен вакуум бидејќи законот за земјоделски задруги е укинат и се формираше еден посебен закон за задруги меѓутоа делот на земјоделските задруги остана недефиниран. – изјави Трипуновски. На ...
Министерството за внатрешни работи денеска се огласи со нови информации по вчерашното убиство во Тетово, во кое застрелан беше Р.Т.(39). Во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирана е увидна екипа, која извршила увид на лице место, подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција, ...
Годинешната 11-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, се одржа во Охрид, а главен предизвик на младите архитекти беше хотелот „Палас“. Оваа школа е поддржана од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска и Општина Охрид. Предизвикот на кој работеа учесниците на годинешната школа беше хотелот „Палас“, изграден во ...
Јавното обвинителство денеска соопшти дека е извршен увид на местото на синоќешното убиство во Тетово, како и дека јавен обвинител ги издава сите потребни наредби, меѓу кои наредба за обдукција и наредба за обезбедување на снимки од видеонадзор. -Возилото и други траги се подигнати за вештачење. МВР постапува за откривање на сторител, се наведува во инфомрацијата од Обвинителството. Синоќа во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено ...
Гужви на граничниот премин „Богородица“ за влез во Грција има и овој викенд. За разлика од сите гранични премини, овде се чека и до еден час, за да се помине границата. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации. етири колони возила утринава чекаат за влез во Грција преку граничниот премин „Богородица“. Според информациите од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), за влез и излез од земјава на овој граничен премин се чека ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан не доби никаков мандат од Европскиот совет да ја посети Москва, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Орбан отпатува во Москва во посредничка мисија за Украина, рече неговиот секретар за печат. Унгарскиот премиер рече оти сака да ги убеди и Киев и Москва дека „треба да минат долг пат заедно кој може да заврши со прекин на огнот и мировни преговори“. Но, ...
Oвој викенд започнува нов подолготраен многу топол бран од Африка. Температурите насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи и до близу 40 степени. Денеска нѐ очекува сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а максималната од 26 ...
По неколкудневни разговори Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието изнајдоа решение за непречена реализација на воспитно – образовниот процес за учениците од седмо одделение. Од септември тие ќе можат да ги користат учебниците кои се применуваат досега, со додатни материјали кои ќе бидат изработени од страна на Бирото за теми кои недостасуваат во истите, а предвидено е да се изучуваат годинава. За оваа цел е ...
Со амин на градоначалникот Рамиз Мерко,Егзона Шеи едно по друго во два мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во основното училиште во Велешта иако не ги исполнувала условите како во поглед на потребното работно искуство така и во поглед на нејзината наобразба. На денешното рочиште од судскиот процес,државниот просветен инспектор Наташа Пинтоска сведочеше дека при вонредниот инспекциски надзор извршен на 01.12.2022-ра констатирала дека ...
„Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожни фотелји со црвени килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само два проценти доверба. И нормално е кога некој сака инвазивно да делува, да направи реформа, веднаш од другата страна имаме одбранбен механизам ...
Најмалку 110 работни места претежно од инженерската струка, нови машини и технологија, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и извршниот директор на компанијата „Eпсотех“, Аламави, кои ја промовираа претстојната инвестиција во земјава вредна 20 милиони евра. Како што рекоа Мицкоски и Аламави, инвестицијата е германско-белгиска, ќе почне во август со градба на објект надвор од индустриско-технолошките зони на територијата на Општина ...
Бигорскиот манастир, традиционално, ќе ја одбележи втората манастирска слава, Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден и по тој повод свештената бигорска обител преку објава ги поканува верниците на заедничка прослава. – Во сабота, на 6 јули, во Свештената бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои старецот и игумен на бигорската Обител, Неговото Преосвештенство, епископот ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека поставувањето на камерите од системот „сејф сити“ е при крај и оти очекува и би сакал тој да почне да функционира од почетокот на следната година. – „Сејф сити“ е проект кој е од круцијален интерес за Македонија, првично за Скопје како центар, секако за Тетово и Куманово. Но, Скопје е главниот фокус, половина од Македонија е во Скопје, половина од прекршоците се во Скопје. Сметам дека ако ...
Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. Споредбено со минатите години, постои намалување (3,65 во 2023 година, 3,78 во 2022 година и 3,61 во 2021 година) кое, според Државниот испитен центар како надлежна институција за спроведување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени. Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа задолжителниот екстерен ...
Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид. Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. Неговиот став ви го пренесуваме во целост: „Додека другите држави ...
Уште две здравствени установи добија ново директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница 8ми Септември, доаѓа познатиот доктор Синиша Стојаноски. Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието. Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е дипломиран стоматолог. Работи на Универзитетскиот ...
По вчерашните препораки од амбасадорите да не се распушта Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, денеска премиерот Мицкоски ги повика амбасадорите дека е подготвен да разговара ако имаат подобро решение да се врати довербата во правосудството. Тој им порача да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија. Мицкоски подготвен да разговара со експерти Премиерот Христијан Мицкоски изрази подготвеност да разговара со експерти, но и со ...
Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ. На средбата беше констатирано дека двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи, со посебен фокус на развиената економска и трговска соработка. Притоа, беше поздравен фактот што Србија е наш петти најголем трговски партнер во 2023 година. Како особено значајно прашање го оценија процесот на ...
Доктор Ирена Алексиоска Папестиев е новиот директор на Клиниката за гинекологија и акушерство. Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година, како најдобар студент на генерација со просек 9,7 за што добива награда од УКИМ и македонското Лекарско друштво. Специјализација по гинекологија и акушерство завршува во 2012 година на Клиниката за гинекологија и акушерство на која има долгогодишно работно искуство од 2007 година. Во текот на ...
Новите измени што ги предложи Владата предвидуваат намалување на функционерите во здравството, стоп за дуализмот и лоцирање на одговорноста, бидејќи досега некако се префрлаше одговорноста од еден на друг, немаше јасна хиерархија и вертикална субординација“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гевгелија. Мицкоски појасни дека досега се случуваше едниот директор да ...
Денеска имав можност да бидам дел на пуштањето на еден таков стратешки капитален проект, како што е новиот Булевар кон Граничниот премин Богородица и она кое што е многу значајно што кога почнуваше таа капитална инвестиција да се реализира ние бевме заедно со градоначалникот, пратеничката, со луѓето кои што не поддржуваат, а денеска сме тука со истите луѓе, плус министерот за локална самоуправа, луѓето кои што цело време се наша поддршка, наша ...
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, денес ја оствари својата прва официјална посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, при што оствари средби со министерот за одбрана Владо Мисајловски, со началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и со генералите во Армијата и раководни лица во Министерството. По пречекот со воени почести, началникот на генералштабот ...
Поранешниот прв вицепремиер и најблизок соработник на Али Ахмети , Артан Груби се враќа на факултетот по новинарство и нема да бара апанажа. Груби за ТВ 24 вели дека дека с евратил на старото работно место. Се вратив на Универзитетот каде што сум вработен. Предавам на Тетовскиот универзитет , на факултетот за новинарство . На клиниката за дигестивна хирургија се враќа и Бујар Османи ,, неговите сопартијци пак Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се ...
Во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта вчера се изврши примопредавање на директорската функција. Новиот директор Коце Трајановски ја презеде функцијата од Ејуп Рустеми. „Денес ја превземав функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Благодарам за дадената доверба од Претседателот на владата Христијан Мицкоски за да го водам ова јавно претпријатие. Ќе работам чесно и посветено се со цел да се реализираат ...