
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со директорот на Царинската управа Бобан Николовски. На средбата се разговараше за динамиката за реализација на проектите што ги спроведува Министерството за транспорт како дел од процесот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а се насочени за модернизација и унапредување на работата на граничните премини. Се ...
Заедно со колегите Пелеши, Запријанов и Кросето го потпишавме Писмото за намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Иницијативата на Италија, Македонија, Албанија и Бугарија ќе овозможи побрз проток на воени сили и опрема со што значително ќе се зголеми ефикасноста на воената логистика и операциите во случај на потреба. Писмото за намери е практичен придонес ...
По добиено известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера, 10.07.2024 година, спроведоа вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром. Основ за вонредната инспекциска контрола се ...
Јас знаев дека секторот кој што го преземам ќе биде тежок, но е многу полошо и многу потешко од моите најлоши очекувања и предвидувања. Со години не се работело ништо и се оставале проблемите под тепих. И јас како министер на оваа позиција сум само 12 дена до денес и не можам за 12 дена да решам нешто што изминатите седум години било запоставувано, но се обидувам да помогнам колку можам“, истакна Александар Николоски, вицепремиер за економски ...
Конфликтите во СДСМ достигнаа ново ниво по објавата на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој сподели фотографија на која се гледа дека поранешниот генерален секретар на партијата, Миле Зечевиќ „Вардарски“ го отстранил од група на една од апликациите за комуникација. „Дечкото од Серава, што мисли дека е „булдужер“ од Вардар … Допрва следи „римув“….“, саркастично искоментира Шилегов. Коментарите кои следуваат под објавата се ...
Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островче на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото ...
Претседателот на Владата наМакедонија, Христијан Мицкоски, во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија Еди Рама и на Република Црна Гора Милојко Спајиќ оствари средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО, соопштија од владиниот кабинет. Како што велат од кабинетот на претседателот на владата на средбата Мицкоски посочил дека балканскиот регион помина ...
Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) ќе го менуваат начинот на кој се учат одделни предмети во основното образование и затоа од денеска започнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение. Ваквата одлука на МОН доаѓа откако Владата на седница во петокот донесе заклучок за враќање на предметите Историја, Географија, Граѓанско образование, Биологија, Хемија и ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при својата неколкудневна посета на САД, денеска оствари предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, каде покрај на темите важни за Македонија, се осврна на повеќе теми од интерес на регионот и пошироко. „Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со ...
Се трошело и задолжувало без „усул“. Новата Влада ќе треба да најде пари за покривање на долговите направени во минатото и огромната буџетска дупка. Државна ревизија покажа алармантни бројки и податоци – 2023 година сме ја завршиле со јавен долг на енормно високо ниво од 62, 1 одсто од БДП . Министерството за финансии се задолжувало, иако условите не биле поволни,а дополнително, власта не била транспарентна, односно во Буџетот не ги прикажувала ...
Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски продолжуваат со билатералните средби со високи американски претставници во Вашингтон. Вчера заедно со делегацијата од владата, како и претседателот на Собранието, Африм Гаши остваривме средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама. На средбата од двете страни беа ...
Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зет на годинашната „Галичка свадба“, најавтентичната културно-сценска манифестација кај нас која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат в недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди. Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува ...
Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска имаше состанок со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и со претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. На состанокот се разговараше за процесот на дигитализација на локалните услуги. Беше констатирано дека дигиталната трансформација на локално ниво е приоритет и на централно и на локално ниво и дека преку соработка на надлежните министерства за локална самоуправа и за ...
По повод одлуката на Судскиот совет да ја отфрли иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) како ненавремена, ДКСК ја информира јавноста за следното: „Постапката за утврдување на одговорност од страна на ДКСК е иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата. Имено, Иницијативата за поведување ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамките на посетата на САД, како дел од владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО на кој се одбележува 75 години од постоење на Алијансата, оствари средба со Brandon P. Yoder, заменик помошник-секретар на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL). На состанокот беше разговарано за значајните аспекти на соработката со нашиот стратешки партнер САД, како и ...
Уште една одлична вест, од Вашингтон. Трета недела, за трета нова странска инвестиција, објави на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски. По инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија Епсотех Аим во Петровец од 20 милиони евра, Американски Вабтек ќе инвестира во Македонија. Компанијата Вабтек е дел од петстоте најголеми ...
Основниот суд во Струга да го отфрли обвинението против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за незаконска набавка на службениот автомобил „Ауди А6“, затоа што е застарено, побара на денешто рочиште неговата одбрана. Адвокатот на Мерко, Игор Петковски пред судот посочи дека обвинителниот предлог е поднесен шест години по дејствијата за кои се товари, иако имало рок од пет години. Тој рече дека вака застареното обвинение не требаше да влезе во ...
Иако СДСМ и ДУИ го доведоа буџетот во Министерството за труд и социјална политика во катстрофална состојба, сепак премиерот Мицкоски и коалиционите партнери од „ВРЕДИ“ успееја да најдат пари за повисоки пензии и плати за граѓаните уште од оваа година. Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, рече дека наскоро ќе се сретнат со синдикалците за да го разгледаат барањето за минимална плата од 450 евра. „Сме во заеднички ...
Основниот кривичен суд Скопје денеска информираше дека го прифатил во целост обвинението против четворицата обвинети за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судот уште информираше дека против првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски – Палчо истрагата сѐ уште трае. „Советот за оценка на обвинителен акт против обвинетите В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела убиство како и две кривични дела – грабнување како и ...
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) денеска на седница донесе решение Друштвото за услуги Прима инкасо ДООЕЛ Штип да биде запишано како лоби организација во Регистарот на лобисти, лоби организации и лобирање, откако Друштвото го побарало тоа од Антикорупциската комисија преку електронската платформа lobisti. Сервет Демири, член на ДКСК, информираше дека се исполнети сите законски услови за ова правно лице да се впише во ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по состанокот со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески најави отворање на нова Канцеларија за дигитални услуги „Една точка за услуги“ и за Управата за матични книги во општината. – Нова канцеларија за „Една точка за услуги“ и за Управата за матични книги во Аеродром! Заедно со заменик градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денес разговаравме за отворање на ...
Недозволената трговија со културни добра е глобален проблем кој бара глобален одговор, но исто така бара и силна меѓународна соработка особено во Западен Балкан каде што културното наследство е богато и разновидно. За оваа Влада и за мене како министер за култура и туризам заштитата и зачувувањето на културните добра на нашата земја е од врвен приоритет. Уверен сум дека заедно можеме да го заштитиме нашето културно наследство и да го зачуваме ...
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со владина делегација е во официјалната посета на САД, каде ќе бидат дел од одбележувањето на 75 години од основањето на НАТО. Заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе остварат и повеќе средби со државници, но и со бизнисмени, како и со нашинци од дијаспората. -Пред почетокот на ...
Освен Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во ОН, новиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, на консултации ги повикал и македонските амбасадори во Албанија и Италија, Данчо Марковски и Весел Мемеди. Образложението за Фрчкоски се сомневањата за финансиски малверации и непочитување на препораките н МНР. По амбасадорот од Рим, и Фрчкоски повикан на консултации во МНР Амбасадорот од Албанија беше повикан поради скандалозните ...
„Голем поздрав од Вашингтон. Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас, а во нејзин составен дел се и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата, соопштија од владиниот кабинет. „Она кое што сакам исто така да го потенцирам се големиот број билатерални средби кои што ќе ...
Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Андон Чибишев преку социјалните мрежи се обрати со совети и со предупредувања за временските услови овие денови кои, вели, многу им погодуваат на инсектите и влекачите кои стануваат поактивни, а можеби и поагресивни. Чибишев посочува дека добива и пораки од загрижени граѓани кои се жалат дека се каснати од инсекти и дека во својата околина виделе влекачи, воглавно гуштери и змии. Докторот ...
Денес согласно задолжението добиено од Владата започна поставувањето на претходно остранетата ограда на Владата. Таа беше репарирана изминатите денови, поради неадекватното чување и денес Службата за заеднички и општи работи ја поставува истата. Досега се користеше старата и дотраена железна ограда во сопственост на МВР која е нерепрезентативна и нефункционална. Вратите на Владата остануваат отворени за граѓаните, а оградата наместо да скапува ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавува бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и откри дека веќе се дадени насоки и направени се планови за постапување кое во наредниот период ќе се интензивира. „Ветив дека МВР со сите расположливи ресурси ќе започне бескомпромисна борба со нелегалната трговија со дрога и во тој контекст нема да застанеме се додека и последната улица не биде исчистена. Само во овие два дена ...
Дел од населението во Албанија на пописот се изјаснија како Бугари откако имаше интензивни активности од Бугарија. Ова е ставот на директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој смета дека тоа не е пропуст на Албанија. Вели дека сепак попис може да се повтори. Во моментов актуелни се резултатите од пописот во Албанија и според нив бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонци кои се околу 2 300. Ако се ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО што ќе се одржува од 9 до 11 јули во Вашингтон. Според информациите од Владата, делегацијата ќе ја сочинуваат и министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На самитот ќе се одбележи 75-годишнината од основањето на НАТО, а ќе се ...